медал Archives - Република https://republika.mk/tema/medal/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 09:46:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png медал Archives - Република https://republika.mk/tema/medal/ 32 32 Милена Ангелова од Делчево со два медали на Светската олимпијада по геонауки https://republika.mk/vesti/makedonija/milena-angelova-od-delchevo-so-dva-medali-na-svetskata-olimpijada-po-geonauki/ Sun, 18 Aug 2024 09:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=807648

Средношколката Милена Ангелова од Делчево освои два бронзени медали на Светската олимпијада по геонауки IESO, 2024 која се одржа во главниот град на НР Кина, Пекинг. Информацијата ја соопштија од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од Делчево кои на својата ученичка и нејзиниот ментор им посакаа уште поголеми дострели во иднина.

Честитки за нашата ученичка Милена Ангелова која освои два бронзени медали на Меѓународна олимпијада по геонауки. Имаме со што да се гордееме, ти посакуваме уште многу успеси и успешни приказни во иднина и достоинствено претставување на училиштето, општината и државата. Честитки до професорите ментори од ПМФ и професорката по географија Анета Николова, се вели во објавата на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“.

Македонското географско друштво претходно објави дека на Светската олимпијада по геонауки IESO, 2024. македонскиот тим има неколку добитници.

-Медали освоија: Ивана Атанасоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, општина Прилеп, Милена Ангелова од СОУ „Методија Митевски Брицо“, општина Делчево, Михаела Павловска од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ , град Скопје и Атанас Ташкоски, СОУ „Наум Наумовски Борче“, општина Крушево. Благодарност за менторите за максималната посветеност и ангажираност во процесот на подготовка но и придружување на учениците: проф. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, проф. д-р Свемир Горин, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, истакнаа од Македонското географско друштво упатувајќи голема благодарност и до спонзорот Бучим од Радовиш, кои финансиски го помогнаа учеството на олимпискиот тим во Пекинг.

The post Милена Ангелова од Делчево со два медали на Светската олимпијада по геонауки appeared first on Република.

]]>

Средношколката Милена Ангелова од Делчево освои два бронзени медали на Светската олимпијада по геонауки IESO, 2024 која се одржа во главниот град на НР Кина, Пекинг. Информацијата ја соопштија од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од Делчево кои на својата ученичка и нејзиниот ментор им посакаа уште поголеми дострели во иднина. Честитки за нашата ученичка Милена Ангелова која освои два бронзени медали на Меѓународна олимпијада по геонауки. Имаме со што да се гордееме, ти посакуваме уште многу успеси и успешни приказни во иднина и достоинствено претставување на училиштето, општината и државата. Честитки до професорите ментори од ПМФ и професорката по географија Анета Николова, се вели во објавата на Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“. Македонското географско друштво претходно објави дека на Светската олимпијада по геонауки IESO, 2024. македонскиот тим има неколку добитници. -Медали освоија: Ивана Атанасоска од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, општина Прилеп, Милена Ангелова од СОУ „Методија Митевски Брицо“, општина Делчево, Михаела Павловска од СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин“ , град Скопје и Атанас Ташкоски, СОУ „Наум Наумовски Борче“, општина Крушево. Благодарност за менторите за максималната посветеност и ангажираност во процесот на подготовка но и придружување на учениците: проф. д-р Ивица Милевски, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, проф. д-р Свемир Горин, Институт за географија, Природно-математички факултет, Скопје, истакнаа од Македонското географско друштво упатувајќи голема благодарност и до спонзорот Бучим од Радовиш, кои финансиски го помогнаа учеството на олимпискиот тим во Пекинг.

The post Милена Ангелова од Делчево со два медали на Светската олимпијада по геонауки appeared first on Република.

]]>
„Фушерајски“ изработени: Медалите почнаа да се распаѓаат https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/fusherajski-izraboteni-medalite-pochnaa-da-se-raspagaat/ Thu, 15 Aug 2024 13:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=806929

Mедалите кои ги добија спортистите почнаа да се распаѓаат.Еден од освојувачите на Инстаграм објави видео од медалот дека е лошо изработен.

МОК воведе норма според која шест грама чисто злато влегуваат во златниот медал на Олимписките игри. Останатите 523 грама употребени за златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5 проценти.

 

The post „Фушерајски“ изработени: Медалите почнаа да се распаѓаат appeared first on Република.

]]>

Mедалите кои ги добија спортистите почнаа да се распаѓаат.Еден од освојувачите на Инстаграм објави видео од медалот дека е лошо изработен. МОК воведе норма според која шест грама чисто злато влегуваат во златниот медал на Олимписките игри. Останатите 523 грама употребени за златниот медал се од сребро со минимална чистота од 92,5 проценти.
 

The post „Фушерајски“ изработени: Медалите почнаа да се распаѓаат appeared first on Република.

]]>
Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-ordenot-shto-dedoto-na-zelenski-go-dobil-od-tsrvenata-armija-za-borba-protiv-natsistite/ Mon, 25 Mar 2024 20:00:30 +0000 https://republika.mk/?p=749016

На социјалните мрежи е објавена фотографија од медалот на дедото на сегашниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, за заслуги како војник на Црвената армија во борбите против нацистите во Втората светска војна.

Во дипломата пишува дека на 22 февруари 1944 година е издадена наредба за одликување на помладиот поручник Семјон Иванович Зеленски со Орден Црвена звезда за храброст покажана во борбата против германските нацисти.

На тој ден, Црвената армија го ослободи градот Кривој Рог, родниот град на Володимир Зеленски, кој е внук на одликуван херој на Црвената армија.

За разлика од својот дедо, Володимир Зеленски и неговата власт се обидуваат да го избришат секој спомен на Црвената армија од Украина, со отстранување на спомениците на нејзините команданти и херои и менување на имињата на улиците именувани во нивна чест. Затоа, пак, за возврат, на секој чекор се слават луѓе коишто во Втората светска војна се бореа рамо до рамо и во рамки на нацистичките сили против истата таа Црвена армија.

The post Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи е објавена фотографија од медалот на дедото на сегашниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, за заслуги како војник на Црвената армија во борбите против нацистите во Втората светска војна. Во дипломата пишува дека на 22 февруари 1944 година е издадена наредба за одликување на помладиот поручник Семјон Иванович Зеленски со Орден Црвена звезда за храброст покажана во борбата против германските нацисти. На тој ден, Црвената армија го ослободи градот Кривој Рог, родниот град на Володимир Зеленски, кој е внук на одликуван херој на Црвената армија. За разлика од својот дедо, Володимир Зеленски и неговата власт се обидуваат да го избришат секој спомен на Црвената армија од Украина, со отстранување на спомениците на нејзините команданти и херои и менување на имињата на улиците именувани во нивна чест. Затоа, пак, за возврат, на секој чекор се слават луѓе коишто во Втората светска војна се бореа рамо до рамо и во рамки на нацистичките сили против истата таа Црвена армија.

The post Ова е орденот што дедото на Зеленски го добил од Црвената армија за борба против нацистите appeared first on Република.

]]>
Дејан Георгиевски освои сребро на Европските игри во Краков https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dejan-georgievski-osvoi-srebro-na-evropskite-igri-vo-krakov/ Mon, 26 Jun 2023 19:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=655480

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Европските игри во Краков, Полска. Овој медал е прв за Македонија на Европските игри.

Во финалето над 83 килограми Георгиевски загуби со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.

Георгиевски во првата беше подобар од Италијанецот, Матија Молин со 2:0, а потоа во четвртфиналето стигна до уште една заслужена победа против Украинецот Андри Харбар со 2:1.

 

The post Дејан Георгиевски освои сребро на Европските игри во Краков appeared first on Република.

]]>

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Европските игри во Краков, Полска. Овој медал е прв за Македонија на Европските игри. Во финалето над 83 килограми Георгиевски загуби со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем. Георгиевски во првата беше подобар од Италијанецот, Матија Молин со 2:0, а потоа во четвртфиналето стигна до уште една заслужена победа против Украинецот Андри Харбар со 2:1.  

The post Дејан Георгиевски освои сребро на Европските игри во Краков appeared first on Република.

]]>
Македонски таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори за европско злато https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/makedonski-taekvondist-dejan-georgievski-ke-se-bori-za-evropsko-zlato/ Mon, 26 Jun 2023 16:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=655404

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски ќе се бори за медал на Европските игри во Краков, Полска откако во полуфиналето славеше против Шпанецот Иван Гарсија Мартинез со 2-0.

Македонецот кој на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молин со 2-0 и Украинецот Андри Харбар од 2-1, беше подобриот противник против Шпанецот добивајќи ја првата рунда со 4-2 и втората со 8-3.

Во финалето Георгиевски за противник ќе го има Британецот Луис Канингхем.

The post Македонски таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори за европско злато appeared first on Република.

]]>

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски ќе се бори за медал на Европските игри во Краков, Полска откако во полуфиналето славеше против Шпанецот Иван Гарсија Мартинез со 2-0. Македонецот кој на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молин со 2-0 и Украинецот Андри Харбар од 2-1, беше подобриот противник против Шпанецот добивајќи ја првата рунда со 4-2 и втората со 8-3. Во финалето Георгиевски за противник ќе го има Британецот Луис Канингхем.

The post Македонски таеквондист Дејан Георгиевски ќе се бори за европско злато appeared first on Република.

]]>
Бронзен медал за Марио Мицковски на специјалната олимпијада во Берлин https://republika.mk/sport/bronzen-medal-za-mario-mitskovski-na-spetsijalnata-olimpijada-vo-berlin/ Sun, 25 Jun 2023 16:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=654985

Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.

Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Македонија на својата фејсбук страна.

Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.

The post Бронзен медал за Марио Мицковски на специјалната олимпијада во Берлин appeared first on Република.

]]>

Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.
Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Македонија на својата фејсбук страна.
Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.

The post Бронзен медал за Марио Мицковски на специјалната олимпијада во Берлин appeared first on Република.

]]>
На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! https://republika.mk/zivot/kariera/na-40-balkanskata-matematichka-olimpijada-makedonija-osvoi-rekordni-shest-medali/ Fri, 12 May 2023 13:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=640186

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија.

Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал.

Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.

Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, велат од тимот и додаваат дека во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе ги споделат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски-Цане.

The post На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! appeared first on Република.

]]>

На јубилејната, 40. Балканска математичка олимпијада, која што се одржа во Анталија, Турција, Македонија оствари нов рекорд. Првпат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали, соопшти Сојузот на математичари на Македонија. Златниот медал освои Никола Спировски, Дамјан Давков освои сребро, а бронзените медали им припаднаа на Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски. Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 година беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5. место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал. Уште една радосна вест е што една од задачите кои сите учесници ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот Никола Велов.
Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на Анастасија Трајанова, Илија Јовчески и претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари проф. д-р Мирко Петрушевски, кои заедно со нас учествуваа во подготовките на тимот. На крај неизоставно им искажуваме благодарност на спонзорите Виктор Симјаноски, Бојан Јовески, Предраг Груевски, Бобо Станковиќ, Бојан Серафимов, Валентин Ѓорѓиоски, Тодор Ристов и Стојан Трајановски кои во целост го покрија финансискиот дел за подготовките, велат од тимот и додаваат дека во наредните денови на веб страната на СММ со сите ученици кои ја сакаат математиката ќе ги споделат материјалите од подготвителните часови кои ги посетуваа одбрани ученици во склоп на Олимписката школа Александар Блажевски-Цане.

The post На 40. Балканската математичка олимпијада Македонија освои рекордни шест медали! appeared first on Република.

]]>
Симонида Филипова Китановска го доби златниот медал на VI Каудете меѓународно биенале за акварел https://republika.mk/vesti/kultura/simonida-filipova-kitanovska-go-dobi-zlatniot-medal-na-vi-kaudete-megjunarodno-bienale-za-akvarel/ Wed, 02 Nov 2022 13:55:46 +0000 https://republika.mk/?p=568841

Македонската уметница Симонида Филипова Китановска со својата слика „Бикот и неговата душа“ го доби златниот медал на VI меѓународно биенале на нови техники, концепти и случувања во акварел и акварел книги на Каудете 2022.

Манастирот Сан Хозе беше местото избран за отворање на годинешново издание на важниот културен настан на 28 октомври, кое ќе трае три недели.

По отворањето се одржа церемонијата на доделување награди, од кои златниот медал го доби Филипова Китановска за сликата „Бикот и неговата душа“.

Сребрениот медал го доби сликата „Аватарот на човекот од Лаурикока“ на Шпанецот Хозе Мигел Колантес Депаз, а бронзениот „VIII од серијата „Фолксваген 45“, на Полјакот Павел Гладков.

 

The post Симонида Филипова Китановска го доби златниот медал на VI Каудете меѓународно биенале за акварел appeared first on Република.

]]>

Македонската уметница Симонида Филипова Китановска со својата слика „Бикот и неговата душа“ го доби златниот медал на VI меѓународно биенале на нови техники, концепти и случувања во акварел и акварел книги на Каудете 2022. Манастирот Сан Хозе беше местото избран за отворање на годинешново издание на важниот културен настан на 28 октомври, кое ќе трае три недели. По отворањето се одржа церемонијата на доделување награди, од кои златниот медал го доби Филипова Китановска за сликата „Бикот и неговата душа“. Сребрениот медал го доби сликата „Аватарот на човекот од Лаурикока“ на Шпанецот Хозе Мигел Колантес Депаз, а бронзениот „VIII од серијата „Фолксваген 45“, на Полјакот Павел Гладков.  

The post Симонида Филипова Китановска го доби златниот медал на VI Каудете меѓународно биенале за акварел appeared first on Република.

]]>
Oвој медал од првата Олимпијада во Атина може да чини богатство https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ovoj-medal-od-prvata-olimpijada-vo-atina-moze-da-chini-bogatstvo/ Wed, 24 Aug 2022 12:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=543687

Бронзен медал доделен првите модерни Олимписки игри, кои се одржаа во Атина во 1896 година, ќе биде ставен на аукција.

Медалот се пренесувал од генерација на генерација додека сопственичката не го пронашла додека ја чистела нејзината куќа во Шропшир (Велика Британија).

фото: Фејсбук

На Игрите во 1896 година, медалот му беше доделен на лицето кое го освои второто место. Современиот систем со злато, сребро и бронза се појави во 1904 година. Кој го освои точно медалот е непознато.

Медалот е со дијаметар од два инчи. На аверсот е претставен богот Зевс, а на задната страна има натпис на грчки јазик „први меѓународни олимписки игри, Атина-1896 година“.

Специјалистите на аукциската куќа „Mullock’s Auctioneers“ го процениле предметот во износ од 20 до 25 илјади фунти

The post Oвој медал од првата Олимпијада во Атина може да чини богатство appeared first on Република.

]]>

Бронзен медал доделен првите модерни Олимписки игри, кои се одржаа во Атина во 1896 година, ќе биде ставен на аукција. Медалот се пренесувал од генерација на генерација додека сопственичката не го пронашла додека ја чистела нејзината куќа во Шропшир (Велика Британија).
фото: Фејсбук
На Игрите во 1896 година, медалот му беше доделен на лицето кое го освои второто место. Современиот систем со злато, сребро и бронза се појави во 1904 година. Кој го освои точно медалот е непознато. Медалот е со дијаметар од два инчи. На аверсот е претставен богот Зевс, а на задната страна има натпис на грчки јазик „први меѓународни олимписки игри, Атина-1896 година“. Специјалистите на аукциската куќа „Mullock’s Auctioneers“ го процениле предметот во износ од 20 до 25 илјади фунти

The post Oвој медал од првата Олимпијада во Атина може да чини богатство appeared first on Република.

]]>