матео салвини Archives - Република https://republika.mk/tema/mateo-salvini/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 15:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png матео салвини Archives - Република https://republika.mk/tema/mateo-salvini/ 32 32 Салвини вети дека ќе остане италијански вицепремиер дури и ако го прогласат за виновен за блокирањето на брод со мигранти https://republika.mk/vesti/svet/salvini-veti-deka-ke-ostane-italijanski-vitsepremier-duri-i-ako-go-proglasat-za-vinoven-za-blokiraneto-na-brod-so-migranti/ Tue, 17 Sep 2024 16:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=817186

Италијанскиот десничарски вицепремиер, Матео Салвини, кому со недели му се суди за одбивање да дозволи брод со мигранти да се закотви на италијанскиот брег во 2019 година, вети дека ќе остане на функцијата дури и доколку биде осуден, јави ДПА.

Салвини, кој ја извршува и функцијата министер за инфраструктура и шеф на десничарската популистичка партија Лига, за италијанската телевизија Рете 4 изјави дека е подготвен случајот да го однесе и пред Врховниот суд за да добие ослободителна пресуда.

Во 2019 година, додека ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, Салвини издаде наредба да се забрани влез на брод со кој управува шпанска хуманитарна организација во пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза.

Бродот „Open Arms“, што превезуваше околу 150 мигранти од Африка кои го преминаа Медитеранот за да стигнат до ЕУ, беше принуден да остане на море три недели пред конечно да му биде дозволено да се закотви.

Судскиот процес против Салвини започна пред повеќе од три години во судот во сицилијанската престолнина Палермо, а пресудата се очекува следниот месец.

Обвинителот побара казна затвор од шест години за Салвини, обвинувајќи го политичарот за злоупотреба на службената положба.

Во интервјуто за ТВ Рете 4, Салвини (51) повтори дека верува оти мотивите зад неговото судење се политички.

Ова е обид на левицата да ја нападне владата и правото да ги брани националните граници, изјави Салвини за телевизијата, додавајќи дека очекува да биде ослободен од обвиненијата.

Меѓутоа, ДПА заблежува дека не е јасно дали ќе може да остане дел од владата на премиерката Џорџа Мелони доколку биде прогласен за виновен.

The post Салвини вети дека ќе остане италијански вицепремиер дури и ако го прогласат за виновен за блокирањето на брод со мигранти appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот десничарски вицепремиер, Матео Салвини, кому со недели му се суди за одбивање да дозволи брод со мигранти да се закотви на италијанскиот брег во 2019 година, вети дека ќе остане на функцијата дури и доколку биде осуден, јави ДПА. Салвини, кој ја извршува и функцијата министер за инфраструктура и шеф на десничарската популистичка партија Лига, за италијанската телевизија Рете 4 изјави дека е подготвен случајот да го однесе и пред Врховниот суд за да добие ослободителна пресуда. Во 2019 година, додека ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи, Салвини издаде наредба да се забрани влез на брод со кој управува шпанска хуманитарна организација во пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза. Бродот „Open Arms“, што превезуваше околу 150 мигранти од Африка кои го преминаа Медитеранот за да стигнат до ЕУ, беше принуден да остане на море три недели пред конечно да му биде дозволено да се закотви. Судскиот процес против Салвини започна пред повеќе од три години во судот во сицилијанската престолнина Палермо, а пресудата се очекува следниот месец. Обвинителот побара казна затвор од шест години за Салвини, обвинувајќи го политичарот за злоупотреба на службената положба. Во интервјуто за ТВ Рете 4, Салвини (51) повтори дека верува оти мотивите зад неговото судење се политички.
Ова е обид на левицата да ја нападне владата и правото да ги брани националните граници, изјави Салвини за телевизијата, додавајќи дека очекува да биде ослободен од обвиненијата.
Меѓутоа, ДПА заблежува дека не е јасно дали ќе може да остане дел од владата на премиерката Џорџа Мелони доколку биде прогласен за виновен.

The post Салвини вети дека ќе остане италијански вицепремиер дури и ако го прогласат за виновен за блокирањето на брод со мигранти appeared first on Република.

]]>
Италијанското обвинителство бара шест години затвор за Салвини затоа што спречил симнување на мигранти https://republika.mk/vesti/svet/italijanskoto-obvinitelstvo-bara-shest-godini-zatvor-za-salvini-zatoa-shto-sprechil-simnuvane-na-migranti/ Sun, 15 Sep 2024 08:45:31 +0000 https://republika.mk/?p=816466

Италијанското обвинителство побара шестгодишна затворска казна за десничарскиот заменик на италијанскиот премиер Матео Салвини, бидејќи додека беше министер за внатрешни работи спречил симнување на мигранти во италијанско пристаниште во 2019 година.

„Обвинителите побараа поранешниот министер за внатрешни работи Салвини да биде осуден на шест години затвор“, изјави адвокатот на организацијата „Отворени раце“ Артуро Салерни по сослушувањето во саботата, јавуваат денеска француските медиуми.

Пресудата во судскиот процес против Салвини, кој започна во октомври 2021 година, би можел да биде изречена следниот месец, пренесува денеска францускиот весник „Фигаро“.

The post Италијанското обвинителство бара шест години затвор за Салвини затоа што спречил симнување на мигранти appeared first on Република.

]]>

Италијанското обвинителство побара шестгодишна затворска казна за десничарскиот заменик на италијанскиот премиер Матео Салвини, бидејќи додека беше министер за внатрешни работи спречил симнување на мигранти во италијанско пристаниште во 2019 година. „Обвинителите побараа поранешниот министер за внатрешни работи Салвини да биде осуден на шест години затвор“, изјави адвокатот на организацијата „Отворени раце“ Артуро Салерни по сослушувањето во саботата, јавуваат денеска француските медиуми. Пресудата во судскиот процес против Салвини, кој започна во октомври 2021 година, би можел да биде изречена следниот месец, пренесува денеска францускиот весник „Фигаро“.

The post Италијанското обвинителство бара шест години затвор за Салвини затоа што спречил симнување на мигранти appeared first on Република.

]]>
И партијата на Салвини се приклучува на блокот на Орбан https://republika.mk/vesti/i-partijata-na-salvini-se-prikluchuva-na-blokot-na-orban/ Mon, 08 Jul 2024 13:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=794625

Италијанската партија „Лига“ се приклучува на новата групација „Патриоти на Европа“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент, изјави денеска лидерот на таа партија Матео Салвини.

„По долг период на работа, голема група патриоти, кои ќе бидат одлучувачки за промена на иднината на оваа Европа, ќе заживеат денеска во Брисел“, објави на социјалните мрежи Салвини, кој е и вицепремиер и министер за транспорт на Италија.

Салвини го коментираше и вториот круг од парламентарните избори во Франција, каде Националното собрание на Марин Ле Пеп го зазеде третото место со помош на тактичко гласање, откако оваа партија беше на првото место по првиот круг од изборите, пренесува италијанската новинска агенција Анса.

„Ова е прва ноќ по изборите во Франција со толпата „сите против Ле Пен“ изградена од (францускиот претседател Емануел) Макрон, кој победува на изборите, но ги нема бројките да владее“, рече Салвини.

Тој посочи дека партијата „Национален собир“ ќе има 143 пратеници во францускиот Парламент, повеќе од кога било во историјата „со зголемување на гласовите од 33 на 37 отсто меѓу првиот и вториот круг на гласање“. „Сите против еден“ го намалија бројот на места, но не и нивото на поддршка за Марин Ле Пен и Џордан Бардела, на кои им испраќам голема прегратка“, наведе Салвини.

Партијата „Лига“ на Салвини досега беше дел од политичката групација „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент, заедно со партијата Француски национален митинг на Марин Ле Пен. Во меѓувреме, портпаролот на Орбан, Золтан Ковач, денеска на својот профил на Икс објави дека и „Национален собир“ се приклучува на групацијата „Патриоти на Европа“.

The post И партијата на Салвини се приклучува на блокот на Орбан appeared first on Република.

]]>

Италијанската партија „Лига“ се приклучува на новата групација „Патриоти на Европа“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент, изјави денеска лидерот на таа партија Матео Салвини.
„По долг период на работа, голема група патриоти, кои ќе бидат одлучувачки за промена на иднината на оваа Европа, ќе заживеат денеска во Брисел“, објави на социјалните мрежи Салвини, кој е и вицепремиер и министер за транспорт на Италија.
Салвини го коментираше и вториот круг од парламентарните избори во Франција, каде Националното собрание на Марин Ле Пеп го зазеде третото место со помош на тактичко гласање, откако оваа партија беше на првото место по првиот круг од изборите, пренесува италијанската новинска агенција Анса. „Ова е прва ноќ по изборите во Франција со толпата „сите против Ле Пен“ изградена од (францускиот претседател Емануел) Макрон, кој победува на изборите, но ги нема бројките да владее“, рече Салвини. Тој посочи дека партијата „Национален собир“ ќе има 143 пратеници во францускиот Парламент, повеќе од кога било во историјата „со зголемување на гласовите од 33 на 37 отсто меѓу првиот и вториот круг на гласање“. „Сите против еден“ го намалија бројот на места, но не и нивото на поддршка за Марин Ле Пен и Џордан Бардела, на кои им испраќам голема прегратка“, наведе Салвини. Партијата „Лига“ на Салвини досега беше дел од политичката групација „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент, заедно со партијата Француски национален митинг на Марин Ле Пен. Во меѓувреме, портпаролот на Орбан, Золтан Ковач, денеска на својот профил на Икс објави дека и „Национален собир“ се приклучува на групацијата „Патриоти на Европа“.

The post И партијата на Салвини се приклучува на блокот на Орбан appeared first on Република.

]]>
Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија https://republika.mk/vesti/svet/salvini-go-prezhivea-glasaneto-nedoverba-vo-italijanskiot-parlament-poradi-vrskite-na-negovata-partija-so-rusija/ Thu, 04 Apr 2024 06:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=761937

Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во Долниот дом на италијанскиот Парламент, пренесоа светските агенции.

Гласањето го донесе опозицијата и се однесуваше на врските на екстремно десничарската партија Лига на Салвини со Русија. Гласачите ја обвинија партијата на Салвини, која е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони, дека фигуративно не ги пробила мостовите со Русија и владејачката партија Единствена Русија.

Вкупно 209 членови на Домот на пратеници гласаа против изгласувањето недоверба, кое го поддржаа само 129 пратеници. Три лица беа воздржани.

Педесет и едногодишниот лидер на партијата Лига на 6 март 2017 година потпиша петгодишен договор за соработка на неговата политичка сила со владејачката руска партија. Договорот автоматски беше обновен во 2022 година. Во објава на Фејсбук од 2017 година, Салвини рече дека пактот ги обврзува двете земји „да се борат против илегалната имиграција и исламистичкиот тероризам и да работат на ставање крај на западните санкции против Русија“.

-Целите на соработката, која беше чисто политичка во 2017 година меѓу Лига и Единствена Русија, немаат повеќе вредност по руската инвазија на Украина, соопштија од партијата на Салвини.

Салвини, исто така, ја осуди руската инвазија, но неодамна беше критикуван за про-Путин забелешки дадени откако рускиот претседател беше реизбран во контроверзни термини.

Непосредно пред гласањето за недоверба, партијата Лига објави соопштение со кое се оградува од договорот за соработка со руската владејачка партија.

Изгласувањето недоверба на вицепремиерот имаше симболична вредност со оглед на тоа што владејачката коалиција има мнозинство во Домот на пратениците, но и во Сенатот.

Лига, која е сојузник на екстремно десничарските сили како Националното собрание и Алтернатива за Германија, го губи моментумот и е под 10 проценти во анкетите за европските избори.

The post Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во Долниот дом на италијанскиот Парламент, пренесоа светските агенции. Гласањето го донесе опозицијата и се однесуваше на врските на екстремно десничарската партија Лига на Салвини со Русија. Гласачите ја обвинија партијата на Салвини, која е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони, дека фигуративно не ги пробила мостовите со Русија и владејачката партија Единствена Русија. Вкупно 209 членови на Домот на пратеници гласаа против изгласувањето недоверба, кое го поддржаа само 129 пратеници. Три лица беа воздржани. Педесет и едногодишниот лидер на партијата Лига на 6 март 2017 година потпиша петгодишен договор за соработка на неговата политичка сила со владејачката руска партија. Договорот автоматски беше обновен во 2022 година. Во објава на Фејсбук од 2017 година, Салвини рече дека пактот ги обврзува двете земји „да се борат против илегалната имиграција и исламистичкиот тероризам и да работат на ставање крај на западните санкции против Русија“. -Целите на соработката, која беше чисто политичка во 2017 година меѓу Лига и Единствена Русија, немаат повеќе вредност по руската инвазија на Украина, соопштија од партијата на Салвини. Салвини, исто така, ја осуди руската инвазија, но неодамна беше критикуван за про-Путин забелешки дадени откако рускиот претседател беше реизбран во контроверзни термини. Непосредно пред гласањето за недоверба, партијата Лига објави соопштение со кое се оградува од договорот за соработка со руската владејачка партија. Изгласувањето недоверба на вицепремиерот имаше симболична вредност со оглед на тоа што владејачката коалиција има мнозинство во Домот на пратениците, но и во Сенатот. Лига, која е сојузник на екстремно десничарските сили како Националното собрание и Алтернатива за Германија, го губи моментумот и е под 10 проценти во анкетите за европските избори.

The post Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија appeared first on Република.

]]>
Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија https://republika.mk/vesti/svet/salvini-italija-mora-da-se-vrati-na-nuklearna-energija/ Thu, 12 Oct 2023 11:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=690499

Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарна енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини.

Лидерот на Лига, членка на владејачката коалиција, исто така предложи локација, сугерирајќи дека новата нуклеарна централа треба да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, Браќа на Италија, се залага за враќање на нуклеарната енергија.

Италија ја напушти нуклеарната енергија по катастрофата во Чернобил во 1986 година и го затвори својот последен реактор четири години подоцна. Последователно, тие почнаа повторно да размислуваат за вклучување на нуклеарни централи, но плановите беа замрзнати по катастрофата во јапонската Фукушима во 2011 година.

Повеќе од 94 отсто од Италијанците еднаш на референдум гласаа против враќањето на нуклеарната енергија, а министерот Салвини, кој е и вицепремиер, започна кампања за повторно изјаснување на граѓаните.

The post Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија appeared first on Република.

]]>

Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарна енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини. Лидерот на Лига, членка на владејачката коалиција, исто така предложи локација, сугерирајќи дека новата нуклеарна централа треба да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, Браќа на Италија, се залага за враќање на нуклеарната енергија. Италија ја напушти нуклеарната енергија по катастрофата во Чернобил во 1986 година и го затвори својот последен реактор четири години подоцна. Последователно, тие почнаа повторно да размислуваат за вклучување на нуклеарни централи, но плановите беа замрзнати по катастрофата во јапонската Фукушима во 2011 година. Повеќе од 94 отсто од Италијанците еднаш на референдум гласаа против враќањето на нуклеарната енергија, а министерот Салвини, кој е и вицепремиер, започна кампања за повторно изјаснување на граѓаните.

The post Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија appeared first on Република.

]]>
Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: Тоа е чин на насилство и ароганција https://republika.mk/vesti/svet/italija-ja-tuzhi-avstrija-za-blokada-na-preminot-brener-toa-e-chin-na-nasilstvo-i-arogantsija/ Thu, 21 Sep 2023 13:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=683797

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата меѓу двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини.

Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“.

Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови.

По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка.

Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд.

Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека воопшто не станува збор за заштита на животната средина, туку за нелојална австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент.

Преминот Бренер е еден од главните центри меѓу јужна и северна Европа, а блокирањето на границата од страна на Австрија беше критикувано од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.

The post Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: Тоа е чин на насилство и ароганција appeared first on Република.

]]>

Италијанската влада ќе ја тужи Австрија пред судот на ЕУ за блокирање на преминот Бренер на границата меѓу двете земји, изјави италијанскиот вицепремиер, Матео Салвини. Тој рече дека чинот на Австрија претставува „чин на насилство и политичка ароганција“, објави „Еурактив“. Салвини ја осуди Австрија за блокирање на патувањето на италијанските превозници преку австриска територија и што неодамна најави гранични контроли на границата со Италија за да се спречи преминувањето на илегални мигранти, кои во последните недели во сè поголем број пристигнуваат на италијанските брегови. По четири години недејствување на Европската комисија (ЕК), Италија одлучи официјално да ја активира процедурата со која на една земја членка на ЕУ ѝ се дава право да поведе тужба пред Европскиот суд на правдата против земјите членки за кршење на правото на Унијата, рече Салвини истакнувајќи дека ЕК требало да ја поведе оваа постапка. Салвини истакна дека Италија во овој момент верува во правдата на Европскиот суд. Тој потсети дека Австрија воведе рестрикции наводно од еколошки причини, но тврди дека воопшто не станува збор за заштита на животната средина, туку за нелојална австриска конкуренција кон италијанските и германските претприемачи и превозници и кон целиот европски континент. Преминот Бренер е еден од главните центри меѓу јужна и северна Европа, а блокирањето на границата од страна на Австрија беше критикувано од соседна Германија, која исто така беше казнета за ограничувањата воведени во транспортот.

The post Италија ја тужи Австрија за блокада на преминот Бренер: Тоа е чин на насилство и ароганција appeared first on Република.

]]>
Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија https://republika.mk/vesti/svet/salvini-desnicharskata-koalicija-kje-obezbedi-petgodishna-stabilnost-vo-italija/ Mon, 26 Sep 2022 13:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=554341

Десничарската коалиција која победи на парламентарните избори во Италија ќе обезбеди петгодишна стабилност во земјата, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини.

Салвини најави дека подоцна ќе разговара со Џорџа Мелони, која според прелиминарните податоци води на изборите во Италија, за започнување на процесот за формирање нова влада.

Очекувам најмалку пет години да одиме напред без промени, без пресврт, со одредување на приоритетните работи што треба да ги направиме. Вчера разговарав со Мелони и секако и честитав, добро се снајде – ќе работиме заедно уште долго - рече Салвини.

И покрај тоа што беше дел од победничката коалиција, Лигата освои само околу 9 отсто од гласовите, што е помалку од нејзиниот резултат од 17 отсто четири години претходно.

Преостанатите две партии во коалицијата – победниците „Италијански браќа“ и „Напред, Италија“ освоија околу 26 отсто, односно 8 отсто.

The post Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија appeared first on Република.

]]>

Десничарската коалиција која победи на парламентарните избори во Италија ќе обезбеди петгодишна стабилност во земјата, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини. Салвини најави дека подоцна ќе разговара со Џорџа Мелони, која според прелиминарните податоци води на изборите во Италија, за започнување на процесот за формирање нова влада.
Очекувам најмалку пет години да одиме напред без промени, без пресврт, со одредување на приоритетните работи што треба да ги направиме. Вчера разговарав со Мелони и секако и честитав, добро се снајде – ќе работиме заедно уште долго - рече Салвини.
И покрај тоа што беше дел од победничката коалиција, Лигата освои само околу 9 отсто од гласовите, што е помалку од нејзиниот резултат од 17 отсто четири години претходно. Преостанатите две партии во коалицијата – победниците „Италијански браќа“ и „Напред, Италија“ освоија околу 26 отсто, односно 8 отсто.

The post Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди петгодишна стабилност во Италија appeared first on Република.

]]>
Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија https://republika.mk/vesti/svet/salvini-nekoj-vo-evropa-pogreshno-presmetal-sankciite-ni-nashtetija-na-nas-a-ne-na-rusija/ Tue, 06 Sep 2022 10:25:59 +0000 https://republika.mk/?p=547909

Лидерот на италијанската десничарска лига, Матео Салвини апелираше за укинување на санкциите против Русија. Причината е што поради нив страдаат европските граѓани, соочени со постојано зголемување на цените на енергијата.

Поминаа неколку месеци и луѓето сега плаќаат два, три или дури четирикратни сметки. Војната продолжува, а Русија ја полни својата каса со наши пари, рече Салвини.

Ден претходно тој на Твитер напиша дека „оние кои беа санкционирани се победници, а оние кои воведоа санкции се на колена“.

Како што пишува британски „Телеграф“, порастот на цените на енергијата предизвика економски колапс во земјите од Европската унија кои до војната беа зависни од руската енергија.

Салвини, за кој се верува дека ќе влезе во десничарска коалициска влада по претстојните избори, ја изрази својата загриженост на економски форум во Чернобил на северот на земјата.

Ни треба европски штит, потребна ни е заштита на нашите семејства и претприемачи, исто како што создадовме таков штит за време на пандемијата. Ако сакаме да продолжиме со санкциите за заштита на Украина, тоа е во ред, но не би сакал да видам ситуација кога наместо некого да санкционираме, ние самите си наштетуваме. Очигледно е дека некој во Европа погрешно пресметал. Клучно е да се смени европската стратегија за да се заштитат работните места во Италија и другите земји, рече Салвини.

Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, одговорил дека „ни Путин не би рекол подобро“.

Тој рече дека ова се неодговорни тврдења кои можат „да ѝ нанесат голема штета на Италија, нејзината сигурност и европската улога“.

Кога го слушам Салвини, тоа е како да ја слушам пропагандата на Путин, рече тој.

The post Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на италијанската десничарска лига, Матео Салвини апелираше за укинување на санкциите против Русија. Причината е што поради нив страдаат европските граѓани, соочени со постојано зголемување на цените на енергијата.
Поминаа неколку месеци и луѓето сега плаќаат два, три или дури четирикратни сметки. Војната продолжува, а Русија ја полни својата каса со наши пари, рече Салвини.
Ден претходно тој на Твитер напиша дека „оние кои беа санкционирани се победници, а оние кои воведоа санкции се на колена“. Како што пишува британски „Телеграф“, порастот на цените на енергијата предизвика економски колапс во земјите од Европската унија кои до војната беа зависни од руската енергија. Салвини, за кој се верува дека ќе влезе во десничарска коалициска влада по претстојните избори, ја изрази својата загриженост на економски форум во Чернобил на северот на земјата.
Ни треба европски штит, потребна ни е заштита на нашите семејства и претприемачи, исто како што создадовме таков штит за време на пандемијата. Ако сакаме да продолжиме со санкциите за заштита на Украина, тоа е во ред, но не би сакал да видам ситуација кога наместо некого да санкционираме, ние самите си наштетуваме. Очигледно е дека некој во Европа погрешно пресметал. Клучно е да се смени европската стратегија за да се заштитат работните места во Италија и другите земји, рече Салвини.
Лидерот на Демократската партија, Енрико Лета, одговорил дека „ни Путин не би рекол подобро“. Тој рече дека ова се неодговорни тврдења кои можат „да ѝ нанесат голема штета на Италија, нејзината сигурност и европската улога“.
Кога го слушам Салвини, тоа е како да ја слушам пропагандата на Путин, рече тој.

The post Салвини: Некој во Европа погрешно пресметал, санкциите ни наштетија на нас а не на Русија appeared first on Република.

]]>