медицинска опрема Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinska-oprema/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 07:56:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медицинска опрема Archives - Република https://republika.mk/tema/medicinska-oprema/ 32 32 ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-donatsiite-na-meditsinska-oprema-od-veledrogeriite-na-dvoetsot-dui-sds-stanaa-bonbona-biznis-vo-zdravstvoto/ Tue, 05 Mar 2024 07:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=751286

„Донациите на медицинска опрема" од веледрогериите на двоецот ДУИ - СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис" во здравството. Имено, пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Од Комисијата отвораат низа дилеми и прашања:

За каква "донација на опрема" станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои „донаторот" единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира?

Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки?

Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот?

Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?

Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството appeared first on Република.

]]>

„Донациите на медицинска опрема" од веледрогериите на двоецот ДУИ - СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис" во здравството. Имено, пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Од Комисијата отвораат низа дилеми и прашања: За каква "донација на опрема" станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои „донаторот" единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира? Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки? Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот? Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?
Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post ВМРО ДПМНЕ: „Донациите на медицинска опрема“ од веледрогериите на двоецот ДУИ-СДС станаа „бонбона бизнис“ во здравството appeared first on Република.

]]>
ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови https://republika.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-meditsinska-oprema-za-vtoroligashkite-klubovi/ Thu, 02 Nov 2023 19:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=697578

Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите.

Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош, како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор, можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.

-ФФМ навистина прави големи напори за снабдување на сите национални тимови со медицинска опрема и апаратура, но, исто така, посветува внимание и дава помош во опрема и медицински апарати и за екипите од МФЛ, вклучувајќи го и женскиот фудбал и футсалот, изјави д-р Невзат Јусуфи, претседавач на Комисија за медицина и антидопинг во ФФМ.

Минатата сезона ФФМ на клубовите од Првата македонска фудбалска лига им донираше автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употреба на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите.

-За нас, исто така, е многу важно што освен донацијата со медицинска опрема, како тело во Федерацијата кое се грижи за здравјето и медицината, континуирано одржуваме едукација на физиотерапевтите и лекарите ангажирани во клубовите и во репрезентативните тимови. Оваа година го одржавме и важниот семинар за лиценцирање на лекарите и физиотерапевтите во МФЛ под покровителство на УЕФА, додаде Јусуфи.

The post ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови appeared first on Република.

]]>

Дефибрилатори за сите шеснаесет екипи од Втората лига донираше денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со цел подобрување на условите во делот на медицинските тимови на клубовите и зголемена грижа за здравјето на фудбалерите. Срцевиот удар е меѓу главните причини за смрт кај фудбалерите на теренот, а редовните прегледи на срцето и соодветните мерки за прва помош, како што е итна реанимација и употреба на дефибрилатор, можат да помогнат да се спречи смрт од срцеви проблеми.
-ФФМ навистина прави големи напори за снабдување на сите национални тимови со медицинска опрема и апаратура, но, исто така, посветува внимание и дава помош во опрема и медицински апарати и за екипите од МФЛ, вклучувајќи го и женскиот фудбал и футсалот, изјави д-р Невзат Јусуфи, претседавач на Комисија за медицина и антидопинг во ФФМ.
Минатата сезона ФФМ на клубовите од Првата македонска фудбалска лига им донираше автоматизирани дефибрилатори, а нивните лекарски тимови ги следеа едукативните програми за реанимација и употреба на дефибрилатори меѓу лекарите, тренерите и играчите.
-За нас, исто така, е многу важно што освен донацијата со медицинска опрема, како тело во Федерацијата кое се грижи за здравјето и медицината, континуирано одржуваме едукација на физиотерапевтите и лекарите ангажирани во клубовите и во репрезентативните тимови. Оваа година го одржавме и важниот семинар за лиценцирање на лекарите и физиотерапевтите во МФЛ под покровителство на УЕФА, додаде Јусуфи.

The post ФФМ донираше медицинска опрема за второлигашките клубови appeared first on Република.

]]>
Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува https://republika.mk/vesti/makedonija/glavniot-drzhaven-revizor-i-vo-drugi-kliniki-niz-drzhavata-ima-meditsinska-oprema-koja-e-nabavena-a-ne-se-upotrebuva/ Mon, 16 Oct 2023 17:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=691793

Во однос на прашањето дали имаме медицинска опрема која што е набавена, а не се употребува во другите јавни здравствени установи, да – имаме. И еве го конкретно утврдената состојба ако може да забележите и на веб-страната на ДЗР во точката 4.1 за конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизорна усогласеност на болницата во Битола кажува: „Во просториите на болницата во посебен објект бункер сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствените евиденции.

Ова го истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет на која се дискутира за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жалкина Пешевска.

Од одговорните лица добиено е образложение дека апаратот е набавен од страна на Министерството без да биде доставена документација до болницата, а истиот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како недостиг на соодветен квалификуван кадар. Со направениот увид во електронскиот систем за јавни набавки врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известување за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки поврзани со акцелераторот. Имено, во текот на 2012 година склучен е договор за набавка на линеарен акцелератор со вредност од 100.000.015 денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799.000 денари или 761.000 евра. Во текот на 2017 година склучен е договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и свикување на радиолошки третман и системи за планирање на третман во вредност од 24. 774.000 денари или 403.000 евра. Имајќи ја во предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетски средства ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба“. Ова е јасно и гласно кажано и во суштина секаде каде што вршиме ревизија во јавните здравствени установи ги истакнуваме состојбите во делот на набавка на медицински апарати, рече Ацевски.

Прашан дали државата е толку богата за да набавува медицински апарати и да не ги става во функција во корист на граѓаните, Ацевски рече дека тие не можат да го постават тоа прашање, туку пратениците.

Тој потенцира дека утрово до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет испратиле заклучоци со кои велат Собранието да ми препорача на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција.

Ние не можеме да го поставиме како прашање. Вие како пратеници сигурно верувам дека можете да го поставите и затоа како ДЗР сакајќи да дадеме додадена вредност во работењето на јавните здравствени установи, додадена вредност во работењето на Собранието, а впрочем и ваша додадена вредност утрово ги доставивме нашите сугестии до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и стручните служби каде ги подобривме заклучоците и велиме: „Собранието му препорачува на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција, да ги елаборираат причините за таквата состојба и да преземат активности со надлежните органи истата таа опрема да ја стават во функција во интерес на граѓаните и во интерес на давање на квалитетна здравствена услуга на нашите граѓани“. Тоа како ДЗР може да го направи, рече Ацевски.

Тој информира дека како ДЗР до Собранието доставиле препораки во делот на подготвување на програмите за здравствена заштита.

Еднаш засекогаш мора да заврши активноста во која што предлагаме програми со активности, а без обезбедени финансиски средства. Не можеме да ги ставаме јавните здравствени установи дека секогаш се виновни за се и да бараме од јавните здравствени установи да спроведат секакви активности, а во суштина да не им доделиме финансиски средства. Таквите активности мора да застанат еднаш засекогаш. Но, ова не е проблем од денес. Ова е проблем од претходните 15 и повеќе години. Се сеќавам со мојата ревизија која што сум ја правел во Министерството за здравство и претходно во други јавни здравствени установи каде што ова е константна појава, но затоа треба да застанеме и да речеме – доста е, нема да подготвуваме вакви програми или програмите ќе ги направиме во рамките на обезбедените финансии и средства. Но, тоа не значи дека треба таквите програми да го ограничуваат квалитетот и потребите на пациентите, односно на граѓаните на нашата држава. Мора да се обезбедат средства за сите подеднакво да бидат рамноправни во вклучување на соодветната терапија, рече Ацевски.

Пратеникот на СДСМ Панчо Минов истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата - пратеници од опозицијата - позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.

Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело. Државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита. Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство, порача Минов.

The post Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува appeared first on Република.

]]>

Во однос на прашањето дали имаме медицинска опрема која што е набавена, а не се употребува во другите јавни здравствени установи, да – имаме. И еве го конкретно утврдената состојба ако може да забележите и на веб-страната на ДЗР во точката 4.1 за конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизорна усогласеност на болницата во Битола кажува: „Во просториите на болницата во посебен објект бункер сместен е линеарен акцелератор кој до денот на ревизијата не се користи и не е внесен во сметководствените евиденции.
Ова го истакна главниот државен ревизор Максим Ацевски на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет на која се дискутира за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, одговарајќи на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жалкина Пешевска.
Од одговорните лица добиено е образложение дека апаратот е набавен од страна на Министерството без да биде доставена документација до болницата, а истиот не се користи поради недостиг на дополнителна опрема потребна за негово функционирање како недостиг на соодветен квалификуван кадар. Со направениот увид во електронскиот систем за јавни набавки врз основа на објавените огласи за јавни набавки и известување за склучени договори утврдивме дека Министерството има спроведено повеќе постапки поврзани со акцелераторот. Имено, во текот на 2012 година склучен е договор за набавка на линеарен акцелератор со вредност од 100.000.015 денари или 1,6 милиони евра, а за поставување на истиот во 2013 година склучен е договор за изградба на бункер во вредност од 46.799.000 денари или 761.000 евра. Во текот на 2017 година склучен е договор за набавка на онколошки информациони системи, системи за запишување и свикување на радиолошки третман и системи за планирање на третман во вредност од 24. 774.000 денари или 403.000 евра. Имајќи ја во предвид потребата од подобрување и зголемување на достапноста на онколошките здравствени услуги и рационалното користење на буџетски средства ревизијата укажува дека е потребно во најкус можен рок да се преземат активности од страна на болницата во соработка со Министерството за ставање на апаратот во употреба“. Ова е јасно и гласно кажано и во суштина секаде каде што вршиме ревизија во јавните здравствени установи ги истакнуваме состојбите во делот на набавка на медицински апарати, рече Ацевски.
Прашан дали државата е толку богата за да набавува медицински апарати и да не ги става во функција во корист на граѓаните, Ацевски рече дека тие не можат да го постават тоа прашање, туку пратениците. Тој потенцира дека утрово до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет испратиле заклучоци со кои велат Собранието да ми препорача на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција.
Ние не можеме да го поставиме како прашање. Вие како пратеници сигурно верувам дека можете да го поставите и затоа како ДЗР сакајќи да дадеме додадена вредност во работењето на јавните здравствени установи, додадена вредност во работењето на Собранието, а впрочем и ваша додадена вредност утрово ги доставивме нашите сугестии до претседателот на Комисијата за финансирање и буџет и стручните служби каде ги подобривме заклучоците и велиме: „Собранието му препорачува на Министерството за здравство да се обрати до сите јавни здравствени установи да достават информации дали располагаат со медицинска опрема која е набавена, а не е ставена во функција, да ги елаборираат причините за таквата состојба и да преземат активности со надлежните органи истата таа опрема да ја стават во функција во интерес на граѓаните и во интерес на давање на квалитетна здравствена услуга на нашите граѓани“. Тоа како ДЗР може да го направи, рече Ацевски.
Тој информира дека како ДЗР до Собранието доставиле препораки во делот на подготвување на програмите за здравствена заштита.
Еднаш засекогаш мора да заврши активноста во која што предлагаме програми со активности, а без обезбедени финансиски средства. Не можеме да ги ставаме јавните здравствени установи дека секогаш се виновни за се и да бараме од јавните здравствени установи да спроведат секакви активности, а во суштина да не им доделиме финансиски средства. Таквите активности мора да застанат еднаш засекогаш. Но, ова не е проблем од денес. Ова е проблем од претходните 15 и повеќе години. Се сеќавам со мојата ревизија која што сум ја правел во Министерството за здравство и претходно во други јавни здравствени установи каде што ова е константна појава, но затоа треба да застанеме и да речеме – доста е, нема да подготвуваме вакви програми или програмите ќе ги направиме во рамките на обезбедените финансии и средства. Но, тоа не значи дека треба таквите програми да го ограничуваат квалитетот и потребите на пациентите, односно на граѓаните на нашата држава. Мора да се обезбедат средства за сите подеднакво да бидат рамноправни во вклучување на соодветната терапија, рече Ацевски.
Пратеникот на СДСМ Панчо Минов истакна дека впечаток е дека расправата се одвива на релација: претседател на комисијата - пратеници од опозицијата - позитвни квалификации на државниот ревизор, со една конструкција за одговорност на владата, на министерството за здравство, на фондот за здравство.
Сите ние овие констатирани неправилности и незаконитости крајно ги осудуваме и сите сме на иста линија по борбата за нивно надминување и потенцирам во повикивањето на одговорноста на секој што истите ги сторил и посебно што врз база на таа неправилност и незаконитост извршил и кривично дело. Државниот ревизор неколку пату укажува дека работата е од пред 20 години, листите на лекови не се ажурирани од 2015 година, во извештајот на државниот ревизор од 2012 и 2008 година има исти констатации дека се пречекоруваат буџетските средства и не се одобрени од фондот за здравствена заштита. Да не извлекуваме од оваа работа непотребни селекции, кој е одговорен, секој што е во рамките на овие неправилности и незаконитости, треба да биде одговорен, без разлика дали е од оваа влада или од претходната влада, од ова министерство или од претходно министерство, порача Минов.

The post Главниот државен ревизор: И во други клиники низ државата има медицинска опрема која е набавена, а не се употребува appeared first on Република.

]]>
Во медицинските центри во државата се прави попис на опрема која е донација или е скапо платена и не се користи https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-meditsinskite-tsentri-vo-drzhavata-se-pravi-popis-na-oprema-koja-e-donatsija-ili-e-skapo-platena-i-ne-se-koristi/ Mon, 18 Sep 2023 12:53:53 +0000 https://republika.mk/?p=682912

Министерството за здравство прави попис за сите медицински апарати кои се донирани, а не се користат во здравството. Фатмир Меџити, министерот за здравство кажа дека секаде каде што има донација во медицинските центри во државата, опрема која е скапо платена и не се користи ќе се истражи за да се знае точно каде, што има и дали има кадар.

Или да дисперзираме, или тие апарати да се носат во друга установа, каде ќе бидат корисни, изјави денеска министерот Меџити.

За ацелераторот на Клиниката за Онкологија, вели дека не знае зошто не се користел.

Да имаше нов акцелератор со таква финансиска сума и да стои под прашина седум години да не се стави во употреба, не би можел да кажам зошто е тоа така направено. Таму има четири акцелератори, два веќе се при крај со работењето и едниот од нив што е најстар, да може да се смени, но ние од утре веќе почнуваме да го демонтираме тој апарат и ќе треба, тој апарат седел седум години и за да се стави во функција. Нормално дека треба од таа компанија што има лиценца за тој апарат, да се сервисира и тоа сервисирање ние веќе од пред три месеци, знаеме дека изнесува многу голема сума финансиска, рече Меџити.

Како што кажа, според раководителите на Клиниката за онкологија, четири акцелератори ја покриваат потребата на пациентите.

Меџити рече дека исто така се работи и во други центри.

Клиничка болница Битола, таму има апарат, има еден дел од кадарот, треба уште малку да се доекипира тој кадар, за да можеме и тој апарат да го ставиме во функција, рече министерот.

За ацелераторот во Штип рече дека таму треба прво да се направи инфрастрктура.

Таму е набавен ацелератор, а нема инфраструктура. Во 2024 година, тој апарат ќе го ставиме во функција со новиот буџет на Република Македонија, најави Меџити.

Во врска со денешниот најавен протест во 18 часот, Меџити вели дека тоа е загарантирано со Уставот на Македонија.

Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот „Онкологија“ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести, изјави денеска Меџити.

Меџити на прашање по брифингот со новинарите дали на Онкологија и на други клиники имало злоупотреби поврзани со пациенти кои доаѓале од други држави, тој рече дека во моментов не би сакал и нема да сподели информации во интерес на процесот што се води од Обвинителството.

Затоа се што Обвинителството ќе донесе одлука на крај, тоа ќе биде јавно за сите. Пациентите кои се обратиле до Министерството за здравство и до мене лично, ние сме им ја кажале точната адреса, да одат во Обвинителство. И Обвинителството транаспарентно работи, многу отворено со пациенти, нивни семејства, со сите кои имаат точна информација. Значи информациите одат до истражните таму што се обвинители. И на крај, кога ќе има конечна одлука, транспарентно, очекуваме што побрзо на оваа неизвесност да се стави крај и да излезат и тука, одговори Меџити.

Според него, во прашање е и образот на здравствените работници.

The post Во медицинските центри во државата се прави попис на опрема која е донација или е скапо платена и не се користи appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство прави попис за сите медицински апарати кои се донирани, а не се користат во здравството. Фатмир Меџити, министерот за здравство кажа дека секаде каде што има донација во медицинските центри во државата, опрема која е скапо платена и не се користи ќе се истражи за да се знае точно каде, што има и дали има кадар. Или да дисперзираме, или тие апарати да се носат во друга установа, каде ќе бидат корисни, изјави денеска министерот Меџити. За ацелераторот на Клиниката за Онкологија, вели дека не знае зошто не се користел.
Да имаше нов акцелератор со таква финансиска сума и да стои под прашина седум години да не се стави во употреба, не би можел да кажам зошто е тоа така направено. Таму има четири акцелератори, два веќе се при крај со работењето и едниот од нив што е најстар, да може да се смени, но ние од утре веќе почнуваме да го демонтираме тој апарат и ќе треба, тој апарат седел седум години и за да се стави во функција. Нормално дека треба од таа компанија што има лиценца за тој апарат, да се сервисира и тоа сервисирање ние веќе од пред три месеци, знаеме дека изнесува многу голема сума финансиска, рече Меџити.
Како што кажа, според раководителите на Клиниката за онкологија, четири акцелератори ја покриваат потребата на пациентите. Меџити рече дека исто така се работи и во други центри.
Клиничка болница Битола, таму има апарат, има еден дел од кадарот, треба уште малку да се доекипира тој кадар, за да можеме и тој апарат да го ставиме во функција, рече министерот.
За ацелераторот во Штип рече дека таму треба прво да се направи инфрастрктура.
Таму е набавен ацелератор, а нема инфраструктура. Во 2024 година, тој апарат ќе го ставиме во функција со новиот буџет на Република Македонија, најави Меџити.
Во врска со денешниот најавен протест во 18 часот, Меџити вели дека тоа е загарантирано со Уставот на Македонија.
Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот „Онкологија“ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протести, изјави денеска Меџити.
Меџити на прашање по брифингот со новинарите дали на Онкологија и на други клиники имало злоупотреби поврзани со пациенти кои доаѓале од други држави, тој рече дека во моментов не би сакал и нема да сподели информации во интерес на процесот што се води од Обвинителството.
Затоа се што Обвинителството ќе донесе одлука на крај, тоа ќе биде јавно за сите. Пациентите кои се обратиле до Министерството за здравство и до мене лично, ние сме им ја кажале точната адреса, да одат во Обвинителство. И Обвинителството транаспарентно работи, многу отворено со пациенти, нивни семејства, со сите кои имаат точна информација. Значи информациите одат до истражните таму што се обвинители. И на крај, кога ќе има конечна одлука, транспарентно, очекуваме што побрзо на оваа неизвесност да се стави крај и да излезат и тука, одговори Меџити.
Според него, во прашање е и образот на здравствените работници.  

The post Во медицинските центри во државата се прави попис на опрема која е донација или е скапо платена и не се користи appeared first on Република.

]]>
Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/klinika-zhan-mitrev-ke-donira-meditsinska-oprema-za-turtsija/ Wed, 08 Feb 2023 09:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=606320

Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно.

Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.

Серијата земјотреси во Турција кои одзедоа голем број животи, уште еднаш потврдија дека солидарноста е најважна за човештвото. Скопје е град на солидарноста, дел од нас се соочиле со ваква голема несреќа и трагедија и затоа солидарноста треба да продолжи и да се помогне на овие луѓе на секаков можен начин. Изразуваме сочувство до турскиот народ за последиците од овој трагичен настан“, велат од Клиника Жан Митрев.

The post Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција appeared first on Република.

]]>

Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно. Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.
Серијата земјотреси во Турција кои одзедоа голем број животи, уште еднаш потврдија дека солидарноста е најважна за човештвото. Скопје е град на солидарноста, дел од нас се соочиле со ваква голема несреќа и трагедија и затоа солидарноста треба да продолжи и да се помогне на овие луѓе на секаков можен начин. Изразуваме сочувство до турскиот народ за последиците од овој трагичен настан“, велат од Клиника Жан Митрев.

The post Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за Турција appeared first on Република.

]]>
Клиничката болница во Тетово доби медицинска опрема набавена преку Светска банка https://republika.mk/zivot/zdravje/klinichkata-bolnitsa-vo-tetovo-dobi-meditsinska-oprema-nabavena-preku-svetska-banka/ Mon, 06 Feb 2023 13:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=605480

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети тетовската Клиничка болница и заедно со директорот Амир Елези информираа дека се пристигнати медицински апарати во вредност од 3,5 милиони евра. Тетовската болница се опремува со овие апарати согласно голема набавка за 14 јавни здравствени установи, чија вкупна вредност е 13,6 милиони евра.

-За Клиничка болница Тетово се обезбеди ангиограф, апарат за компјутерска томографија, мамограф со можност за биопсија, два рентген апарати, ехо дијагностика, како и два подвижни рентген апарати со дигитален детектор. Дел од апаратите се во фаза на инсталација, а некои веќе се инсталирани и подготвени за пуштање во употреба како апаратите за еходијагностика наменети за одделите урологија, гинекологија, педијатрија, радиологија, кардиологија и интерна медицина. Исто така, подготвени за употреба се подвижните рентген апарати на одделот за трауматологија и хируршките сали, како и новиот мамограф кој ќе служи за биопсија и ќе биде вклучен во скринингот за рано октривање на рак на дојка, појасни Сали.

Тој најави дека во текот на идната недела следи обука на кадарот за користење на овие апарати, а потоа ќе бидат пуштени во употреба и достапни за услуга на пациентите.

- Значајна новина што ја реализиравме со Универзитетот во Тетово, е, давање на овластувања за 20 доктори и професори кои се ментори и едукатори за нов кадар за гинекологија, педијатрија, психијатрија, општа хирургија, семејна медицина, интерна медицина. Во следниот период продолжуваме со инвестиции за унапредување на здравствената заштита на сите нивоа, додаде Сали.

Директорот на болницата Амир Елези рече дека со министерот ги детектирале најслабите точки во институцијата и заедно се нафатиле да обезбедат соодветна апаратура за услугите, кои ги користат над 200 илјади луѓе од поширокиот полошки регион.

-Со детална анализа дојдовме до заклучок дека оваа апаратура ни е неопходна за да функционираме како клинички центар. Ќе биде огромен зафат за нас, на општо задоволство на нашите лекари кои ќе се служат со оваа апаратура и на бенефит на сите пациенти коишто доаѓаат во нашата болница за услуги. Кога дојдовме да менаџирме со оваа болница и Министерството за здравство, бевме во една фаза кога имаше огромен недостиг на апаратура и тие апарати што ги имавме беа застарени и требаше да се поделат на две амбуланти. Некоја амбуланта користеше претпладне, некоја попладне, со поделени термини. Сето тоа значеше голема огромна листа за чекање кај пациентите и работа на докторите со застарени апарати, истакна Елези.

Тој рече дека во болницата има реконструкција на амбуланти во Интерното одделение, каде што ќе бидат дел од овие апарати.

-Нашите доктори ќе имаат реконструирани, реновирани амбуланти, нова апаратура и нашите пациенти ќе имаат огромна придобивка со тоа што ќе има повеќе слободни термини во најкраток можен рок, ќе се детектираат болестите и ќе се оди на лекување на истите. Како Клиничка болница, во план за оваа година ни е реновирање и адаптација на паркинг просторот во нашата болница и заедно со ставање во функција на Ургентниот центар, и тоа оди во прилог, верувам дека ќе бидеме во тек со времето и со сите процедури кои се во регионот и со светот. Имаме одличен кадар од доктори и специјалисти, сега со новата опрема, верувам дека ќе бидеме во можност да даваме квалитетни услуги, истакна директорот.

Доктор Асим Изаири, началник на Одделението за уролошка хирургија, посочи дека уште од поодамна имало потреба за ултрасонограф, кој како базична процедура ќе овозможи да ги задоволи потребите на дијагностицирањето на уролошки заболувања.

-Поточно, да се додаде и можност да се направи и биопсија на простата, која исто така е болест што е многу присутна во нашиот регион, а воедно да ги задоволи потребите за дијагностицирање на калкулозата како ендемска болест во нашето подрачје, истакна Изаири.

Медицинската опрема е набавена преку Светска банка.

The post Клиничката болница во Тетово доби медицинска опрема набавена преку Светска банка appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Беким Сали денеска ја посети тетовската Клиничка болница и заедно со директорот Амир Елези информираа дека се пристигнати медицински апарати во вредност од 3,5 милиони евра. Тетовската болница се опремува со овие апарати согласно голема набавка за 14 јавни здравствени установи, чија вкупна вредност е 13,6 милиони евра. -За Клиничка болница Тетово се обезбеди ангиограф, апарат за компјутерска томографија, мамограф со можност за биопсија, два рентген апарати, ехо дијагностика, како и два подвижни рентген апарати со дигитален детектор. Дел од апаратите се во фаза на инсталација, а некои веќе се инсталирани и подготвени за пуштање во употреба како апаратите за еходијагностика наменети за одделите урологија, гинекологија, педијатрија, радиологија, кардиологија и интерна медицина. Исто така, подготвени за употреба се подвижните рентген апарати на одделот за трауматологија и хируршките сали, како и новиот мамограф кој ќе служи за биопсија и ќе биде вклучен во скринингот за рано октривање на рак на дојка, појасни Сали. Тој најави дека во текот на идната недела следи обука на кадарот за користење на овие апарати, а потоа ќе бидат пуштени во употреба и достапни за услуга на пациентите. - Значајна новина што ја реализиравме со Универзитетот во Тетово, е, давање на овластувања за 20 доктори и професори кои се ментори и едукатори за нов кадар за гинекологија, педијатрија, психијатрија, општа хирургија, семејна медицина, интерна медицина. Во следниот период продолжуваме со инвестиции за унапредување на здравствената заштита на сите нивоа, додаде Сали. Директорот на болницата Амир Елези рече дека со министерот ги детектирале најслабите точки во институцијата и заедно се нафатиле да обезбедат соодветна апаратура за услугите, кои ги користат над 200 илјади луѓе од поширокиот полошки регион. -Со детална анализа дојдовме до заклучок дека оваа апаратура ни е неопходна за да функционираме како клинички центар. Ќе биде огромен зафат за нас, на општо задоволство на нашите лекари кои ќе се служат со оваа апаратура и на бенефит на сите пациенти коишто доаѓаат во нашата болница за услуги. Кога дојдовме да менаџирме со оваа болница и Министерството за здравство, бевме во една фаза кога имаше огромен недостиг на апаратура и тие апарати што ги имавме беа застарени и требаше да се поделат на две амбуланти. Некоја амбуланта користеше претпладне, некоја попладне, со поделени термини. Сето тоа значеше голема огромна листа за чекање кај пациентите и работа на докторите со застарени апарати, истакна Елези. Тој рече дека во болницата има реконструкција на амбуланти во Интерното одделение, каде што ќе бидат дел од овие апарати. -Нашите доктори ќе имаат реконструирани, реновирани амбуланти, нова апаратура и нашите пациенти ќе имаат огромна придобивка со тоа што ќе има повеќе слободни термини во најкраток можен рок, ќе се детектираат болестите и ќе се оди на лекување на истите. Како Клиничка болница, во план за оваа година ни е реновирање и адаптација на паркинг просторот во нашата болница и заедно со ставање во функција на Ургентниот центар, и тоа оди во прилог, верувам дека ќе бидеме во тек со времето и со сите процедури кои се во регионот и со светот. Имаме одличен кадар од доктори и специјалисти, сега со новата опрема, верувам дека ќе бидеме во можност да даваме квалитетни услуги, истакна директорот. Доктор Асим Изаири, началник на Одделението за уролошка хирургија, посочи дека уште од поодамна имало потреба за ултрасонограф, кој како базична процедура ќе овозможи да ги задоволи потребите на дијагностицирањето на уролошки заболувања. -Поточно, да се додаде и можност да се направи и биопсија на простата, која исто така е болест што е многу присутна во нашиот регион, а воедно да ги задоволи потребите за дијагностицирање на калкулозата како ендемска болест во нашето подрачје, истакна Изаири. Медицинската опрема е набавена преку Светска банка.  

The post Клиничката болница во Тетово доби медицинска опрема набавена преку Светска банка appeared first on Република.

]]>
Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/donator-na-dui-za-svojata-bolnica-vo-kosovo-kupil-medicinska-oprema-ukradena-od-makedonija/ Wed, 23 Nov 2022 15:23:54 +0000 https://republika.mk/?p=577418

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово.

Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра.

Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.

По одземање на апаратот и потребните полициски постапки, во координација со државниот обвинител е инициран предмет против осомничениот Д.Ш, 47 годишен маж за купување набавка, прифаќање или прикривање на предмети прибавени со сторено кривично дело, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Косовските медиуми јавија дека станува збор за медицинска опрема вредна 45 илјади евра, а бизнисменот Шуки истата ја купил за 10 илјади евра. Не наведуваат за каква опрема станува збор и кои се останатите осомничени. Дел од косовските медиуми јавија дека во случајот е вклучен и Интерпол.

The post Донатор на ДУИ за својата болница во Косово купил медицинска опрема украдена од Македонија appeared first on Република.

]]>

Kосовската и македонската полиција истражуваат како украдена медицинска опрема од болниците во Македонија завршила во рацете на скопскиот бизнисмен Дритон Шуки за потребите на неговата приватна болница во Косово. Како што пренесува „Радио слободна Европа“, Шуки, кој меѓудругото е сопственик на поликлиниката „Авицена КС“ во Приштина, во декември 2019 година станал член на Централниот одбор на ДУИ, година кога бил и најдарежливиот донатор на партијата. Според листата на донатори кои ДУИ ја испратила на адресата на Државниот завод за ревизија, на контото на партијата Шуки уплатил околу 2 милиони денари или 32 илјади евра. Како што објави косовската полиција на 17 ноември, бил сослушан и е осомничен дека направил кривично дело со купување на медицински апарат кој се сомничи дека е украден во Скопје.