меморандум организиран криминал Archives - Република https://republika.mk/tema/memorandum-organiziran-kriminal/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 13:19:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меморандум организиран криминал Archives - Република https://republika.mk/tema/memorandum-organiziran-kriminal/ 32 32 Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-dimitrieska-kochoska-potpishan-memorandum-za-sorabotka-so-tsel-pogolema-efikasnost-vo-spravuvane-so-organiziraniot-kriminal-i-koruptsija/ Fri, 22 Nov 2024 13:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=840858

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорот на Царинската управа Бобан Николовски беше потпишан Протоколот за спроведување на меморандумот меѓу двете министерства што ја уредува и конкретизира соработката меѓу нив со цел ефикасна борба против сите видови криминал.

Министерот Тошковски потенцираше дека ваквиот начин на соработка е круцијален доколку сакаме да имаме сеопфатен и ефективен пристап во борба против организираниот криминал.

„Овие документи кои ги потпишуваме денес се реално наоѓање начин на усогласување за како да се спротивставиме на сите предизвици коишто на некој начин го уништуваат нашето општество. Сметам дека со посветена, стручна и професионална соработка помеѓу институциите тоа може да се покаже на дело. Пример за тоа е една одлична спроведена акција како што беше акцијата при која изнесе 14 цариници и полициски службеници и други службеници во рамки на институциите, пред лицето на правдата коишто злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните истите се стекнувале со незаконски средства. Со добра и организирана соработка помеѓу службите во МВР, БЈБ и царинските служби видовме дека можело да се остварат резултати. Тоа е нашата цел, затоа постојат овие институции и само на таков начин можеме да покажеме дека навистина имаме волја да се бориме против организираниот криминал и корупција. Сигурен сум во потенцијалот на луѓето и институциите, само треба да се фокусираме, да ја знаеме која е крајната цел и да се стремиме кон нејзино остварување.“, истакна министерот Тошковски.

https://www.youtube.com/watch?v=cTUY-_b3Gl8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорот на Царинската управа Бобан Николовски беше потпишан Протоколот за спроведување на меморандумот меѓу двете министерства што ја уредува и конкретизира соработката меѓу нив со цел ефикасна борба против сите видови криминал. Министерот Тошковски потенцираше дека ваквиот начин на соработка е круцијален доколку сакаме да имаме сеопфатен и ефективен пристап во борба против организираниот криминал. „Овие документи кои ги потпишуваме денес се реално наоѓање начин на усогласување за како да се спротивставиме на сите предизвици коишто на некој начин го уништуваат нашето општество. Сметам дека со посветена, стручна и професионална соработка помеѓу институциите тоа може да се покаже на дело. Пример за тоа е една одлична спроведена акција како што беше акцијата при која изнесе 14 цариници и полициски службеници и други службеници во рамки на институциите, пред лицето на правдата коишто злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните истите се стекнувале со незаконски средства. Со добра и организирана соработка помеѓу службите во МВР, БЈБ и царинските служби видовме дека можело да се остварат резултати. Тоа е нашата цел, затоа постојат овие институции и само на таков начин можеме да покажеме дека навистина имаме волја да се бориме против организираниот криминал и корупција. Сигурен сум во потенцијалот на луѓето и институциите, само треба да се фокусираме, да ја знаеме која е крајната цел и да се стремиме кон нејзино остварување.“, истакна министерот Тошковски. https://www.youtube.com/watch?v=cTUY-_b3Gl8&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

The post Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција appeared first on Република.

]]>