медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/mediumi/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 20:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медиуми Archives - Република https://republika.mk/tema/mediumi/ 32 32 Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-ovozmozhime-seopfatna-mediumska-politika-shto-bi-sodrzhela-strategija-za-razvoj-na-mediumskiot-sektor-veli-andonovski/ Mon, 08 Jul 2024 20:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=794731

Во Македонија, по однос на медиумите е прифатен еден термин „регулација“ на медиумскиот простор, за кое јас би се обидел да употребувам термин реформа, кој ќе значи позитивен развој на медиумите и една сеопфатна политика каде што медиумите сами ќе го кажат начинот на кој што би сакале да ги постават правилата на игра, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на вечерашното телевизиско гостување на МРТ.

„Бидејќи никогаш не е доста од реформи, ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор во насока на изнаоѓање минимум услови и стандарди кои одговараат за медиумите“, вели Андоновски.

Министерот додаде дека во една инклузивна дебата, би добиле законски решенија во кои државата ќе регулира само тоа што треба да се регулира.

„Силен јавен сервис, кој ќе ја извршува основната улога да информира, да едуцира и да забавува на високопрофесионален начин и кој ќе биде независен од центрите на моќ во извршната, законодавната или судската власт", рече тој.

The post Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>

Во Македонија, по однос на медиумите е прифатен еден термин „регулација“ на медиумскиот простор, за кое јас би се обидел да употребувам термин реформа, кој ќе значи позитивен развој на медиумите и една сеопфатна политика каде што медиумите сами ќе го кажат начинот на кој што би сакале да ги постават правилата на игра, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на вечерашното телевизиско гостување на МРТ. „Бидејќи никогаш не е доста од реформи, ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор во насока на изнаоѓање минимум услови и стандарди кои одговараат за медиумите“, вели Андоновски. Министерот додаде дека во една инклузивна дебата, би добиле законски решенија во кои државата ќе регулира само тоа што треба да се регулира. „Силен јавен сервис, кој ќе ја извршува основната улога да информира, да едуцира и да забавува на високопрофесионален начин и кој ќе биде независен од центрите на моќ во извршната, законодавната или судската власт", рече тој.

The post Ќе овозможиме сеопфатна медиумска политика што би содржела стратегија за развој на медиумскиот сектор, вели Андоновски appeared first on Република.

]]>
Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/svedok-vo-sluchajot-protiv-zhan-mitrev-od-mediumite-i-od-obvinitelstvoto-doznal-deka-e-izmamen/ Tue, 28 May 2024 12:50:15 +0000 https://republika.mk/?p=782445

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.

Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.

Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:

Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.

На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна.

И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ.

На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>

На денешното рочиште во процесот против д-р Жан Митрев сведочеше еден сведок кој изјави дека од медиумите и од обвинителството дознал дека е оштетен и измамен. Ова е уште еден сведок кој цела година после настанот пред јавниот обвинител изјавил „откако ми објаснивте за што се води постапката јас се чувствувам за измамен и оштетен”.
Овој сведок јавниот обвинител го предложи како оштетен за тоа што неговата мајка и брат примиле хемофилтрација, но на судењето изјави дека тој се согласил да им биде аплицирана хемофилтрација и тоа за првата хемофилтрација лично во телефонски разговор со лекар, а потоа согласноста ја давал преку друг роднина кој бил наведен како контакт со болницата во име на семејството. И самиот бил болен од ковид и се лекувал во клиниката Жан Митрев, а после смртта на брат му и мајка му како последица на ковид, продолжил да оди во клиниката Жан Митрев на контроли и на прашање на одбраната одговори дека се лекувал и понатаму во болницата затоа што тогаш не бил информиран дека е измамен и оштетен. Тој рече дека дознал дека бил измамен и оштетен подоцна, од медиумите и од обвинителството, велат од одбраната.
Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави:
Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно. Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил.
На сведокот хемофилтрација воопшто не му била понудена, ниту му била направена, затоа што здравствената состојба му била полесна. И овој, како и претходните сведоци, рекле дека немале никаков контакт со д-р Митрев и дека не се познавале лично. Ова е уште еден сведок кој пред судот потврди дека пред обвинителот бил сослушуван во присуство на други сведоци и го слушал нивниот исказ. На денешното рочиште не се појавија тројца сведоци на обвинителството, иако беа уредно и навремено поканети.

The post Сведок во случајот против Жан Митрев од медиумите и од обвинителството дознал дека е измамен appeared first on Република.

]]>
Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-mediumite-imaat-kluchna-uloga-osobeno-vo-izborniot-protses/ Fri, 03 May 2024 15:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=773867

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.

Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.

Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).

Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.

 

The post Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес appeared first on Република.

]]>

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес.
Денес е Светски ден на слободата на медумите, а изборите ја истакнуваат клучната улога што медиумите треба и мора да ја играат во текот на процесот. Слободен и жив печат кој ги испитува фактите, соопштува идеи и предлози до јавноста и ги притиска официјалните лица да ја објаснат својата позиција за прашања кои се важни за животите на граѓаните и за одредување на текот на државата, потенцира амбасадорката Агелер во објава на платформата X.
Република Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 година во извештајот на „Репортери без граници“, што е за две места скок во однос на 38-то место лани. Од земјите во регионот, Македонија е најдобро оценета, по што следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија (98) и Албанија (99).
Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои во оценката за земјава.
 

The post Агелер: Медиумите имаат клучна улога, особено во изборниот процес appeared first on Република.

]]>
Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив https://republika.mk/vesti/svet/mishel-poddrshkata-na-nepristrasnoto-objektivnoto-i-tochnoto-novinarstvo-e-imperativ/ Fri, 03 May 2024 10:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=773746

Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

- Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

The post Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив appeared first on Република.

]]>

Слободните медиуми се гарант на демократијата и затоа императив е да направиме се за да го поддржиме непристрасното, објективното и точното новинарство како клучно за движење низ глобалните кризи, оцени претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. - Додека новинарите продолжуваат да се соочуваат со тешки услови за работа, ЕУ мора да продолжи да ја игра својата улога во заштитата на слободата на медиумите и плурализмот, наведе Мишел во објава на платформата Икс по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај. Во март годинава ЕУ донесе Европски закон за слобода на медиумите, кој има за цел да ја подобри уредувачката независност, да ги заштити изворите на информации на новинарите и да ја подобри транспарентноста околу сопственичката структура на медиумите во Унијата.

The post Мишел: Поддршката на непристрасното, објективното и точното новинарство е императив appeared first on Република.

]]>
АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/avmu-rechisi-site-televizii-go-pochituvaa-printsipot-za-ednakov-tretman-na-kandidatite-za-pretsedatel/ Thu, 02 May 2024 18:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=773591

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал.

Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата.

Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата.

Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал.

Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост.

Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори, во периодот од 4 до 22 април 2024 година. Со мониторингот беа опфатени 13 програмски сервиси – националните комерцијални телевизии Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител, Телма, 24 Вести, 21-М, Шења, Клан Македонија и Сонце и програмските канали на Јавниот сервис – МРТ 1, МРТ 2 и Собранискиот канал. Наодите од мониторингот покажаа дека речиси сите телевизии во вестите го почитуваа принципот за еднаков третман при изборното медиумско претставување на кандидатите за претседател на државата. Активностите за претседателската кампања кај сите телевизии беа одвоени во посебна информативна рубрика каде што се прикажуваа поенти извлечени од обраќањата на кандидатите пред гласачите. Само Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија и ТВ 24 Вести направија интервјуа со сите седуммина кандидата за претседател на државата. Во однос на дебатите, единствено МРТ 1 успеа да организира дебатно соочување на кое присуствуваа сите седуммина кандидати за претседател на државата. Од аспект на аудиовизуелниот квалитет на известувањето за претседателската кампања, поради недостиг од ажурна дописничка мрежа, екипирана со воедначени продукциски стандарди, редакциите беа принудени да адаптираат аудиовизуелен изборен материјал доставен или од комуникациските/маркетиншките тимови на кандидатите за претседател на државата или од нивните официјални профили на социјалните мрежи што беше очигледно од применетиот начин на снимање/кадрирање, од сценографската/амбиенталната поставка за изборното претставување и од дополнителната графичка обработка на медиумски презентираниот аудиовизуелен материјал. Со исклучок на ТВ Клан Мацедониа која спротивно на Изборниот законик не обезбеди информирање за изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, сите програмските сервиси опфатени со мониторингот обезбедија секојдневно едно издание на централните ТВ дневници и неделно едно издание на актуелно-информативна емисија со титлување или со превод на знаковен јазик за лицата со сетилна попреченост. Извештајот за начинот на известување на радиодифузерите во првиот круг од изборната кампања за Претседателските избори 2024 година е достапен на линкот.

The post АВМУ: Речиси сите телевизии го почитуваа принципот за еднаков третман на кандидатите за претседател appeared first on Република.

]]>
Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната https://republika.mk/vesti/makedonija/belovski-najgolem-del-od-novinarite-vo-makedonija-go-odbelezhuvaat-svetskiot-den-na-mediumite-so-plati-pod-prosechnata/ Thu, 02 May 2024 13:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=773446

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата.

Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.

Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.

Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.

Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик.

Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>

Најголемиот број од новинарите во државава го одбележуваат Светскиот ден на медиумите - 3 Мај со плати под просечната, а алармираат и за небезбедни услови за работа, како и дека се предмет на заплашување и насилство. Тие укажувања беа изнесени денеска од новинарските организации и синдикати на крводарителската акција што по повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај се одржува во четири градови низ државата. Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски истакна дека новинарите се соочуваат со многу проблеми, но дека со сплотеност и храброст може да се надминат.
Го одбележуваме 3 мај Светскиот ден на слободата на медиумите, меѓутоа секогаш кога зборуваме за слободата се присетуваме на овој ден што јас неволно сакам да констатирам дека е премалку во еден ден да се собереме и пожалиме. Затоа денеска оттука треба да испратиме неколку пораки, а тоа е поврзувано со слободата на медиумите, слободата на изразување и правото на слобода на говор. Кога зборуваме за слободата на говор да не заборавиме дека слободата на медиумите се темели на здраво работно место и слобода на изразување. Оттука треба да си го поставиме прашањето дали ние работиме во такви услови? За да одговориме на ова прашање треба да констатираме дека 70 проценти од вработените или над 2 000 медиумски работници се со плати под просекот во државата и ист толкав број сакаат да ја напуштат оваа професија. Воедно над 100 наши колеги го загубиле животот во светот, затоа треба да се солидаризираме и денеска со оваа крводарителска акција да покажеме дека се грижиме за демократијата и преку нашата работа градиме подобри општества, порача Беловски.
Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари на Макеоднија (ЗНМ) порача дека новинарите се уште работат во небезбедни услови и се предмет на заплашување и насилство.
Трети мај служи како потсетник за ризиците со кои се соочуваат новинарите во потрагата по вистината во име на граѓаните. Слободата на медиумите е многу често поврзана со правото на пристап на информации, а овој ден се залага за слободата на информациите како основно човеково право клучно за информирано општество и за носење одлуки за функционирањето на една демократија. Мали чекори во подобрувањето не се секогаш доволни и може да се направи многу повеќе посебно во период како изборниот во кој се наоѓа нашата земја, рече Секуловски.
Од Црвен крст посочија дека крводарителската акција е најдобар начин за истакнување на хуманата димензија на новинарската професија. Оценија дека бројот на новинари кои го загубиле својот живот на работното место говори за тоа колку новинарите се изложени на ризик. Акцијата ќе се одвива координирано во Скопје, Битола, Струмица и Штип во терминот од 08 до 14 часот.

The post Беловски: Најголем дел од новинарите во Македонија го одбележуваат Светскиот ден на медиумите со плати под просечната appeared first on Република.

]]>
ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа https://republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-od-dik-mediumskite-rabotnitsi-neprecheno-da-ja-vrshat-svojata-rabota/ Tue, 30 Apr 2024 14:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=772690

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани.

Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација.

ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес.

Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран.

Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката Мери Јордановска за време на изборниот ден на 24 април. Во одговорот стои дека доколку се повтори ситуација на прекршување на правата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот ден на 08 мај 2024 година, членовите и замениците членови на изборните органи ќе бидат соодветно санкционирани. Конкретно, во претставката која е испратена до ДИК на 25 април, ЗНМ реагираше за непрофесионалниот однос од страна на членови на избирачки одбор во избирачко место бр. 2762 во општина Кисела Вода - Дом на М.З. на ул. Христо Татарчев број 44, Скопје, каде на новинарката Јордановска не и било дозволено да фотографира во просторијата каде што се одвивало гласањето и покрај што таа претходно уредно се претставила и ја покажала својата новинарска легитимација. ЗНМ исто така бара од ДИК да преземе соодветни постапки и санкции за овој случај како и да укаже на членовите на изборните комисии дека не смеат да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за време на изборниот процес. Во одговорот по претставката, ДИК информира дека на јавна седница пред првиот круг на Претседателските избори, дала јасни препораки на сите изборни органи дека нивната работа е јавна и транспарентна. Исто така ДИК потенцира дека новинарите, снимателите и фоторепортерите во рамките на вршење на својата професионална работа можат слободно да одат во избирачките места и да снимаат и фотографираат со единствено укажување да се внимава на тајноста на личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, тајноста на гласањето зад параванот и евентуално доколку некој гласач изјави дека не сака да биде сниман ниту фотографиран. Во дописот до ЗНМ, ДИК укажува дека за време на вториот круг на Претседателските избори како и за Парламентарните избори кои ќе се одржат на 08 мај 2024 година, треба да се овозможи на новинарите кои уредно се легитимирале пред избирачкиот одбор, непречено да ја остварат својата професионална работа. Тие додаваат дека согласно прирачникот за едукација на избирачките одбори од особена важност е да се соработува со медиумите и да не се попречува нивната работа и известување во текот на изборниот ден.

The post ЗНМ бара од ДИК медиумските работници непречено да ја вршат својата работа appeared first on Република.

]]>
ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот https://republika.mk/vesti/makedonija/dik-ne-sme-nadlezhni-za-izvestuvaneto-na-mediumite-za-vreme-na-molkot/ Mon, 22 Apr 2024 19:21:40 +0000 https://republika.mk/?p=769454

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежна за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК.

Во Роковникот за Претседателските избори, се потенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот.

Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсети дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. Оттаму потенцираа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот) запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва соопшти дека согласно Изборниот закон, не е надлежна за регулирање на известувањето на медиумите, и за тоа упатува кон Упатството од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно чл.69 а од Изборниот закон, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. Ова прашање е регулирано во Роковниците за Претседателски и Парламентарни избори 2024 кои се донесени и јавно објавени на 14.02.2024 година, посочуваат од ДИК. Во Роковникот за Претседателските избори, се потенцира, е наведено дека кампањата за претседателските избори започнува на 4 април и трае до 22 април до 24 часот. Во Роковникот за Парламентарните избори, ДИК утврдува дека кампањата за парламентарните избори започнува на 18 април и трае до 6 мај до 24 часот. Согласно горенаведеното, не постои никаков законски основ ниту надлежност или право на ДИК со подзаконски акт да ја прекинува, скратува или продолжува која било изборна кампања. Согласно сето ова, за време на молкот за претседателските избори, ДИК веќе има претходно објавено дека продолжува да тече кампањата за парламентарните избори, се посочува во соопштението од ДИК. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потсети дека денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24 април. Оттаму потенцираа дека за време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот) запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за Претседателските и за Парламентарните избори. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ. Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори. Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024. Агенцијата, нагласуваат оттаму, очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

The post ДИК: Не сме надлежни за известувањето на медиумите за време на молкот appeared first on Република.

]]>
Извештај: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници https://republika.mk/vesti/svet/izveshtaj-prodolzhuvaat-zakanite-pritisotsite-i-ogranichuvanata-vrz-mediumskite-rabotnitsi/ Tue, 05 Mar 2024 11:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=751448

Заканите, заплашувањата, притворањата, рестриктивното законодавство, тенденциозните тужби и контролата и нападите врз медиуми, се главните проблеми со кои се соочуваат медиумските работници денес, се наведува во Извештајот за 2024 година на Платформата на Советот на Европа за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите.

Во документот насловен „Слободата на медиумите во Европа: Време е да се спречи напливот“, се посочува и дека новинарите се предмет на незаконско следење преку софтвери за шпионажа, изложени на притисоци со поднесување на неосновани тужби за да се спречи нивната истражувачка работа и принудени да заминуваат во егзил, особено од Русија и Белорусија.

Извештајот наведува дела во текот на 2023 година партнерските организации на Платформата објавиле 285 предупредувања за сериозни закани или напади врз слободата на медиумите во Европа, што е речиси непроменето ниво во однос на претходната година, кога биле регистрирани 289 вакви случаи.

Платформата посочува дека лани се бележи намалување на бројот на убиени новинари и на уличното насилство врз медиумските работници, но тие и натаму мора да ја вршат својата работа изложени на голем број закани, притисоци и ограничувања.

Според генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, овој Извештај ги покажува зголемените ризици и пречки со кои се соочуваат новинарите и медиумите во Европа.

- Потребна ни е решителна акција на државите за заштита на новинарите и спротивставување на заканите за слободата на медиумите, како што се неоснованите тужби и незаконскиот надзор, смета Пејчиновиќ Буриќ.

Таа воедно ги повика земјите членки на Советот на Европа да покажат силна посветеност на почитување на стандардите на слободата на медиумите и на национално ниво да ја промовираат кампањата на организацијата насловена „Новинарите се важни“.

Во Извештајот се нагласува дека слободата на медиумите и дигиталната безбедност на новинарите и понатаму се загрозени со употреба на технологии на шпионски софтвери за следење на новинарите и медиумските работници, а одговорноста за ваквите пријавени случаи и натаму е многу мала.

Во документот се нагласува и дека Европа се соочува со појава без преседан при која медиумски работници, пред се од Русија и Белорусија, се принудени да заминат во егзил поради физичка опасност по нивниот живот и слобода, судски прогон, закани и заплашувања, кои „против нив и нивните семејства често продолжуваат и откако тие ќе бидат во егзил“.

Како тренд во Европа се посочуваат и тужбите за заштита на угледот покренати од страна на политичари и бизнисмени со кои се врши притисок врз новинарите и медиумите, бидејќи се соочени со кривични пресуди и обврски за исплати на високи отштети и парични казни.

Извештајот наведува и дека значителни ефекти врз слободата на медиумите и безбедноста на новинарите има и руската агресија врз Украина, при што се посочуваат случаите на загинувањето на новинарите Бохдан Битик и Арман Солдин додека известуваа од теренот, како и ранувањето на неколкумина медиумски работници.

Дополнително, наведен е случајот на вработениот во службата за обезбедување на албанската телевизија Топ Чанел, Пал Кола, кој беше убиен при напад врз медиумот.

Заклучно со 31 декември 2023 година, во земјите членки на Советот на Европа, вклучително и на украинските територии под руска окупација, во притвор биле 59 новинари и медиумски работници. Од друга страна, само во Русија и Белорусија, кои од 2022 година се исклучени од Советот на Европа, биле притворени 65 медиумски работници, што се посочува како показател за интензивирање на репресијата врз независните новинари во овие две земји.

- Русија се врати на праксата на институционализирано задржување заложници со апсењето на американските новинари Еван Гершкович и Алсу Курмашева, се наведува во Извештајот.

Според податоците на Платформата, до крајот на 2023 година биле евидентирани вкупно 30 случаи на неказнивост за убиство на 49 медиумски работници, од кои пет нови се додадени во текот на минатата годината и тоа за Сократис Јолиас и Јоргос Караиваз во Грција, Алех Бјабенин во Белорусија, Милан Пантиќ во Србија и Јуриј Шчекочихин во Русија. Од друга страна случајот со украинскиот новинар Вјачеслав Вереми е прогласен за затворен.

Во извештајот, партнерите на Советот на Европа изразуваат поддршка на кампањата „Новинарите се важни“, што започна лани во октомври, и ги повикуваат земјите членки на Организацијата да спроведат реформи во полицискиот и правосудниот систем за целосно усогласување со Препораката на Комитетот на министри на Советот од 2016 година за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски работници.

Советот на Европа ја создаде Платформата за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите во 2015 година во соработка со истакнати меѓународни невладини организации активни во борбата за слобода на изразувањето и со здруженија на новинарите.

Целта на Платформата е да обезбеди информации кои можат да послужат како основа за дијалог со земјите членки на Советот на Европа за преземање можни мерки за заштита на новинарите и за отстранување на регистрираните негативни активности.

Актуелни партнери на Советот на Европа на Платформата се Европската федерација на новинари, Меѓународната федерација на новинари, Здружението на европските новинари, здружението „Член 19“, Репортери без граници, Комитетот за заштита на новинарите, Индексот за цензура, Меѓународниот институт за печат, Меѓународниот институт за безбедност на вестите, Фондацијата „Рори Пек“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Меѓународниот ПЕН центар, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите, организацијата „Неограничен слободен печат“ и Фондацијата „Правда за новинарите“.

The post Извештај: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници appeared first on Република.

]]>

Заканите, заплашувањата, притворањата, рестриктивното законодавство, тенденциозните тужби и контролата и нападите врз медиуми, се главните проблеми со кои се соочуваат медиумските работници денес, се наведува во Извештајот за 2024 година на Платформата на Советот на Европа за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Во документот насловен „Слободата на медиумите во Европа: Време е да се спречи напливот“, се посочува и дека новинарите се предмет на незаконско следење преку софтвери за шпионажа, изложени на притисоци со поднесување на неосновани тужби за да се спречи нивната истражувачка работа и принудени да заминуваат во егзил, особено од Русија и Белорусија. Извештајот наведува дела во текот на 2023 година партнерските организации на Платформата објавиле 285 предупредувања за сериозни закани или напади врз слободата на медиумите во Европа, што е речиси непроменето ниво во однос на претходната година, кога биле регистрирани 289 вакви случаи. Платформата посочува дека лани се бележи намалување на бројот на убиени новинари и на уличното насилство врз медиумските работници, но тие и натаму мора да ја вршат својата работа изложени на голем број закани, притисоци и ограничувања. Според генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, овој Извештај ги покажува зголемените ризици и пречки со кои се соочуваат новинарите и медиумите во Европа. - Потребна ни е решителна акција на државите за заштита на новинарите и спротивставување на заканите за слободата на медиумите, како што се неоснованите тужби и незаконскиот надзор, смета Пејчиновиќ Буриќ. Таа воедно ги повика земјите членки на Советот на Европа да покажат силна посветеност на почитување на стандардите на слободата на медиумите и на национално ниво да ја промовираат кампањата на организацијата насловена „Новинарите се важни“. Во Извештајот се нагласува дека слободата на медиумите и дигиталната безбедност на новинарите и понатаму се загрозени со употреба на технологии на шпионски софтвери за следење на новинарите и медиумските работници, а одговорноста за ваквите пријавени случаи и натаму е многу мала. Во документот се нагласува и дека Европа се соочува со појава без преседан при која медиумски работници, пред се од Русија и Белорусија, се принудени да заминат во егзил поради физичка опасност по нивниот живот и слобода, судски прогон, закани и заплашувања, кои „против нив и нивните семејства често продолжуваат и откако тие ќе бидат во егзил“. Како тренд во Европа се посочуваат и тужбите за заштита на угледот покренати од страна на политичари и бизнисмени со кои се врши притисок врз новинарите и медиумите, бидејќи се соочени со кривични пресуди и обврски за исплати на високи отштети и парични казни. Извештајот наведува и дека значителни ефекти врз слободата на медиумите и безбедноста на новинарите има и руската агресија врз Украина, при што се посочуваат случаите на загинувањето на новинарите Бохдан Битик и Арман Солдин додека известуваа од теренот, како и ранувањето на неколкумина медиумски работници. Дополнително, наведен е случајот на вработениот во службата за обезбедување на албанската телевизија Топ Чанел, Пал Кола, кој беше убиен при напад врз медиумот. Заклучно со 31 декември 2023 година, во земјите членки на Советот на Европа, вклучително и на украинските територии под руска окупација, во притвор биле 59 новинари и медиумски работници. Од друга страна, само во Русија и Белорусија, кои од 2022 година се исклучени од Советот на Европа, биле притворени 65 медиумски работници, што се посочува како показател за интензивирање на репресијата врз независните новинари во овие две земји. - Русија се врати на праксата на институционализирано задржување заложници со апсењето на американските новинари Еван Гершкович и Алсу Курмашева, се наведува во Извештајот. Според податоците на Платформата, до крајот на 2023 година биле евидентирани вкупно 30 случаи на неказнивост за убиство на 49 медиумски работници, од кои пет нови се додадени во текот на минатата годината и тоа за Сократис Јолиас и Јоргос Караиваз во Грција, Алех Бјабенин во Белорусија, Милан Пантиќ во Србија и Јуриј Шчекочихин во Русија. Од друга страна случајот со украинскиот новинар Вјачеслав Вереми е прогласен за затворен. Во извештајот, партнерите на Советот на Европа изразуваат поддршка на кампањата „Новинарите се важни“, што започна лани во октомври, и ги повикуваат земјите членки на Организацијата да спроведат реформи во полицискиот и правосудниот систем за целосно усогласување со Препораката на Комитетот на министри на Советот од 2016 година за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски работници. Советот на Европа ја создаде Платформата за промоција на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите во 2015 година во соработка со истакнати меѓународни невладини организации активни во борбата за слобода на изразувањето и со здруженија на новинарите. Целта на Платформата е да обезбеди информации кои можат да послужат како основа за дијалог со земјите членки на Советот на Европа за преземање можни мерки за заштита на новинарите и за отстранување на регистрираните негативни активности. Актуелни партнери на Советот на Европа на Платформата се Европската федерација на новинари, Меѓународната федерација на новинари, Здружението на европските новинари, здружението „Член 19“, Репортери без граници, Комитетот за заштита на новинарите, Индексот за цензура, Меѓународниот институт за печат, Меѓународниот институт за безбедност на вестите, Фондацијата „Рори Пек“, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), Меѓународниот ПЕН центар, Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите, организацијата „Неограничен слободен печат“ и Фондацијата „Правда за новинарите“.

The post Извештај: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници appeared first on Република.

]]>
Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари https://republika.mk/vesti/makedonija/nepostoechi-vchera-otvoreni-kako-i-portali-so-kosovski-adresi-megu-mediumite-shto-baraat-drzhavni-pari/ Sat, 02 Mar 2024 08:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=750251

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/

Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра.

Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал.

Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо.

Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат.

Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами.

Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>

37 телевизии, 35 радија, 11 весници и дури 249 портали се пријавиле за да објавуваат реклами на претседателските избори. И додека кај традиционалните медиуми нема изненадувања, кај порталите, повеќе од половината се практично непознати на македонската медиумска сцена, анализира „Сител“.  Интересно е што повеќе од половина портали известуваат на албански јазик, а меѓу нив, најинтересна е групата од 10 портали на фирмата „Инфините солушнс 2023“ која медиумите ја поврзуваат со директорот на државна лотарија и за кои имаше обвинувања дека работат во министерството на Артан Груби. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zgradata-na-ministerstvoto-na-grubi-se-smesteni-10-portali-se-plakaat-so-nashi-pari/ Законските ограничувања не дозволуваат една партија да се рекламира за повеќе од 15.000 евра во еден портал, па лансирањето на 10 во кампањата изгледа како добра можност од државниот буџет да се извлечат максимални 150.000 евра. Околу третина од порталите кои се пријавиле да учествуваат во кампањата воопшто не се регистрирани во македонскиот регистар на домејни. Меѓу нив има портали регистрирани во Данска, Албанија и Косово. Дури 6 портали имаат домејн регистриран во Албанија а еден портал во својот импресум прецизно наведува дека има адреса во Косово. Неколку портали пријавиле свои поддомејни, а некои две различни адреси за еден ист портал. Ако решите да го отворите секој портал посебно ќе забележите дека половина од нив воопшто немаат импресум, за една година објавиле неколку десетици содржини а има и такви кои се формирале на истиот ден кога ДИК го објави повикот за медиумите, објавиле десетина вести и оттогаш до денеска нема ништо. Интересно е што меѓу пријавените портали има и такви кои воопшто не постојат. На пример порталот Специ.мк не постои во регистарот на Марнет иако има мк домејн. Неколку портали имаат регистриран домејн но воопшто не постојат а има и такви на кои им стои дека баш во овој момент се сервисираат. Во желбата да се земе некој денар повеќе од кампањата, некој го пријавил порталот Грамофони.ком посветен на аудио опрема а се чини најдобра од сите е матична докторка од Скопје која исто така со поддомејн се пријавила за да објавува реклами. Од ДИК велат дека законот е таков и дека имаат врзани раце во овој случај иако се свесни за проблемот. Објаснуваат дека секој портал што во ДИК ќе испрати тековна состојба и барање за пријава има право да објавува реклами без разлика што во овој момент никој во Македонија нема никаков регистар на онлајн медиуми, што значи дека нема никаков проблем, било која фирма од земјава да го пријави порталот на Си Ен Ен како свој.

The post Непостоечи, вчера отворени, како и портали со косовски адреси меѓу медиумите што бараат државни пари appeared first on Република.

]]>
„Следете ја кампањата за да видите со какви луѓе имаме работа“, ги повика граѓаните Николоски по испадот на Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-ja-kampanata-za-da-vidite-so-kakvi-luge-imame-rabota-gi-povika-graganite-nikoloski-po-ispadot-na-kovachevski/ Wed, 21 Feb 2024 15:33:31 +0000 https://republika.mk/?p=746557

Се работи за брутално загрозување на демократијата во Македонија. Ваков директен напад врз слободата на новинарството Македонија не памети. Мислам дека извинување е најмалку што може да се очекува, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање околу нападите на Димитар Ковачевски кон медиумите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/

Тој додаде дека целата јавност треба да треба да има широко отворени очи бидејќи власта е свесна за поразот што ја очекува и ќе се обидува да опструира на секаков начин.

Ова јасно говори за тенденциите на власта и затоа треба целата јавноста да има широко отворени очи во следниов период. Свесни се дека губат, нервозни се и ќе се обидуваат да го нарушуваат целокупниот демократски процес низ разни форми на притисок како што е овој притисок којшто го прават врз медиумите. Наша поддршка за слободното и независно новинарство и да ги поддржиме новинарите да продолжат да си ја работат сопствената работа, а вакви како Ковачевски Македонија видела многу, но за среќа на Македонија и за нивна жал не завршуваат добро, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

The post „Следете ја кампањата за да видите со какви луѓе имаме работа“, ги повика граѓаните Николоски по испадот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Се работи за брутално загрозување на демократијата во Македонија. Ваков директен напад врз слободата на новинарството Македонија не памети. Мислам дека извинување е најмалку што може да се очекува, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговори на новинарско прашање околу нападите на Димитар Ковачевски кон медиумите. https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/ Тој додаде дека целата јавност треба да треба да има широко отворени очи бидејќи власта е свесна за поразот што ја очекува и ќе се обидува да опструира на секаков начин.
Ова јасно говори за тенденциите на власта и затоа треба целата јавноста да има широко отворени очи во следниов период. Свесни се дека губат, нервозни се и ќе се обидуваат да го нарушуваат целокупниот демократски процес низ разни форми на притисок како што е овој притисок којшто го прават врз медиумите. Наша поддршка за слободното и независно новинарство и да ги поддржиме новинарите да продолжат да си ја работат сопствената работа, а вакви како Ковачевски Македонија видела многу, но за среќа на Македонија и за нивна жал не завршуваат добро, рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

The post „Следете ја кампањата за да видите со какви луѓе имаме работа“, ги повика граѓаните Николоски по испадот на Ковачевски appeared first on Република.

]]>
МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? https://republika.mk/vesti/makedonija/man-za-kovachevski-i-zaev-novinarite-se-prodadeni-suetni-propagandisti-shto-ochekuvaat-od-niv-po-ova/ Tue, 20 Feb 2024 14:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=746178

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/

Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале. Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев. Освен на Телма, ѝ се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари, велат од МАН во реакцијата.

Потенцираат дека оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот.

Македонската асоцијација на новинари (МАН), како што соопштуваат од оргазнизацијата, ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите „закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев“.

The post МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) остро реагира на заканите, непрофесионалниот и понижувачки однос од премиерот Димитар Ковачевски кон новинарите од Телма ТВ. https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-kako-tache-im-se-zakanuva-na-novinarite-deka-ke-kvitskaat-po-podrumi/
Незаконски (клевета, навреда и понижување) и спротивно на сите професионални стандарди, морал и етика е односот на премиерот Ковачевски кон сите новинари и медиуми, а во случајов јавно ги понижува новинарите од Телма ТВ со квалификација дека се продале. Димитар Ковачевски е познат по постојани закани, навреди, омаловажувања и притисоци врз новинарите и медиумите, исто како и неговиот претходник Зоран Заев. Освен на Телма, ѝ се закануваше и на МРТ, Алфа ТВ, Канал 5, од собраниска говорница повика на правосуден линч против новинарот Драган Павловиќ Латас, а да не заборавиме дека оваа власт е лидер по нарачаните истраги, процеси и прогони против професионалните медиуми и новинари, велат од МАН во реакцијата.
Потенцираат дека оваа власт ќе остане запаметена како најрепресивната против слободата на медиумите и слободата на говорот. Македонската асоцијација на новинари (МАН), како што соопштуваат од оргазнизацијата, ќе ја извести Светската федерација на новинари за сите „закани, притисоци, навреди, клевети и понижувања од власта предводена од Димитар Ковачевски и претходно од Зоран Заев“.

The post МАН: За Ковачевски и Заев – новинарите се: продадени, суетни, пропагандисти… Што очекуваат од нив по ова? appeared first on Република.

]]>
Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик https://republika.mk/vesti/makedonija/radiodifuzerite-da-go-pochituvaat-izborniot-zakonik/ Thu, 15 Feb 2024 12:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=744388

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.

Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања.

Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост.

При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ.

Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>

Со распишување на Претседателските и Парламентарните избори, закажани за 24 април односно 8 мај 2024 година, стапија на сила одредбите од Изборниот законик. Со ова започнува и мониторингот на медиумското известување од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, којшто до почетокот на изборната кампања ќе биде фокусиран на девет телевизиски програмски сервиси на државно ниво, а сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка. Радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) треба да го почитуваат рокот од 3 дена за регистрација во Државната изборна комисија, односно од 5 дена за утврдување ценовници за ППР и нивна достава до надлежните институции – ДИК, ДЗР, ДКСК и АВМУ. Известувањето за редовните активности на државните органи, органите на општините и на градот Скопје, на државните институции и организации, како и за други правни лица со јавни овластувања, не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект. Треба да се почитуваат правилата за објавување на резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, како и забраните за емитување ППР пред почетокот на изборната кампања, за емитување реклами финансирани од Буџетот, и забраната за истовремен ангажман на уредници, новинари, водители на програма и презентери во програмите на радиодифузерите и во предизборни активности на учесниците во изборна кампања. Јавниот радиодифузен сервис и националните радиодифузери што одлучиле да го покриваат изборниот процес, се должни тоа да го прават во формат и на јазик пристапен и достапен за лицата со попреченост. При известувањето за изборниот процес, радиодифузерите се должни да ги почитуваат професионалните начела за новинарската дејност, посебно начелото за објективно, непристрасно прикажување на настаните, со еднаков третман на различните гледишта и мислења, така што ќе ѝ овозможат на публиката слободно да оформи свое мислење за одделни настани и прашања. Воедно, сите радиодифузери се должни да ги почитуваат посебните забрани од членот 48 од ЗААВМУ. Како и досега, Агенцијата, на својата веб страница постави банер со сите материјали поврзани со изборниот процес – законски и подзаконски акти, образец за претставки и сл. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и англиски јазик.

The post Радиодифузерите да го почитуваат изборниот законик appeared first on Република.

]]>
Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-deneska-kiradhii-vo-sopstvenata-drzhava-komentiraat-srpskite-mediumi/ Sun, 28 Jan 2024 17:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=737854

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“.

Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година.


„Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите.

Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец.

Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.

 

The post Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми appeared first on Република.

]]>

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“. Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година. „Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите. Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец. Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.  

The post Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-mediumskite-rabotnitsi-da-bidat-oslobodeni-od-pridonesi/ Wed, 27 Dec 2023 19:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=727108

За време на собраниската расправа за Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман со кој сите медиумски работници би биле ослободени од обврските по основ на придонеси.

Ова на брифинг со новинарите го најави партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

Според него, потребно за ова сега за да се обезбедат средствата, за потоа да може да се регулира со законски и подзаконски акти.

За импликациите од оваа мерка, како што рече Мицкоски, ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси appeared first on Република.

]]>

За време на собраниската расправа за Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандман со кој сите медиумски работници би биле ослободени од обврските по основ на придонеси. Ова на брифинг со новинарите го најави партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Според него, потребно за ова сега за да се обезбедат средствата, за потоа да може да се регулира со законски и подзаконски акти. За импликациите од оваа мерка, како што рече Мицкоски, ќе бидат потребни околу 10 милиони евра.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага медиумските работници да бидат ослободени од придонеси appeared first on Република.

]]>
Канадските весници ќе добијат две третини од парите што им ги вети „Гугл“ како компензација за изгубените реклами https://republika.mk/vesti/svet/kanadskite-vesnitsi-ke-dobijat-dve-tretini-od-parite-shto-im-gi-veti-gugl-kako-kompenzatsija-za-izgubenite-reklami/ Sat, 16 Dec 2023 08:48:39 +0000 https://republika.mk/?p=723537

Канадските печатени медиуми ќе добијат речиси две третини од финансискиот надомест што неодамна им го вети мултинационалната компанија „Гугл“ на медиумите во замена за дистрибуција на нивната содржина.

Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, официјална Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој „Гугл“ ќе им плаќа на канадските медиумски компании 100 милиони долари годишно како компензација за изгубените приходи од реклами.

Уделот што ќе го добијат телевизиските и радио станиците е ограничен на 30 отсто, оној на CBC/RadioCanada (канадската јавна радиодифузна група) на 7 отсто, оставајќи ги преостанатите 63 отсто за печатените медиуми“, објасни федерален функционер.

Тој додаде дека најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за печатените медиуми, кои се „навистина зависни“ од онлајн платформите за дистрибуција на нивната содржина.

The post Канадските весници ќе добијат две третини од парите што им ги вети „Гугл“ како компензација за изгубените реклами appeared first on Република.

]]>

Канадските печатени медиуми ќе добијат речиси две третини од финансискиот надомест што неодамна им го вети мултинационалната компанија „Гугл“ на медиумите во замена за дистрибуција на нивната содржина. Кон крајот на ноември, по неколкумесечни преговори, официјална Отава и калифорнискиот гигант објавија „историски“ договор според кој „Гугл“ ќе им плаќа на канадските медиумски компании 100 милиони долари годишно како компензација за изгубените приходи од реклами.
Уделот што ќе го добијат телевизиските и радио станиците е ограничен на 30 отсто, оној на CBC/RadioCanada (канадската јавна радиодифузна група) на 7 отсто, оставајќи ги преостанатите 63 отсто за печатените медиуми“, објасни федерален функционер.
Тој додаде дека најголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за печатените медиуми, кои се „навистина зависни“ од онлајн платформите за дистрибуција на нивната содржина.

The post Канадските весници ќе добијат две третини од парите што им ги вети „Гугл“ како компензација за изгубените реклами appeared first on Република.

]]>
Европскиот парламент прави чекор кон заштитa на новинарите од политичко влијание https://republika.mk/vesti/svet/evropskiot-parlament-pravi-chekor-kon-zashtita-na-novinarite-od-politichko-vlijanie/ Sun, 08 Oct 2023 07:53:24 +0000 https://republika.mk/?p=689110

Европскиот парламент ги усвои предлозите за закон за слобода на медиумите во ЕУ што има за цел да ги заштити новинарите од политичко влијание, им се дозволува да ги зачуваат изворите и се овозможува медиумски плурализам во блокот. Истовремено, пречките за слобода на медиумите стануваат очигледни низ целиот континент.

Европскиот парламент поддржа закон изработен за да го одбрани плурализмот и независноста на медиумите и доверливоста на изворите. Законот за медиумска слобода (Media Freedom Act) треба да обезбеди поголема транспарентност во сопствеништвото на медиумските компании. Медиумите исто така ќе треба да обелоденат колку пари добиваат од државно рекламирање.

Многу мислеа дека ова е невозможна мисија. Но тука е: предлог за заштита на слободата на медиумите во Европската Унија“, изјави потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова во Стразбур.

Германската пратеничка во Европскиот парламент Сабине Верхејен, која е задолжена за законот во Парламентот, изјави „не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека слободата на медиумите е под сериозна закана во неколку земји-членки на ЕУ“. Во изјава од Парламентот, членовите на ЕП се залагаат за „забрана на било какво мешање во уредувачката политика на медиумските компании.“

Словенечката европратеничка Ирена Јовева предупреди дека „се случуваат нетранспарентни преземања на медиумски компании заради личен интерес, а јавните медиуми што претставуваат столб на веродостојни информации за луѓето, се на многу места предмет на обиди за потчинетост, во најмала рака.“

Противење за законот дојде од партии како австриската десничарска Партија на слободата. Австрискиот парламентарец Харалд Вилмски суштински се противи на Законот за медиумска слобода и гледа на него како закана за слободата на медиумите. Тој исто така вели дека ЕУ ги надминува своите надлежности: „Овие прашања се соодветно регулирани со закон во земјите-членки веќе долго време, нема причина за централната канцеларија во Брисел сега да се меша.“

Германското здружение на дигитални издавачи и новински издавачи (БДЗВ) и Медиумското здружение на слободен печат (МВФП) сметаат дека има подобрување во ставот на Парламентот, но клучните проблеми се се уште присутни. На пример, договорениот текст не вклучи повик за општа забрана за владите да ги шпионираат новинарите.

Проблематични точки

Европската комисија го претстави својот европски закон за слобода на медиумите во септември 2022 година како одговор на влошената ситуација во земјите на ЕУ, како Полска и Унгарија. Исто така, забележани се проблеми и во други земји, вклучувајќи ја и Грција, Романија, Босна и Херцеговина и Македонија, што ја поттикна потребата да се засили заштитата на новинарите во Европа.

Во септември, осум европски и меѓународни медиумски организации ја повикаа грчката Влада да се бори против неказнивоста за злосторства врз новинарите и да ја поддржи слободата на медиумите. Иако грчките власти тврдат дека слободата на медиумите се почитува и Атина ги поддржува позициите на ЕУ за отворено новинарство, конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис „направи малку за да ги реши проблемите“, рече коалицијата.

Во Романија, новинарите се соочуваат со закани за нивната физичка безбедност, упад во нивниот приватен живот и уреднички притисок, рече Лиана Ганеа, претседател на „ActiveWatch“, организација која ја промовира слободата на изразување. Понатаму, постои недостаток на транспарентност во сопствеништвото и финансирањето на медиумските институции од страна на политичките партии и јавните власти, како и недостатоци во однос на политичкото рекламирање.

Политичарите во Босна и Херцеговина често ги напаѓаат новинарите и влијаат на јавните медиуми или на регулаторните тела. Новинарите генерално работат во средина без цензура, но многу фактори поттикнуваат самоцензура. Иако земјата се обидува да стане членка на Европската унија, властите во Република Српска (РС) донесуваат закони кои се во спротивност со европските стандарди. Законот за криминализирање на клеветата, на пример, стапи на сила во РС во август, и покрај коментарите и протестите од новинарската заедница, невладините и меѓународните организации.

Во последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“, Македонија во 2023 година е рангира на 38 место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите, што претставува скок од 19 места во однос на лани и напредок од 52 места во споредба со 2021 година. Во Извештајот се наведува дека новинарите во Македонија не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади.

Според анализата на Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) од 2018 година, унгарски државјани поврзани со провладини медиуми во Унгарија масовно купуваат медиуми во Македонија, како дел од активности за продор кон Балканот од страна на медиумски куќи поврзани со унгарски премиер Виктор Орбан. Така двајца поранешни директори на државната Унгарска телевизија (МТВ), Питер Шац (Péter Schatz) и Агнеш Адамик (Ágnes Adamik) отвориле свои фирми во Македонија, кои стекнале мнозински удел во акции во медиумите во државата блиски до опозицијата.

Нема победа над шпионажата

Делегацијата која ја посети Грција во септември утврди дека „грчкото новинарство е под постојана закана од влијанието на скандалот со прислушување“ што се објави во 2022 година. Скандалот со шпионскиот софтвер Пегасус вклучуваше прислушување на политичари од опозицијата. Меѓу нив беше и лидерот на социјал-демократската партија ПАСОК, Никос Андрулакис, како и новинари, бизнисмени, членови на владата и блиски соработници на Киријакос Мицотакис. Овој скандал, заедно со нерешеното убиство на искусен новинар во Атина во 2021 година, како и злоупотребата на правните постапки, економскиот и политичкиот притисок, претставуваат закана за слободата на медиумите, се вели во извештајот.

Шпионскиот софтвер е долго време жешка тема во Европскиот парламент, што назначи посебна комисија за употребата на програмите како Пегасус и неговите следбеници. Тие играа улога во шпионските скандали што ги засегнаа владите во Шпанија, Унгарија и Грција, и исто така претставуваат истражни алатки за откритија што доведоа до експлозивниот Катаргејт коруптивен скандал.

Медиумските активисти ги критикуваа држави-членки на ЕУ, особено Франција, поради тоа што се залагаа за проширување на правните празнини, што им овозможуваше на властите да ги шпионираат новинарите во име на „национална безбедност“. Ставот на парламентот ја ограничува употребата на шпионски софтвер како „крајна мерка“ кога новинарите биле вмешани во сериозен криминал како што е тероризам или трговија со луѓе. Исто така, судија мора да го одобри тоа.

Одлуката да не се одобри целосна забрана предизвика критики, вклучително и од италијанската пратеничка од Движењето Пет ѕвезди, Сабрина Пињедоли, која обвинува дека „благодарејќи на оваа измена, правосудните власти ќе имаат можност да вградат и скријат злонамерен софтвер на мобилните телефони и компјутери на новинарите, со цел да откријат па дури и да украдат лични податоци.“

Прашањето доби на видливост во Франција по реакциите на јавноста поради минатомесечниот дводневен притвор на Ариане Лавриле. Француската новинарка која работи за истражувачкиот веб-портал Дисклоуз (Disclose) беше држена во полициски притвор цели 39 часа на 19ти и 20ти септември и нејзиниот дом беше цел на претрес како дел од правосудна истрага за компромитирање на тајни поврзани со националната безбедност. Ова се случи откако таа објави написи за продажба на француско оружје во странство и француска разузнавачка мисија во Египет што земјата наводно ја злоупотребила за да таргетира и убива противници.

Сива зона за ублажување на содржини?

Друг важен дел од законот се однесува на ублажување на содржините од страна на многу големи платформи. За да се спречат во прелесно отстранување на написи или извештаи или ограничување на пристапот до нив, законот утврдува дека медиумите треба, на пример, да бидат транспарентни околу нивната сопственичка структура. Медиумите треба да бидат уреднички независни, мониторирани од страна на национален регулатор или треба да ги почитуваат саморегулаторните стандарди. Содржина креирана со помош на вештачка интелигенција не треба да се објавува без претходно да помине човечка контрола.

Доколку одредена онлајн платформа смета дека содржината објавена од одреден медиум ги исполнува овие услови а сепак ги прекршува нејзините услови за користење и дека релевантната содржина треба да се отстрани, медиумот треба однапред да биде известен и да му се даде 24 часа за одговор. За да се избегне давање премногу моќ на интернет гигантите, законот предвидува поставување на повисоки критериуми за отстранување или ограничување на извештаите од страна на медиумските куќи, тнр „медиумски исклучок“.

Од друга страна, ние навистина сакавме да им дозволиме на медиумите што ги исполнуваат меѓународните стандарди на добро новинарство да излезат од ублажувањето на содржините. Но од друга страна, треба да се осигураме дека веќе не постојат празнини за оние медиуми што не се придржуваат и шират дезинформации на европските граѓани,“ вели европската пратеничка Сабине Верхејен. „Да бидам директна: содржината што ја гледате во вашиот весник или на телевизија нема да зависи од Илон Маск или Марк Закерберг,“ додаде таа.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги поздрави подобрувањата на текстот од страна на пратениците во ЕП, особено околу заштитата на верифицирани медиуми од цензура од страна на платформите. Сепак, Здружението на компјутерска и комуникациска индустрија (ЦЦИА), американска организација чии членки се Фејсбук, Гугл и Твитер, остро ја критикуваше мерката тврдејќи дека „медиумскиот исклучок ќе ги охрабри одметниците и ќе создаде нови празнини за ширење на лажни вести отколку дека ќе реши нешто.“

Гласањето на европските пратеници го означува ставот на Парламентот околу нацрт-законот пред преговорите со 27те земји-членки на ЕУ. Одредбите од законот наменети за заштита на доверливоста на изворите и новинарската работа ветува тешки дискусии со членките на ЕУ кои го усвоија нивниот став за текстот во текот на јуни.

The post Европскиот парламент прави чекор кон заштитa на новинарите од политичко влијание appeared first on Република.

]]>

Европскиот парламент ги усвои предлозите за закон за слобода на медиумите во ЕУ што има за цел да ги заштити новинарите од политичко влијание, им се дозволува да ги зачуваат изворите и се овозможува медиумски плурализам во блокот. Истовремено, пречките за слобода на медиумите стануваат очигледни низ целиот континент. Европскиот парламент поддржа закон изработен за да го одбрани плурализмот и независноста на медиумите и доверливоста на изворите. Законот за медиумска слобода (Media Freedom Act) треба да обезбеди поголема транспарентност во сопствеништвото на медиумските компании. Медиумите исто така ќе треба да обелоденат колку пари добиваат од државно рекламирање.
Многу мислеа дека ова е невозможна мисија. Но тука е: предлог за заштита на слободата на медиумите во Европската Унија“, изјави потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова во Стразбур.
Германската пратеничка во Европскиот парламент Сабине Верхејен, која е задолжена за законот во Парламентот, изјави „не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека слободата на медиумите е под сериозна закана во неколку земји-членки на ЕУ“. Во изјава од Парламентот, членовите на ЕП се залагаат за „забрана на било какво мешање во уредувачката политика на медиумските компании.“ Словенечката европратеничка Ирена Јовева предупреди дека „се случуваат нетранспарентни преземања на медиумски компании заради личен интерес, а јавните медиуми што претставуваат столб на веродостојни информации за луѓето, се на многу места предмет на обиди за потчинетост, во најмала рака.“ Противење за законот дојде од партии како австриската десничарска Партија на слободата. Австрискиот парламентарец Харалд Вилмски суштински се противи на Законот за медиумска слобода и гледа на него како закана за слободата на медиумите. Тој исто така вели дека ЕУ ги надминува своите надлежности: „Овие прашања се соодветно регулирани со закон во земјите-членки веќе долго време, нема причина за централната канцеларија во Брисел сега да се меша.“ Германското здружение на дигитални издавачи и новински издавачи (БДЗВ) и Медиумското здружение на слободен печат (МВФП) сметаат дека има подобрување во ставот на Парламентот, но клучните проблеми се се уште присутни. На пример, договорениот текст не вклучи повик за општа забрана за владите да ги шпионираат новинарите.

Проблематични точки

Европската комисија го претстави својот европски закон за слобода на медиумите во септември 2022 година како одговор на влошената ситуација во земјите на ЕУ, како Полска и Унгарија. Исто така, забележани се проблеми и во други земји, вклучувајќи ја и Грција, Романија, Босна и Херцеговина и Македонија, што ја поттикна потребата да се засили заштитата на новинарите во Европа. Во септември, осум европски и меѓународни медиумски организации ја повикаа грчката Влада да се бори против неказнивоста за злосторства врз новинарите и да ја поддржи слободата на медиумите. Иако грчките власти тврдат дека слободата на медиумите се почитува и Атина ги поддржува позициите на ЕУ за отворено новинарство, конзервативната влада на премиерот Киријакос Мицотакис „направи малку за да ги реши проблемите“, рече коалицијата. Во Романија, новинарите се соочуваат со закани за нивната физичка безбедност, упад во нивниот приватен живот и уреднички притисок, рече Лиана Ганеа, претседател на „ActiveWatch“, организација која ја промовира слободата на изразување. Понатаму, постои недостаток на транспарентност во сопствеништвото и финансирањето на медиумските институции од страна на политичките партии и јавните власти, како и недостатоци во однос на политичкото рекламирање. Политичарите во Босна и Херцеговина често ги напаѓаат новинарите и влијаат на јавните медиуми или на регулаторните тела. Новинарите генерално работат во средина без цензура, но многу фактори поттикнуваат самоцензура. Иако земјата се обидува да стане членка на Европската унија, властите во Република Српска (РС) донесуваат закони кои се во спротивност со европските стандарди. Законот за криминализирање на клеветата, на пример, стапи на сила во РС во август, и покрај коментарите и протестите од новинарската заедница, невладините и меѓународните организации. Во последниот извештај на организацијата „Репортери без граници“, Македонија во 2023 година е рангира на 38 место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите, што претставува скок од 19 места во однос на лани и напредок од 52 места во споредба со 2021 година. Во Извештајот се наведува дека новинарите во Македонија не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Според анализата на Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) од 2018 година, унгарски државјани поврзани со провладини медиуми во Унгарија масовно купуваат медиуми во Македонија, како дел од активности за продор кон Балканот од страна на медиумски куќи поврзани со унгарски премиер Виктор Орбан. Така двајца поранешни директори на државната Унгарска телевизија (МТВ), Питер Шац (Péter Schatz) и Агнеш Адамик (Ágnes Adamik) отвориле свои фирми во Македонија, кои стекнале мнозински удел во акции во медиумите во државата блиски до опозицијата.

Нема победа над шпионажата

Делегацијата која ја посети Грција во септември утврди дека „грчкото новинарство е под постојана закана од влијанието на скандалот со прислушување“ што се објави во 2022 година. Скандалот со шпионскиот софтвер Пегасус вклучуваше прислушување на политичари од опозицијата. Меѓу нив беше и лидерот на социјал-демократската партија ПАСОК, Никос Андрулакис, како и новинари, бизнисмени, членови на владата и блиски соработници на Киријакос Мицотакис. Овој скандал, заедно со нерешеното убиство на искусен новинар во Атина во 2021 година, како и злоупотребата на правните постапки, економскиот и политичкиот притисок, претставуваат закана за слободата на медиумите, се вели во извештајот. Шпионскиот софтвер е долго време жешка тема во Европскиот парламент, што назначи посебна комисија за употребата на програмите како Пегасус и неговите следбеници. Тие играа улога во шпионските скандали што ги засегнаа владите во Шпанија, Унгарија и Грција, и исто така претставуваат истражни алатки за откритија што доведоа до експлозивниот Катаргејт коруптивен скандал. Медиумските активисти ги критикуваа држави-членки на ЕУ, особено Франција, поради тоа што се залагаа за проширување на правните празнини, што им овозможуваше на властите да ги шпионираат новинарите во име на „национална безбедност“. Ставот на парламентот ја ограничува употребата на шпионски софтвер како „крајна мерка“ кога новинарите биле вмешани во сериозен криминал како што е тероризам или трговија со луѓе. Исто така, судија мора да го одобри тоа. Одлуката да не се одобри целосна забрана предизвика критики, вклучително и од италијанската пратеничка од Движењето Пет ѕвезди, Сабрина Пињедоли, која обвинува дека „благодарејќи на оваа измена, правосудните власти ќе имаат можност да вградат и скријат злонамерен софтвер на мобилните телефони и компјутери на новинарите, со цел да откријат па дури и да украдат лични податоци.“ Прашањето доби на видливост во Франција по реакциите на јавноста поради минатомесечниот дводневен притвор на Ариане Лавриле. Француската новинарка која работи за истражувачкиот веб-портал Дисклоуз (Disclose) беше држена во полициски притвор цели 39 часа на 19ти и 20ти септември и нејзиниот дом беше цел на претрес како дел од правосудна истрага за компромитирање на тајни поврзани со националната безбедност. Ова се случи откако таа објави написи за продажба на француско оружје во странство и француска разузнавачка мисија во Египет што земјата наводно ја злоупотребила за да таргетира и убива противници.

Сива зона за ублажување на содржини?

Друг важен дел од законот се однесува на ублажување на содржините од страна на многу големи платформи. За да се спречат во прелесно отстранување на написи или извештаи или ограничување на пристапот до нив, законот утврдува дека медиумите треба, на пример, да бидат транспарентни околу нивната сопственичка структура. Медиумите треба да бидат уреднички независни, мониторирани од страна на национален регулатор или треба да ги почитуваат саморегулаторните стандарди. Содржина креирана со помош на вештачка интелигенција не треба да се објавува без претходно да помине човечка контрола. Доколку одредена онлајн платформа смета дека содржината објавена од одреден медиум ги исполнува овие услови а сепак ги прекршува нејзините услови за користење и дека релевантната содржина треба да се отстрани, медиумот треба однапред да биде известен и да му се даде 24 часа за одговор. За да се избегне давање премногу моќ на интернет гигантите, законот предвидува поставување на повисоки критериуми за отстранување или ограничување на извештаите од страна на медиумските куќи, тнр „медиумски исклучок“.
Од друга страна, ние навистина сакавме да им дозволиме на медиумите што ги исполнуваат меѓународните стандарди на добро новинарство да излезат од ублажувањето на содржините. Но од друга страна, треба да се осигураме дека веќе не постојат празнини за оние медиуми што не се придржуваат и шират дезинформации на европските граѓани,“ вели европската пратеничка Сабине Верхејен. „Да бидам директна: содржината што ја гледате во вашиот весник или на телевизија нема да зависи од Илон Маск или Марк Закерберг,“ додаде таа.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги поздрави подобрувањата на текстот од страна на пратениците во ЕП, особено околу заштитата на верифицирани медиуми од цензура од страна на платформите. Сепак, Здружението на компјутерска и комуникациска индустрија (ЦЦИА), американска организација чии членки се Фејсбук, Гугл и Твитер, остро ја критикуваше мерката тврдејќи дека „медиумскиот исклучок ќе ги охрабри одметниците и ќе создаде нови празнини за ширење на лажни вести отколку дека ќе реши нешто.“ Гласањето на европските пратеници го означува ставот на Парламентот околу нацрт-законот пред преговорите со 27те земји-членки на ЕУ. Одредбите од законот наменети за заштита на доверливоста на изворите и новинарската работа ветува тешки дискусии со членките на ЕУ кои го усвоија нивниот став за текстот во текот на јуни.

The post Европскиот парламент прави чекор кон заштитa на новинарите од политичко влијание appeared first on Република.

]]>
Само некни потрошени по 100 евра за секој: Од иста сметка се плаќаат рекламите за Таче, Заев, медиумите на Дерала… https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-nekni-potrosheni-po-100-evra-za-sekoj-od-ista-smetka-se-plakaat-reklamite-za-tache-zaev-mediumite-na-derala/ Tue, 01 Aug 2023 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=667549

Сви су ту као некада, пишува Богдан Илиевски, споделувајќи ја фејсбук-сметката од која се финансираат повеќето функционери на СДСМ, како и медиумите, кои тука и црно на бело е докажано дека се на нивниот платен лист.

fb ads пазар | 29 јули 2023
И Џабир и Јорго и Таче и Заев и Биф и Бујар и Сречко гадниот и Скафандра, сви су ту као некада!, пишува Илиевски.

The post Само некни потрошени по 100 евра за секој: Од иста сметка се плаќаат рекламите за Таче, Заев, медиумите на Дерала… appeared first on Република.

]]>

Сви су ту као некада, пишува Богдан Илиевски, споделувајќи ја фејсбук-сметката од која се финансираат повеќето функционери на СДСМ, како и медиумите, кои тука и црно на бело е докажано дека се на нивниот платен лист.
fb ads пазар | 29 јули 2023 И Џабир и Јорго и Таче и Заев и Биф и Бујар и Сречко гадниот и Скафандра, сви су ту као некада!, пишува Илиевски.

The post Само некни потрошени по 100 евра за секој: Од иста сметка се плаќаат рекламите за Таче, Заев, медиумите на Дерала… appeared first on Република.

]]>
Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ https://republika.mk/vesti/svet/lukashenko-odobri-zakon-za-zabrana-na-mediumi-od-neprijatelski-zemji/ Sat, 01 Jul 2023 16:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=657198

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој се предвидува можност за забрана на медиумите на земјите кои преземаат непријателски чекори против белоруските медиуми.

Лукашенко го потпиша Законот за изменување и дополнување на Законот на Република Белорусија за масовни медиуми.

Целта на документот е да се подобрат механизмите за заштита на националните интереси во медиумската сфера, како и да се прошират алатките за одговор на непријателските дејствија против Белорусија.

Законот предвидува можност за воведување забрана за активности на странски медиуми на територијата на Белорусија во случај да покажат непријателски дејствија кон белоруските медиуми.

Како што е наведено во извештајот, списокот на основи за одземање на сертификатите за државна регистрација на медиуми и ограничување на пристапот до интернет ресурсите се проширува.

Утврдени се условите за активност на сопствениците на интернет ресурси кои ги дистрибуираат производите на телевизиските и радиодифузните медиуми.

Претходно документот беше усвоен од белорускиот парламент.

The post Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој се предвидува можност за забрана на медиумите на земјите кои преземаат непријателски чекори против белоруските медиуми. Лукашенко го потпиша Законот за изменување и дополнување на Законот на Република Белорусија за масовни медиуми. Целта на документот е да се подобрат механизмите за заштита на националните интереси во медиумската сфера, како и да се прошират алатките за одговор на непријателските дејствија против Белорусија. Законот предвидува можност за воведување забрана за активности на странски медиуми на територијата на Белорусија во случај да покажат непријателски дејствија кон белоруските медиуми. Како што е наведено во извештајот, списокот на основи за одземање на сертификатите за државна регистрација на медиуми и ограничување на пристапот до интернет ресурсите се проширува. Утврдени се условите за активност на сопствениците на интернет ресурси кои ги дистрибуираат производите на телевизиските и радиодифузните медиуми. Претходно документот беше усвоен од белорускиот парламент.

The post Лукашенко одобри закон за забрана на медиуми од „непријателски земји“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се правда и тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат владините посети во странство https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-pravda-i-tvrdi-deka-nema-selektivnost-pri-izborot-na-mediumite-koi-gi-pokrivaat-vladinite-poseti-vo-stranstvo/ Fri, 30 Jun 2023 14:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=656919

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат неговите посети во странство.

Како што Ковачевски кажа на прес-конференција, изборот на медиумите кои патуваат со владините делегации се прави по принцип на ротација.

Медиумите се повикуваат според систем на ротација. Нема никаква селективност, само принцип на ротација, со оглед на бројот луѓе кои може да бидат дел од делегација и да се покријат соодветно трошоците. Не е точно дека се викани исти медиуми. Можете да ги проверите податоците во Секторот за односи со јавност, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање врз основа на што се канат медиумите и зошто телевизија „Алфа“ речиси секогаш се одбегнува да биде поканета на настани на Владата.

Премиерот напомена дека при последната официјлна билатерална посета на Србија, „Алфа“ била дел од медиумите.

The post Ковачевски се правда и тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат владините посети во странство appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат неговите посети во странство. Како што Ковачевски кажа на прес-конференција, изборот на медиумите кои патуваат со владините делегации се прави по принцип на ротација.
Медиумите се повикуваат според систем на ротација. Нема никаква селективност, само принцип на ротација, со оглед на бројот луѓе кои може да бидат дел од делегација и да се покријат соодветно трошоците. Не е точно дека се викани исти медиуми. Можете да ги проверите податоците во Секторот за односи со јавност, изјави Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање врз основа на што се канат медиумите и зошто телевизија „Алфа“ речиси секогаш се одбегнува да биде поканета на настани на Владата.
Премиерот напомена дека при последната официјлна билатерална посета на Србија, „Алфа“ била дел од медиумите.

The post Ковачевски се правда и тврди дека нема селективност при изборот на медиумите кои ги покриваат владините посети во странство appeared first on Република.

]]>