меѓувладина конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/megjuvladina-konferencija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 11:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png меѓувладина конференција Archives - Република https://republika.mk/tema/megjuvladina-konferencija/ 32 32 Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција https://republika.mk/vesti/makedonija/institut-za-demokratija-vnesuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-e-edinstven-uslov-od-sofija-za-meguvladinata-konferentsija/ Thu, 11 May 2023 11:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=639711

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија.

Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија).

Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори.

А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години.

„Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави.

Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија.

Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска.

„Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија.

Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена.

„Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>

Во освртот на Институтот за демократија опфатени се Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија, формирана врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија од 17 јули 2022 во Софија. Ден потоа се одржа состанокот на Советот на ЕУ по пат на пишана процедура без одржување состанок со физичко присуство, на кој беа усвоени следните документи: Заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија; Заедничката позиција на ЕУ за Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија; Општата позиција на ЕУ (Изјавата на ЕУ за отворање на МВК; Преговарачката рамка и Практичните аранжмани) за пристапните преговори со Македонија; Процедурите за пристапните преговори со Македонија (интерни аранжмани) и Декларација на Советот на ЕУ (поврзана со едностраната изјава на Бугарија за македонскиот јазик, со што се нотира позицијата на Бугарија). Од анализата на сите овие документи произлегува дека Преговарачката рамка е одобрена, но од формално-правен аспект не е и официјализирана. За да се заокружи процесот на отворање на Меѓувладина конференција е потребно комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, а тоа значи дека Македонија треба да ги исполни сите предуслови за одржување на втората Меѓувладина конференција за да се комплетира процесот на официјално отворање на пристапните преговори. А тоа, освен уставните измени, значи и прашањата од историјата што ги отвори Бугарија, измени во програмите по историја, нови учебници, натписите на некои споменици, знаци, информациски материјали во музеи и други објекти со образовно и културно значење, како и релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост. Рокот за ова е две години. „Земајќи го предвид процесот на правење вакви суштински измени, овој утврден рок е прекраток и може да доведе до заобиколување на одредени институции кои не се под капата на Владата или нивно потиснување поради запазување на рокот. Исто така, не е утврден начин на кој двете страни ќе се информираат за ваквите измени кои можат да опфаќаат различни методи и пристапи кон истата проблематика. Ова може да доведе до различни периоди потребни за имплементација на истото нешто во двете држави. Иако не е експлицитно напомнат, Акцискиот план за заштита на правата на припадниците на (сите) малцинствата или заедниците (и на бугарското), вклучително, меѓу другото, на полето на недискриминација, борба против говорот на омраза, образование, како и воспоставување на ефективни мерки, механизми за известување и идентификување на соодветните одговорни институции ќе биде од круцијално значење за напредок/динамизирање на процесот. Овој акциски план ќе биде прилог кон Патоказот за владеење на правото кои ги опфаќа поглавјата 23 и 24“, се вели во анализата на Институтот за демократија во која се напоменува и на нерамноправноста и асиметријата што постои во процесот во однос на преземените обврски на Македонија и на оние на Бугарија. Во однос на барањето за рехабилитација на жртвите на репресии во комунистичкиот период, Македонија презема обврска за создавањето на сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите на репресивниот апарат на поранешните служби за државната безбедност од комунистичкиот период, вклучително полицијата, цивилното и воено разузнавање и контраразузнавање во периодот 1945-1991 година. Дилемата што се појавува е врз основа на кои меѓународни пракси и стандарди ќе се утврдува исполнувањето на оваа обврска. „Темата за историјата е столбот на кој се потпираат сите билатерални барања на Република Бугарија кон Македонија, и од кој извираат недоразбирањата, вклучително и негирањето на македонскиот јазик и етногенезата на македонскиот народ. Согласно со Протоколот, државите ќе ги објават на интернет страниците на двете влади сите веќе усвоени препораки од досегашната работа на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, во рок од еден месец. Ако ова е договорената пракса, дали е тоа направено и во чиј интерес е нивното необјавување е прашање кое треба да се постави на двете влади“, тврдат претставниците на Институтот за демократија. Транспарентноста во билатералните односи меѓу двете држави е во целосна корист за македонската страна и на тоа треба да се инсистира по секоја цена. „Во овој дел интересна е едностраната обврската на Владата на Македонија да достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на Република Македонија на тема Самоилова држава. Навидум едноставна обврска која не би требало да предизвика никакви проблеми. Но, се работи за специфична тема за која има несогласувања меѓу двете држави, а исто така е интересно и е избегнувањето на специфичното поимање на учебникот. Обврската на конкретна тема Самоил може да наметне притисок за наоѓање на решение по секоја цена. Од друга страна, зборот подготовката во реченицата која се однесува на доставувањето на урнекот најавува т.е може да претставува воспоставување на одреден преседан кој ќе биде применуван во иднина. Ако читањето на оваа обврска оди во оваа насока, тогаш ова треба да биде институционално и правно регулирано имајќи предвид дека вакви интервенции ќе бидат барани од бугарската страна во повеќе наврати во процесот на европска интеграција. Препораките на заедничката Комисија имаат смисла само доколку се дефинирани и усогласени со заемно разбирање и согласност и имаат влијание на образовните програми од двете страни, реципрочно“, пишува во анализата.

The post Институт за демократија: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствен услов од Софија за меѓувладината конференција appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Прес на Ковачевски по првата меѓувладина конференција https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-pres-na-kovachevski-po-prvata-megjuvladina-konferencija/ Tue, 19 Jul 2022 09:09:07 +0000 https://republika.mk/?p=530937

Следете ја прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по првата меѓувладина конференција:

The post ВО ЖИВО: Прес на Ковачевски по првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>

Следете ја прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски по првата меѓувладина конференција:

The post ВО ЖИВО: Прес на Ковачевски по првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Меѓувладина конференција во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-megjuvladina-konferencija-vo-brisel/ Tue, 19 Jul 2022 07:50:10 +0000 https://republika.mk/?p=530865

Следете ја во живо Меѓувладината конференција во Брисел:

The post ВО ЖИВО: Меѓувладина конференција во Брисел appeared first on Република.

]]>

Следете ја во живо Меѓувладината конференција во Брисел:

The post ВО ЖИВО: Меѓувладина конференција во Брисел appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ja-predvodi-vladinata-delegacija-na-prvata-megjuvladina-konferencija/ Mon, 18 Jul 2022 13:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=530689

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција закажана за утре, 19 јули 2022 година. Оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Република Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ, соопшти владината прес служба.

Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Во рамките на историската посета на Брисел за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата, стои во соопштението.

The post Ковачевски ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која во Советот на Европска Унија ќе учествува на првата меѓувладина конференција закажана за утре, 19 јули 2022 година. Оваа меѓувладина конференција е од историско значење за Република Македонија бидејќи со неа се означува отпочнувањето на преговорите за полноправно членство на земјата во ЕУ, соопшти владината прес служба.

Според агендата, за утрешниот ден е предвидено премиерот на Република Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама да имаат средба со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

Во рамките на историската посета на Брисел за утре е најавено и започнувањето на скринингот за Република Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации. Како дел од официјалната владина делегација во Брисел патуваат првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на Претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата, стои во соопштението.

The post Ковачевски ја предводи владината делегација на првата меѓувладина конференција appeared first on Република.

]]>
Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела https://republika.mk/vesti/balkan/bala-prvata-megjuvladina-konferencija-eu-albanija-kje-se-odrzi-slednata-nedela/ Thu, 30 Jun 2022 17:09:34 +0000 https://republika.mk/?p=521751

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала, од собраниската говорница соопшти дека следната недела ќе се одржи Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Албанија за преговорите, пренесува Ора њуз.

Бала додаде дека сега Албанија ќе преговара со ЕУ за да стане дел од Унијата, за што постои согласност меѓу 27-те земји од Унијата.

Побарав збор за да споделам важна вест во врска со нашето патување кон членство во ЕУ што е поврзано со фактот дека постои целосна согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ следната недела. Тоа е важен момент. Ова се случува по неколкучасовни комуникации на парламентите-членки. Амбасадорот на Чешка, со кој имав можност да комуницирам, штотуку си замина. Политичкиот договор е веќе постигнат и одржувањето на Меѓувладината конференција следната недела е факт, рече Бала од собраниската говорница.

Оваа изјава на Бала, според телевизијата доаѓа иако од Македонија сè уште нема конечен одговор за францускиот предлог со кој се решава спорот меѓу Софија и Скопје, кој го држи во заложништво и почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ.

Македонија, преку премиерот Димитар Ковачески, начелно се изјасни за францускиот предлог, но нагласи дека одговорот ќе се даде по опсежни консултации со претседателот, Собранието, политичките партии, граѓанското општество, експертите и пошироката јавност, констатира Ора њуз.

The post Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела appeared first on Република.

]]>

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала, од собраниската говорница соопшти дека следната недела ќе се одржи Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Албанија за преговорите, пренесува Ора њуз. Бала додаде дека сега Албанија ќе преговара со ЕУ за да стане дел од Унијата, за што постои согласност меѓу 27-те земји од Унијата.
Побарав збор за да споделам важна вест во врска со нашето патување кон членство во ЕУ што е поврзано со фактот дека постои целосна согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ следната недела. Тоа е важен момент. Ова се случува по неколкучасовни комуникации на парламентите-членки. Амбасадорот на Чешка, со кој имав можност да комуницирам, штотуку си замина. Политичкиот договор е веќе постигнат и одржувањето на Меѓувладината конференција следната недела е факт, рече Бала од собраниската говорница.
Оваа изјава на Бала, според телевизијата доаѓа иако од Македонија сè уште нема конечен одговор за францускиот предлог со кој се решава спорот меѓу Софија и Скопје, кој го држи во заложништво и почетокот на преговорите на Албанија со ЕУ.
Македонија, преку премиерот Димитар Ковачески, начелно се изјасни за францускиот предлог, но нагласи дека одговорот ќе се даде по опсежни консултации со претседателот, Собранието, политичките партии, граѓанското општество, експертите и пошироката јавност, констатира Ора њуз.

The post Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела appeared first on Република.

]]>