МД „Илинден“ Archives - Република https://republika.mk/tema/md-ilinden/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 08:31:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МД „Илинден“ Archives - Република https://republika.mk/tema/md-ilinden/ 32 32 Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување https://republika.mk/vesti/deklaratsija-na-md-ilinden-protiv-popisnite-rezultati-vo-albanija-i-povik-za-semakedonsko-obedinuvane/ Wed, 10 Jul 2024 08:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=795208

Македонско друштво „Илинден“-Тирана утврди Декларација против резултати од пописот во Албанија спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во одделни делови продолжен до 16 ноември 2023 година.

Во декларацијата стои дека друштвото ги отфрла прелиминарните пописни резултати поради „фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија, пред и за време на пописот".

Во Албанија „етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден „Бугарин” на целата територија на Албанија. Исто така најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија, се наведува во декларацијата.

Се посочува дека и покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија, во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, ништо не е сторено.

Изразуваме жалење и разочараност поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што албанската Влада не презеде мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, стои во декларацијата.

Друштвото ќе и предложи на Федералната унија на европските националисти (ФУЕН), каде е постојана членка, со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности.

Исто така се посочува фактот дека Македонците и другите национални малцинства во Албанија, не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ, заради „елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства".

Ги повикуваме на обединување и единство сите македонски здруженија и партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во „Бугари“ од страна на Владата во Софија, повикува друштвото.

Декларацијата, ќе биде доставена до албанскиот Парламент, Владата, претседателот на државата, Државниот институт за статистика и Народниот правобранител, до македонскиот претседател, Собранието и Владата, како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, ФУЕН и странските амбасади акредитирани во Албанија.

Декларацијата е потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на ограноците за Голо Брдо, Фатри Фетаху, за Округот Елбасан, Елса Џелили, како и генералниот координатор друштво за татковината Македонија, Ламбе Шатровски, додаваат од Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

The post Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден“-Тирана утврди Декларација против резултати од пописот во Албанија спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во одделни делови продолжен до 16 ноември 2023 година. Во декларацијата стои дека друштвото ги отфрла прелиминарните пописни резултати поради „фалсификат на бројот на етничките Македонци, со грубо мешање во внатрешните работи на Албанија од страна на бугарската амбасада во Тирана, Владата во Софија и неколку фондации од Бугарија, пред и за време на пописот".
Во Албанија „етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис не постои макар и еден „Бугарин” на целата територија на Албанија. Исто така најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница, веќе призната во Албанија, се наведува во декларацијата.
Се посочува дека и покрај постојаното алармирање пред јавноста и институцииите на власта на Албанија, во текот на цела година, за очигледните подготовки за пописен фалсификат, ништо не е сторено.
Изразуваме жалење и разочараност поради незаинтересираноста на албанската Влада за грубото мешање на Бугарија во внатрешните работи на Албанија со цел денационализација и асимилација на Македонците во областите и местата каде што живеат. Жалиме што албанската Влада не презеде мерки за заштита на правата и слободите на Македонците во Албанија, стои во декларацијата.
Друштвото ќе и предложи на Федералната унија на европските националисти (ФУЕН), каде е постојана членка, со посебна резолуција да го отфрли пописот во Албанија како груб фалсификат со огромен број на нерегуларности. Исто така се посочува фактот дека Македонците и другите национални малцинства во Албанија, не го прифаќаат пописот од 2023 година и бараат нов попис на населението во согласност со меѓународните стандарди на ООН и ЕУ, заради „елиминација на двојното попишување на населението во Албанија и манипулација со бројките на националните малцинства".
Ги повикуваме на обединување и единство сите македонски здруженија и партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, заради одбрана на идентитетот на Македонците, против обидите за денационализација и асимилација на Македонците во „Бугари“ од страна на Владата во Софија, повикува друштвото.
Декларацијата, ќе биде доставена до албанскиот Парламент, Владата, претседателот на државата, Државниот институт за статистика и Народниот правобранител, до македонскиот претседател, Собранието и Владата, како и до Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, ФУЕН и странските амбасади акредитирани во Албанија.
Декларацијата е потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на ограноците за Голо Брдо, Фатри Фетаху, за Округот Елбасан, Елса Џелили, како и генералниот координатор друштво за татковината Македонија, Ламбе Шатровски, додаваат од Македонско друштво „Илинден“-Тирана.
 
The post Декларација на МД „Илинден” против пописните резултати во Албанија и повик за семакедонско обединување appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден”-Тирана ја честиташе победата на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-tirana-ja-chestitashe-pobedata-na-siljanovska-davkova-i-vmro-dpmne/ Thu, 09 May 2024 09:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=776215

Претседателот на Македонското друштво „Илинден"-Тирана, Никола Ѓурѓај, во свое и во име на друштвото и го честиташе изборот на Гордана Силјановска - Давкова за претседател и победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.

Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија кои гласавте во татковината Македонија, сакам да се заблагодарам на секој еден од Вас за оствареното право на глас и поддршката што ја дадовте. Македонија повторно горда! Победата е историска, стои во објавата на Ѓурѓај.

Тој е меѓу повеќето Македонци од Албанија кои правото на глас на вчерашните двојни избори во остварија во матичната земја и кој непосредно ја честиташе победа.

The post МД „Илинден”-Тирана ја честиташе победата на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонското друштво „Илинден"-Тирана, Никола Ѓурѓај, во свое и во име на друштвото и го честиташе изборот на Гордана Силјановска - Давкова за претседател и победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори. Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.
Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија кои гласавте во татковината Македонија, сакам да се заблагодарам на секој еден од Вас за оствареното право на глас и поддршката што ја дадовте. Македонија повторно горда! Победата е историска, стои во објавата на Ѓурѓај.
Тој е меѓу повеќето Македонци од Албанија кои правото на глас на вчерашните двојни избори во остварија во матичната земја и кој непосредно ја честиташе победа.  

The post МД „Илинден”-Тирана ја честиташе победата на Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ ја бара ветената повеќејазична табла https://republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-ja-bara-vetenata-povekejazichna-tabla/ Thu, 25 Apr 2024 11:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=770939

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

The post МД „Илинден“ ја бара ветената повеќејазична табла appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.
На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.
Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија. Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

The post МД „Илинден“ ја бара ветената повеќејазична табла appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  https://republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-tirana-najostro-ja-osuduva-antimakedonskata-propadna-so-posetata-na-bugarskata-potpretsedatelka-jotova/ Fri, 15 Sep 2023 10:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=682115

Македонско друштво „Илинден” - Тирана синоќа реагираше во врска со најавената посета на бугарската потпретседателка Јотова и „повеќето антимакедонски активности".

- Најостро ја осудуваме антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија, стои во реакцијата.

Се додава дека Програмата на акцијата „Бугари во Албанија“ предвидува отворање на „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев “Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени, Голо Брдо неделно училиште на бугарски јазик.

-На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и цела Република Албанија. Според реакциите на жителите на село Големо Острени и цела област Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, токму бугарските војски за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачење живи ги закопале во близина на реката во село Верница, областа Голо Брдо. Кога се има предвид дека Јотова во Големо Острени училиштето се вика Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства. Ваквата постапка според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори, посочува друштвото.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана како претставник на Македонците од Република Албанија се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо.

Воедно, смета за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесе пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои во неколку наврати беше барано да се произнесе како бугарско.

-Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари! Меѓутоа, ниту тоа јасно декларирање на Македонците во Република Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарија да ја замајува светската јавност дека Македонците во Република Албанија се Бугари, се нагласува во реакцијата.

Понатаму се наведува дека промоцијата на акцијата „Бугари во Албанија“ има за цел да се извртува вистината и македонското население во Република Албанија да се прикаже како бугарско.

-Секако, ваквата акција е потребна за Бугарите да можат пред членките на Европската унија да ги оправдаат своите асимилаторски акции во Република Албанија, кои се апсолутно неприфатливи како однесување за една членка на демократската унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во државата, треба да го зголемат бројот на Бугарите во однос на минатиот попис, на кој немаше ниту еден самодеклариран Бугарин во Република Албанија, додава друштвото во реакцијата.

Оценува дека „Уцената на Бугарите кон албанската Влада се однесуваат на пристапувањето на Република Албанија кон Европската унија, преку грбот на Македонците, во Република Албанија".

-Таквите насилнички делувања на бугарската политичка елита насочени кон асимилација на Македонците во Албанија однапред се осудени на пропаст бидејќи Македонците со присила нема да се пишуваат Бугари. Македонско друштво „Илинден” - Тирана повторува дека етнички Бугари во Република Албанија нема, ниту имало, ниту ќе има, констатира во реакцијата друштвото "Илинден".

На истата потпишани се Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, Фатри Фетаху претседател на огранокот за Голо Брдо и Елса Џелили, Координатор за Округот Елбасан.

The post МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден” - Тирана синоќа реагираше во врска со најавената посета на бугарската потпретседателка Јотова и „повеќето антимакедонски активности".
- Најостро ја осудуваме антимакедонската дводневна посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова на Република Албанија, заедно со бугарски универзитетски професори и академици, во пресрет на пописот на населението во Република Албанија, стои во реакцијата.
Се додава дека Програмата на акцијата „Бугари во Албанија“ предвидува отворање на „неделно училиште на бугарски јазик во Елбасан“, потоа во Тирана промоција на книгата на Спас Тошев “Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени, Голо Брдо неделно училиште на бугарски јазик.
-На ваквите бугарски активности остро реагираат Македонците во Голо Брдо и Елбасан, како и цела Република Албанија. Според реакциите на жителите на село Големо Острени и цела област Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, токму бугарските војски за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачење живи ги закопале во близина на реката во село Верница, областа Голо Брдо. Кога се има предвид дека Јотова во Големо Острени училиштето се вика Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства. Ваквата постапка според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори, посочува друштвото.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана како претставник на Македонците од Република Албанија се солидаризира со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, смета за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесе пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои во неколку наврати беше барано да се произнесе како бугарско.
-Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари! Меѓутоа, ниту тоа јасно декларирање на Македонците во Република Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарија да ја замајува светската јавност дека Македонците во Република Албанија се Бугари, се нагласува во реакцијата.
Понатаму се наведува дека промоцијата на акцијата „Бугари во Албанија“ има за цел да се извртува вистината и македонското население во Република Албанија да се прикаже како бугарско.
-Секако, ваквата акција е потребна за Бугарите да можат пред членките на Европската унија да ги оправдаат своите асимилаторски акции во Република Албанија, кои се апсолутно неприфатливи како однесување за една членка на демократската унија. Од друга страна, ваквата „посета“ на високи бугарски претставници на Република Албанија треба да ги „потсети“ албанските власти дека на претстојниот попис во државата, треба да го зголемат бројот на Бугарите во однос на минатиот попис, на кој немаше ниту еден самодеклариран Бугарин во Република Албанија, додава друштвото во реакцијата.
Оценува дека „Уцената на Бугарите кон албанската Влада се однесуваат на пристапувањето на Република Албанија кон Европската унија, преку грбот на Македонците, во Република Албанија". -Таквите насилнички делувања на бугарската политичка елита насочени кон асимилација на Македонците во Албанија однапред се осудени на пропаст бидејќи Македонците со присила нема да се пишуваат Бугари. Македонско друштво „Илинден” - Тирана повторува дека етнички Бугари во Република Албанија нема, ниту имало, ниту ќе има, констатира во реакцијата друштвото "Илинден". На истата потпишани се Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, Фатри Фетаху претседател на огранокот за Голо Брдо и Елса Џелили, Координатор за Округот Елбасан.

The post МД „Илинден” – Тирана најостро ја осудува антимакедонската пропадна со посетата на бугарската потпретседателка Јотова  appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ достави барање во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик https://republika.mk/vesti/balkan/md-ilinden-dostavi-barane-vo-tirana-za-reaktivirane-na-lektoratot-po-makedonski-jazik/ Fri, 16 Jun 2023 18:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=652221

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана продолжува со иницијативата што ја започна за реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана.

-Денеска доставивме официјално барање до проф. д-р Есмералда Кромида, декан на Факултетот за странски јазици, за реактивирање на лекторатот, кој функционираше до пред десетина години. Меѓу другото во барањето го нагласуваме големо значење за македонското национално малцинство во Република Албанија и во исто време е корисно за албанското општество да се запознае со македонскиот јазик, литература и култура, изјави за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Исто така во документот стои дека  друштвото на 28 ноември минатата  година испратило барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како и до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и директорката, проф. д-р Весна Мојсова - Чепишевска за поддршка и оти веќе е добиен позитивен одговор.

-Наведуваме дека Македонското друштво „Илинден“-Тирана е регистрирано на 6 февруари 2009 година во Судот во Тирана. Неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувување на јазикот и образованието на македонски мајчин јазик. Искрено се надеваме на позитивен одговор, вели Ѓурѓај.

Според него, постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница.

-Постои интерес и од страна на огромен број студенти што студираат на овој факултет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но, битно е да се подвлече дека овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивање на добрососедските односи и за градење нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, нагласува Ѓурѓај.

Во рамки на активностите на овој план, на 20 мај во просториите на Деканатот на Факултетот за странски јазици македонскиот амбасадор Данчо Марковски и  Мојсова - Чепишевска имаа средба со деканот Кромида и продеканот проф. д-р Дрита Рира, одговорна за меѓународна соработка.

The post МД „Илинден“ достави барање во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик appeared first on Република.

МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ https://republika.mk/vesti/md-ilinden-tirana-pochna-kampana-glavata-gore-izjasni-se-deka-si-makedonets/ Sun, 30 Apr 2023 16:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=635575

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе - изјасни се дека си Македонец “.

Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.

Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија, стои во повикот.

Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.

Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, изјави Ѓурѓај за МИА.

Го нагласува веќе познатиот факт, дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство единствено во Мала Преспа.

- И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава тој со доза на разочараност.

Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик и освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија.

Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над пет илјади во Мала Преспа.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија почнува на 18 септември и ќе трае шест седмици. Како што објавија од Инситутот за статистика, изјаснување на етничката и верска припадност е на доброволна основа, што подразбира дека не мора да се одговори.

The post МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, пред престојниот попис на населението во Албанија, почна кампања под мотото „Главата горе - изјасни се дека си Македонец “. Во повикот кој попладнево го објави, друштвото ги повикува сите Македонци во Албанија да се „изјаснат дека се Македонци и да го зачуваат својот македонски идендитет“.
Ги повикуваме Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и на целата територија на Република Албанија на пописот на населението во септември годинава без страв да се изјаснат дека се Македонци и дека мајчин јазик им е македонски. Така ќе го зачуваат својот македонски идентитет во Република Албанија, стои во повикот.
Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, како дел од зацртаните активности за зачувување на македонскиот национален идентитет, друштвото ја почнува оваа медиумска кампања за „подигање на свеста кај Македоците во Албанија да се изјаснат тоа што се“.
Кампањата е под мотото „Горе главата – изјасни се дека си Македонец“. Сакаме да ја подигнеме свеста кај Македоците да се изјаснат она што единствено се, Македонци. Нас не има насекаде низ Албанија. Главно сме концентирани во областите Мала Преспа, Гора, Голо Брдо, но со по неколку десетина илјади не има и во Тирана, Елбасан, Драч, Корча и во други градови, изјави Ѓурѓај за МИА.
Го нагласува веќе познатиот факт, дека албанските власти признаваат постоење на македонско малцинство единствено во Мала Преспа. - И покрај барањата во континуитет по падот на тоталитарниот режим, се уште на Македонците не им се признава статус на малцинство на целата територија на Албанија. Но, без оглед на тоа многу меѓу Македонците чувствуваат и страв и не се изјаснуваат она што се. Буквално се плашат да кажат дека се Македонци, за да не бидат санкционирани, посебно оние кои работат или добиваат некаква социјална помош, додава тој со доза на разочараност. Кампањата е на три јазици, македонски, албански и англиски јазик и освен во електронското издание на весникот „Илинден“ ќе биде и на други медиуми во Албанија. Инаку, според македонските друштва во Албанија живеат од 120.000 до 150.000 Македонци, но како такви се признати само над пет илјади во Мала Преспа. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Албанија почнува на 18 септември и ќе трае шест седмици. Како што објавија од Инситутот за статистика, изјаснување на етничката и верска припадност е на доброволна основа, што подразбира дека не мора да се одговори.

The post МД „Илинден“ – Тирана почна кампања „Главата горе – изјасни се дека си Македонец“ appeared first on Република.

]]>
МД „Илинден“ го честита Eвропскиот ден на јазиците: Мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет https://republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-go-chestita-evropskiot-den-na-jazicite-majchiniot-jazik-e-najgolemo-obelezje-na-nacionalniot-identitet/ Mon, 26 Sep 2022 08:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=554225

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочува, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, зашто тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање.

Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, стои во честитката на друштвото, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на Европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Од Друштвото посочуваат дека јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент.

По повод овој ден Друштвото потсетува дека за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик.

И покрај континураните барања во изминатите три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци, забележува друштвото „Илинден“.

The post МД „Илинден“ го честита Eвропскиот ден на јазиците: Мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет appeared first on Република.

]]>

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, Ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочува, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, зашто тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. Сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, стои во честитката на друштвото, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај. Се додава дека важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на Европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Од Друштвото посочуваат дека јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент. По повод овој ден Друштвото потсетува дека за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик. И покрај континураните барања во изминатите три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци, забележува друштвото „Илинден“.

The post МД „Илинден“ го честита Eвропскиот ден на јазиците: Мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет appeared first on Република.

]]>
Честитка за Велигден од МД „Илинден” и МАЕИ https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-za-veligden-od-md-ilinden-i-maei/ Sat, 23 Apr 2022 14:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=492735

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.

Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден"-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.

Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден" Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден" потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.

Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.

Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил" во Пустец.

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.

The post Честитка за Велигден од МД „Илинден” и МАЕИ appeared first on Република.

]]>

Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва. Во пресрет на големиот празник, Христовото воскресение – Велигден, македонското друштво „Илинден"-Тирана и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници.
Дозволете ми во мое лично име и во име на македонското друштво „Илинден" Вам, на вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитаме големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскресението Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас, се вели во честитката од МД „Илинден" потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Честитка по повод Велигден упати и партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција со желби за здравје, спокој и благосостојба.
Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.
Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Христовото Воскресение-Велигден богослужба ќе се одржи во црквата „Св. Архангел Михаил" во Пустец. Македонците кои во голем број живеат во Тирана, Елбасан, Корча и други градови присуствуваат на богослужбите кои се одржаа вчера а масовно се очекува присуство вечерва.  

The post Честитка за Велигден од МД „Илинден” и МАЕИ appeared first on Република.

]]>