мечки Archives - Република https://republika.mk/tema/mechki/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Dec 2023 16:01:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мечки Archives - Република https://republika.mk/tema/mechki/ 32 32 Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/debarskite-lovdhii-postavija-120-drveni-hranitelki-za-prihrana-na-mechki/ Sun, 03 Dec 2023 16:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=718987

Членови на дебарското здружението на ловци „Стогово-2“, во кое членуваат и оние од Центар Жупа, успешно реализираа акција за прихранување на мечки и друг дивеч.

Во изминатите два дена ја спроведовме првата акција за прихранување, која всушност е прва и на ниво на држава. Поставивме 120 дрвени хранителки со храна на локации во планинските предели. Станува збор за илјада килограми пченка, истото околку пченица, 200 килограми сол, 22 солени камења, 300 килограми јаболка, информираше за МИА, Роланд Војника претседател на здружението.

Посочува дека ова не би било можно доколку ја немале поддршката од локалната власт на Дебар, од каде ги добиле финансиските средства.

Одлука за преземање на ваква активност била донесена на седница на Управниот одбор на здружението, по расправата за тешката ситуација поради голем и неконтролиран број на мечки, но и диви свињи, кои претставуваат ризик за населението на Дебар и Центар Жупа.

Се знае дека е голема присутноста на мечки, појава до сега не регистрирана во ова подрачје, а што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението. За среќа до сега нема регистриран напад. Недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места, оценува Војника.

Тој со критики до концесионерите, кои, вели, не вршат прихранување, па дивечот по потрага по храна се доближува до населените места, што дополнително им ја зголемува и агресивноста.

Војника најавува и други вакви акции за што веќе преземаат чекори за обезбедување средства за набавка на храна.

Инаку, акцијата беше планирана за минатиот викенд, но беше одложена поради невремето што го зафати подрачјето.

The post Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки appeared first on Република.

]]>

Членови на дебарското здружението на ловци „Стогово-2“, во кое членуваат и оние од Центар Жупа, успешно реализираа акција за прихранување на мечки и друг дивеч.
Во изминатите два дена ја спроведовме првата акција за прихранување, која всушност е прва и на ниво на држава. Поставивме 120 дрвени хранителки со храна на локации во планинските предели. Станува збор за илјада килограми пченка, истото околку пченица, 200 килограми сол, 22 солени камења, 300 килограми јаболка, информираше за МИА, Роланд Војника претседател на здружението.
Посочува дека ова не би било можно доколку ја немале поддршката од локалната власт на Дебар, од каде ги добиле финансиските средства. Одлука за преземање на ваква активност била донесена на седница на Управниот одбор на здружението, по расправата за тешката ситуација поради голем и неконтролиран број на мечки, но и диви свињи, кои претставуваат ризик за населението на Дебар и Центар Жупа.
Се знае дека е голема присутноста на мечки, појава до сега не регистрирана во ова подрачје, а што оправдано предизвикува голема загриженост кај населението. За среќа до сега нема регистриран напад. Недостигот на храна за дивите животни, е причина за нивно доближување до населените места, оценува Војника.
Тој со критики до концесионерите, кои, вели, не вршат прихранување, па дивечот по потрага по храна се доближува до населените места, што дополнително им ја зголемува и агресивноста. Војника најавува и други вакви акции за што веќе преземаат чекори за обезбедување средства за набавка на храна. Инаку, акцијата беше планирана за минатиот викенд, но беше одложена поради невремето што го зафати подрачјето.

The post Дебарските ловџии поставија 120 дрвени хранителки за прихрана на мечки appeared first on Република.

]]>
Владата побара: Надлежните во рок од 3 месеци да достават локации за дислоцирање на кафеавите мечки https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-pobara-nadlezhnite-vo-rok-od-3-mesetsi-da-dostavat-lokatsii-za-dislotsirane-na-kafeavite-mechki/ Tue, 17 Oct 2023 17:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=692236

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Со денешната владина одлука Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од три месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.

Владата на денешната 193-та седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија - велат од Владата.

Последниот месец жителите во западна Македонија се соочуваат со мечки кои се симнуваат во населените места барајќи храна.

The post Владата побара: Надлежните во рок од 3 месеци да достават локации за дислоцирање на кафеавите мечки appeared first on Република.

Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани https://republika.mk/vesti/svet/vladata-odluchi-mechkite-od-mavrovo-da-se-uspivaat-i-dislotsiraat-namesto-da-bidat-ubivani/ Thu, 05 Oct 2023 19:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=687635

Владата го разгледала Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.

Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. Односно, во најкраток рок да бидат отстранети  сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.

За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта, се вели во соопштението.

Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.

Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење.

Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот, се вели во соопштението.

The post Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани appeared first on Република.

]]>

Владата го разгледала Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.
Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. Односно, во најкраток рок да бидат отстранети  сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.   За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта, се вели во соопштението.
Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.
Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење.   Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот, се вели во соопштението.

The post Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани appeared first on Република.

]]>
Стојанче бркаше пак мечки, овојпат мајка со мечиња! https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-brkashe-pak-mechki-ovojpat-majka-so-mechina/ Thu, 05 Oct 2023 08:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=688069

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повторно објави видео со мечки. Снимката е направена на патот од Маврови Анови кон Дебар.

Синоќа за малку ќе настрадаа мечка со две мечиња додека се движеа по магистралниот пат од Маврови Анови кон Дебар. Нештата изгледаат поинаку додека ги гледаме од безбедно на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледале сосем поинаку. Барем така тврдат жителите на овие села, а јас немам причина да не се согласам со нив, напиша Ангелов под снимката.

The post Стојанче бркаше пак мечки, овојпат мајка со мечиња! appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов повторно објави видео со мечки. Снимката е направена на патот од Маврови Анови кон Дебар. Синоќа за малку ќе настрадаа мечка со две мечиња додека се движеа по магистралниот пат од Маврови Анови кон Дебар. Нештата изгледаат поинаку додека ги гледаме од безбедно на нашиот мобилен телефон. Блиските средби изгледале сосем поинаку. Барем така тврдат жителите на овие села, а јас немам причина да не се согласам со нив, напиша Ангелов под снимката.

The post Стојанче бркаше пак мечки, овојпат мајка со мечиња! appeared first on Република.

]]>
Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelov-brka-mechka-vo-zhirovnitsa/ Wed, 04 Oct 2023 08:55:42 +0000 https://republika.mk/?p=687763

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, објави видео како брка мечка во селото Ќировница, каде што локалните жители се под постојан страв во последно време од наездата на овие животни.

Вечерва низ тесните улички на с. Жировница...Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон, напиша Ангелов кој воедно информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места.

The post Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница appeared first on Република.

]]>

Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи, објави видео како брка мечка во селото Ќировница, каде што локалните жители се под постојан страв во последно време од наездата на овие животни. Вечерва низ тесните улички на с. Жировница...Проблемите и опасностите секогаш изгледаат поедноставно кога се гледаат од безбедна далечина на ТВ, лаптоп или мобилен телефон, напиша Ангелов кој воедно информираше за владината одлука да не се намалува бројноста на кафеавата мечка, туку да се дислоцира во ненаселени места.

The post Стојанче Ангелов брка мечка во Жировница appeared first on Република.

]]>
Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел https://republika.mk/vesti/makedonija/anima-mundi-reshavaneto-na-problemot-so-kafeavata-mechka-da-ne-vkluchuva-otstrel/ Sat, 30 Sep 2023 09:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=686560

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките во Националниот парк Маврово кои во потрага по храна талкаат по населени места и претураат по кантите за отпадоци и дивите депонии.

Оттаму велат дека отстрел, убиство на диви животни не смее да биде предлог за решавање на овој проблем.

- Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем, наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест, велат од Анима Мунди.

Тие појаснуваат дека мечките како заштитен вид насекаде низ светот и важен дел од екосистемот.

- Мечката е важен и витален дел од националните паркови таканаречен инжењер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии, велат оттаму.

Порачуваат надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем и да се консултираат со експерти на оваа тема за да најдат безболно решение кое не вклучува смрт.

Последниот период во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка која кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година.

Регионалниот центар за управување со Кризи информираше дека општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, Министерството за внатрешни работи како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше.

Седница на групата за процена каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба е закажана за в понеделник.

The post Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел appeared first on Република.

]]>

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ апелира до институциите да пристапат со сериозност кон решавање на проблемот со мечките во Националниот парк Маврово кои во потрага по храна талкаат по населени места и претураат по кантите за отпадоци и дивите депонии. Оттаму велат дека отстрел, убиство на диви животни не смее да биде предлог за решавање на овој проблем. - Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем, наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест, велат од Анима Мунди. Тие појаснуваат дека мечките како заштитен вид насекаде низ светот и важен дел од екосистемот. - Мечката е важен и витален дел од националните паркови таканаречен инжењер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии, велат оттаму. Порачуваат надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем и да се консултираат со експерти на оваа тема за да најдат безболно решение кое не вклучува смрт. Последниот период во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка која кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година. Регионалниот центар за управување со Кризи информираше дека општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, Министерството за внатрешни работи како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Седница на групата за процена каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба е закажана за в понеделник.

The post Анима Мунди: Решавањето на проблемот со кафеавата мечка да не вклучува отстрел appeared first on Република.

]]>
Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ubieni-se-mechka-i-dve-mali-mechina-vo-selo-zhirovnitsa/ Wed, 30 Aug 2023 13:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=677271

Во село Жировница, Општина Маврово – Ростуше, денеска се убиени мечка и две мали мечиња, соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Денеска бевме запрепастени дека во село Жировница се убиени мечка и две мечиња. По пријава на националниот парк Маврово, Државниот инспекторат за животна средина пристапи на лице место, изјави Стојковски, кој на прес-конференција претстави извептај за работата на Инспекторатот за периодот јануари-јуни годинава.

Мечките во земјава се заштитени уште од 1996 година, а според Законот за ловство од 2009 година нивниот лов е трајно забранет.

The post Убиени се мечка и две мали мечиња во село Жировница appeared first on Република.

Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mechki-unishtile-okolu-200-pchelni-sandatsi-vo-debarsko/ Sun, 06 Aug 2023 15:49:42 +0000 https://republika.mk/?p=669273

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.

Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек.

Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“  главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници.

На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

The post Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско appeared first on Република.

]]>

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.
Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек. Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“  главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници. На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

The post Mечки уништиле околу 200 пчелни сандаци во Дебарско appeared first on Република.

]]>
Галичани мака мачат со мечките, надлежните молчат https://republika.mk/vesti/makedonija/galichani-maka-machat-so-mechkite-nadlezhnite-molchat/ Thu, 27 Jul 2023 08:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=665774

Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност.

Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.

„Ве информираме дека со пристуството на мечки во Галичник е загрижувачка, а веќе станува збор за неколку „семејства“ со мали мечиња. Галичник особено живее за време на летните месеци, каде што присутни се и повеќе дечиња, но поради појавата на мечки, жителите стравуваат за нивната безбедност, па движењето низ селото, но и во околината, па поради тоа апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението“, пишува во дописот.

Во дописот посочуваат дека секоја година проблемот е се поголем, мечките се шетаат со своите мечиња.

Мечките се веќе толку одомаќинети, се пресретнуваме на арфалт, ни се појавуваат наутро во двор и слободно шетаат неколку семејства со мали мечиња. Ги превртуваат контејнерите, ѓубре има насекаде – велат жителите на селото.

Тие потенцираат дека има страв кај населението и бараат во најбрз можен рок да се преземат мерки и активности, но никако не бараат дозвола за отстрел и инсистираат то да биде последна опција за решавање на проблемот.

The post Галичани мака мачат со мечките, надлежните молчат appeared first on Република.

]]>

Жителите на Галичник веќе со години имаат секојдневни средби со мечки, за кои како што велат, нивниот број постојано се зголемува и поради тоа се загрижени за својата безбедност. Оттаму информираат дека повеќе пати официјално побарале помош од Министерството за животна средина и до Државниот инспекторат за ловство преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот.