мефаил исмаили Archives - Република https://republika.mk/tema/mefail-ismaili/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 10:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мефаил исмаили Archives - Република https://republika.mk/tema/mefail-ismaili/ 32 32 Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? https://republika.mk/vesti/makedonija/osven-leb-kovachevski-dobi-i-prashanje-teshko-za-goltanje-do-koga-vashite-sovetnici-kje-n-prashuvaat-shto-kje-ve-prashame/ Wed, 14 Dec 2022 10:17:37 +0000 https://republika.mk/?p=585493

Премиере, недозволиво е ваши советници, ваши луѓе од пи-ар тимот, пред секоја прес-конференција во Владата да нѐ прашуваат нас новинарите, што ќе ве прашаме, кои прашања ќе ви ги поставиме, му порача новинарот Мефаил Исмаили на премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната прес-конференција.

Ние не доаѓаме на прес-конференција само за да држиме микрофони, туку и за да прашаме, а не да бидеме испрашувани, му рече Исмаили, предложувајќи му на премиерот да си ги испрати луѓето од неговите служби на обука за правилно и добро однесување, зошто нивното однесување не може да биде оправдано бидејќи се платени од буџетот, меѓу другото и со парите од новинарите во приватните медиуми.

Тој потоа, на премиерот му однесе спакуван сецкан леб, каков што го купил 10 минути пред прес-конференцијата, со прашање зошто неговата цена не е намалена за најмалку 10 проценти, колку што беа најавите од Владата како резултгат на антикризните мерки.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-dobi-fiskalna-i-leb-kako-dokaz-deka-cenata-ne-e-namalena/

The post Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? appeared first on Република.

]]>

Премиере, недозволиво е ваши советници, ваши луѓе од пи-ар тимот, пред секоја прес-конференција во Владата да нѐ прашуваат нас новинарите, што ќе ве прашаме, кои прашања ќе ви ги поставиме, му порача новинарот Мефаил Исмаили на премиерот Димитар Ковачевски на синоќешната прес-конференција.
Ние не доаѓаме на прес-конференција само за да држиме микрофони, туку и за да прашаме, а не да бидеме испрашувани, му рече Исмаили, предложувајќи му на премиерот да си ги испрати луѓето од неговите служби на обука за правилно и добро однесување, зошто нивното однесување не може да биде оправдано бидејќи се платени од буџетот, меѓу другото и со парите од новинарите во приватните медиуми.
Тој потоа, на премиерот му однесе спакуван сецкан леб, каков што го купил 10 минути пред прес-конференцијата, со прашање зошто неговата цена не е намалена за најмалку 10 проценти, колку што беа најавите од Владата како резултгат на антикризните мерки. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-dobi-fiskalna-i-leb-kako-dokaz-deka-cenata-ne-e-namalena/

The post Освен леб, Ковачевски доби и прашање тешко за голтање: До кога вашите советници ќе нѐ прашуваат што ќе ве прашаме? appeared first on Република.

]]>