матични клетки Archives - Република https://republika.mk/tema/matichni-kletki/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матични клетки Archives - Република https://republika.mk/tema/matichni-kletki/ 32 32 Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-makedonija-samo-pet-iljadi-gragani-se-registirale-za-donirane-na-koskena-srtsevina-nadlezhnite-apeliraat-da-se-zgolemi-brojot/ Thu, 25 Jan 2024 12:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=736696

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис.

Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.

Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.

Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.

Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата.

Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.

Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.

Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.

Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.

Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.

The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>

Во Македонија само пет илјади граѓани доброволно се запишале во македонскиот дарителски регистар на коскена срцевина. За разлика од кај нас, во Хрватска има 70 илјади доброволни дарители. Апелирам до граѓаните да се запишуваат во Регистарот, порача денеска директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис. Националната кампања „Биди срцевина, биди херој“ почна во 2019 година со цел зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки и беше поддржана од Министерството за здравство, Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунологија и хумана генетика, кадешто се наоѓа Националниот дарителски регистар на коскена срцевина. Секој возрасен здрав човек на возраст помеѓу 18 и 50 години во Институтот за имунологија и хумана генетика може да дарува коскена срцевина и да спаси човечки живот.
Во моментот на Клиниката има четири трансплантирани пациенти кои се надевам дека од понеделник ќе ги качиме на новиот оддел кој ќе почне да функционира со полн капацитет. Исто така има уште десетина кои чекаат да бидат трансплантирани. За жал, ентузијазмот кај нашите граѓани не е голем за да се запишат во Регистарот. Имаше кампања „Биди херој, биди срцевина“, која дури и во време на ковидот кампања одеше напред, меѓутоа мора да заживее, изјави денеска д-р Пановска Ставридис на отворањето на Центарот за трансплантација на хематопоетски матични клетки на Клиниката за хематологија.
Овој центар е сместен на целосно нов кат на површина од 800 м2, донација на Амбасадата на САД, кои преку Европската команда на американската армија финансиски ја поддржаа изградбата со еден милион евра. Останатите средства се обезбедени од ФЗО со поддршка од Министерството за здравство и Владата. Д-р Пановска - Ставридис апелира до граѓаните да се запишуваат во Регистарот.
Навистина многу малку треба. Да дојдат на Институтот за имунологија, доколку е поголема работна организација, ние можеме да организираме акција и во нивната организација, само една епрувета крв, согласност и пет минути од времето и стануваат потенцијални спасувачи на живот, кажа д-р Пановска - Ставридис.
Директорката на Клиниката за хематологија кажа дека мината година имале две донации, македонски граѓани кои им спасиле живот на Македонци, со кои не се познавале меѓусебе и не биле роднини.
Едната беше докторка, другата беше пациентка која се пријавила за братот кој бил болен да ја типизираат, но не била идентична со братот, а излезе идентична со друг пациент. И тие два пациента се добри, рече д-р Пановска Ставридис.
Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за ова прашање веќе зборувал со неколу поглавари на верски заедници.
Овој дел ни е многу битен и ќе ги повикаме заедно со вас медиумите, да седнеме со нив да ја подигнеме свеста и да спасиме животи, изјави Меџити.
 
The post Во Македонија само пет илјади граѓани се регистирале за донирање на коскена срцевина, надлежните апелираат да се зголеми бројот appeared first on Република.

]]>
Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија https://republika.mk/zivot/zdravje/mlada-doktorka-donirala-matichni-kletki-za-da-spasi-zhivot-na-patsient-so-akutna-leukemija-na-klinikata-za-hematologija/ Tue, 17 Oct 2023 12:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=692152

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.

Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.

Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.

Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>

Денеска на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храбост и човекољубие, кога млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки со кој ќе спаси животот на пациент кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција, соопштија од Министерството за здравство. Министерот за здравство  Фатмир Меџити денеска ја посетил донаторката на матични клетки млада девојка, воедно и докторка, на која и се заблагодари на извонредна храброст и несебична посветеност да спаси туѓ живот.
Нејзиниот чин на хуманост и солидарност е надеж, потсетувајќи нè на моќта на заедницата и љубезноста во моментите кога тоа е најпотребно. Им честитам и на колегите од Клиниката за хематологија кои ја практикуваат оваа современа метода во медицината со која еден човек има шанса за нов почеток, изјави министерот Меџити.
Директорката на клиниката за хематологија изјави дека станува збор за редокот пример, донорот на матични клетки и пациетон кој треба да ги прими, не се во роднинска врска, ниту се познаваат, а нивните клетки се совпаѓаат.
Денешниот чин на докторката е уште еден чекор до задоволството да се биде лекар и да се спасуваат животите на луѓето. Младата докторка која е донор на матичните клетки, во Македонскиот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина при Институтот за имунологија и хумана генетикиа, се пријавила уште кога била студент по медицина, а минатиот месец беше идентификувана како евентуален донор. Не се двоумеше ниту миг, веднаш се согласи да му даде шана за живот на пациент кој не го познава, а боледува од акутна леукемија, изјави д-р Ирина Пановска Ставридис.

The post Млада докторка донирала матични клетки за да спаси живот на пациент со акутна леукемија на Клиниката за хематологија appeared first on Република.

]]>
Да помогнеме: Лидија Ристевска веќе три години се бори со прогресивна мултиплекс склероза https://republika.mk/zivot/zdravje/da-pomogneme-lidija-ristevska-vekje-tri-godini-se-bori-so-progresivna-multipleks-skleroza/ Thu, 24 Mar 2022 09:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=477537

На Лидија Ристевска и се потребни 8.000 евра за трансплантација на матични клетки која е закажана за 11 април.

The post Да помогнеме: Лидија Ристевска веќе три години се бори со прогресивна мултиплекс склероза appeared first on Република.

Научници успеале да претворат матични клетки во коскени со помош на звучни бранови https://republika.mk/zivot/zdravje/nauchnici-uspeale-da-pretvorat-matichni-kletki-vo-koskeni-so-pomosh-na-zvuchni-branovi/ Wed, 23 Mar 2022 09:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=476985

Матичните клетки имаат една неверојатна способност - тие можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка.

Благодарение на нивната „супермоќ“, научниците ги користат во медицината бидејќи имаат потенцијал да ги „поправат“ оштетените делови од телото по повреди или сериозни болести. Но, за да го направат тоа, научниците треба да манипулираат со матични клетки за да ги претворат во потребниот тип на ткиво.

Како што пренесува „Њуз медикал“, различни техники се користат за манипулирање со матични клетки, а експертите неодамна претставиле нов, неинвазивен начин за стимулирање на матични клетки со високофреквентни звучни бранови.

Научниците, всушност, успеале да ги претворат матичните клетки во коскени за само 5 дена и 10 минути третман на ден.

Експертите се надеваат дека овој нов метод, кој има неколку предности во однос на претходните, би можел да се користи за обновување на коските по рак или некој друг вид на дегенеративна болест.

Звучните бранови го скратуваат времето на заздравување кое обично е потребно за матичните клетки да почнат да се претвораат во коскени. Покрај тоа, овој метод не бара посебни лекови за коските и многу лесно се применува на матичните клетки - вели биохемичарката Ејми Хелми, од Кралската Институт за технологија во Мелбурн (РМИТ).

Експертите велат дека овој метод може да се користи со неколку видови матични клетки, вклучувајќи ги и оние кои се добиени од маснотии, кои не се толку болни за одземање од телото.

Со помош на звучните бранови можеме врз матичните клетки да го примениме потребното количество притисок на вистинските места и на тој начин да го почнеме процесот на трансформација - вели хемискиот инженер Лесли Јео од РМТИ.

The post Научници успеале да претворат матични клетки во коскени со помош на звучни бранови appeared first on Република.

]]>

Матичните клетки имаат една неверојатна способност - тие можат да се трансформираат во кој било друг тип на клетка. Благодарение на нивната „супермоќ“, научниците ги користат во медицината бидејќи имаат потенцијал да ги „поправат“ оштетените делови од телото по повреди или сериозни болести. Но, за да го направат тоа, научниците треба да манипулираат со матични клетки за да ги претворат во потребниот тип на ткиво. Како што пренесува „Њуз медикал“, различни техники се користат за манипулирање со матични клетки, а експертите неодамна претставиле нов, неинвазивен начин за стимулирање на матични клетки со високофреквентни звучни бранови. Научниците, всушност, успеале да ги претворат матичните клетки во коскени за само 5 дена и 10 минути третман на ден. Експертите се надеваат дека овој нов метод, кој има неколку предности во однос на претходните, би можел да се користи за обновување на коските по рак или некој друг вид на дегенеративна болест.