менопауза Archives - Република https://republika.mk/tema/menopauza/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png менопауза Archives - Република https://republika.mk/tema/menopauza/ 32 32 Еве зошто жените во менопауза не можат да ослабат https://republika.mk/zivot/zdravje/eve-zoshto-zhenite-vo-menopauza-ne-mozhat-da-oslabat/ Wed, 23 Oct 2024 14:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=829857

Жените во менопауза потешко слабеат поради две лоши навики – коригирајте ги за да успеете да го постигнете идеалниот изглед

Со консумирање погрешна храна, жените можат да си предизвикаат нарушување на хормонската рамнотежа.

Контролираното слабеење се чини како предизвик во сите фази од животот, но хормонската неурамнотеженост за време на менопаузата дополнително ги комплицира работите.

Нутриционистката Сара Лавук неодамна на својот ТикТок-профил ги предупредила жените за тоа кои се двата најлоши појадоци што можат да ги јадат за време на менопауза.

„Јас сум нутриционистка која има помага на жените над 40 години да изгледаат и да се чувствуваат најдобро што можат додека минуваат низ процесот на стареење, особено за време на менопауза“, им се обратила таа на своите следбеници.

Првата најлоша грешка што жените можат да ја направат кога појадуваат, според оваа експертка, е да не јадат ништо, туку само да испијат црно кафе.

„Многу жени го прават ова, бидејќи се обидуваат да јадат помалку, па постат периодично, со цел да внесат помалку калории во организмот“, објаснила Сара Лавук.

„Немам апсолутно ништо против повремениот пост, верувам дека во некои случаи тоа може да биде добро, но во одредени фази од животот треба да бидете малку повнимателни ако се одлучите за ваков начин на исхрана. Кога минувате низ перименопауза и вашите хормони полудуваат, вашето тело веројатно ќе биде под поголем стрес. Ако и постите згора на тоа, можете дополнително да го оптоварите вашето тело. Доколку веќе инсистирате да постите, најдобриот начин да го сторите тоа е да вечерате порано, но секогаш да појадувате наутро“, додала Лавук.

Вториот најлош појадок што жените го јадат за време на менопаузата според Лавук е слатката мала чинија житарки или гранола со зрнесто овошје и малку млеко.

Иако содржат малку масти и многу влакна, постојат подобри извори на влакна од обичните житарки, посочува експертката.

„Каде ви се протеините? Каде се здравите масти? Многу подобро е ако го започнете денот со квалитетни протеини и здрави масти, наместо само со јаглехидрати“, додала Лавук.

Истражувањата укажуваат на тоа дека недостигот од протеини придонесува за дебелеење за време на менопаузата, со оглед на тоа што потребата на телото за протеини се зголемува во тој период. Освен тоа, хормонската неурамнотеженост често доведува до засилен глад – кој само се влошува кога ќе се исклучат протеините од исхраната.

Хранливите намирници се клучни за одржување на ситоста на телото, додека истовремено помагаат во забрзувањето на метаболизмот.

Исфрлањето на протеините, исто така, значително го зголемува ризикот од губење мускулна маса, што е важно за продолжување на виталноста како што старееме.

The post Еве зошто жените во менопауза не можат да ослабат appeared first on Република.

]]>

Жените во менопауза потешко слабеат поради две лоши навики – коригирајте ги за да успеете да го постигнете идеалниот изглед Со консумирање погрешна храна, жените можат да си предизвикаат нарушување на хормонската рамнотежа. Контролираното слабеење се чини како предизвик во сите фази од животот, но хормонската неурамнотеженост за време на менопаузата дополнително ги комплицира работите. Нутриционистката Сара Лавук неодамна на својот ТикТок-профил ги предупредила жените за тоа кои се двата најлоши појадоци што можат да ги јадат за време на менопауза.
„Јас сум нутриционистка која има помага на жените над 40 години да изгледаат и да се чувствуваат најдобро што можат додека минуваат низ процесот на стареење, особено за време на менопауза“, им се обратила таа на своите следбеници.
Првата најлоша грешка што жените можат да ја направат кога појадуваат, според оваа експертка, е да не јадат ништо, туку само да испијат црно кафе. „Многу жени го прават ова, бидејќи се обидуваат да јадат помалку, па постат периодично, со цел да внесат помалку калории во организмот“, објаснила Сара Лавук.
„Немам апсолутно ништо против повремениот пост, верувам дека во некои случаи тоа може да биде добро, но во одредени фази од животот треба да бидете малку повнимателни ако се одлучите за ваков начин на исхрана. Кога минувате низ перименопауза и вашите хормони полудуваат, вашето тело веројатно ќе биде под поголем стрес. Ако и постите згора на тоа, можете дополнително да го оптоварите вашето тело. Доколку веќе инсистирате да постите, најдобриот начин да го сторите тоа е да вечерате порано, но секогаш да појадувате наутро“, додала Лавук.
Вториот најлош појадок што жените го јадат за време на менопаузата според Лавук е слатката мала чинија житарки или гранола со зрнесто овошје и малку млеко. Иако содржат малку масти и многу влакна, постојат подобри извори на влакна од обичните житарки, посочува експертката.
„Каде ви се протеините? Каде се здравите масти? Многу подобро е ако го започнете денот со квалитетни протеини и здрави масти, наместо само со јаглехидрати“, додала Лавук.
Истражувањата укажуваат на тоа дека недостигот од протеини придонесува за дебелеење за време на менопаузата, со оглед на тоа што потребата на телото за протеини се зголемува во тој период. Освен тоа, хормонската неурамнотеженост често доведува до засилен глад – кој само се влошува кога ќе се исклучат протеините од исхраната. Хранливите намирници се клучни за одржување на ситоста на телото, додека истовремено помагаат во забрзувањето на метаболизмот. Исфрлањето на протеините, исто така, значително го зголемува ризикот од губење мускулна маса, што е важно за продолжување на виталноста како што старееме.

The post Еве зошто жените во менопауза не можат да ослабат appeared first on Република.

]]>
Денеска се одбележува Светскиот ден на менопаузата https://republika.mk/zivot/zdravje/deneska-se-odbelezhuva-svetskiot-den-na-menopauzata/ Fri, 18 Oct 2024 14:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=828543

Светскиот ден на менопаузата се слави секоја година на 18 октомври за да се подигне свеста за менопаузата и опциите за поддршка кои се достапни за подобрување на здравјето и благосостојбата на жените.

Менопаузата е физиолошки настан кој се јавува кај секоја жена до 60-годишна возраст. Во тој период од животот на жената се намалува производството на хормони во јајниците, естрогенот.

Менопаузата претставува пресвртница во животот на жената. Тоа е периодот во кој се јавува последното менструално крварење поради намалување на функцијата на јајниците, а му претходи период на неправилни циклуси (олигоменореа) или оскудна менструација.

Влегувањето во менопауза е индивидуално, но најчесто е на возраст од 50 до 52 години. Најчестите симптоми на менопауза се:

Чукање на срцето и ненадеен скок на крвниот притисок

Замор

Раздразливост

Пореметување на сонот

Болка во зглобовите и мускулите

Уринарни инфекции

Сувост на вагината и ослабено либидо

Забавување на метаболизмот и зголемување на телесната тежина

Сува кожа и опаѓање на косата.

Овие симптоми можат да влијаат на квалитетот на животот, па затоа е неопходно да се информираат жените за достапните начини за подобрување на нивното психофизичко здравје во оваа фаза од животот.

Врската помеѓу репродуктивните фактори и кардиоваскуларните болести е уште еден важен аспект на менопаузата за кој жените треба да бидат свесни.

Истражувачите неодамна открија дека репродуктивните искуства на жената (вклучувајќи менструација, бременост, каков било третман за рак на дојка и менопауза) може да влијаат на шансите за развој на кардиоваскуларни болести подоцна во животот.

При влегување во менопауза, неопходно е да се промени начинот на живот, а за да се зачува здравјето, важно е да се внимава на редовна физичка активност и висококвалитетна здрава исхрана.

Најчести последици од влегувањето во менопауза се деменција, остеопороза, срцеви заболувања и дијабетес, кои најчесто се јавуваат како резултат на занемарување на здравјето, а во тој период е исклучително важна грижата за здравјето на секоја жена.

The post Денеска се одбележува Светскиот ден на менопаузата appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на менопаузата се слави секоја година на 18 октомври за да се подигне свеста за менопаузата и опциите за поддршка кои се достапни за подобрување на здравјето и благосостојбата на жените. Менопаузата е физиолошки настан кој се јавува кај секоја жена до 60-годишна возраст. Во тој период од животот на жената се намалува производството на хормони во јајниците, естрогенот. Менопаузата претставува пресвртница во животот на жената. Тоа е периодот во кој се јавува последното менструално крварење поради намалување на функцијата на јајниците, а му претходи период на неправилни циклуси (олигоменореа) или оскудна менструација. Влегувањето во менопауза е индивидуално, но најчесто е на возраст од 50 до 52 години. Најчестите симптоми на менопауза се: Чукање на срцето и ненадеен скок на крвниот притисок Замор Раздразливост Пореметување на сонот Болка во зглобовите и мускулите Уринарни инфекции Сувост на вагината и ослабено либидо Забавување на метаболизмот и зголемување на телесната тежина Сува кожа и опаѓање на косата. Овие симптоми можат да влијаат на квалитетот на животот, па затоа е неопходно да се информираат жените за достапните начини за подобрување на нивното психофизичко здравје во оваа фаза од животот. Врската помеѓу репродуктивните фактори и кардиоваскуларните болести е уште еден важен аспект на менопаузата за кој жените треба да бидат свесни. Истражувачите неодамна открија дека репродуктивните искуства на жената (вклучувајќи менструација, бременост, каков било третман за рак на дојка и менопауза) може да влијаат на шансите за развој на кардиоваскуларни болести подоцна во животот. При влегување во менопауза, неопходно е да се промени начинот на живот, а за да се зачува здравјето, важно е да се внимава на редовна физичка активност и висококвалитетна здрава исхрана. Најчести последици од влегувањето во менопауза се деменција, остеопороза, срцеви заболувања и дијабетес, кои најчесто се јавуваат како резултат на занемарување на здравјето, а во тој период е исклучително важна грижата за здравјето на секоја жена.

The post Денеска се одбележува Светскиот ден на менопаузата appeared first on Република.

]]>
Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар https://republika.mk/intima/lekarka-predupreduva-na-znak-za-menopauza-za-koj-retko-se-zboruva-zadolzhitelno-kazhete-mu-na-vashiot-lekar/ Tue, 08 Oct 2024 17:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=819206

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени.

Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.

Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.

Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.

Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.

Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини.

Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>

Познато е дека менопаузата носи бројни промени во телото на жената. Топли бранови, промени во расположението, зголемување на телесната тежина и проблеми со спиењето се само некои од вообичаените симптоми на менопаузата што ги доживуваат многу жени. Иако овие симптоми се нормални, важно е да разговарате за нив со вашиот лекар.
Менопаузата носи големи хормонални промени, првенствено поради губењето на естрогенот, кој има големо влијание врз целото тело, објаснува гинекологот д-р Џејми Сајмон.
Д-р Сајмон нагласува дека естрогенот игра клучна улога во многу телесни функции, па кога нивото на естроген опаѓа, жените доживуваат широк спектар на промени. Еден од симптомите на кој многу жени не обрнуваат внимание или не го спомнуваат на својот лекар е сувоста во интимната зона.
Вагиналната сувост често се поврзува со намалување на нивото на естроген, но може да укаже и на други здравствени проблеми, додава д-р Сајмон.
Затоа, важно е да го информирате вашиот лекар за овој симптом со цел да се исклучат други можни причини. Покрај менопаузата, други можни причини за овој симптом вклучуваат дијабетес, Сјогренов синдром (автоимуна болест која предизвикува сувост на целото тело), ​​одредени видови на хормонална контрацепција, одредени лекови (вклучувајќи антидепресиви и антихистаминици) и третман на рак.

The post Лекарка предупредува на знак за менопауза за кој ретко се зборува: Задолжително кажете му на вашиот лекар appeared first on Република.

]]>
Менопаузата не е болест, тврдат медицински експерти https://republika.mk/zivot/zdravje/menopauzata-ne-e-bolest-tvrdat-meditsinski-eksperti/ Wed, 13 Mar 2024 09:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=754285

Менопаузата не е болест, и покрај многуте дискурси во западните земји кои ги наведуваат жените да размислуваат поинаку, велат група експерти во написот во списанието „Лансет“ во кој се тврди дека овој период од животот на жената е „премногу медицилизиран“.

Коавторот на студијата Марта Хики, од Универзитетот во Мелбурн и Кралската женска болница, рече дека општеството како целина треба да ја оспори заблудата за менопаузата како медицински проблем кој постојано најавува влошување на физичкото и менталното здравје.

Таа додаде дека во овој период многу жени живеат исполнет живот, придонесувајќи за работата, семејниот живот и поширокото општество.

Земјите со високи приходи обично ја гледаат перименопаузата и менопаузата како медицински проблем или нарушување предизвикано од недостаток на хормони со долгорочни здравствени ризици кои најдобро се управуваат со терапија за замена на хормони, велат тие.

Сепак, ширум светот, повеќето жени поминуваат низ менопауза без потреба од медицински третман, велат експертите, вклучително и Кралската женска болница во Мелбурн, Австралија и Кралскиот колеџ во Лондон.

Тие тврдат дека недостигаат податоци за тоа дали здравствените проблеми се предизвикани од менопаузата или едноставно стареењето.

На пример, иако е познато дека густината на коските опаѓа по менопаузата, не е сигурно дали менопаузата во средниот век го зголемува ризикот од други хронични состојби како што се дијабетес, деменција или кардиоваскуларни болести, велат тие.

Иако управувањето со симптомите е важно, медицинскиот поглед на менопаузата може да ги обесхрабри жените, да доведе до прекумерно лекување и да ги занемари потенцијалните позитивни ефекти, како што се подобро ментално здравје со возраста и отсуството на менструации, менструални нарушувања и контрацепција, напишаа истражувачите.

Тимот вели дека е тешко да се одвои како се чувствуваат жените кога минуваат низ перименопауза и менопауза од другите работи што се случуваат во нивниот живот, како што се грижата за децата, работата и грижата за постарите родители.

Проблемите кои понекогаш се припишуваат на менопаузата – како што се промените во расположението, функцијата на мозокот и сексуалните проблеми – всушност може да бидат предизвикани или влошени од стресни животни настани, велат тие.

Наместо тоа, тие се залагаат за нов пристап кон менопаузата заснован на зајакнување на здравјето, каде на жените им се дава знаење, доверба и самоопределување да управуваат со сопственото здравје и донесуваат информирани одлуки.

Лекарите треба да обрнат внимание и на начинот на живот на жените, како што се спиењето, консумирањето алкохол и пушењето, што може да ги влоши симптомите.

The post Менопаузата не е болест, тврдат медицински експерти appeared first on Република.

]]>

Менопаузата не е болест, и покрај многуте дискурси во западните земји кои ги наведуваат жените да размислуваат поинаку, велат група експерти во написот во списанието „Лансет“ во кој се тврди дека овој период од животот на жената е „премногу медицилизиран“. Коавторот на студијата Марта Хики, од Универзитетот во Мелбурн и Кралската женска болница, рече дека општеството како целина треба да ја оспори заблудата за менопаузата како медицински проблем кој постојано најавува влошување на физичкото и менталното здравје. Таа додаде дека во овој период многу жени живеат исполнет живот, придонесувајќи за работата, семејниот живот и поширокото општество.
Земјите со високи приходи обично ја гледаат перименопаузата и менопаузата како медицински проблем или нарушување предизвикано од недостаток на хормони со долгорочни здравствени ризици кои најдобро се управуваат со терапија за замена на хормони, велат тие.
Сепак, ширум светот, повеќето жени поминуваат низ менопауза без потреба од медицински третман, велат експертите, вклучително и Кралската женска болница во Мелбурн, Австралија и Кралскиот колеџ во Лондон. Тие тврдат дека недостигаат податоци за тоа дали здравствените проблеми се предизвикани од менопаузата или едноставно стареењето. На пример, иако е познато дека густината на коските опаѓа по менопаузата, не е сигурно дали менопаузата во средниот век го зголемува ризикот од други хронични состојби како што се дијабетес, деменција или кардиоваскуларни болести, велат тие.
Иако управувањето со симптомите е важно, медицинскиот поглед на менопаузата може да ги обесхрабри жените, да доведе до прекумерно лекување и да ги занемари потенцијалните позитивни ефекти, како што се подобро ментално здравје со возраста и отсуството на менструации, менструални нарушувања и контрацепција, напишаа истражувачите.
Тимот вели дека е тешко да се одвои како се чувствуваат жените кога минуваат низ перименопауза и менопауза од другите работи што се случуваат во нивниот живот, како што се грижата за децата, работата и грижата за постарите родители.
Проблемите кои понекогаш се припишуваат на менопаузата – како што се промените во расположението, функцијата на мозокот и сексуалните проблеми – всушност може да бидат предизвикани или влошени од стресни животни настани, велат тие.
Наместо тоа, тие се залагаат за нов пристап кон менопаузата заснован на зајакнување на здравјето, каде на жените им се дава знаење, доверба и самоопределување да управуваат со сопственото здравје и донесуваат информирани одлуки. Лекарите треба да обрнат внимание и на начинот на живот на жените, како што се спиењето, консумирањето алкохол и пушењето, што може да ги влоши симптомите.

The post Менопаузата не е болест, тврдат медицински експерти appeared first on Република.

]]>
Скоро 30 отсто од жените користат боледување поради симптоми на менопауза, ама не кажуваат дека ја имаат https://republika.mk/zivot/zdravje/skoro-30-otsto-od-zenite-koristat-boleduvanje-poradi-simptomi-na-menopauza-ama-ne-kazuvaat-deka-ja-imaat/ Sat, 22 Oct 2022 15:04:11 +0000 https://republika.mk/?p=564358

Скоро 30 отсто од жените користат боледување поради симптоми на менопауза, но само мал дел од нив ја наведуваат отворено оваа причина за боледување.

Се смета дека една жена е во менопауза кога ќе поминат 12 месеци од нејзината последна менструација.

Дури 65 отсто од жените велат дека се чувствуваат неподготвени за она што може да го донесе менопаузата. Затоа е неопходна емпатија и индивидуализирана грижа за секоја жена која се движи низ оваа сосема природна, но понекогаш стресна фаза од животот.

Менопауза, понекогаш наречена „промена на животот” го сигнализира крајот на способноста на жената да има деца. Менопаузата, е природен дел од стареењето кој се должи на природното опаѓање на репродуктивните хормони кај жената, почнувајќи некаде од 45-та до 55-та година.

Во 1984 година Светската здравствена оргранизација (СЗо) го избра 18. Октомври за Светски ден посветен на менопаузата заедно со Меѓународното здружение за менопауза (ИМС).

Овој датум треба да ја подигне свеста и да ја намали стигмата поврзана со неа, како и да ги нагласи достапните опции за поддршка и подобрување на здравјето и благосостојбата на жената во понатамошниот тек на животот.

Менопаузата,односно периодот околу неа (таканаречена перименопауза) ужива “лоша репутација” токму поради бројните симптоми кои предизвикуваат фрустрација кај многу жени - како што се топли бранови, ноќното потење, сувоста на вагината, главоболки, зголемување на телесната тежина, намалена концентрација, промени во расположението и анксиозност. Симптоми кои секоја жена различно може да ги доживее, но и кои може многу да варираат и да траат повеќе години.

Оваа година WHO и IMS го празнуваат светскиот ден на менопауза подигнувајќи ја свеста за „менопаузната магла” или “brain fog” која опфаќа бројни симптоми како: тешкотии во учењето и вербалната меморија - тешкотии во помнењето зборови и бројки, намалена концентрација (лесна расеаност, губење на мислата), тешкотии при почетокот на секојдневни задачи, заборавање на причината за одредени активност (како – зошто, или по што дојдов во собава), заборавање на состаноци, значајни датуми и настани. Менопаузната мозочна магла е нормална и вообичаена во средовечните години, таа не е само имагинација на жената, и истата може значително да влијаат врз квалитетот на животот на една жена.

Притоа, дури кај три од пет жени, на возраст од 45 до 55 години, симптомите асоцирани со менопаузата негативно им влијаат врз квалитетот на реализација на работните обврски. Две третини од нив се жалат на помала способност да се сконцентрираат на работните и секојдневни обврски, а кај повеќето од половина ова предизвикува стресна состојба.

Неколку фактори на ризик кои можат негативно да влијаат на когнитивно здравје кај жените во перименопауза се: обезноста, нерегулираниот висок крвен притисок, дијабетесот, пушењето цигари, физичката неактивност, намалената социјална интереакција, когнитивната неактивност, анксиозноста и депресијата.

 

The post Скоро 30 отсто од жените користат боледување поради симптоми на менопауза, ама не кажуваат дека ја имаат appeared first on Република.

]]>

Скоро 30 отсто од жените користат боледување поради симптоми на менопауза, но само мал дел од нив ја наведуваат отворено оваа причина за боледување. Се смета дека една жена е во менопауза кога ќе поминат 12 месеци од нејзината последна менструација. Дури 65 отсто од жените велат дека се чувствуваат неподготвени за она што може да го донесе менопаузата. Затоа е неопходна емпатија и индивидуализирана грижа за секоја жена која се движи низ оваа сосема природна, но понекогаш стресна фаза од животот. Менопауза, понекогаш наречена „промена на животот” го сигнализира крајот на способноста на жената да има деца. Менопаузата, е природен дел од стареењето кој се должи на природното опаѓање на репродуктивните хормони кај жената, почнувајќи некаде од 45-та до 55-та година. Во 1984 година Светската здравствена оргранизација (СЗо) го избра 18. Октомври за Светски ден посветен на менопаузата заедно со Меѓународното здружение за менопауза (ИМС). Овој датум треба да ја подигне свеста и да ја намали стигмата поврзана со неа, како и да ги нагласи достапните опции за поддршка и подобрување на здравјето и благосостојбата на жената во понатамошниот тек на животот. Менопаузата,односно периодот околу неа (таканаречена перименопауза) ужива “лоша репутација” токму поради бројните симптоми кои предизвикуваат фрустрација кај многу жени - како што се топли бранови, ноќното потење, сувоста на вагината, главоболки, зголемување на телесната тежина, намалена концентрација, промени во расположението и анксиозност. Симптоми кои секоја жена различно може да ги доживее, но и кои може многу да варираат и да траат повеќе години. Оваа година WHO и IMS го празнуваат светскиот ден на менопауза подигнувајќи ја свеста за „менопаузната магла” или “brain fog” која опфаќа бројни симптоми како: тешкотии во учењето и вербалната меморија - тешкотии во помнењето зборови и бројки, намалена концентрација (лесна расеаност, губење на мислата), тешкотии при почетокот на секојдневни задачи, заборавање на причината за одредени активност (како – зошто, или по што дојдов во собава), заборавање на состаноци, значајни датуми и настани. Менопаузната мозочна магла е нормална и вообичаена во средовечните години, таа не е само имагинација на жената, и истата може значително да влијаат врз квалитетот на животот на една жена. Притоа, дури кај три од пет жени, на возраст од 45 до 55 години, симптомите асоцирани со менопаузата негативно им влијаат врз квалитетот на реализација на работните обврски. Две третини од нив се жалат на помала способност да се сконцентрираат на работните и секојдневни обврски, а кај повеќето од половина ова предизвикува стресна состојба. Неколку фактори на ризик кои можат негативно да влијаат на когнитивно здравје кај жените во перименопауза се: обезноста, нерегулираниот висок крвен притисок, дијабетесот, пушењето цигари, физичката неактивност, намалената социјална интереакција, когнитивната неактивност, анксиозноста и депресијата.  

The post Скоро 30 отсто од жените користат боледување поради симптоми на менопауза, ама не кажуваат дека ја имаат appeared first on Република.

]]>