Меѓународен ден на Бошњаците Archives - Република https://republika.mk/tema/megjunaroden-den-na-boshnjacite/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 10:24:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Меѓународен ден на Бошњаците Archives - Република https://republika.mk/tema/megjunaroden-den-na-boshnjacite/ 32 32 Мицкоски со честитка за Меѓународниот ден на Бошњаците https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-chestitka-za-megunarodniot-den-na-boshnatsite/ Sat, 28 Sep 2024 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=820506

Премиерот Христијан Мицкоски во негово лично и во името на Владата, денеска го честиташе 28 Септември ‌- Меѓународниот ден на Бошњаците.

Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот.
Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина. Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка.
Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат.
Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!, порача Мицкоски.

The post Мицкоски со честитка за Меѓународниот ден на Бошњаците appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски во негово лично и во името на Владата, денеска го честиташе 28 Септември ‌- Меѓународниот ден на Бошњаците.
Тие се дел од нашето општество и заедничката традиција градена со години. Заедништвото низ децениите покажува дека взаемното почитување и изградбата на меѓусебна доверба се темелите врз кој може и треба да се гради напредокот. Заедно минуваме низ турбулентни времиња и предизвици, но и заедно можеме да победиме за да донесеме подобра иднина. Свесен сум за тешкиот живот, многуте наследени проблеми и за реалните потреби на луѓето и тие се заеднички за сите граѓани, но ве уверувам дека сплотени и со напорна работа, посветено можеме и ќе ја надминеме секоја пречка. Заедно да се избориме за иднина каква сите граѓани заслужуваат. Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!, порача Мицкоски.

The post Мицкоски со честитка за Меѓународниот ден на Бошњаците appeared first on Република.

]]>
Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември https://republika.mk/vesti/makedonija/svechena-akademija-po-povod-megunarodniot-den-na-boshnatsite-28-septemvri/ Sat, 28 Sep 2024 08:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=820484

Во организација на Бошњачкиот национален совет синоќа во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија се одржа свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.

Претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот ја нагласи важноста на одбележувањето на Денот на Бошеаците, притоа нагласувајќи дека токму 28 сепмтеври 1993 година е еден од најзначајните датуми во поновата историја на Бошњците. Тој нагласи дека со одржувањето на себошњачкиот собир во Сараево пред 32 години, Бошњаците го вратиле своето историско име Бошњак, со што ја исправиле неправдата која им била нанесена, соопшти Бошњачки демократски сојуз.

Оттаму информираат дека турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој упатил честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и посакал успех, среќа и просперитет на бошењачката заедница во земјава, како и на севкупното мултиетничко општество во земјава. Денот на Бошњаците го честитал и Кењан Врбањац, претседател на хуманитарната организација Мерхамет од Босна и Херцеговина.

Во рамки на културно-уметничката програма настапиле хорот „Стамбол“ од Нови Пазар, дуото Илма и Илда Нурковиќ од Црна Гора, како и Изет и Јасмин Идризовиќ од Скопје.

Свечената академија се одржа со поддршка на турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје, а под покровителство на Бошњачкиот демократски сојуз и претседателот Мунир Колашинац

The post Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември appeared first on Република.

]]>

Во организација на Бошњачкиот национален совет синоќа во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија се одржа свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември.
Претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот ја нагласи важноста на одбележувањето на Денот на Бошеаците, притоа нагласувајќи дека токму 28 сепмтеври 1993 година е еден од најзначајните датуми во поновата историја на Бошњците. Тој нагласи дека со одржувањето на себошњачкиот собир во Сараево пред 32 години, Бошњаците го вратиле своето историско име Бошњак, со што ја исправиле неправдата која им била нанесена, соопшти Бошњачки демократски сојуз.
Оттаму информираат дека турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој упатил честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците и посакал успех, среќа и просперитет на бошењачката заедница во земјава, како и на севкупното мултиетничко општество во земјава. Денот на Бошњаците го честитал и Кењан Врбањац, претседател на хуманитарната организација Мерхамет од Босна и Херцеговина. Во рамки на културно-уметничката програма настапиле хорот „Стамбол“ од Нови Пазар, дуото Илма и Илда Нурковиќ од Црна Гора, како и Изет и Јасмин Идризовиќ од Скопје. Свечената академија се одржа со поддршка на турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје, а под покровителство на Бошњачкиот демократски сојуз и претседателот Мунир Колашинац

The post Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември appeared first on Република.

]]>
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-pretsedatelkata-silanovska-davkova-po-povod-denot-na-boshnatsite/ Sat, 28 Sep 2024 07:23:50 +0000 https://republika.mk/?p=820465

Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.

Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.

The post Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците appeared first on Република.

]]>

Горди сме што Бошњачката заедница има свој празник којшто достоинствено се прославува и придонесува за промоција на нејзината историја и на културните традиции кои се составен дел од македонското општество, истакнува претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитка до припадниците на бошњачката заедница, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Соживотот во нашата татковина, посочува претседателката, е резултат на почит, уважување и солидарност. Да не дозволиме овие вредности да бидат загрозени и нарушени, и да продолжиме да работиме на напредокот и на благосостојбата на нашата заедничка татковина.
Предизвиците со кои се соочуваме како држава нè тангираат сите и тие не бираат пол, религија, етникум. Сите сме под исто небо.Обединети да ја оствариме визијата за нашата татковина, како демократска, правна и развиена држава. Нека ни е честит празникот, се наведува во честитката.

The post Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод Денот на Бошњаците appeared first on Република.

]]>
Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците https://republika.mk/vesti/makedonija/otkako-postoi-pretstavnitsi-na-boshnachkata-zaednitsa-prvpat-pokaneti-vo-ministerstvoto-za-odnosi-so-zaednitsite/ Fri, 27 Sep 2024 20:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=820428

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.
Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.
Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/
Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>
Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-pretsedatelot-pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-boshnjacite-2/ Wed, 28 Sep 2022 10:03:30 +0000 https://republika.mk/?p=555148

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница, ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо.

Најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро. Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Македонија.

The post Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.
Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница, ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо. Најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро. Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Македонија.

The post Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со Бошњаците како рамноправен народ заеднички ја развиваме државата https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-boshnjacite-kako-ramnopraven-narod-zaednichki-ja-razvivame-drzavata/ Tue, 27 Sep 2022 19:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=554983

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше и говореше на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците. Во продолжение е целото обраќање на премиерот Ковачевски.

„Во една прилика, познатиот писател Меша Селимовиќ вели: „Не е човекот она што го мисли, туку она што го прави“.

Граѓаните Бошњаци, како рамноправен народ во Република Македонија, се вткаени во нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна држава и се дел од сите прогресивни процеси низ коишто правиме пат на нашето заедничко подобро денес, во нашето заедничко уште подобро утре.

Тоа ве прави достоиствени граѓани, кои си ја сакаат својата држава низ дела, како дел од прогресивните сили во нашето општество. И за овој придонес на граѓаните од бошњачката етничка заедница, во името на Владата на Република Македонија и во мое име, изразувам искрена благодарност и почит.

Нека ви е среќен празникот, 28 септември - Меѓународиот ден на Бошњаците, како датум кога во 1993 година во Сараево е вратено националното име Бошњак.

Да продолжиме заедно да го градиме успешниот концепт „Едно општество за сите“, бидејки нашето заедништво е нашето традиционално богатство и нашата заедничка сила кон посакуваниот напредок како луѓе и како држава.

Од исклучително значење е тоа што граѓаните Бошњаци, со определеноста кон дијалог, меѓусебна толеранција и разбирање, без задршка се вклучени во изградбата на успешниот модел „Едно општество за сите“ во нашата држава, со којшто станавме препознатливи како Европа во мало на Балканот и мотивираме и придонесуваме во дијалогот, меѓусебното разбирање и почитување и во регионот и во Европа и пошироко.

Денес Бошњаците се интегрирани во сите институции и општествени процеси: културата, спортот, уметноста, развојот на бизнис климата. Дел се и од владината коалиција и Парламентот, преку доверени значајни извршни и пратенички позиции. И преку поставеноста кон политики што водат напред, имате значајна улога и во историските постигнувања: членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија.

Нашата определба како Влада е да продолжиме да ги унапредуваме правата на сите граѓани во државата, вклучувајќи ги и на граѓаните од бошњачката етничка заедница.

Босанскиот јазик, којшто десет години беше дел од експериментална програма во образованието, од пред неколку години е дел од редовната настава во образованието во нашата држава.

Во сите институции во коишто се употребуваше бошњачки јазик, денес тоа е корегирано и се употребува босански јазик, какво што беше со години барањето на бошњачката етничка заедница. Ве охрабрувам да соопштите, ако некаде евентуално има поинаков ненамерен превид, тоа веднаш да се корегира.

Како Влада, којашто е цврсто определена кон создавање еднакви услови за живот за сите граѓани, да знаете дека сме насочени кон развој и на руралните средини каде што живеат Бошњаците.

Исто така, ги поддржуваме и ќе ги поддржуваме иницијативите во областа на културата, бидејќи негувањето и унапредувањето на различните култури во нашата држава и обединувањето на посебностите, е тоа шти ја прави уникатна културата во Република Македонија, со којашто го привлекуваме вниманието на Европа и светот.

Добро е да имаме предвид дека Република Македонија и Босна и Херцеговина се пријателски земји, без отворени прашања, насочени кон мир на Балканот и евроатланска иднина. Во Собранието е усвоена Резолуција со којашто се осудува геноцидот во Сребреница и ова е пример како добрите меѓуетнички односи дома, се рефлектираат на добри соседски и регионални односи и обратно. И треба и мора да останеме фокусирани кон сочувување на соживотот и меѓусебното разбирање, како наши демократски и граѓански придобивки.

Времињата на поделби, раздор и нетрпеливост се зад нас и не смееме да дозволиме да се повторат. Надминувањето на овие состојби го постигнавме макотрпно, со заеднички напори, здружени во определбите кон заедничка сегашност и заедничка иднина, какво што е и нашето минато – заедничко и обединети во демократските погледи, како дел од демократскиот свет. Тоа место е меѓу државите членки на НАТО и на Европската Унија. И ве повикувам: да продолжиме заедно по интеграцискиот пат – по европскиот пат, до конечната цел каде што припаѓаме, како европски граѓани, во Европската Унија.

Тоа носи стабилност, економски развој и напредок на нашата држава. А највисок чин на патриотизам е да се вложува во добрата иднина на државата, а не да се кочи нејзиниот напредок. Со исправни одлуки, заеднички, да продолжиме да градиме мостови дома, мостови со соседите, со светот и да ја осигураме добрата заедничка иднина во нашата заедничка Република Македонија.

Придонесот на бошњачката етничка заедница е подеднакво важен.

Нека ви е честит и вечен утрешниот празник почитувани сограѓани Бошњаци и да го одбележуваме заедно, во мирна и напредна Македонија!", рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Со Бошњаците како рамноправен народ заеднички ја развиваме државата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше и говореше на настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците. Во продолжение е целото обраќање на премиерот Ковачевски. „Во една прилика, познатиот писател Меша Селимовиќ вели: „Не е човекот она што го мисли, туку она што го прави“. Граѓаните Бошњаци, како рамноправен народ во Република Македонија, се вткаени во нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна држава и се дел од сите прогресивни процеси низ коишто правиме пат на нашето заедничко подобро денес, во нашето заедничко уште подобро утре. Тоа ве прави достоиствени граѓани, кои си ја сакаат својата држава низ дела, како дел од прогресивните сили во нашето општество. И за овој придонес на граѓаните од бошњачката етничка заедница, во името на Владата на Република Македонија и во мое име, изразувам искрена благодарност и почит. Нека ви е среќен празникот, 28 септември - Меѓународиот ден на Бошњаците, како датум кога во 1993 година во Сараево е вратено националното име Бошњак. Да продолжиме заедно да го градиме успешниот концепт „Едно општество за сите“, бидејки нашето заедништво е нашето традиционално богатство и нашата заедничка сила кон посакуваниот напредок како луѓе и како држава. Од исклучително значење е тоа што граѓаните Бошњаци, со определеноста кон дијалог, меѓусебна толеранција и разбирање, без задршка се вклучени во изградбата на успешниот модел „Едно општество за сите“ во нашата држава, со којшто станавме препознатливи како Европа во мало на Балканот и мотивираме и придонесуваме во дијалогот, меѓусебното разбирање и почитување и во регионот и во Европа и пошироко. Денес Бошњаците се интегрирани во сите институции и општествени процеси: културата, спортот, уметноста, развојот на бизнис климата. Дел се и од владината коалиција и Парламентот, преку доверени значајни извршни и пратенички позиции. И преку поставеноста кон политики што водат напред, имате значајна улога и во историските постигнувања: членството во НАТО и почетокот на преговорите со Европската Унија. Нашата определба како Влада е да продолжиме да ги унапредуваме правата на сите граѓани во државата, вклучувајќи ги и на граѓаните од бошњачката етничка заедница. Босанскиот јазик, којшто десет години беше дел од експериментална програма во образованието, од пред неколку години е дел од редовната настава во образованието во нашата држава. Во сите институции во коишто се употребуваше бошњачки јазик, денес тоа е корегирано и се употребува босански јазик, какво што беше со години барањето на бошњачката етничка заедница. Ве охрабрувам да соопштите, ако некаде евентуално има поинаков ненамерен превид, тоа веднаш да се корегира. Како Влада, којашто е цврсто определена кон создавање еднакви услови за живот за сите граѓани, да знаете дека сме насочени кон развој и на руралните средини каде што живеат Бошњаците. Исто така, ги поддржуваме и ќе ги поддржуваме иницијативите во областа на културата, бидејќи негувањето и унапредувањето на различните култури во нашата држава и обединувањето на посебностите, е тоа шти ја прави уникатна културата во Република Македонија, со којашто го привлекуваме вниманието на Европа и светот. Добро е да имаме предвид дека Република Македонија и Босна и Херцеговина се пријателски земји, без отворени прашања, насочени кон мир на Балканот и евроатланска иднина. Во Собранието е усвоена Резолуција со којашто се осудува геноцидот во Сребреница и ова е пример како добрите меѓуетнички односи дома, се рефлектираат на добри соседски и регионални односи и обратно. И треба и мора да останеме фокусирани кон сочувување на соживотот и меѓусебното разбирање, како наши демократски и граѓански придобивки. Времињата на поделби, раздор и нетрпеливост се зад нас и не смееме да дозволиме да се повторат. Надминувањето на овие состојби го постигнавме макотрпно, со заеднички напори, здружени во определбите кон заедничка сегашност и заедничка иднина, какво што е и нашето минато – заедничко и обединети во демократските погледи, како дел од демократскиот свет. Тоа место е меѓу државите членки на НАТО и на Европската Унија. И ве повикувам: да продолжиме заедно по интеграцискиот пат – по европскиот пат, до конечната цел каде што припаѓаме, како европски граѓани, во Европската Унија. Тоа носи стабилност, економски развој и напредок на нашата држава. А највисок чин на патриотизам е да се вложува во добрата иднина на државата, а не да се кочи нејзиниот напредок. Со исправни одлуки, заеднички, да продолжиме да градиме мостови дома, мостови со соседите, со светот и да ја осигураме добрата заедничка иднина во нашата заедничка Република Македонија. Придонесот на бошњачката етничка заедница е подеднакво важен. Нека ви е честит и вечен утрешниот празник почитувани сограѓани Бошњаци и да го одбележуваме заедно, во мирна и напредна Македонија!", рече Ковачевски.

The post Ковачевски: Со Бошњаците како рамноправен народ заеднички ја развиваме државата appeared first on Република.

]]>