масовно убиство Archives - Република https://republika.mk/tema/masovno-ubistvo/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jul 2023 19:59:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масовно убиство Archives - Република https://republika.mk/tema/masovno-ubistvo/ 32 32 90 доживотни казни за масовен убиец кој уби 23 лица во супермаркет https://republika.mk/vesti/svet/90-dozhivotni-kazni-za-masoven-ubiets-koj-ubi-23-litsa-vo-supermarket/ Fri, 07 Jul 2023 20:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=659087

Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми.

Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства.

Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо по обвиненија за вршење злосторство од омраза за што тој се изјасни за виновен во февруари годинава

На 3 август 2019 година во масовно пукање во Ел Пасо супермаркетот „Волмарт“ Крузиус уби 23 луѓе и рани 22. Тој намерно стрелал само по Јужноамериканци. Градот се наоѓа во близина на границата со Мексико.

Властите подоцна го окарактеризираа нападот како домашен тероризам. Осудениот со обвинителството потпишал договор за помека казна, но се соочува со уште едно судење на државно ниво во кое може да добие смртна казна.

The post 90 доживотни казни за масовен убиец кој уби 23 лица во супермаркет appeared first on Република.

]]>

Самонаречениот бел националист кој уби десетици лица во продавница „Волмарт“ во Тексас планирано стрелајќи во Јужноамериканци доби 90 последователни доживотни затворски казни, јавија дел од американските медиуми. Пресудата беше изречена од федерален судија по дводневни емоционални сведочења пред судот на жртвите и нивните семејства. Патрик Крузиус (24) беше осуден денеска во судот во Ел Пасо по обвиненија за вршење злосторство од омраза за што тој се изјасни за виновен во февруари годинава На 3 август 2019 година во масовно пукање во Ел Пасо супермаркетот „Волмарт“ Крузиус уби 23 луѓе и рани 22. Тој намерно стрелал само по Јужноамериканци. Градот се наоѓа во близина на границата со Мексико. Властите подоцна го окарактеризираа нападот како домашен тероризам. Осудениот со обвинителството потпишал договор за помека казна, но се соочува со уште едно судење на државно ниво во кое може да добие смртна казна.

The post 90 доживотни казни за масовен убиец кој уби 23 лица во супермаркет appeared first on Република.

]]>
Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/vo-imeto-na-semejstvoto-na-vladimir-k-i-negoviot-sin-advokatkata-na-semejstvoto-izrazi-sochuvstvo-do-semejstvata-na-ubienite-vo-belgrad/ Sat, 06 May 2023 07:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=637548

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот

Адвокатката на Владимир К., чиј син К. К. (13) уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон.

Ирина Боровиќ изјави дека Владимир К. ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз, пренесува Б92.

Целото оружје легално се поседува, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот, посочи Боровиќ.

Боровиќ, во името на семејството на Владимир К. и неговиот син, изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон семејствата на убиените и осомничените.

Според Боровиќ, таткото Владимир К. дури сега го дознал вистинскиот размер на овој настан.

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот.

Притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста, која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

The post Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот Адвокатката на Владимир К., чиј син К. К. (13) уби девет и рани седум лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, изјави дека оружјето и муницијата на осомничениот биле обезбедени со закон. Ирина Боровиќ изјави дека Владимир К. ги чувал муницијата и оружјето кои биле пронајдени согласно прописите, како и дека има соодветни дозволи за целото оружје и дека е член на Спортскиот сојуз, пренесува Б92.
Целото оружје легално се поседува, обезбедено, заклучено, под шифри, дури и дополнително обезбедено во однос на она што го пропишува законот, посочи Боровиќ.
Боровиќ, во името на семејството на Владимир К. и неговиот син, изрази сочувство до семејствата на убиените и побара од медиумите да бидат повнимателни кон семејствата на убиените и осомничените. Според Боровиќ, таткото Владимир К. дури сега го дознал вистинскиот размер на овој настан. Вишиот суд во Белград на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“ му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот. Притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста, која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

The post Во името на семејството на Владимир К. и неговиот син: Адвокатката на семејството изрази сочувство до семејствата на убиените во Белград appeared first on Република.

]]>
Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело https://republika.mk/vesti/balkan/tatkoto-na-kosta-dobi-30-dena-pritvor-mozhel-za-kratok-vremenski-period-da-go-povtori-krivichnoto-delo/ Fri, 05 May 2023 18:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=637460

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет и рани седум лица.

В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општaта безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/balkan/na-tatkoto-na-kosta-doktorot-vladimir-ketsmanovik-mu-se-zakanuva-kazna-od-12-godini-zatvor/

Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка.

На сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.

The post Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на В.К.(47), чиј син К.К. во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби девет и рани седум лица. В.К е осомничен за кривично дело Тешки дела против општaта безбедност од чл.288 ст.2 во врска со чл.278 ст.1 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/balkan/na-tatkoto-na-kosta-doktorot-vladimir-ketsmanovik-mu-se-zakanuva-kazna-od-12-godini-zatvor/ Притворот му е одреден поради постоење особени околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што кривичното дело кое му се става на товар е казниво со затворска казна над десет години, а начинот на извршувањето и сериозноста на последиците од кривичното дело ја вознемируваат јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка. На сослушување осомничениот негираше дека го сторил делото и детално ја изнесел својата одбрана.

The post Tаткото на Коста доби 30 дена притвор, можел за краток временски период да го повтори кривичното дело appeared first on Република.

]]>
Масакрите во Белград и Младеновац не се единствените: Ова се најкрвавите масовни убиства во Србија во последните 15 години https://republika.mk/vesti/balkan/masakrite-vo-belgrad-i-mladenovats-ne-se-edinstvenite-ova-se-najkrvavite-masovni-ubistva-vo-srbija-vo-poslednite-15-godini/ Fri, 05 May 2023 18:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=637434

Вооружените напади во Белград во основно училиште и во Младеновац, ја потресоа српската, но и целокупната јавност во регионот. Сепак, ова не се првите случаи на масовни убиства во Србија во последните петнаесетина години.

Масовни масакри во Србија се случуваа и во 2007 година во Јабуковац, 2013 во Велика Иванча и во 2016 година во Житиште.

Јабуковац

Убиствата во Јабуковац се случија на 27 јули 2007 година, кога Никола Радосављевиќ, уби девет и рани пет лица во српското село Јабуковац.

На 27 јули 2007 година, Радосављевиќ, кој дошол од Виена, ручал со сопругата. За време на ручекот, во 17 часот се скарале. Радосављевиќ ја удрил сопругата, и ги скршил носот и вилицата и таа паднала на подот на масата. По нападот врз сопругата, тој скокнал во бунар во близина на неговата куќа. Еден сосед слушнал чудни звуци од бунарот и го извлекол. Потоа, Радосављевиќ отишол во својата куќа и зел пушка, која му припаѓала на неговиот татко. Му рекол на соседот да си оди дома или ќе пука во него. Соседот побегнал.

Радосављевиќ го напуштил дворот облеан во крв, со пушката в рака. Излегол и почнал да оди по улиците на местото. Застанал кај оградата на дворот на соседот. Низ дупка во оградата пукал и убил старица која била во дворот. По истрелите, двајца мажи, татко и син излегле од куќата, а Радосављевиќ пукал и во нив и ги убил двајцата.

Понатаму по улицата здогледал брачен пар како стои во друг двор. Прво го застрелал човекот. Жената почнала да бега, но тој и пукал во грб. По истрелите, старица излегла во дворот, а Радосављевиќ пукал и во неа. Таа била повредена. Потоа, пукал во тинејџер кој стоел во својот двор. Таткото на тинејџерот истрчал од куќата и се наведнал над неговото тело, а Радосављевиќ му пукал во грбот. Одел понатаму по улицата, кога здогледал маж кој бега. Му пукал во грб и го убил.

Отишол кај свекрвата на брат му, при што, во друг двор пукал во жена. Тој ранил и старец на улица. Последната жртва (свекрвата на неговиот брат, која ја обвинил дека му фрлила клетва) ја застрелал во нејзината куќа. За време на пукањето, тој ја вперил пушката во градите на жената и на влашки прашал дали таа вежба магија.

Потоа отишол на гробиштата. Околу два часот по полноќ полицијата го пронашла во близина на гробот на неговите родители. Тој си пукал во стомакот, а потоа бил уапсен.

Радосављевиќ бил 39-годишен сезонски земјоделски работник во Австрија, кој се вратил во Србија пред пукањето. Како дете ја изгубил сестра си, што го мачело долго време. Ја изгубил и новородената ќерка. Имал татко Петар, мајка, Зора, сопруга Јелена, син Далибор (13) и ќерка Гордана (12). Имал брат кој исто така работел во Австрија. Соседите го опишале како љубезен и смирен човек кој никогаш не се скарал со семејството и соседите.

Велика Иванча

Во српското село Велика Иванча, во раните утрински часови на 9 април 2013 година се случи масовно пукање. Четиринаесет лица (вклучувајќи го и напаѓачот) беа убиени, а една жена, сопругата на напаѓачот, беше повредена. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 60-годишниот Љубиша Богдановиќ, роднина на многу од жртвите. Богдановиќ почина од повредите на 11 април 2013 година.

Околу пет часот Богдановиќ пукал со пиштол и ги убил својата 83-годишна мајка Добрила и неговиот 42-годишен син Бранко, а со истрел во главата ја ранил сопругата Јаворка во нивниот дом. Вооружениот напаѓач потоа влегол во четири соседни куќи, убивајќи пет мажи, пет жени и двегодишно дете, од кои повеќето биле застрелани во главата додека спиеле.

Масакрот завршил кога полицијата пристигнала на местото на настанот, по повикот на Јаворка Богдановиќ. Љубиша Богдановиќ го пронашле во дворот од неговата куќа. Тој извршил самоубиство, пукајќи си во главата.

Дванаесет од жртвите починале на лице место, а една жртва починала подоцна истиот ден во болница во Белград. Богдановиќ и неговата сопруга биле пренесени во болница, секој во критична состојба. Богдановиќ два дена подоцна починал од повредите.

Житиште

На 2 јули 2016 година, човек уби пет, а повреди уште лица, откако отвори оган со автоматска пушка во кафуле во селото Житиште, во Централниот банатски округ во Војводина. Сторителот подоцна беше идентификуван како Синиша Златиќ.

Ноќта меѓу први и втори јули 2016 година, Златиќ посетил кафуле за време на локален фестивал, каде што ја забележал својата отуѓена сопруга со група пријатели. Тој се вратил дома и извадил автоматска пушка АК-47 што незаконски ја поседувал. Потоа се вратил во кафулето и околу 1:40 часот по локално време почнал да пука во воздух.

Сепак, потоа, напаѓачот пукал во својата сопруга, при што смртно ја застрелал неа и уште една жена, по што без да гледа каде, почнал да пука во кафулето, убивајќи тројца мажи, а ранил уште 22 лица. Гостите во кафулето скокнале врз него и успеале да му го грабнат оружјето кога тој се обидел да побегне. Полицијата набргу го уапсила напаѓачот.

На 1 март 2017 година, високиот суд во Зрењанин го осуди Златиќ на 40 години затвор, најдолга можна казна според српскиот закон.

The post Масакрите во Белград и Младеновац не се единствените: Ова се најкрвавите масовни убиства во Србија во последните 15 години appeared first on Република.

]]>

Вооружените напади во Белград во основно училиште и во Младеновац, ја потресоа српската, но и целокупната јавност во регионот. Сепак, ова не се првите случаи на масовни убиства во Србија во последните петнаесетина години. Масовни масакри во Србија се случуваа и во 2007 година во Јабуковац, 2013 во Велика Иванча и во 2016 година во Житиште.

Јабуковац

Убиствата во Јабуковац се случија на 27 јули 2007 година, кога Никола Радосављевиќ, уби девет и рани пет лица во српското село Јабуковац. На 27 јули 2007 година, Радосављевиќ, кој дошол од Виена, ручал со сопругата. За време на ручекот, во 17 часот се скарале. Радосављевиќ ја удрил сопругата, и ги скршил носот и вилицата и таа паднала на подот на масата. По нападот врз сопругата, тој скокнал во бунар во близина на неговата куќа. Еден сосед слушнал чудни звуци од бунарот и го извлекол. Потоа, Радосављевиќ отишол во својата куќа и зел пушка, која му припаѓала на неговиот татко. Му рекол на соседот да си оди дома или ќе пука во него. Соседот побегнал. Радосављевиќ го напуштил дворот облеан во крв, со пушката в рака. Излегол и почнал да оди по улиците на местото. Застанал кај оградата на дворот на соседот. Низ дупка во оградата пукал и убил старица која била во дворот. По истрелите, двајца мажи, татко и син излегле од куќата, а Радосављевиќ пукал и во нив и ги убил двајцата. Понатаму по улицата здогледал брачен пар како стои во друг двор. Прво го застрелал човекот. Жената почнала да бега, но тој и пукал во грб. По истрелите, старица излегла во дворот, а Радосављевиќ пукал и во неа. Таа била повредена. Потоа, пукал во тинејџер кој стоел во својот двор. Таткото на тинејџерот истрчал од куќата и се наведнал над неговото тело, а Радосављевиќ му пукал во грбот. Одел понатаму по улицата, кога здогледал маж кој бега. Му пукал во грб и го убил. Отишол кај свекрвата на брат му, при што, во друг двор пукал во жена. Тој ранил и старец на улица. Последната жртва (свекрвата на неговиот брат, која ја обвинил дека му фрлила клетва) ја застрелал во нејзината куќа. За време на пукањето, тој ја вперил пушката во градите на жената и на влашки прашал дали таа вежба магија. Потоа отишол на гробиштата. Околу два часот по полноќ полицијата го пронашла во близина на гробот на неговите родители. Тој си пукал во стомакот, а потоа бил уапсен. Радосављевиќ бил 39-годишен сезонски земјоделски работник во Австрија, кој се вратил во Србија пред пукањето. Како дете ја изгубил сестра си, што го мачело долго време. Ја изгубил и новородената ќерка. Имал татко Петар, мајка, Зора, сопруга Јелена, син Далибор (13) и ќерка Гордана (12). Имал брат кој исто така работел во Австрија. Соседите го опишале како љубезен и смирен човек кој никогаш не се скарал со семејството и соседите.

Велика Иванча

Во српското село Велика Иванча, во раните утрински часови на 9 април 2013 година се случи масовно пукање. Четиринаесет лица (вклучувајќи го и напаѓачот) беа убиени, а една жена, сопругата на напаѓачот, беше повредена. Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 60-годишниот Љубиша Богдановиќ, роднина на многу од жртвите. Богдановиќ почина од повредите на 11 април 2013 година. Околу пет часот Богдановиќ пукал со пиштол и ги убил својата 83-годишна мајка Добрила и неговиот 42-годишен син Бранко, а со истрел во главата ја ранил сопругата Јаворка во нивниот дом. Вооружениот напаѓач потоа влегол во четири соседни куќи, убивајќи пет мажи, пет жени и двегодишно дете, од кои повеќето биле застрелани во главата додека спиеле. Масакрот завршил кога полицијата пристигнала на местото на настанот, по повикот на Јаворка Богдановиќ. Љубиша Богдановиќ го пронашле во дворот од неговата куќа. Тој извршил самоубиство, пукајќи си во главата. Дванаесет од жртвите починале на лице место, а една жртва починала подоцна истиот ден во болница во Белград. Богдановиќ и неговата сопруга биле пренесени во болница, секој во критична состојба. Богдановиќ два дена подоцна починал од повредите.

Житиште

На 2 јули 2016 година, човек уби пет, а повреди уште лица, откако отвори оган со автоматска пушка во кафуле во селото Житиште, во Централниот банатски округ во Војводина. Сторителот подоцна беше идентификуван како Синиша Златиќ. Ноќта меѓу први и втори јули 2016 година, Златиќ посетил кафуле за време на локален фестивал, каде што ја забележал својата отуѓена сопруга со група пријатели. Тој се вратил дома и извадил автоматска пушка АК-47 што незаконски ја поседувал. Потоа се вратил во кафулето и околу 1:40 часот по локално време почнал да пука во воздух. Сепак, потоа, напаѓачот пукал во својата сопруга, при што смртно ја застрелал неа и уште една жена, по што без да гледа каде, почнал да пука во кафулето, убивајќи тројца мажи, а ранил уште 22 лица. Гостите во кафулето скокнале врз него и успеале да му го грабнат оружјето кога тој се обидел да побегне. Полицијата набргу го уапсила напаѓачот. На 1 март 2017 година, високиот суд во Зрењанин го осуди Златиќ на 40 години затвор, најдолга можна казна според српскиот закон.

The post Масакрите во Белград и Младеновац не се единствените: Ова се најкрвавите масовни убиства во Србија во последните 15 години appeared first on Република.

]]>
Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал https://republika.mk/vesti/balkan/andrija-chikik-e-edno-od-osumte-detsa-ubieni-vo-belgrad-pred-eden-mesets-ja-komponirashe-melodijata-emotsii-koja-pobedi-na-festival/ Fri, 05 May 2023 16:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=637411

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар.

Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>

Андрија Чикиќ е едно од осумте деца кои беа убиени од врсник од нивното училиште во белградската населба Врачар. Андрија пред само еден месец ја компонираше и ја отсвири композицијата „Емоции“ со која ја освои и ја освои Првата награда, со максимални 100 поени, на 28. Републички фестивал за детско музичко творештво - „Деца композитори, ФЕДЕМУС 2023“...

The post Андрија Чикиќ е едно од осумте деца убиени во Белград: Пред еден месец ја компонираше мелодијата „Емоции“ која победи на фестивал appeared first on Република.

]]>
Објавени снимки од драматичната ноќ: Еве како полицијата го уапси Урош Блажиќ, убиецот од Младеновац https://republika.mk/vesti/balkan/objaveni-snimki-od-dramatichnata-nok-eve-kako-politsijata-go-uapsi-urosh-blazhik-ubietsot-od-mladenovats/ Fri, 05 May 2023 15:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=637406

Српската полиција утринава, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсила Урош Блажиќ (21), осомничен дека во текот на ноќта во три села кај Младеновац со огнено оружје уби осум, а ранил 14 лица, соопшти српското МВР.

Српската полиција на своите канали на социјалните мрежи објави како изгледало апсењето на масовниот убиец.

https://www.youtube.com/watch?v=8yx0W6aToXc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Уапсениот млад човек со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.

The post Објавени снимки од драматичната ноќ: Еве како полицијата го уапси Урош Блажиќ, убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>

Српската полиција утринава, по опсежна потрага, во околината на Крагуевац го уапсила Урош Блажиќ (21), осомничен дека во текот на ноќта во три села кај Младеновац со огнено оружје уби осум, а ранил 14 лица, соопшти српското МВР. Српската полиција на своите канали на социјалните мрежи објави како изгледало апсењето на масовниот убиец. https://www.youtube.com/watch?v=8yx0W6aToXc&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.jutarnji.hr%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Уапсениот млад човек со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.

The post Објавени снимки од драматичната ноќ: Еве како полицијата го уапси Урош Блажиќ, убиецот од Младеновац appeared first on Република.

]]>
Жал ми е што не ги поминав сите од списокот: Детето-убиец воопшто не се кае за масакрот во училиштето https://republika.mk/vesti/balkan/zhal-mi-e-shto-ne-gi-pominav-site-od-spisokot-deteto-ubiets-voopshto-ne-se-kae-za-masakrot-vo-uchilishteto/ Fri, 05 May 2023 15:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=637387

Тринаесртгодишниот Коста К., ученикот, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, давал ладнокрвни изјави по масовното убиство

Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев.

Како што неофицијално дознава „Курир.рс“, ваквата изјава ја дал Коста во разговор со работниците на Центарот за социјална работа (ЦЗСР).

The post Жал ми е што не ги поминав сите од списокот: Детето-убиец воопшто не се кае за масакрот во училиштето appeared first on Република.

]]>

Тринаесртгодишниот Коста К., ученикот, кој изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, давал ладнокрвни изјави по масовното убиство
Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев.
Како што неофицијално дознава „Курир.рс“, ваквата изјава ја дал Коста во разговор со работниците на Центарот за социјална работа (ЦЗСР).

The post Жал ми е што не ги поминав сите од списокот: Детето-убиец воопшто не се кае за масакрот во училиштето appeared first on Република.

]]>