Матарела Archives - Република https://republika.mk/tema/matarela/ За подобро да се разбереме Sat, 25 May 2024 06:03:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Матарела Archives - Република https://republika.mk/tema/matarela/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова на средба со италијанскиот претседател Матарела: Се согласивме дека европските стандарди треба да се почитуваат и од оние надвор, како нас, но и од оние внатре https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-sredba-so-italijanskiot-pretsedatel-matarela-se-soglasivme-deka-evropskite-standardi-treba-da-se-pochituvaat-i-od-onie-nadvor-kako-nas-no-i-od-onie-vnatre/ Fri, 24 May 2024 18:30:24 +0000 https://republika.mk/?p=781507

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

На средбата, претседателката изрази задоволство што нејзината прва посета на земја членка на ЕУ и НАТО е на Италија, што претставува потврда за пријателските односи меѓу двете земји и истакна дека ќе се залага за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупните билатерални односи на македонската со Италијанската Република.

Двајцата соговорници разменија мислења за предизвиците на македонскиот евроинтегративен процес при што претседателката упати благодарност за досегашната италијанска поддршка на политиката на проширување на Европската Унија, како и за позитивниот однос при надминување на меѓусоседските спорови при приемот на нови членки во Унијата. Со цел одржување на кредибилноста на процесот на проширување, почитување на меѓународното право и универзалните демократски вредности, претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина ќе го поддржува мериторниот процес на исполнување на Копенхагенските критериуми во однос на евроинтеграциите. Воедно, таа изрази подготвеност за соработка со цел доследна реализација на сите неопходни реформи во клучните области кои беа нотирани од страна на Европската Комисија.

Како НАТО сојузници, на средбата беше потврдена подготвеноста за продолжување на одбранбената соработка и меѓусебна поддршка во однос на надминување на актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент. Во таа насока, беа разменети мислења околу политичките состојби и отворените прашања на Западниот Балкан, коишто се од интерес за безбедноста и стабилноста на поширокиот регион.

Посочувајќи дека Италија е наш значаен трговски партнер, претседателката Сиљановска Давкова искажа интерес за засилување на постоечките и изнаоѓање на нови можности за продлабочување на економските односи и проширување на соработката во областа на туризмот, политиките за млади и спорт, како и на креативната индустрија.

Претседателката Сиљановска Давкова во изјава за медиумите ја оцени средбата како плодна и конструктивна, на која претседателот Матарела ја потврдил заложбата на Италија да го поддржува регионот и да нè поддржува нас во секој поглед, не само во евроинтеграциите туку и во економијата, образованието, културата, одбраната, како и италијанското и нашето членство во меѓународни организации.

„Јас побарав од италијанскиот претседател и од Италија, на нашиот натамошен пат да помогнат околу давање гаранции, гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е спремен да застане зад нас, се разбира во барањето на решенијата со соседите, рече претседателката Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека италијанскиот претседател изразил длабоко разбирање за направените жртви во процесот на евроинтеграциите.

„Постигнавме согласност или се согласивме дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како нас, но и од оние внатре“, истакна претседателката Сиљановска Давкова по средбата со италијанскиот претседател Матарела.

Претседателката Сиљановска Давкова престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на средба со италијанскиот претседател Матарела: Се согласивме дека европските стандарди треба да се почитуваат и од оние надвор, како нас, но и од оние внатре appeared first on Република.

]]>

Матарела: Европската Унија задоцни со преговорите за членство со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/matarela-evropskata-unija-zadocni-so-pregovorite-za-chlenstvo-so-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 17:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=549198

Преговорите на Македонија со ЕУ задоцнија и за жал, тоа не беше разумно. Да се надеваме дека процесот нема да трае толку долго, бидејќи ЕУ не е комплетна без земјите од Западен Балкан, порача шефот на италијанската држава Серџо Матарела во Скопје.

Пречекан со највисоки почести од домаќинот Пендаровски, Матарела од претседателската вила на Водно истакна дека со големо задоволство ја проследил одлуката од јули за почеток на преговори, нагласувајќи дека Италија постојано ќе биде на страната на Македонија на патот на реформите.

“Сакам јавно да подвлечам дека го цениме трпението и напорот што Македонија ги направи за да ги надмине сите потешкотии и на планот на подобри и попозитивни односи со соседите. Станува збор за чекори нанапред кои Италија секогаш ги следеше и ги поддржуваше и во своите односи со Софија. Унијата е наша заедничка иднина, тоа е наше убедување, што секаде го кажуваме. Без влезот на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, Унијата нема да биде целосна и има потреба од овој влез за комплетирање за навистина да биде интегриран целиот континент”

Шефот на државав, пак, и се заблагодари на Италија за политиката на проширување во ЕУ и поддршката за нас во тој контекст.

“Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас ќе ни бидат навистина корисни. За време на разговорите потенцирав дека Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици за што зборува и фактот за нашето стопроцентно усогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата”

Првата посета на еден италијански претседател на земјава по 23 години за Матарела продолжи во Собранието.

Во обраќањето пред пратениците, тој посочи дека почетокот на преговорите со Унијата претставува голем успех и дека културно, историски и вредносно, местото на Македонија е целосно во ЕУ.

The post Матарела: Европската Унија задоцни со преговорите за членство со Македонија appeared first on Република.

]]>

Преговорите на Македонија со ЕУ задоцнија и за жал, тоа не беше разумно. Да се надеваме дека процесот нема да трае толку долго, бидејќи ЕУ не е комплетна без земјите од Западен Балкан, порача шефот на италијанската држава Серџо Матарела во Скопје. Пречекан со највисоки почести од домаќинот Пендаровски, Матарела од претседателската вила на Водно истакна дека со големо задоволство ја проследил одлуката од јули за почеток на преговори, нагласувајќи дека Италија постојано ќе биде на страната на Македонија на патот на реформите. “Сакам јавно да подвлечам дека го цениме трпението и напорот што Македонија ги направи за да ги надмине сите потешкотии и на планот на подобри и попозитивни односи со соседите. Станува збор за чекори нанапред кои Италија секогаш ги следеше и ги поддржуваше и во своите односи со Софија. Унијата е наша заедничка иднина, тоа е наше убедување, што секаде го кажуваме. Без влезот на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, Унијата нема да биде целосна и има потреба од овој влез за комплетирање за навистина да биде интегриран целиот континент” Шефот на државав, пак, и се заблагодари на Италија за политиката на проширување во ЕУ и поддршката за нас во тој контекст. “Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас ќе ни бидат навистина корисни. За време на разговорите потенцирав дека Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици за што зборува и фактот за нашето стопроцентно усогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата” Првата посета на еден италијански претседател на земјава по 23 години за Матарела продолжи во Собранието. Во обраќањето пред пратениците, тој посочи дека почетокот на преговорите со Унијата претставува голем успех и дека културно, историски и вредносно, местото на Македонија е целосно во ЕУ.

The post Матарела: Европската Унија задоцни со преговорите за членство со Македонија appeared first on Република.

]]>
Средба Ковачевски – Матарела: Голема поддршка од Италија за натамошниот процес на евроинтеграциите на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-kovachevski-matarela-golema-poddrshka-od-italija-za-natamoshniot-proces-na-evrointegraciite-na-severna-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 17:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=549242

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата задолжена за добро владеење, Славица Грковска и од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се сретна со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.

На состанокот се потврдени искреното пријателство и добрите релации помеѓу двете земји, со активен дијалог во билатералните односи, како и од значење за демократскиот развој на нашата држава.

На средбата е истакната јасната позиција на Италијанската Република дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан мора да продолжи, што се покажува неопходно и во рамки на глобалните, актуелни случувања. При тоа е нагласена улогата на нашата држава во регионот, како земја којашто ги решава предизвиците низ храбро лидерство, трпение и мудрости и е најавена голема поддршка од Италија и во натамошниот процес на европските интеграции на Македонија, со цел забрзана динамика до полноправно членство во ЕУ.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата поддршка што ја дава Италија на Македонија во трите децении од воспоставените дипломатски односи, во евроатлантските интеграции и посебно во рамки на процесот со којшто, по 17 години, конечно започнаа преговорите со ЕУ.

Претседателот на Владата, Ковачевски, истакна дека нашата држава се постави стопроцентно и навремено на линија на политиките на ЕУ, во однос на војната во Украина, дека применува европски вредности и дека заслужува да биде дел од Европската Унија.

На состанокот е разговарано и за други актуелни прашања, посебно околу справувањето со предизвиците за обезбедување енергија, со коишто се соочуваат Европа и светот. Во таа насока е изразена заедничка согласност дека е неопходно ЕУ тесно да соработува и со државите од Западен Балкан, коишто треба да бидат земени предвид при можните решенија.

Премиер Ковачевски, на средбата, ја нагласи и важноста на соработката на Македонија и Италија во областа на културата, одбраната – како две држави членки на НАТО, трговијата и инвестициите, а заедно со вицепремиерката Грковска и министерот Спасовски, беше оценета како значајна соработката во областа на борбата против корупцијата, превенцијата и владеењето на правото. При тоа е изразен интерес за нов импулс во економската соработка, посебно во делот на обновливите извори на енергија.

The post Средба Ковачевски – Матарела: Голема поддршка од Италија за натамошниот процес на евроинтеграциите на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од заменичката на претседателот на Владата задолжена за добро владеење, Славица Грковска и од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се сретна со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела. На состанокот се потврдени искреното пријателство и добрите релации помеѓу двете земји, со активен дијалог во билатералните односи, како и од значење за демократскиот развој на нашата држава. На средбата е истакната јасната позиција на Италијанската Република дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан мора да продолжи, што се покажува неопходно и во рамки на глобалните, актуелни случувања. При тоа е нагласена улогата на нашата држава во регионот, како земја којашто ги решава предизвиците низ храбро лидерство, трпение и мудрости и е најавена голема поддршка од Италија и во натамошниот процес на европските интеграции на Македонија, со цел забрзана динамика до полноправно членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата поддршка што ја дава Италија на Македонија во трите децении од воспоставените дипломатски односи, во евроатлантските интеграции и посебно во рамки на процесот со којшто, по 17 години, конечно започнаа преговорите со ЕУ. Претседателот на Владата, Ковачевски, истакна дека нашата држава се постави стопроцентно и навремено на линија на политиките на ЕУ, во однос на војната во Украина, дека применува европски вредности и дека заслужува да биде дел од Европската Унија. На состанокот е разговарано и за други актуелни прашања, посебно околу справувањето со предизвиците за обезбедување енергија, со коишто се соочуваат Европа и светот. Во таа насока е изразена заедничка согласност дека е неопходно ЕУ тесно да соработува и со државите од Западен Балкан, коишто треба да бидат земени предвид при можните решенија. Премиер Ковачевски, на средбата, ја нагласи и важноста на соработката на Македонија и Италија во областа на културата, одбраната – како две држави членки на НАТО, трговијата и инвестициите, а заедно со вицепремиерката Грковска и министерот Спасовски, беше оценета како значајна соработката во областа на борбата против корупцијата, превенцијата и владеењето на правото. При тоа е изразен интерес за нов импулс во економската соработка, посебно во делот на обновливите извори на енергија.  

The post Средба Ковачевски – Матарела: Голема поддршка од Италија за натамошниот процес на евроинтеграциите на Македонија appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги https://republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-pretsedatel-matarela-ne-ja-prifati-ostavkata-na-premierot-dragi/ Thu, 14 Jul 2022 19:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=529051

Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги.

Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација.

Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.

Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“.

Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација. Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.
Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги appeared first on Република.

]]>