Мехди Али Archives - Република https://republika.mk/tema/mehdi-ali/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jan 2024 14:42:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мехди Али Archives - Република https://republika.mk/tema/mehdi-ali/ 32 32 Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ostanaa-prijateli-migrantot-koj-mu-beshe-tsimer-na-novak-vo-zatvorot-vo-melburn-se-preseli-vo-sad/ Tue, 16 Jan 2024 15:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=733696

Мехди Али, мигрантот кој помина девет години во озлогласениот хотел Парк во Мелбурн, беше ослободен пред помалку од една година.

Иранецот се најде во центарот на вниманието на јавноста кога Новак Ѓоковиќ со одлука на австралиските власти беше затворен во овој хотел пред две години за време на короната.

Али избегал од Иран кога имал само 15 години, но властите во Австралија немале разбирање за неговата ситуација, па го држеле во озлогласен хотел девет години.

Никој не ги слушаше неговите апели за помош се додека Новак Ѓоковиќ не дојде во хотелот. По враќањето од Мелбурн, Новак често јавно зборуваше за страдањата на луѓето кои се затворени таму, а Али му беше многу благодарен за тоа.

Во меѓувреме, Мехди замина во САД, каде што се обидува да започне нов живот во Минесота.Али и Новак останаа во контакт, а имаат заеднички планови.

Ѓоковиќ зборуваше за тој период во Мелбурн.

„Во текот на тие пет дена, колку што живеев во таа институција, еден од луѓето кои најмногу ми помогнаа и поддржаа беше Мехди. Со него се создаде посебна врска. Останавме во контакт, тој сега живее во Минесота, па затоа ќе видиме кога ќе одам во САД. Ми рече дека е благодарен за сето внимание што го предизвика мојот случај“, рече Ѓоковиќ.

 

 

 

 

The post Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД appeared first on Република.

]]>

Мехди Али, мигрантот кој помина девет години во озлогласениот хотел Парк во Мелбурн, беше ослободен пред помалку од една година. Иранецот се најде во центарот на вниманието на јавноста кога Новак Ѓоковиќ со одлука на австралиските власти беше затворен во овој хотел пред две години за време на короната. Али избегал од Иран кога имал само 15 години, но властите во Австралија немале разбирање за неговата ситуација, па го држеле во озлогласен хотел девет години. Никој не ги слушаше неговите апели за помош се додека Новак Ѓоковиќ не дојде во хотелот. По враќањето од Мелбурн, Новак често јавно зборуваше за страдањата на луѓето кои се затворени таму, а Али му беше многу благодарен за тоа. Во меѓувреме, Мехди замина во САД, каде што се обидува да започне нов живот во Минесота.Али и Новак останаа во контакт, а имаат заеднички планови. Ѓоковиќ зборуваше за тој период во Мелбурн.
„Во текот на тие пет дена, колку што живеев во таа институција, еден од луѓето кои најмногу ми помогнаа и поддржаа беше Мехди. Со него се создаде посебна врска. Останавме во контакт, тој сега живее во Минесота, па затоа ќе видиме кога ќе одам во САД. Ми рече дека е благодарен за сето внимание што го предизвика мојот случај“, рече Ѓоковиќ.
   
 
 

The post Останаа пријатели: Мигрантот кој му беше цимер на Новак во затворот во Мелбурн се пресели во САД appeared first on Република.

]]>