матурска екскурзија Archives - Република https://republika.mk/tema/maturska-ekskurzija/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Apr 2023 14:29:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матурска екскурзија Archives - Република https://republika.mk/tema/maturska-ekskurzija/ 32 32 Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkoltsi-na-ekskurzija-tsela-nok-ja-pominale-na-granitsata-na-ungarija/ Sun, 02 Apr 2023 14:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=626299

Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.

Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.

Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.

Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб.

The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.

]]>

Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.
Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство. Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб.

The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.

]]>