Медена ноќ Archives - Република https://republika.mk/tema/medena-nok/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 11:56:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Медена ноќ Archives - Република https://republika.mk/tema/medena-nok/ 32 32 Со проекција на „Медена ноќ“ на Иво Трајков завршува јулската филмска програма во Кинотека https://republika.mk/scena/film/so-proektsija-na-medena-nok-na-ivo-trajkov-zavrshuva-julskata-filmska-programa-vo-kinoteka/ Sat, 27 Jul 2024 12:59:53 +0000 https://republika.mk/?p=800760

На 30 јули (ВТОРНИК) во 20:30 часот и на 31 јули (СРЕДА) 20:30 часот ќе се одржат проекции на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков.

Во јулската програма Кинотеката во фокус го стави македонскиот филм и прикажа остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.

Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи, велат оттаму.

МЕДЕНА НОЌ

(Honey Night)

Игран филм, Македонија

2015,  89 мин., колор, ДЦП

Режија: Иво Трајков

Сценарио: Иво Трајков

Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска

 

https://www.youtube.com/watch?v=S5Rwjs9wmjY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE

 

Скопје, рани 1990-ти години, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10-годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик-министер, и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш-бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници.

Тие се свесни дека нивниот дом е прислушуван и точно знаат во кои простории се инсталирани уреди за прислушување. Ана, разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола, пак, обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани уреди за прислушување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но…

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

The post Со проекција на „Медена ноќ“ на Иво Трајков завршува јулската филмска програма во Кинотека appeared first on Република.

]]>

На 30 јули (ВТОРНИК) во 20:30 часот и на 31 јули (СРЕДА) 20:30 часот ќе се одржат проекции на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков. Во јулската програма Кинотеката во фокус го стави македонскиот филм и прикажа остварувања од нашата национална кинематографија, со постар, но и со понов датум на реализација.
Токму оваа месечна понуда на КИНОТЕКА покажува дека нашата кинематографија и тоа како има значајни дела, наслови кои предизвикуваат своевиден земјотрес, на емоции, на впечатоци. Пред сè, тие претставуваат извор на инспирација за помладите, а благопријатен флешбек за постарите кино-проследувачи, велат оттаму.
МЕДЕНА НОЌ (Honey Night) Игран филм, Македонија 2015,  89 мин., колор, ДЦП Режија: Иво Трајков Сценарио: Иво Трајков Улоги: Никола Ристановски, Верица Недеска   https://www.youtube.com/watch?v=S5Rwjs9wmjY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkinoteka.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE   Скопје, рани 1990-ти години, прослава на Национален празник на од неодамна формираната независна држава Република Македонија, истовремено и 10-годишнина од бракот помеѓу Никола, заменик-министер, и неговата сопруга Ана. Приказната започнува со нивното враќање дома од приемот кај Премиерот. Во текот на линеарното дејствие кое се одвива во една ноќ во која кулминира мрачната криза на главните протагонисти, проследуваме флеш-бек секвенци од приемот кои ја следат втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство поради кој се уапсени министерот и неколку негови соработници. Тие се свесни дека нивниот дом е прислушуван и точно знаат во кои простории се инсталирани уреди за прислушување. Ана, разочарана дека Никола заборавил на нивната годишнина, започнува расправија. Никола, пак, обземен од стравот поради апсењата и дека и него го очекува истата судбина, упорно се обидува да го пронајде извештајот за приватизација на едно државно претпријатие, кој самиот го изготвил, а е причина за скандалот. Негова главна цел и преокупација е да го уништи извештајот и сите останати докази кои ги чува во својот дом, а кои го поврзуваат со случајот. На врвот на нивната расправија, тајната полиција се појавува во нивниот дом… По нивното заминување, Ана и Никола откриваат дека насекаде во куќата се инсталирани уреди за прислушување, дури и на места каде што сметале дека ги нема. Во новонастанатата ситуација, Ана заборава на својот гнев и е обземена од страв за судбината на својот сопруг. Тие повеќе не се расправаат. По долгата исцрпувачка ноќ, Никола решава да се помири со својата судбина и да го чека утрото. Но…   Возрасна категорија: 16 години Влезница: 150 денари

The post Со проекција на „Медена ноќ“ на Иво Трајков завршува јулската филмска програма во Кинотека appeared first on Република.

]]>