мастерклас Archives - Република https://republika.mk/tema/masterklas/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 08:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мастерклас Archives - Република https://republika.mk/tema/masterklas/ 32 32 „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/film/bekni-be-ke-mi-snema-lenta-masterklas-so-stole-popov-vikendov-na-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=807105

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“.

Модераторка: Илинденка Петрушева

 

Настанот е отворен за јавност

Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.

 

Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.

Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.

 

Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…!

Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“. Модераторка: Илинденка Петрушева   Настанот е отворен за јавност Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.   Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови. Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.   Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…! Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски https://republika.mk/vesti/kultura/masterklas-za-kreativno-pishuvane-so-venko-andonovski/ Fri, 17 May 2024 08:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=779064

Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски.

Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски.

Автор е на романите „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“ и „Папокот на светлината“.

 

The post Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски appeared first on Република.

]]>

Во среда на 22 мај, од 20 часот во Јавна Соба ќе одржи Мастерклас за креативно пишување со писателот Венко Андоновски. Андоновски е еден од најчитаните македонски писатели. Неговиот роман „Папокот на светот“ е продаден во повеќе од 12 000 примероци, а романот „Вештица“ го надминал тиражот од 7 000 примероци. Исто така, тој е еден од најпопуларните драмски писатели во Македонија. Неговите дела се преведени на десетина јазици: англиски, француски, руски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Автор е на романите „Азбука за непослушните“, „Папокот на светот“, „Вештица“, „Ќерката на математичарот“ и „Папокот на светлината“.  

The post Мастерклас за креативно пишување со Венко Андоновски appeared first on Република.

]]>
„Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот https://republika.mk/scena/muzika/dhez-muzika-na-chovekoviot-rod-masterklas-so-toni-kitanovski-za-svetskiot-den-na-dhezot/ Wed, 01 May 2024 13:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=773013

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше мастерклас со познатиот македонски џез музичар, гитаристот Тони Китановски. Темата на мастеркласот беше „Џез – музика на човековиот род“.

Овој мастерклас и концерт по десетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја става на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

извор: култура 24.мк

The post „Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше мастерклас со познатиот македонски џез музичар, гитаристот Тони Китановски. Темата на мастеркласот беше „Џез – музика на човековиот род“. Овој мастерклас и концерт по десетти пат ќе ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја става на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани. извор: култура 24.мк

The post „Џез – музика на човековиот род“-мастерклас со Тони Китановски за Светскиот ден на џезот appeared first on Република.

]]>
Мастерклас на италијанскиот илустратор и дизајнер на играчки, Лука Боскардин во Сули ан https://republika.mk/vesti/kultura/masterklas-na-italijanskiot-ilustrator-i-dizajner-na-igrachki-luka-boskardin-vo-suli-an/ Thu, 14 Mar 2024 09:12:39 +0000 https://republika.mk/?p=754273

На 14 март се отвора манифестацијата „Денови на италијанскиот дизајн“ во чии рамки од 10 часот во историскиот објект Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин.

Освен што е дијазнер на играчки, Боскардин е и талентиран илустратор, кој работи во Амстердам. Неговиот уникатен пристап кон уметноста вклучува враќање на предметите и ликовите во нивната најосновна форма, додека го задржува нивното целосно чувство за личност.

Неговите илустрации се шармантни, полни со емоции, додека неговите дизајни за детски играчки, од друга страна, се за забава и разгорување на имагинацијата.

Спојувајќи ги своите вештини и во илустрацијата и во дизајнот на играчките, Боскардин создава парчиња кои се и разиграни и елегантни. Неговата способност да ја долови суштината на луѓето и животните со само неколку линии на многумина им изгледа лесна, но всушност е исклучителна вештина.

Инаку, настанот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и во соработка со Факултетот за ликовни уметности, Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

The post Мастерклас на италијанскиот илустратор и дизајнер на играчки, Лука Боскардин во Сули ан appeared first on Република.

]]>

На 14 март се отвора манифестацијата „Денови на италијанскиот дизајн“ во чии рамки од 10 часот во историскиот објект Сули ан во Старата скопска чаршија ќе се одржи мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Освен што е дијазнер на играчки, Боскардин е и талентиран илустратор, кој работи во Амстердам. Неговиот уникатен пристап кон уметноста вклучува враќање на предметите и ликовите во нивната најосновна форма, додека го задржува нивното целосно чувство за личност. Неговите илустрации се шармантни, полни со емоции, додека неговите дизајни за детски играчки, од друга страна, се за забава и разгорување на имагинацијата. Спојувајќи ги своите вештини и во илустрацијата и во дизајнот на играчките, Боскардин создава парчиња кои се и разиграни и елегантни. Неговата способност да ја долови суштината на луѓето и животните со само неколку линии на многумина им изгледа лесна, но всушност е исклучителна вештина. Инаку, настанот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и во соработка со Факултетот за ликовни уметности, Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

The post Мастерклас на италијанскиот илустратор и дизајнер на играчки, Лука Боскардин во Сули ан appeared first on Република.

]]>
Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова https://republika.mk/vesti/kultura/master-klas-po-solo-peene-na-uchenitsite-od-muzichkoto-uchilishte-vo-struga-so-profesorkata-vesna-ginovska-ilkova/ Wed, 21 Feb 2024 12:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=746538

Учениците кои учат соло пеење во класата на професорката Едлира Арифи при државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга денеска во училиштето ќе се претстават пред реномираната оперска певица Весна Гиновска-Илкова.

По изведување на пиесата, струшките соло пејачи, како што информира раководителот на музичкото училиште Димитриј Кумбароски, од Гиновска-Илкова ќе добијат стручни коментари и совети што ќе им помогнат во нивниот натамошен музички развиток.

-На учениците им овозможуваме блиски средби со реномирани музичари, кои ќе им бидат пример, но и дополнителен мотив за работа и школување. Освен што добиваат стручни оценки и совети за нивната работа, на овој начин им ги отвораме вратите за соработка и професионални познатства со значајни музички имиња од земјава, но и странство, вели Кумбароски.

Гостувањето на Весна Гиновска-Илкова е продолжување на праксата што ја спроведува тимот на ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец“. Мастер класови одржале и норвешката професорка по дувачки инструменти Сисел Грун Дал и професорот по виолина при Музичката академија во Скопје, Михајло Куфојанакис.

The post Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>

Учениците кои учат соло пеење во класата на професорката Едлира Арифи при државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга денеска во училиштето ќе се претстават пред реномираната оперска певица Весна Гиновска-Илкова. По изведување на пиесата, струшките соло пејачи, како што информира раководителот на музичкото училиште Димитриј Кумбароски, од Гиновска-Илкова ќе добијат стручни коментари и совети што ќе им помогнат во нивниот натамошен музички развиток. -На учениците им овозможуваме блиски средби со реномирани музичари, кои ќе им бидат пример, но и дополнителен мотив за работа и школување. Освен што добиваат стручни оценки и совети за нивната работа, на овој начин им ги отвораме вратите за соработка и професионални познатства со значајни музички имиња од земјава, но и странство, вели Кумбароски. Гостувањето на Весна Гиновска-Илкова е продолжување на праксата што ја спроведува тимот на ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец“. Мастер класови одржале и норвешката професорка по дувачки инструменти Сисел Грун Дал и професорот по виолина при Музичката академија во Скопје, Михајло Куфојанакис.

The post Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>
Денеска во Кинотека мастерклас со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum https://republika.mk/vesti/kultura/deneska-vo-kinoteka-masterklas-so-elif-rongen-kajnakchi-kurator-na-nemi-filmovi-vo-eye-filmmuseum/ Thu, 31 Aug 2023 07:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=677447

MАСТЕРКЛАС со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum

31 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК) 12:00 ч.

- КАКО ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА НЕМ ФИЛМ?

Кога филмската лента ќе пристигне во архивата, честопати не се знае за каков филм станува збор. Задачата на филмологот е да ги отвори ‘рѓосаните кутии и да ги прегледа и идентификува овие филмски ленти. Бидејќи филмската продукција подразбирала производство на многу копии и нивно испраќање насекаде низ светот, голема е веројатноста некој филм да се појави на некое неочекувано место.

И покрај ваквата практика на копирање и дуплирање, поголемиот дел од филмовите направени во периодот на немиот филм, од 1895 до 1930-тите, денес се сметаат за изгубени. Сепак, во секоја филмска архива има и бројни филмски ленти кои сè уште чекаат да бидат правилно идентификува­ни. Оваа презентација има за цел да ги објасни методите на идентификација, кои понекогаш се слични на детективската работа, преку реални примери на изгубени и пронајдени филмови од збирката на Eye Filmmuseum.

- МУЗИЧКИ ПАРТИТУРИ ЗА ПРИДРУЖБА НА НЕМИ ФИЛМОВИ НА ПЛАТФОРМАТА НА EYE FILMMUSEUM

- EYE FILM PLAYER

Во последниве години, Eye Filmmuseum соработуваше со различни музичари со цел да напишат и снимаат партитури за неми филмови кои се дел од нивната збирка, а кои потоа биле поставени на нивната стриминг-платформа Eye Film Player. Оваа презентација ќе го објасни бизнис моделот што го создале од кој произлегле различните соработки, но и тоа како се вршел изборот на музички дела. Презентацијата ќе прикаже и краток преглед на претстојните соработки кои Eye Filmmuseum веќе ги остварува.

The post Денеска во Кинотека мастерклас со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum appeared first on Република.

]]>

MАСТЕРКЛАС со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum

31 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК) 12:00 ч.

- КАКО ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВА НЕМ ФИЛМ?

Кога филмската лента ќе пристигне во архивата, честопати не се знае за каков филм станува збор. Задачата на филмологот е да ги отвори ‘рѓосаните кутии и да ги прегледа и идентификува овие филмски ленти. Бидејќи филмската продукција подразбирала производство на многу копии и нивно испраќање насекаде низ светот, голема е веројатноста некој филм да се појави на некое неочекувано место.

И покрај ваквата практика на копирање и дуплирање, поголемиот дел од филмовите направени во периодот на немиот филм, од 1895 до 1930-тите, денес се сметаат за изгубени. Сепак, во секоја филмска архива има и бројни филмски ленти кои сè уште чекаат да бидат правилно идентификува­ни. Оваа презентација има за цел да ги објасни методите на идентификација, кои понекогаш се слични на детективската работа, преку реални примери на изгубени и пронајдени филмови од збирката на Eye Filmmuseum.

- МУЗИЧКИ ПАРТИТУРИ ЗА ПРИДРУЖБА НА НЕМИ ФИЛМОВИ НА ПЛАТФОРМАТА НА EYE FILMMUSEUM

- EYE FILM PLAYER

Во последниве години, Eye Filmmuseum соработуваше со различни музичари со цел да напишат и снимаат партитури за неми филмови кои се дел од нивната збирка, а кои потоа биле поставени на нивната стриминг-платформа Eye Film Player. Оваа презентација ќе го објасни бизнис моделот што го создале од кој произлегле различните соработки, но и тоа како се вршел изборот на музички дела. Презентацијата ќе прикаже и краток преглед на претстојните соработки кои Eye Filmmuseum веќе ги остварува.

The post Денеска во Кинотека мастерклас со Елиф Ронген-Кајнакчи, куратор на неми филмови во Eye Filmmuseum appeared first on Република.

]]>
Мастерклас на режисерката Мила Турајлиќ и почеток на МакеКоПроДокс Форум на 14. „МакеДокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/masterklas-na-rezhiserkata-mila-turajlik-i-pochetok-na-makekoprodoks-forum-na-14-makedoks/ Mon, 21 Aug 2023 19:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=674330

Големо финале на викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ на 20 август беа мастеркласот со режисерката Мила Турајлиќ, во претпладневните часови, и проекцијата на нејзиниот филмски диптих „Досие: Лабудовиќ“, во чии рамки беа прикажани документарните филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“. Главен протагонист во филмовите е Стеван Лабудовиќ, кој своевремено работел во „Филмски новости“ и бил личниот снимател на патувањата на Јосип Броз Тито.

Мастеркласот со Мила Турајлиќ, што се одржа на 20 август во Даутпашиниот амам, го водеше францускиот продуцент Виктор Еде. На почетокот Мила зборуваше за својот досегашен принцип на работа, објаснувајќи дека првите филмови ги направила со пријатели и во кругот на своето семејство.

Филмот е дел од мојот живот и многу ми беше тешко да работам со луѓе кои не се дел од мојот пријателски или семеен круг, рече Турајлиќ.

Подоцна, со зголемувањето на обемот на обврските кон филмовите што ги правела почнала да вклучува и други соработници кои би можеле во вистинска смисла да помогнат во креацијата на остварувањата. Така, на најновите два филма биле вклучени две француски монтажерки кои не го разбирале српскиот јазик. Токму тој факт Турајлиќ го искористила во правењето на драматургијата на приказната како филтер за селекција на кадри од преобемниот материјал.

Имајќи предвид дека првиот филм на Турајлиќ „Синема комунисто“ (2010) беше посветен на кинематографијата во поранешна Југославија, беше поставено прашање дали нејзина цел е правење филмови за државата што веќе не постои. Турајлиќ одговори дека со двата нови филмови сакала да го забележи моментот кога во нејзиниот роден град Белград се случил големиот настан на основањето на Движењето на неврзаните во 1961 година, кое тогаш се појавило како отпор во Студената војна помеѓу Истокот и Западот, а целта на филмовите е да потсети дека некогаш имало идеја за Третиот свет.

Во филмот „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ се опфатени пет клучни точки од основањето на Движењето на неврзаните, додека во вториот филм „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ приказната се одвива на територијата на Алжир за време на ослободителната борба против колонијализмот.

Во сите овие 15 години се обидувам да ги слушнам шепотењата од светот и да ги забележам во моите филмови, заклучи режисерката.

Во текот на вечерната проекција на филмскиот диптих, во паузата помеѓу двата филма, Турајлиќ одговараше на прашањата на публиката, која го исполни Куршумли-ан до последното место, а втората проекција ја посвети на Милтон Манаки, бидејќи во архивот на „Филмски новости“ додека ги правела своите филмови пронашла фотографија од посетата на Јосип Броз Тито во Битола во 1957 година, а на фотографијата се Тито, нејзиниот протагонист Стеван Лабудовиќ и основоположникот на македонската кинематографија Милтон Манаки.

Од 18 до 20 август се одржа работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководеа светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Резултатите од работилницата беа презентирани во првиот сегмент од работата на петтото издание на МакеКоПроДокс форумот на 21 август во МКЦ. На работилницата учествуваа четири избрани филмаџии/тимови од Бугарија, Грција, Турција и Романија со проект што моментално е во процес на монтажа.

Работилницата се одвиваше во монтажерското студио на Атанас Георгиев, а учесниците имаа можност да откријат нови алатки за монтажа, да научат да ги препознаваат слоевите на приказната во своите дела и да отворат нови можности за продуцирање на проектот. Менторот Јеспер Осмунд откри дека неговиот начин на работа е сличен како структурата на кромидот – открива слој по слој за да допре што подлабоко во приказната.

Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот се одржува од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Во текот на првиот ден, покрај презентацијата на резултатите од работилницата за монтажа, се одржа и панел-дискусија за филмските копродукции со акцент на релациите помеѓу монтажерите и продуцентите. Панелот го модерираше продуцентот и поранешен момтажер Виктор Еде (Франција), а учествуваа Јелена Максимовиќ и Драган Вон Петровиќ, монтажери од Србија, и продуцентот Рок Бицек од Словенија.

Монтажерот Драган Вон Петровиќ посочи дека природната релација во креацијата на документарните филмови е помеѓу авторите и монтажерите, а продуцентите се присутни за да обезбедат финансиска поддршка за проектот. Истакна и дека документарните проекти добиваат средства од државни фондови и агенции и дека мора да е присутна одговорноста на сите учесници во процесот кон јавните пари, кои се наменети за правење уметност, а не за правење филмови „за по дома“.

Како трет сегмент од првиот ден на петтиот МакеКоПроДокс форум беше учеството на претставници од балканските филмски центри кои имаа презентација на можностите за копродуцирање на филмски проекти. Секоја агенција, филмски центар или фонд има свој систем на работа и различен пристап кон поддршката на мнозинските и малцинските копродукции и затоа беше важно тие да бидат посочени пред филмските автори присутни на 14 „Македокс“.

Претставувањето на филмските центри беше модерирано од Хеле Хансен, независен консултант за документарен филм, а учествуваа Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм на Македонија, Валентина Лусупоџаев, директор на Филмскиот центар на Молдавија, Атина Карталу, директор на Грчкиот филмски центар, Блерта Зеќири, директор на Кинематографскиот центар на Косово, Морана Икиќ Комијеновиќ, претставник на Хрватскиот аудиовизуелен центар, додека онлајн на презентацијата се вклучија Гергана Даковска од Националниот филмски центар на Бугарија, Марија Никчевиќ од Филмскиот центар на Црна Гора и Мејлинда Тафа од Албанскиот центар за кинематографија.

Во попладневните часови, во хотелот „Арка“ се одржа средба на претставници на фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

На 22 август во МКЦ ќе бидат презентирани 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, кои ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

The post Мастерклас на режисерката Мила Турајлиќ и почеток на МакеКоПроДокс Форум на 14. „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Големо финале на викенд-програмата на 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“ на 20 август беа мастеркласот со режисерката Мила Турајлиќ, во претпладневните часови, и проекцијата на нејзиниот филмски диптих „Досие: Лабудовиќ“, во чии рамки беа прикажани документарните филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“. Главен протагонист во филмовите е Стеван Лабудовиќ, кој своевремено работел во „Филмски новости“ и бил личниот снимател на патувањата на Јосип Броз Тито. Мастеркласот со Мила Турајлиќ, што се одржа на 20 август во Даутпашиниот амам, го водеше францускиот продуцент Виктор Еде. На почетокот Мила зборуваше за својот досегашен принцип на работа, објаснувајќи дека првите филмови ги направила со пријатели и во кругот на своето семејство.
Филмот е дел од мојот живот и многу ми беше тешко да работам со луѓе кои не се дел од мојот пријателски или семеен круг, рече Турајлиќ.
Подоцна, со зголемувањето на обемот на обврските кон филмовите што ги правела почнала да вклучува и други соработници кои би можеле во вистинска смисла да помогнат во креацијата на остварувањата. Така, на најновите два филма биле вклучени две француски монтажерки кои не го разбирале српскиот јазик. Токму тој факт Турајлиќ го искористила во правењето на драматургијата на приказната како филтер за селекција на кадри од преобемниот материјал. Имајќи предвид дека првиот филм на Турајлиќ „Синема комунисто“ (2010) беше посветен на кинематографијата во поранешна Југославија, беше поставено прашање дали нејзина цел е правење филмови за државата што веќе не постои. Турајлиќ одговори дека со двата нови филмови сакала да го забележи моментот кога во нејзиниот роден град Белград се случил големиот настан на основањето на Движењето на неврзаните во 1961 година, кое тогаш се појавило како отпор во Студената војна помеѓу Истокот и Западот, а целта на филмовите е да потсети дека некогаш имало идеја за Третиот свет. Во филмот „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ се опфатени пет клучни точки од основањето на Движењето на неврзаните, додека во вториот филм „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ приказната се одвива на територијата на Алжир за време на ослободителната борба против колонијализмот.
Во сите овие 15 години се обидувам да ги слушнам шепотењата од светот и да ги забележам во моите филмови, заклучи режисерката.
Во текот на вечерната проекција на филмскиот диптих, во паузата помеѓу двата филма, Турајлиќ одговараше на прашањата на публиката, која го исполни Куршумли-ан до последното место, а втората проекција ја посвети на Милтон Манаки, бидејќи во архивот на „Филмски новости“ додека ги правела своите филмови пронашла фотографија од посетата на Јосип Броз Тито во Битола во 1957 година, а на фотографијата се Тито, нејзиниот протагонист Стеван Лабудовиќ и основоположникот на македонската кинематографија Милтон Манаки. Од 18 до 20 август се одржа работилницата за монтажа со наслов „Трагајќи по слоевите“. Со работилницата раководеа светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер. Резултатите од работилницата беа презентирани во првиот сегмент од работата на петтото издание на МакеКоПроДокс форумот на 21 август во МКЦ. На работилницата учествуваа четири избрани филмаџии/тимови од Бугарија, Грција, Турција и Романија со проект што моментално е во процес на монтажа. Работилницата се одвиваше во монтажерското студио на Атанас Георгиев, а учесниците имаа можност да откријат нови алатки за монтажа, да научат да ги препознаваат слоевите на приказната во своите дела и да отворат нови можности за продуцирање на проектот. Менторот Јеспер Осмунд откри дека неговиот начин на работа е сличен како структурата на кромидот – открива слој по слој за да допре што подлабоко во приказната. Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот се одржува од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Во текот на првиот ден, покрај презентацијата на резултатите од работилницата за монтажа, се одржа и панел-дискусија за филмските копродукции со акцент на релациите помеѓу монтажерите и продуцентите. Панелот го модерираше продуцентот и поранешен момтажер Виктор Еде (Франција), а учествуваа Јелена Максимовиќ и Драган Вон Петровиќ, монтажери од Србија, и продуцентот Рок Бицек од Словенија. Монтажерот Драган Вон Петровиќ посочи дека природната релација во креацијата на документарните филмови е помеѓу авторите и монтажерите, а продуцентите се присутни за да обезбедат финансиска поддршка за проектот. Истакна и дека документарните проекти добиваат средства од државни фондови и агенции и дека мора да е присутна одговорноста на сите учесници во процесот кон јавните пари, кои се наменети за правење уметност, а не за правење филмови „за по дома“. Како трет сегмент од првиот ден на петтиот МакеКоПроДокс форум беше учеството на претставници од балканските филмски центри кои имаа презентација на можностите за копродуцирање на филмски проекти. Секоја агенција, филмски центар или фонд има свој систем на работа и различен пристап кон поддршката на мнозинските и малцинските копродукции и затоа беше важно тие да бидат посочени пред филмските автори присутни на 14 „Македокс“. Претставувањето на филмските центри беше модерирано од Хеле Хансен, независен консултант за документарен филм, а учествуваа Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм на Македонија, Валентина Лусупоџаев, директор на Филмскиот центар на Молдавија, Атина Карталу, директор на Грчкиот филмски центар, Блерта Зеќири, директор на Кинематографскиот центар на Косово, Морана Икиќ Комијеновиќ, претставник на Хрватскиот аудиовизуелен центар, додека онлајн на презентацијата се вклучија Гергана Даковска од Националниот филмски центар на Бугарија, Марија Никчевиќ од Филмскиот центар на Црна Гора и Мејлинда Тафа од Албанскиот центар за кинематографија. Во попладневните часови, во хотелот „Арка“ се одржа средба на претставници на фестивалската мрежа „Doc Around Europe“. На 22 август во МКЦ ќе бидат презентирани 11 проекти во различни фази на продукција од Балканот, меѓу кои и два македонски, кои ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот. Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

The post Мастерклас на режисерката Мила Турајлиќ и почеток на МакеКоПроДокс Форум на 14. „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона https://republika.mk/vesti/kultura/milcho-manchevski-odrzhuva-masterklasi-i-predavane-na-univerzitetot-vo-arizona/ Mon, 13 Feb 2023 08:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=608257

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“.

Серијата мастеркласи се одржува во Новата американска филмска школа „Сидни Поатје“, а почна со анализата на „Бикини Мун“, неговиот американски филм од 2017 кој е лажен документарец за ветеранка од војната во Ирак и е снимен во Њујорк. Во серијата, меѓу другите, се и мастеркласите на кои Манчевски ќе ги прикаже неговите техники за работа со актери и концептот за кадар.

Гостувањето на Универзитетот во Аризона ќе се заокружи со предавање во Центарот Меликијан.

Творештвото на Манчевски е дел од наставните програми на бројни универзитети во светот, како и тема на многу есеи и книги. Неговите дела се предмет на истражувања на бројни конференции, меѓу кои и оние посветени на „Пред дождот“ на Универзитетот во Лајпциг и на „Прашина“ на Европскиот универзитет во Фиренца.

Во богатиот академски ангажман на Манчевски се и професор на Универзитетот на Њујорк, предавач на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Браун, Јеил, Шангај, ВГИК во Москва, Филмската академија на Куба и многу други низ светот.

Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година, лани беше најгледан филм во Македонија и се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. „Кајмак“ од почетокот на годинава го продолжува животот по низа филмски фестивали во светот.

The post Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона appeared first on Република.

]]>

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“. Серијата мастеркласи се одржува во Новата американска филмска школа „Сидни Поатје“, а почна со анализата на „Бикини Мун“, неговиот американски филм од 2017 кој е лажен документарец за ветеранка од војната во Ирак и е снимен во Њујорк. Во серијата, меѓу другите, се и мастеркласите на кои Манчевски ќе ги прикаже неговите техники за работа со актери и концептот за кадар. Гостувањето на Универзитетот во Аризона ќе се заокружи со предавање во Центарот Меликијан. Творештвото на Манчевски е дел од наставните програми на бројни универзитети во светот, како и тема на многу есеи и книги. Неговите дела се предмет на истражувања на бројни конференции, меѓу кои и оние посветени на „Пред дождот“ на Универзитетот во Лајпциг и на „Прашина“ на Европскиот универзитет во Фиренца. Во богатиот академски ангажман на Манчевски се и професор на Универзитетот на Њујорк, предавач на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Браун, Јеил, Шангај, ВГИК во Москва, Филмската академија на Куба и многу други низ светот. Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година, лани беше најгледан филм во Македонија и се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. „Кајмак“ од почетокот на годинава го продолжува животот по низа филмски фестивали во светот.

The post Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона appeared first on Република.

]]>
Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“ : Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода https://republika.mk/vesti/kultura/masterklas-so-ildiko-enjedi-na-kinenova-snimanjeto-e-kako-surfanje-mora-da-drzite-ramnoteza-inaku-kje-padnete-vo-voda/ Thu, 13 Oct 2022 06:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=560328

Унгарската режисерка Илдико Ењеди, која е годинашен лауреат на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, одржа мастерклас на кој присуствуваа истакнати македонски режисери и студенти од Факултетот за филмска уметност во Скопје.


Искусната режисерка сметаше дека е интересно заедно да го поминат тој еден час и да проговори со професионалците за нивните недоумици или проблемите се соочуваат додека работат.
-Вистина е дека има голем притисок не само во филмската индустрија, туку и во другите видови уметности и сметам дека така ја уништуваат идејата. Во мојот живот сум се соочила со многу бариери од очекувања, политички и естетски пречки. Во времето на социјалистиката ера јас немав можност да одам по главниот пат и да добијам пари, моите дела да бидат финансирани затоа што јас работев во една уметничка група која беше интердисциплинарна и чии членови беа следени од страна на тајната полиција, така што беше опасно да се работи во такви услови. Потоа сфаќате дека треба да уживате во тоа што го работите и дека едноставно треба да ја платите цената. Всушност, треба да бидете искрени со себе си. Тоа е најважно, рече Илдико.


Авторите споделија искуства и за емотивната состојба со која се соочуваат доколку филмот не биде поканет на некој фестивал. Трошат години од својот живот додека го прават филмот, а потоа нема никаква , или има многу мала можност да се прикаже тој филм.
- Ако сакате да бидете артикулиран и за себе, и како режисер треба да сфатите која е вистинската природа, вистинскиот јазик на филмот. Ако одите на експедиција на Северен Пол треба мошне внимателно да се подготвите за да не заборавите нешто, бидејќи нема простор да се вратите назад, но ако понесете премногу работи, ќе бидете претешки и може да паднете. Тоа ја дефинира подготовката на секој проект и тоа ви помага да сфатите што е целта на проектот. Ако за сите кои работат на филмот е тоа кристално јасно тогаш емоциите можат слободно да циркулираат и да се внесе целата креативна енергија. Тоа ни е единствената шанса. Што се однесува до учеството на филмски фестивали и поголема гледаност на филмовите, можеби треба да има платформи за филмови, налик на оние што веќе постојат за компјутерски игри, каде плаќате извесна сума и потоа можете да избирате која игра сакате да ја играте. Ваква платформа за филм може ќе ни помогне за поголема гледаност, вели Ењеди.


Се осврна и на искуството од снимањето на филмот „Приказната на мојата сопруга“, за кој вели дека е филм кој го снимала за себе.
-Го обожувам филмот „Приказната на мојата сопруга“. Сценариото го напишав во 1991 година и беше во конкуренција на филмскиот фестивал во Кан. Имавме прекрасна проекција, седев и се чувствував прекрасно. Беше јули и во Франција се прославуваше празник, имаше огномет и потоа во текот на ноќта првите американски филмски критичари имаа ужасни критики и тие го уништија филмот. Сте потрошиле неколку години од својот живот во него, срцето сте го вложиле, но се случуваат такви работи. Не само емоционално, и физички е тешко да гледате што се случува со филмот. По тие критики никој повеќе не сакаше да го погледне. Немаше покани за фестивали...голем молк. Но, јас знаев дека филмот е добар и чекор по чекор, во Јапонија, Австалија и на некои други фестивали почна да се појавува, но знаев дека никогаш нема да го добие посакуваното внимание. Тоа е нешто со што треба да научиме да се носиме, раскажа Ењеди.


За процесот на снимање, носењето брзи одлуки и справувањето со проблемите Ењеди вели дека режисерот е всушност машина која носи одлуки и тие некогаш се добри некогаш се лоши.
-Адреналинот во процесот на работа е прекрасен. Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, бидејќи секој момент може да паднете во вода, но тоа си има своја убавина, има и свое течение, и правец и мора да носите ад хок одлуки, инаку ќе биде тешко. Филмот е жива материја, освен ако сте Хичкок. Почнувајќи од сценариото, снимањето, монтажата може да го свртите во друга насока, па дури и со нијансирањето, некои работи може да станат јасни.

The post Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“ : Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода appeared first on Република.

]]>

Унгарската режисерка Илдико Ењеди, која е годинашен лауреат на наградата за особен придонес во филмската уметност на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, одржа мастерклас на кој присуствуваа истакнати македонски режисери и студенти од Факултетот за филмска уметност во Скопје. Искусната режисерка сметаше дека е интересно заедно да го поминат тој еден час и да проговори со професионалците за нивните недоумици или проблемите се соочуваат додека работат. -Вистина е дека има голем притисок не само во филмската индустрија, туку и во другите видови уметности и сметам дека така ја уништуваат идејата. Во мојот живот сум се соочила со многу бариери од очекувања, политички и естетски пречки. Во времето на социјалистиката ера јас немав можност да одам по главниот пат и да добијам пари, моите дела да бидат финансирани затоа што јас работев во една уметничка група која беше интердисциплинарна и чии членови беа следени од страна на тајната полиција, така што беше опасно да се работи во такви услови. Потоа сфаќате дека треба да уживате во тоа што го работите и дека едноставно треба да ја платите цената. Всушност, треба да бидете искрени со себе си. Тоа е најважно, рече Илдико. Авторите споделија искуства и за емотивната состојба со која се соочуваат доколку филмот не биде поканет на некој фестивал. Трошат години од својот живот додека го прават филмот, а потоа нема никаква , или има многу мала можност да се прикаже тој филм. - Ако сакате да бидете артикулиран и за себе, и како режисер треба да сфатите која е вистинската природа, вистинскиот јазик на филмот. Ако одите на експедиција на Северен Пол треба мошне внимателно да се подготвите за да не заборавите нешто, бидејќи нема простор да се вратите назад, но ако понесете премногу работи, ќе бидете претешки и може да паднете. Тоа ја дефинира подготовката на секој проект и тоа ви помага да сфатите што е целта на проектот. Ако за сите кои работат на филмот е тоа кристално јасно тогаш емоциите можат слободно да циркулираат и да се внесе целата креативна енергија. Тоа ни е единствената шанса. Што се однесува до учеството на филмски фестивали и поголема гледаност на филмовите, можеби треба да има платформи за филмови, налик на оние што веќе постојат за компјутерски игри, каде плаќате извесна сума и потоа можете да избирате која игра сакате да ја играте. Ваква платформа за филм може ќе ни помогне за поголема гледаност, вели Ењеди. Се осврна и на искуството од снимањето на филмот „Приказната на мојата сопруга“, за кој вели дека е филм кој го снимала за себе. -Го обожувам филмот „Приказната на мојата сопруга“. Сценариото го напишав во 1991 година и беше во конкуренција на филмскиот фестивал во Кан. Имавме прекрасна проекција, седев и се чувствував прекрасно. Беше јули и во Франција се прославуваше празник, имаше огномет и потоа во текот на ноќта првите американски филмски критичари имаа ужасни критики и тие го уништија филмот. Сте потрошиле неколку години од својот живот во него, срцето сте го вложиле, но се случуваат такви работи. Не само емоционално, и физички е тешко да гледате што се случува со филмот. По тие критики никој повеќе не сакаше да го погледне. Немаше покани за фестивали...голем молк. Но, јас знаев дека филмот е добар и чекор по чекор, во Јапонија, Австалија и на некои други фестивали почна да се појавува, но знаев дека никогаш нема да го добие посакуваното внимание. Тоа е нешто со што треба да научиме да се носиме, раскажа Ењеди. За процесот на снимање, носењето брзи одлуки и справувањето со проблемите Ењеди вели дека режисерот е всушност машина која носи одлуки и тие некогаш се добри некогаш се лоши. -Адреналинот во процесот на работа е прекрасен. Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, бидејќи секој момент може да паднете во вода, но тоа си има своја убавина, има и свое течение, и правец и мора да носите ад хок одлуки, инаку ќе биде тешко. Филмот е жива материја, освен ако сте Хичкок. Почнувајќи од сценариото, снимањето, монтажата може да го свртите во друга насока, па дури и со нијансирањето, некои работи може да станат јасни.

The post Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“ : Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода appeared first on Република.

]]>