Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци Archives - Република https://republika.mk/tema/megunarodna-grafichka-rabotilnitsa-sofija-bogdantsi/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 12:32:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци Archives - Република https://republika.mk/tema/megunarodna-grafichka-rabotilnitsa-sofija-bogdantsi/ 32 32 Отворена 17. Меѓународна графичка работилница „Софија“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvorena-17-megunarodna-grafichka-rabotilnitsa-sofija/ Wed, 21 Aug 2024 12:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=808683

Вчера во Богданци беше официјално отворена 17-та Графичка работилница „Софија“, која повторно ги обедини најталентираните млади графичари од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Оваа уникатна работилница, која е единствена од ваков тип во регионот, ќе трае до 27 август, и ќе заврши со изложба на изработените дела на студентите учесници во Домот на културата „Бранд Петрушев“.

На отворањето на настанот беа потпишани два значајни меморандуми за соработка. Првиот, со Театар „Комедија“ од Скопје, предвидува учесниците на работилницата да изработат плакат за следна претстава која е во план, што е одлична можност за младите уметници да го покажат својот талент и во практична примена. Вториот меморандум е потпишан со Домот на културата во Богданци, со што се отвораат нови можности за културна соработка и уметнички проекти на локално ниво.

За мене е особена чест што сум дел од ваков проект кој овозможува креативност и размена на искуства меѓу млади уметници од регионот. Работилницата не само што го поттикнува творештвото, туку ги отвора и вратите за нови можности,“ изјави менторката од Хрватска, Ива Чуриќ.

Графичката работилница „Софија“ продолжува да биде значајна културна манифестација која ги спојува младите уметници од регионот, нудејќи им уникатна можност за учење, соработка и творење во сите класични графички техники.

The post Отворена 17. Меѓународна графичка работилница „Софија“ appeared first on Република.

]]>

Вчера во Богданци беше официјално отворена 17-та Графичка работилница „Софија“, која повторно ги обедини најталентираните млади графичари од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Оваа уникатна работилница, која е единствена од ваков тип во регионот, ќе трае до 27 август, и ќе заврши со изложба на изработените дела на студентите учесници во Домот на културата „Бранд Петрушев“. На отворањето на настанот беа потпишани два значајни меморандуми за соработка. Првиот, со Театар „Комедија“ од Скопје, предвидува учесниците на работилницата да изработат плакат за следна претстава која е во план, што е одлична можност за младите уметници да го покажат својот талент и во практична примена. Вториот меморандум е потпишан со Домот на културата во Богданци, со што се отвораат нови можности за културна соработка и уметнички проекти на локално ниво.
За мене е особена чест што сум дел од ваков проект кој овозможува креативност и размена на искуства меѓу млади уметници од регионот. Работилницата не само што го поттикнува творештвото, туку ги отвора и вратите за нови можности,“ изјави менторката од Хрватска, Ива Чуриќ.
Графичката работилница „Софија“ продолжува да биде значајна културна манифестација која ги спојува младите уметници од регионот, нудејќи им уникатна можност за учење, соработка и творење во сите класични графички техники.

The post Отворена 17. Меѓународна графичка работилница „Софија“ appeared first on Република.

]]>
Започна 16. Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци https://republika.mk/vesti/kultura/zapochna-16-megunarodna-grafichka-rabotilnitsa-sofija-bogdantsi/ Wed, 16 Aug 2023 09:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=672619

Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 16-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко.

Селекцијата на учесници ја прават академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите.

Графичката уметност во наредните десет дена, во Богданци ќе собере дел од најталентираните млади графичари од факултетите и академиите од Скопје, Загреб, Нови Сад, Ниш, Сараево и Софија. Оваа година ментор на работилницата ќе биде професорката Мирјана Водипија од Академијата за ликовна уметност во Загреб.

Уметниците ќе работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на завршната изложба на 25 Август во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Од основањето до денес, главен поддржувач на графичката работилница е Печатница „Софија“ од Богданци.

Графичката работилница веќе шеснаесет години е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот.

Графичката работилница „Софија“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност. На неа досега учествувале повеќе од 200 уметници, поседува фонд од околу 600 дела, а отворена е во текот на целата година.

The post Започна 16. Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци appeared first on Република.

]]>

Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 16-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Селекцијата на учесници ја прават академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите. Графичката уметност во наредните десет дена, во Богданци ќе собере дел од најталентираните млади графичари од факултетите и академиите од Скопје, Загреб, Нови Сад, Ниш, Сараево и Софија. Оваа година ментор на работилницата ќе биде професорката Мирјана Водипија од Академијата за ликовна уметност во Загреб. Уметниците ќе работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на завршната изложба на 25 Август во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Од основањето до денес, главен поддржувач на графичката работилница е Печатница „Софија“ од Богданци. Графичката работилница веќе шеснаесет години е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, средиште за творештво на многу уметници. Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот. Графичката работилница „Софија“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност. На неа досега учествувале повеќе од 200 уметници, поседува фонд од околу 600 дела, а отворена е во текот на целата година.

The post Започна 16. Меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци appeared first on Република.

]]>