Медицински отпад Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinski-otpad/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 12:23:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медицински отпад Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinski-otpad/ 32 32 Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла https://republika.mk/vesti/skopje/pushten-vo-upotreba-noviot-sterilizator-za-medicinski-otpad-vo-drisla/ Mon, 21 Feb 2022 12:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=461452

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад.

Како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, системот е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и за 80 отсто го намалува волуменот на медицинскиот отпад. Машината е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.

Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав за медицински отпад кој е иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината - рече Мицевски.

Машината користи еколошка технологија, која ги намалува трошоците за отстранување на медицински отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. Мицевски информира се планира старата печка да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.

Дрисла конечно почнува со процесот на модернизација односно со осовременување на третирањето на медицинскиот отпад. Повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Ќе се потрудиме целосно да ги модернизираме сите процеси во рамки на ЈП Дрисла. Со оваа инвестиција, исполнети се сите стандарди кои се неопходни за третирање на медицински отпад и Дрисла официјално се трансформира во една модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот, а целиот свој капацитет и потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните - нагласи градоначалничката Арсовска.

The post Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла appeared first on Република.

]]>

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад. Како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, системот е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и за 80 отсто го намалува волуменот на медицинскиот отпад. Машината е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.
Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав за медицински отпад кој е иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината - рече Мицевски.
Машината користи еколошка технологија, која ги намалува трошоците за отстранување на медицински отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. Мицевски информира се планира старата печка да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.
Дрисла конечно почнува со процесот на модернизација односно со осовременување на третирањето на медицинскиот отпад. Повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Ќе се потрудиме целосно да ги модернизираме сите процеси во рамки на ЈП Дрисла. Со оваа инвестиција, исполнети се сите стандарди кои се неопходни за третирање на медицински отпад и Дрисла официјално се трансформира во една модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот, а целиот свој капацитет и потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните - нагласи градоначалничката Арсовска.

The post Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла appeared first on Република.

]]>
СЗО: Пандемијата создаде огромна количина медицински отпад https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-pandemijata-sozdade-ogromna-kolichina-medicinski-otpad/ Tue, 01 Feb 2022 11:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=452425

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Според проценките милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање.

Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките. Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, ракавиците, комплети за тестирање и прибор за вакцинација. Предлагаат истите да се рециклираат и да се употребат за други намени.

The post СЗО: Пандемијата создаде огромна количина медицински отпад appeared first on Република.

]]>

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација. Според проценките милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање. Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките. Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, ракавиците, комплети за тестирање и прибор за вакцинација. Предлагаат истите да се рециклираат и да се употребат за други намени.

The post СЗО: Пандемијата создаде огромна количина медицински отпад appeared first on Република.

]]>
СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад https://republika.mk/vesti/svet/szo-pandemijata-sozdade-planina-od-medicinski-otpad/ Tue, 01 Feb 2022 08:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=452208

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА.

Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање.

Дополнително, само меѓу март 2020 и октомври 2021 година Обединетите нации имаа испорачано 87.000 тони заштитна облека.

Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирус се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад.

Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО.

Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.

Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација.

Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад.

The post СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад appeared first on Република.

]]>

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА. Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање. Дополнително, само меѓу март 2020 и октомври 2021 година Обединетите нации имаа испорачано 87.000 тони заштитна облека. Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирус се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад. Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО.
Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.
Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација. Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад.

The post СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад appeared first on Република.

]]>