Маврово Archives - Република https://republika.mk/tema/mavrovo/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 09:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маврово Archives - Република https://republika.mk/tema/mavrovo/ 32 32 „Пик Фест“- музика, забава, храна, проекции на филмови, уметност, спорт… од 2- 4 август во Маврово https://republika.mk/scena/muzika/pik-fest-muzika-zabava-hrana-proektsii-na-filmovi-umetnost-sport-od-2-4-avgust-vo-mavrovo/ Wed, 31 Jul 2024 09:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=801576

Од 2ри до 4ти август, Маврово ќе биде домаќин на најновиот и највозбудлив фестивал во регионот - Пик Фест! Овој уникатен настан ќе ги обедини љубителите на музиката, уметноста, вкусната храна и спортот, сите на едно магично место, далеку од градскиот метеж.

Како главен компонент и фокус на фестивалот е секако - музиката, па така разновидниот лајн-ап од 4 талентирани диџеи што се содржи од електронска, хип хоп и македонска музика ќе биде задолжен за атмосферата и вашето расположение.

Забавата на Пик Фест не завршува само со музика - нудиме и вкусна храна и освежувачки коктели, кои ќе може да ги уживате во прекрасна атмосфера на отворено, со поглед на прекрасната македонска природа.

Освен музиката и храната, Пик Фест ќе биде и простор за кино проекции и разни културни настани што ќе ги обогатат вашите искуства на фестивалот.

За љубителите на активниот одмор, фестивалот нуди многу различни спортски активности, независно дали сте за добар фитнес тренинг на отворено или сте фан СУП даски и веслање, има нешто за секого да ужива и да остане активен во природата на Маврово.

 

Оваа година, нашето место за забава е Summer Bar Ratrak, каде што ќе можете да уживате во сите овие активности под отворено небо.

Не пропуштајте шансата да го искусите Пик Фест - фестивалот што ќе ви остави незаборавни спомени и ќе ви донесе уникатно искуство во срцето на македонските планини.

Настанот е колаборација на WHY2K, ENIGMA, Bistro Komedija, JoJo’s Burger и Resort Mavrovo.

The post „Пик Фест“- музика, забава, храна, проекции на филмови, уметност, спорт… од 2- 4 август во Маврово appeared first on Република.

]]>

Од 2ри до 4ти август, Маврово ќе биде домаќин на најновиот и највозбудлив фестивал во регионот - Пик Фест! Овој уникатен настан ќе ги обедини љубителите на музиката, уметноста, вкусната храна и спортот, сите на едно магично место, далеку од градскиот метеж. Како главен компонент и фокус на фестивалот е секако - музиката, па така разновидниот лајн-ап од 4 талентирани диџеи што се содржи од електронска, хип хоп и македонска музика ќе биде задолжен за атмосферата и вашето расположение.
Забавата на Пик Фест не завршува само со музика - нудиме и вкусна храна и освежувачки коктели, кои ќе може да ги уживате во прекрасна атмосфера на отворено, со поглед на прекрасната македонска природа. Освен музиката и храната, Пик Фест ќе биде и простор за кино проекции и разни културни настани што ќе ги обогатат вашите искуства на фестивалот. За љубителите на активниот одмор, фестивалот нуди многу различни спортски активности, независно дали сте за добар фитнес тренинг на отворено или сте фан СУП даски и веслање, има нешто за секого да ужива и да остане активен во природата на Маврово.   Оваа година, нашето место за забава е Summer Bar Ratrak, каде што ќе можете да уживате во сите овие активности под отворено небо. Не пропуштајте шансата да го искусите Пик Фест - фестивалот што ќе ви остави незаборавни спомени и ќе ви донесе уникатно искуство во срцето на македонските планини. Настанот е колаборација на WHY2K, ENIGMA, Bistro Komedija, JoJo’s Burger и Resort Mavrovo.

The post „Пик Фест“- музика, забава, храна, проекции на филмови, уметност, спорт… од 2- 4 август во Маврово appeared first on Република.

]]>
Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalnata-velo-trka-vo-mavrovo-na-8-septemvri-pokraj-trkata-i-mnogu-muzika-zabaven-natprevar-so-balans-velosipedi-i-trotineti-za-dechina-do-6-godishna-vozrast/ Mon, 15 Jul 2024 12:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=797067

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“

Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември.

Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата.

И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови.

Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба.

Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>

Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка „Халк вело грин“ Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато и истото ќе биде отворено најдоцна до 3. септември. Early Bird котизациите за регистрација од 600 денари ќе бидат актуелни до 15 август, а потоа пријавувањето ќе се врши со котизација од 800 денари. Како и изминатите години, така и оваа, сите собрани средства од котизации ќе бидат наменети за пошумување и заеднички допринос во зголемување на „зелениот фонд” на земјата. И оваа година трката ќе биде организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска кокуренција). Во секоја категорија, најбрзите ќе бидат наградени со парични награди, но, на пиедесталот ќе има простор за истакнување и на најдобрите во старосните категории и најдобрите меѓу пријавените тимови. Покрај самата трка која ќе започне од 10 часот, на просторот предвиден за старт и цел, ќе се одвива и богата забавна програма наменета за сите поддржувачи на спортот и љубители на планината. Програмата ќе биде исполнета со многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст, добра храна и дружба. Сите детали и правила за HalkVeloGreen трката се поставени на веб страната: halkvelogreen.mk

The post Традиционалната вело трка во Маврово на 8 септември: Покрај трката и многу музика, забавен натпревар со баланс велосипеди и тротинети за дечиња до 6 годишна возраст… appeared first on Република.

]]>
Болјер падна врз момче и го уби: Трагедија во Маврово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/boljer-padna-vrz-momche-i-go-ubi-tragedija-vo-mavrovo/ Fri, 28 Jun 2024 08:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=791486

Вчера во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови.

Од СВР Тетово велат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Болјер падна врз момче и го уби: Трагедија во Маврово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.00 часот во Полициско одделение Маврово Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во нас. Маврови Анови. Од СВР Тетово велат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

The post Болјер падна врз момче и го уби: Трагедија во Маврово appeared first on Република.

]]>
Мечка со две мали мечиња излезе на пат во Маврово https://republika.mk/zivot/mechka-so-dve-mali-mechina-izleze-na-pat-vo-mavrovo/ Sat, 01 Jun 2024 10:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=783828

Корисник на платформата „X“ сподели видео од мечка и две мали мечиња на пат во Маврово.

– Само што ми стигна од село Маврово. Паметен ја, престанав да одам. Шала на страна многу се накотија, и лани есента имаше проблеми, тек оваа ќе биде циркус. Треба контролирано намалување на број на мечки во националниот парк (верувам дека и на Шара и Пелистер е слично), пиша корисникот на „X“.

The post Мечка со две мали мечиња излезе на пат во Маврово appeared first on Република.

]]>

Корисник на платформата „X“ сподели видео од мечка и две мали мечиња на пат во Маврово. – Само што ми стигна од село Маврово. Паметен ја, престанав да одам. Шала на страна многу се накотија, и лани есента имаше проблеми, тек оваа ќе биде циркус. Треба контролирано намалување на број на мечки во националниот парк (верувам дека и на Шара и Пелистер е слично), пиша корисникот на „X“.

The post Мечка со две мали мечиња излезе на пат во Маврово appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии https://republika.mk/vesti/ekonomija/sajkoski-so-platforma-1198-se-obvrzuvame-na-investitsii-vo-patnata-infrastruktura-povisoki-plati-i-penzii/ Thu, 02 May 2024 16:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=773549

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски.

Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари.

„Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски.

Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори.

„Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии appeared first on Република.

]]>

Идната влада во Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело Христијан Мицкоски како премиер ќе донесе и нови инвестиции, ќе донесе подобрување на инфраструктурата, ќе имаме подобро образование, ќе има повеќе и за пензионерите, рече од митингот во Маврово Ростуше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во петтата изборна единица, Ѓорѓија Сајкоски. Затоа, додаде Сајкоски, повикуваме да ја поддржите програмата „Платфрома 1198“, бидејќи тука има за пензионерите, бидејќи со неа се обврзуваме дека во рок од три месеци по формирањето на владата ќе има зголемување од пет илјади денари за секој пензионер или во текот на целата година ќе добиваат плус 60 илјади денари. „Но, кажуваме дека ќе има покачување и на платите, дека ќе ја завршиме инфраструктурата во Македонија, бидејќи останаа не дозавршени и Градско – Прилеп, остана незавршен и Извор – Бошков Мост, патот Кичево – Охрид и многу други работи останаа незавршени. Но, ние ветуваме и се обврзуваме дека ќе ја завршиме патната инфраструктура. Ќе го изградиме патот Букојчани – Кичево, ќе го завршиме патот Гостивар – Кичево, ќе направиме да има побрз проток на стоки и услуги со што ќе се даде можност на новите инвеститори да вложуваат во Република Македонија“, рече Сајкоски. Додаде дека Македонија мора да ја ресетираме, институциите да ги реорганизираме, да станеме репрезент во регионот, бидејќи денес сме срам во регионот, а тоа можеме да го направи само ако добиеме силна и недвосмислена поддршка и ако сите, масовно излеземе на овие избори. „Излезете сите и масовно гласајте за Македонија биде економски просперитетна, да биде правна држава, да ги искорениме криминалот и корупцијата. За да имаме правна држава, за да имаме економски просперитетна Македонија треба да имаме влада која што може да испорача за сите и која што нема да биде уценувана од никого, а тоа зависи од вас. Да направиме Македонија да биде не уценувана, да излеземе во што поголем број, да ги победиме со пенкало овие криминалци на власт и да донесеме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што ќе донесе раст, развој и правна држава“, истакна Сајкоски.

The post Сајкоски: Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на инвестиции во патната инфраструктура, повисоки плати и пензии appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-osmi-maj-zapochnuva-transformatsija-na-makedonija-so-novata-vlada-predvodena-od-vmro-dpmne/ Thu, 02 May 2024 16:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=773545

Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.

„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.

Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.

Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.

„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.

Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше. „Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа. Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. „Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој. Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај. „По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски. Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Снег паѓа во Маврово https://republika.mk/zivot/servisi/sneg-paga-vo-mavrovo/ Thu, 18 Apr 2024 15:03:14 +0000 https://republika.mk/?p=767618

Ладното време денеска донесе снег во Маврово. Попладнево силни врнежи од снег се забележани во овој популарен зимски центар.

Снегот во овој период е невобичаен, а од снимките на социјалните мрежи се гледа дека силно вее снег, и ако продолжи со вакови интензитет, ќе донесе снежна покривка. Снежна покривка има и на Попова Шапка.

The post Снег паѓа во Маврово appeared first on Република.

]]>

Ладното време денеска донесе снег во Маврово. Попладнево силни врнежи од снег се забележани во овој популарен зимски центар. Снегот во овој период е невобичаен, а од снимките на социјалните мрежи се гледа дека силно вее снег, и ако продолжи со вакови интензитет, ќе донесе снежна покривка. Снежна покривка има и на Попова Шапка.

The post Снег паѓа во Маврово appeared first on Република.

]]>
„Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zakluchuvajte-gi-vozilata-ne-ostavajte-ni-ochila-za-sontse-vo-niv-svr-tetovo-gi-predupreduva-turistite-na-mavrovo-i-popova-shapka/ Mon, 22 Jan 2024 10:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=735394

На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово од каде уште еднаш апелираат до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго, зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.

На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици, велат од СВР Тетово.

The post „Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка appeared first on Република.

]]>

На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово од каде уште еднаш апелираат до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго, зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.
На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици, велат од СВР Тетово.

The post „Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка appeared first on Република.

]]>
Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла https://republika.mk/vesti/makedonija/sneg-na-popova-shapka-i-mavrovo-vo-krushevo-namalena-vidlivost-poradi-magla/ Tue, 16 Jan 2024 18:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=733755

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, информира АМСМ.

Како што најавува АМСМ, поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско утре и задутре ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата.

The post Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, информира АМСМ. Како што најавува АМСМ, поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес - Градско утре и задутре ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 08:00 до 16:00 часот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата.

The post Снег на Попова Шапка и Маврово, во Крушево намалена видливост поради магла appeared first on Република.

]]>
Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево https://republika.mk/zivot/servisi/slab-sneg-na-shapka-i-vo-mavrovo-magla-vo-krushevo/ Tue, 16 Jan 2024 11:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=733571

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

The post Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево appeared first on Република.

]]>

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово, а магла со видливост до 50 метри во Крушево, соопшти ЈП Македонијапат. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.  

The post Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево appeared first on Република.

]]>
Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/neredi-pred-kafana-vo-mavrovo-skopjanets-napadnat-uapseni-chetiri-litsa/ Tue, 02 Jan 2024 09:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=728910

На 2 јануари, околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат.

Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А.

По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>

На 2 јануари, околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат. Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А. По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>
Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека https://republika.mk/vesti/sneg-so-slab-intenzitet-vecherva-na-popova-shapka-mavrovo-pletvar-i-preseka/ Sat, 16 Dec 2023 17:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=723723

Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“.

Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека appeared first on Република.

]]>

Снег со слаб интензитет има на Попова Шапка, Маврово, Плетвар, Пресека и Железнец, соопшти вечерва јавното претпријатие „Македонијапат“. Оттаму информираат дека остануваат забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово-Маврови Анови и на патот Струмица-Берово. На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози. Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината конусловите на патот.

The post Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека appeared first on Република.

]]>
Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани https://republika.mk/vesti/svet/vladata-odluchi-mechkite-od-mavrovo-da-se-uspivaat-i-dislotsiraat-namesto-da-bidat-ubivani/ Thu, 05 Oct 2023 19:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=687635

Владата го разгледала Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.

Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. Односно, во најкраток рок да бидат отстранети  сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.

 

За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта, се вели во соопштението.

Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.

Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење.

 

Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот, се вели во соопштението.

The post Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани appeared first on Република.

]]>

Владата го разгледала Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше.
Владата ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. Односно, во најкраток рок да бидат отстранети  сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката.   За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта, се вели во соопштението.
Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките.
Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење.   Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот, се вели во соопштението.

The post Владата одлучи мечките од Маврово да се успиваат и дислоцираат, наместо да бидат убивани appeared first on Република.

]]>
Хипи комуната од Црн Камен ќе се отсели за десетина денови https://republika.mk/zivot/servisi/hipi-komunata-od-tsrn-kamen-ke-se-otseli-za-desetina-denovi/ Sat, 05 Aug 2023 13:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=668957

Групата од неколку стотина лица која неформално кампува покрај Мавровското езеро во месноста Црн Камен ги исполнува сите законски услови за престој, велат надлежните. Според најавите тие ќе заминат кон средината на август.

Доаѓањето на припадници на неформалната група наречена Rainbow gatherings (собири на виножитото) која е основана во САД уште во шеесеттите години од минатиот век минатиот месец во мавровско-реканскиот крај повлече дузина реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Дописникот на МИА пред десетина дена беше во посета на нивниот камп, но најголемиот дел од присутните не сакаа да контактираат со новинари, а некои од нив посочија дека хипици, нудисти и патници авантуристи се состануваат секое лето за едномесечно дружење и славење на планетата и природата. Нивните собири се бесплатни и отворени за секого, но нејасно е кој ги координира.

Нивното доаѓање во Македонија беше пречекано со отпор, откако првично, нивниот камп беше поставен во близина на долнореканското село Жировница.

Тоа го потврдуваат и од управата на националниот парк „Маврово“ во чија надлежност е управувањето со природните добра во овој регион.

Првиот камп бил на планинските падини на Дешат над селото Жировница.

Управата врз основа на надлежностите и дека гостите биле сместени во зоната пред планинскиот појас на пасиштата, пограничен појас и Зона на строга заштита на територијата на Паркот и мерките за забрана за движење во шума, биле искористени како доволен аргумент за нивно раселување.

- Заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница и претседателот на МЗ Жировница и раководителот на Одделението за заштита во Паркот ги посетивме присутните на локацијата, стапивме во контакт со два члена од групацијата и на присутните коишто се без водач им беше пренесено каде престојуваат со какви се законски пречки се соочени и на крајот дека се непожелни во близина на населеното место, стои во одговорот од управата на НП „Маврово“.

По ова групата во која има лица од повеќе држави, се упатиле кон месноста „Црн Камен“ помеѓу селата Леуново и Ниќифорово и без ничија дозвола се лоцираат и подигнуваат див камп.

Од СВР Тетово информираат дека веднаш по пријавата службени лица од ПС Маврови Анови ги евидентираат присутните и според законите тие имаат пријавен привремен престој. Досега биле извршени неколку контроли, но не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, ниту активности и однесување кои не се во склад со македонските закони.

Во Македонија, ќе останат до 16 август во 12.38 часот, кога по втор пат ќе ја прослават полната месечина и по церемонијата сите ќе си заминат дома.

Во меѓувреме по социјалните мрежи и од неколкумина сопственици на викендички во Леуново и Никифорово се појавија поплаки. Тие реагираат на присуството на „туристите во дивиот камп“, начинот на вршење на физиолошки потреби, палење оган, присуство на дрога, журки под алкохол и справување со отпадот,

Од СВР Тетово потврдија дека таквите наводи биле проверувани, но терен досега не се регистрирани неправилности. Единство, бројната состојба е променлива и дека се присутни се луѓе од повеќе држави.

Сепак, и од управата на паркот, но и во коментарите на локалното население забележливо е дека локалитетот Црн Камен е исчистен и од повеќегодишен комунален отпад околу и под грмушките и тоа наиде на позитивни реакции.

Хипи комуната минатата недела на голем вечерен собир ритуално го одбележа појавувањето на феноменот „сина месечина“ со палење оган и меѓусебно дружење.

Околу локацијата и надлежноста од НП „Маврово“ посочуваат дека месноста односно локацијата под локалниот пат село Леуново – село Ниќифорово е приватна сопственост и сметаат дека сопствениците имаат право да реагираат за користење на приватниот имот.

The post Хипи комуната од Црн Камен ќе се отсели за десетина денови appeared first on Република.

]]>

Групата од неколку стотина лица која неформално кампува покрај Мавровското езеро во месноста Црн Камен ги исполнува сите законски услови за престој, велат надлежните. Според најавите тие ќе заминат кон средината на август. Доаѓањето на припадници на неформалната група наречена Rainbow gatherings (собири на виножитото) која е основана во САД уште во шеесеттите години од минатиот век минатиот месец во мавровско-реканскиот крај повлече дузина реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Дописникот на МИА пред десетина дена беше во посета на нивниот камп, но најголемиот дел од присутните не сакаа да контактираат со новинари, а некои од нив посочија дека хипици, нудисти и патници авантуристи се состануваат секое лето за едномесечно дружење и славење на планетата и природата. Нивните собири се бесплатни и отворени за секого, но нејасно е кој ги координира. Нивното доаѓање во Македонија беше пречекано со отпор, откако првично, нивниот камп беше поставен во близина на долнореканското село Жировница. Тоа го потврдуваат и од управата на националниот парк „Маврово“ во чија надлежност е управувањето со природните добра во овој регион. Првиот камп бил на планинските падини на Дешат над селото Жировница. Управата врз основа на надлежностите и дека гостите биле сместени во зоната пред планинскиот појас на пасиштата, пограничен појас и Зона на строга заштита на територијата на Паркот и мерките за забрана за движење во шума, биле искористени како доволен аргумент за нивно раселување. - Заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница и претседателот на МЗ Жировница и раководителот на Одделението за заштита во Паркот ги посетивме присутните на локацијата, стапивме во контакт со два члена од групацијата и на присутните коишто се без водач им беше пренесено каде престојуваат со какви се законски пречки се соочени и на крајот дека се непожелни во близина на населеното место, стои во одговорот од управата на НП „Маврово“. По ова групата во која има лица од повеќе држави, се упатиле кон месноста „Црн Камен“ помеѓу селата Леуново и Ниќифорово и без ничија дозвола се лоцираат и подигнуваат див камп. Од СВР Тетово информираат дека веднаш по пријавата службени лица од ПС Маврови Анови ги евидентираат присутните и според законите тие имаат пријавен привремен престој. Досега биле извршени неколку контроли, но не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, ниту активности и однесување кои не се во склад со македонските закони. Во Македонија, ќе останат до 16 август во 12.38 часот, кога по втор пат ќе ја прослават полната месечина и по церемонијата сите ќе си заминат дома. Во меѓувреме по социјалните мрежи и од неколкумина сопственици на викендички во Леуново и Никифорово се појавија поплаки. Тие реагираат на присуството на „туристите во дивиот камп“, начинот на вршење на физиолошки потреби, палење оган, присуство на дрога, журки под алкохол и справување со отпадот, Од СВР Тетово потврдија дека таквите наводи биле проверувани, но терен досега не се регистрирани неправилности. Единство, бројната состојба е променлива и дека се присутни се луѓе од повеќе држави. Сепак, и од управата на паркот, но и во коментарите на локалното население забележливо е дека локалитетот Црн Камен е исчистен и од повеќегодишен комунален отпад околу и под грмушките и тоа наиде на позитивни реакции. Хипи комуната минатата недела на голем вечерен собир ритуално го одбележа појавувањето на феноменот „сина месечина“ со палење оган и меѓусебно дружење. Околу локацијата и надлежноста од НП „Маврово“ посочуваат дека месноста односно локацијата под локалниот пат село Леуново – село Ниќифорово е приватна сопственост и сметаат дека сопствениците имаат право да реагираат за користење на приватниот имот.

The post Хипи комуната од Црн Камен ќе се отсели за десетина денови appeared first on Република.

]]>
Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… https://republika.mk/vesti/makedonija/hipi-sekta-se-rasposla-so-div-kamp-vo-mavrovo-sobrani-okolu-ognot-fateni-za-ratse-peeja-nekoi-pesni/ Sat, 05 Aug 2023 07:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=668862

Локалитетот Црн Камен, под Леуново, на брегот на Мавровско Езеро, веќе десетина дена е окупиран од околу 300 странски државјани во шатори, кои таму спроведуваат некакви обреди, пренесува МКД.мк. Жителите на Леуново и Никифорово, односно претседателите на месните заедници, бараат интервенција од полицијата затоа што е запоседнат дел од нивниот имот, а и поради непочитувањето на владината забрана за палење оган во шума. Според порталот, станува збор за припадници на неформалната странска заедница „Виножито“, составена од хипици, јогисти, панкери, моторџии, рокери...

Кога отидовме таму, видовме дека повеќето гости на мавровскиот брег се собрани околу огнот, сите фатени за раце пееја некои песни, пишува порталот.

Во одговорот на јавната установа Национален парк Маврово на прашањата на МКД.мк за тоа што преземаат во однос на присуството на околу 300 лица кои на диво кампуваат и палат оган кај Црн Камен, се вели дека тие од почеток ја следеле ситуацијата и дека во соработка со полицијата и општинарите им понудиле на камперите од Жировница да се преселат во близина на Леуново.

Од почеток ја следевме ситуацијата со присуството на поголема група странски гости кои пред дваесетина дена, по нечија покана, ги запоседнаа планинските падини на Дешат над селото Жировница, во пограничниот појас и зона на строга заштита на територијата на паркот. Донесените мерки од страна на Владата за забрана за движење во шума беа доволен аргумент управата на НП Маврово, заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница, месната заедница на селото и со раководителот на Одделението за заштита во паркот да ги посетат присутните на локацијата и да стапат во контакст со два члена од групацијата (Денис и Леа) од нашата држава, се вели во одговорот на НП Маврово.

Откако на странците им било кажано да ја напуштат локацијата, постигнат бил договор за времено лоцирање на кампот во близина на село Маврово, покрај езерото, велат од НП. Подоцна, било договорено сепак сите да се преселат на локалитетот Црн Камен, каде што се и денеска каде е подигнат див камп.

Целата сторија на МКД.мк

The post Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… appeared first on Република.

]]>

Локалитетот Црн Камен, под Леуново, на брегот на Мавровско Езеро, веќе десетина дена е окупиран од околу 300 странски државјани во шатори, кои таму спроведуваат некакви обреди, пренесува МКД.мк. Жителите на Леуново и Никифорово, односно претседателите на месните заедници, бараат интервенција од полицијата затоа што е запоседнат дел од нивниот имот, а и поради непочитувањето на владината забрана за палење оган во шума. Според порталот, станува збор за припадници на неформалната странска заедница „Виножито“, составена од хипици, јогисти, панкери, моторџии, рокери... Кога отидовме таму, видовме дека повеќето гости на мавровскиот брег се собрани околу огнот, сите фатени за раце пееја некои песни, пишува порталот. Во одговорот на јавната установа Национален парк Маврово на прашањата на МКД.мк за тоа што преземаат во однос на присуството на околу 300 лица кои на диво кампуваат и палат оган кај Црн Камен, се вели дека тие од почеток ја следеле ситуацијата и дека во соработка со полицијата и општинарите им понудиле на камперите од Жировница да се преселат во близина на Леуново.
Од почеток ја следевме ситуацијата со присуството на поголема група странски гости кои пред дваесетина дена, по нечија покана, ги запоседнаа планинските падини на Дешат над селото Жировница, во пограничниот појас и зона на строга заштита на територијата на паркот. Донесените мерки од страна на Владата за забрана за движење во шума беа доволен аргумент управата на НП Маврово, заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница, месната заедница на селото и со раководителот на Одделението за заштита во паркот да ги посетат присутните на локацијата и да стапат во контакст со два члена од групацијата (Денис и Леа) од нашата држава, се вели во одговорот на НП Маврово.
Откако на странците им било кажано да ја напуштат локацијата, постигнат бил договор за времено лоцирање на кампот во близина на село Маврово, покрај езерото, велат од НП. Подоцна, било договорено сепак сите да се преселат на локалитетот Црн Камен, каде што се и денеска каде е подигнат див камп. Целата сторија на МКД.мк

The post Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… appeared first on Република.

]]>
Откривање на Македонија: Скриен скапоцен камен на Балканот https://republika.mk/zivot/patuvanja/otkrivane-na-makedonija-skrien-skapotsen-kamen-na-balkanot/ Sun, 02 Jul 2023 08:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=657329

Македонија, земја без излез на море во Југоисточна Европа е вистински скриен скапоцен камен кој изобилува со пејзажи што го одземаат здивот, богата историја и живописно културно наследство.

Вака американската телевизија ЦНБЦ ја почнува својата репортажа за Македонија. Во репортажата, се опишани неколку места во Македонија, за коишто се вели дека мора да се посетат при туристичка посета.

Во продолжение репортажата на ЦНБЦ.

„Сместена во срцето на Балканот, Македонија често останува неоткриена од туристите, засенета од нејзините поистакнати соседи. Но, не дозволувајте нејзината скромна големина да ве измами - овој скриен скапоцен камен изобилува со пејзажи што го одземаат здивот, богата историја и живописно културно наследство. Ајде да тргнеме на патување за да истражиме некои од најкул нештата што може да се направат во Македонија, дестинација за патување со неверојатна патека која ветува незаборавни искуства.

Охрид: Светско наследство на УНЕСКО

Нашата прва станица не води во волшебниот град Охрид, место на светско наследство на УНЕСКО. Поставен на позадината на Охридското Езеро, едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охрид зрачи со шарм на секој агол. Изгубете се во тесните улички на стариот град, каде историјата оживува со калдрмата и средновековната архитектура. Откријте ја црквата Света Софија, симбол на духовното значење на градот и одушевете се пред манастирот Плаошник, доказ за богатото културно наследство на регионот.

Откопување на антички богатства во Хераклеја Линкестис

Следно, одиме во близина на градот Битола да ги истражиме интригантните урнатини на Хераклеа Линкестис. Чекорете назад во времето додека талкате низ остатоците од овој антички град, основан во 4 век п.н.е. Восхитувајте се на извонредно зачуваниот амфитеатар, каде што некогаш се собирале луѓето за забава и шетајте меѓу остатоците од храмовите и бањите. Хераклеја Линкестис нуди волшебен поглед во минатото, оставајќи ги посетителите во стравопочит од архитектонската моќ на античкиот свет.

Авантурата ве чека во Националниот парк Маврово

Вљубениците во природата и авантуристите на отворено ќе најдат утеха во живописните предели на Националниот парк Маврово. Вистински рај од планини, езера и шуми, овој парк о одзема здивот и нуди изобилство од пешачки патеки погодни за сите нивоа на вештини. Потопете се во спокојството на природата додека поминувате по добро обележаните патеки, наситувајќи се со прекрасните глетки по патот. Без разлика дали барате лежерна прошетка или предизвикувачка експедиција, Националниот парк Маврово сигурно ќе го плени вашиот авантуристички дух.

Откривање на тврдината Кале во Скопје

Ниту една посета на Македонија не би била целосна без истражување на главниот град Скопје. А сместена на врвот на еден рид, со поглед на градскиот пејзаж, се наоѓа прекрасната тврдина Кале. Датира од 6 век, ова историско упориште е сведок на текот на времето и на одливот и текот на историјата. Почнете патување низ вековите додека талкате по неговите ѕидини, восхитувајте се на античката архитектура и уживајте во панорамскиот поглед на Скопје долу. Тврдината Кале е симболична знаменитост што ја обединува суштината на минатото и сегашноста на Македонија.

Уживајте во кујната на Македонија

Ниту едно патувачко искуство не е целосно без уживање во локалната кујна, а кулинарските задоволства во Македонија сигурно ќе ги привлечат вашите вкусови. Спој на турски, грчки и балкански влијанија, гастрономијата на земјата нуди прекрасен спектар на вкусови. Искусете го прекрасното тавче гравче, традиционално јадење со грав зготвен до совршенство во глинен сад. Почестете се со сладок и солен бурек, популарно пециво кое ќе ве остави да копнеете за повеќе. И не пропуштајте го ајварот, вкусен намаз направен од печени црвени пиперки и модар патлиџан - вистинско кулинарско уживање“.

The post Откривање на Македонија: Скриен скапоцен камен на Балканот appeared first on Република.

]]>

Македонија, земја без излез на море во Југоисточна Европа е вистински скриен скапоцен камен кој изобилува со пејзажи што го одземаат здивот, богата историја и живописно културно наследство. Вака американската телевизија ЦНБЦ ја почнува својата репортажа за Македонија. Во репортажата, се опишани неколку места во Македонија, за коишто се вели дека мора да се посетат при туристичка посета. Во продолжение репортажата на ЦНБЦ. „Сместена во срцето на Балканот, Македонија често останува неоткриена од туристите, засенета од нејзините поистакнати соседи. Но, не дозволувајте нејзината скромна големина да ве измами - овој скриен скапоцен камен изобилува со пејзажи што го одземаат здивот, богата историја и живописно културно наследство. Ајде да тргнеме на патување за да истражиме некои од најкул нештата што може да се направат во Македонија, дестинација за патување со неверојатна патека која ветува незаборавни искуства.

Охрид: Светско наследство на УНЕСКО

Нашата прва станица не води во волшебниот град Охрид, место на светско наследство на УНЕСКО. Поставен на позадината на Охридското Езеро, едно од најстарите и најдлабоките езера во Европа, Охрид зрачи со шарм на секој агол. Изгубете се во тесните улички на стариот град, каде историјата оживува со калдрмата и средновековната архитектура. Откријте ја црквата Света Софија, симбол на духовното значење на градот и одушевете се пред манастирот Плаошник, доказ за богатото културно наследство на регионот.

Откопување на антички богатства во Хераклеја Линкестис

Следно, одиме во близина на градот Битола да ги истражиме интригантните урнатини на Хераклеа Линкестис. Чекорете назад во времето додека талкате низ остатоците од овој антички град, основан во 4 век п.н.е. Восхитувајте се на извонредно зачуваниот амфитеатар, каде што некогаш се собирале луѓето за забава и шетајте меѓу остатоците од храмовите и бањите. Хераклеја Линкестис нуди волшебен поглед во минатото, оставајќи ги посетителите во стравопочит од архитектонската моќ на античкиот свет.

Авантурата ве чека во Националниот парк Маврово

Вљубениците во природата и авантуристите на отворено ќе најдат утеха во живописните предели на Националниот парк Маврово. Вистински рај од планини, езера и шуми, овој парк о одзема здивот и нуди изобилство од пешачки патеки погодни за сите нивоа на вештини. Потопете се во спокојството на природата додека поминувате по добро обележаните патеки, наситувајќи се со прекрасните глетки по патот. Без разлика дали барате лежерна прошетка или предизвикувачка експедиција, Националниот парк Маврово сигурно ќе го плени вашиот авантуристички дух.

Откривање на тврдината Кале во Скопје

Ниту една посета на Македонија не би била целосна без истражување на главниот град Скопје. А сместена на врвот на еден рид, со поглед на градскиот пејзаж, се наоѓа прекрасната тврдина Кале. Датира од 6 век, ова историско упориште е сведок на текот на времето и на одливот и текот на историјата. Почнете патување низ вековите додека талкате по неговите ѕидини, восхитувајте се на античката архитектура и уживајте во панорамскиот поглед на Скопје долу. Тврдината Кале е симболична знаменитост што ја обединува суштината на минатото и сегашноста на Македонија.

Уживајте во кујната на Македонија

Ниту едно патувачко искуство не е целосно без уживање во локалната кујна, а кулинарските задоволства во Македонија сигурно ќе ги привлечат вашите вкусови. Спој на турски, грчки и балкански влијанија, гастрономијата на земјата нуди прекрасен спектар на вкусови. Искусете го прекрасното тавче гравче, традиционално јадење со грав зготвен до совршенство во глинен сад. Почестете се со сладок и солен бурек, популарно пециво кое ќе ве остави да копнеете за повеќе. И не пропуштајте го ајварот, вкусен намаз направен од печени црвени пиперки и модар патлиџан - вистинско кулинарско уживање“.

The post Откривање на Македонија: Скриен скапоцен камен на Балканот appeared first on Република.

]]>
Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти https://republika.mk/vesti/makedonija/ogromen-poraz-vo-gimnazijata-vo-rostushe-samo-12-vo-tsentar-zhupa-18-maturanti/ Tue, 16 May 2023 16:47:33 +0000 https://republika.mk/?p=641491

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта.

Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.

Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.

Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.

Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.

Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.

Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.

 

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта. Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.
Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше.
Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета. Идентична квота за упис во права година има и во гимназијата „АТА“ во Цента Жупа, каде се предвидени две паралалки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.
Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наствата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријаени за полагање државна матура, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.
Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18 додека во Центар Жупа за пет.  

The post Огромен пораз: Во гимназијата во Ростуше само 12, во Центар Жупа 18 матуранти appeared first on Република.

]]>
Три возила се судрија на патот кон Маврово, има повредени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-vozila-se-sudrija-na-patot-kon-mavrovo-ima-povredeni/ Wed, 26 Apr 2023 10:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=634225

Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

The post Три возила се судрија на патот кон Маврово, има повредени appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото „рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

The post Три возила се судрија на патот кон Маврово, има повредени appeared first on Република.

]]>
Трупа снег на Маврово https://republika.mk/zivot/patuvanja/trupa-sneg-na-mavrovo/ Mon, 03 Apr 2023 21:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=626886

Интензивни врнежи од снег вечерва во Маврово. Засилено трупа, а доколку продолжи до утре да врне може да има дури 20 см

The post Трупа снег на Маврово appeared first on Република.

]]>

Интензивни врнежи од снег вечерва во Маврово. Засилено трупа, а доколку продолжи до утре да врне може да има дури 20 см

The post Трупа снег на Маврово appeared first on Република.

]]>
На Маврово пронајдени остатоци од човечки скелет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/na-mavrovo-pronajdeni-ostatotsi-od-chovechki-skelet/ Mon, 03 Apr 2023 12:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=626735

Вчера во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано Бел коњ кај Мавровско Езеро во нас. Маврови Анови, гостиварско, биле пронајдени остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење.

Од СВР Тетово велат дека извршен бил увид во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

The post На Маврово пронајдени остатоци од човечки скелет appeared first on Република.

]]>

Вчера во Полициското одделение Маврово било пријавено дека кај место викано Бел коњ кај Мавровско Езеро во нас. Маврови Анови, гостиварско, биле пронајдени остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење. Од СВР Тетово велат дека извршен бил увид во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

The post На Маврово пронајдени остатоци од човечки скелет appeared first on Република.

]]>