материјали Archives - Република https://republika.mk/tema/materijali/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 11:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png материјали Archives - Република https://republika.mk/tema/materijali/ 32 32 Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-prvi-septemvri-uchebnitsi-ili-materijali-za-uchene-ke-ima-po-site-predmeti-vo-osnovnoto-obrazovanie-osven-za-stranskite-jazitsi/ Tue, 13 Aug 2024 11:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=806138

Освен учебниците по странски јазици кои ги нема неколку години наназад и за кои последниот тендер спроведен од претходното раководство е во жалбена постапка, учениците и наставниците во основните училишта на први септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во утринската програма на Канал 5 ТВ, каде говореше за фокусот на Министерството за образование и наука во моментов, но и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата во следниот период.

Дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и според договорот со печатницата, треба на први септември да бидат во училиштата. За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои ќе можат учениците да ги користат, рече Јаневска.

Таа додаде дека се работи на враќање на историјата како посебен предмет во македонското образование, затоа што, според мислењето на домашната и светската експертска јавност, историјата е национален предмет со исклучително значење. Како што рече, на часовите по историја се учат факти за случувања и личности, но предметот побудува и патриотизам и лојалност кон сопствената држава и затоа треба да му се посвети посебно и повеќе внимание низ образовниот систем.

Информираше дека со Министерството за култура и со Бирото за развој на образованието се дискутира за можностите за поддршка на домашни анимирани серии, филмови и едукативни емисии соодветни на возраста на учениците, како и сликовници и книги за успешни личности, за географски локалитети и слично, кои би можеле да бидат дел од формалниот воспитно – образовен процес во Македонија.

Јаневска се осврна и на предучилишното образование, кое треба да премине под надлежност на Министерството за образование и наука, потенцирајќи дека Владата прави сериозни напори за да обезбеди услови за што повеќе деца да влезат во градинките и да стекнуваат знаења кои се добра подготовка пред вклучување во училишното образование.

Потребно е време и средства за состојбите значително да се подобрат. Гледате дека се градат нови капацитети. Општините добиваат големи парични средства и очекувам дека со дел од истите ќе предвидат и изградба на нови градинки“, додаде министерката.

The post Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици appeared first on Република.

]]>

Освен учебниците по странски јазици кои ги нема неколку години наназад и за кои последниот тендер спроведен од претходното раководство е во жалбена постапка, учениците и наставниците во основните училишта на први септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во утринската програма на Канал 5 ТВ, каде говореше за фокусот на Министерството за образование и наука во моментов, но и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата во следниот период.
Дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и според договорот со печатницата, треба на први септември да бидат во училиштата. За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои ќе можат учениците да ги користат, рече Јаневска.
Таа додаде дека се работи на враќање на историјата како посебен предмет во македонското образование, затоа што, според мислењето на домашната и светската експертска јавност, историјата е национален предмет со исклучително значење. Како што рече, на часовите по историја се учат факти за случувања и личности, но предметот побудува и патриотизам и лојалност кон сопствената држава и затоа треба да му се посвети посебно и повеќе внимание низ образовниот систем. Информираше дека со Министерството за култура и со Бирото за развој на образованието се дискутира за можностите за поддршка на домашни анимирани серии, филмови и едукативни емисии соодветни на возраста на учениците, како и сликовници и книги за успешни личности, за географски локалитети и слично, кои би можеле да бидат дел од формалниот воспитно – образовен процес во Македонија. Јаневска се осврна и на предучилишното образование, кое треба да премине под надлежност на Министерството за образование и наука, потенцирајќи дека Владата прави сериозни напори за да обезбеди услови за што повеќе деца да влезат во градинките и да стекнуваат знаења кои се добра подготовка пред вклучување во училишното образование.
Потребно е време и средства за состојбите значително да се подобрат. Гледате дека се градат нови капацитети. Општините добиваат големи парични средства и очекувам дека со дел од истите ќе предвидат и изградба на нови градинки“, додаде министерката.

The post Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици appeared first on Република.

]]>
МОН: Учениците нема да добијат скрипти, туку квалитетни материјали пред почетокот на учебната година https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-uchenicite-nema-da-dobijat-skripti-tuku-kvalitetni-materijali-pred-pochetokot-na-uchebnata-godina/ Wed, 31 Aug 2022 08:56:48 +0000 https://republika.mk/?p=545979

Дистрибуцијата на новите материјали за учење што ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, информираат од Министерството за образование и наука.

Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, информираат од МОН.

Паралелно, додаваат од Министерството, до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран се очекува да заврши до крајот на утрешниот ден.

Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училиштен ден.

The post МОН: Учениците нема да добијат скрипти, туку квалитетни материјали пред почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>

Дистрибуцијата на новите материјали за учење што ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, информираат од Министерството за образование и наука.
Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, информираат од МОН.
Паралелно, додаваат од Министерството, до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран се очекува да заврши до крајот на утрешниот ден. Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училиштен ден.

The post МОН: Учениците нема да добијат скрипти, туку квалитетни материјали пред почетокот на учебната година appeared first on Република.

]]>