МАСИТ Archives - Република https://republika.mk/tema/masit/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 16:07:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МАСИТ Archives - Република https://republika.mk/tema/masit/ 32 32 МАСИТ бара да се укине „недела неработен ден“ https://republika.mk/vesti/makedonija/masit-bara-da-se-ukine-nedela-neraboten-den/ Wed, 06 Nov 2024 16:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=834875

Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години.

Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека дигиталната трансформација во земјава брзо ќе се случи.

Бараме големи измени во Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме, ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата. Се надеваме дека дигиталната трансформација брзо ќе се случи, а тоа значи ставање на сите хартии и документи во дигитална форма. Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите - истакна Антова Пешева.

Таа информира дека МАСИТ предложила воспоставување јавни-приватни партнерства со домашни и безбедносно сертифицирани фирми кои ќе им помогнат на органите и министерствата со стручен кадар.

Мицкоски ја пофали досегашната соработка со МАСИТ. Рече дека сите средби биле конструктивни средби и од нив произлегле многу идеи и предлози кои потоа резултираат со политики.

Импресивен е фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто што додава вредност во нашата економија. Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20 000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21 000 се вработените во ИКТ, се луѓе кои останале тука, дома и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција, туку и за својата татковина и тие лично од мене имаат огромна почит, имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда. Секогаш луѓето кои останаа тука и кои се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките на оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите кои, за жал, ја напуштија земјата, да се вратат дома и тоа Македонија го заслужува - потенцира Мицкоски.

На средбата, додаде, бил направен рекапитулар на се што било претходно зборувано.

Добивме идеи, предлози што до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме. Пред нешто повеќе од една недела почнавме со проектот на нудење услуги за граѓаните со кои нема да има понижувања, шалтерски чекања,… Се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги,… и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата - рече премиерот.

Во однос на дигитализацијата, потсети дека има посебно Министерство за дигитална трансформација.

Министерството работи посветено. За овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува, да биде што подостапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема - нагласи Мицкоски.

The post МАСИТ бара да се укине „недела неработен ден“ appeared first on Република.

]]>

Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години. Како што изјави претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски, ИТ индустријата се надева дека дигиталната трансформација во земјава брзо ќе се случи.
Бараме големи измени во Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме, ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата. Се надеваме дека дигиталната трансформација брзо ќе се случи, а тоа значи ставање на сите хартии и документи во дигитална форма. Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите - истакна Антова Пешева.
Таа информира дека МАСИТ предложила воспоставување јавни-приватни партнерства со домашни и безбедносно сертифицирани фирми кои ќе им помогнат на органите и министерствата со стручен кадар. Мицкоски ја пофали досегашната соработка со МАСИТ. Рече дека сите средби биле конструктивни средби и од нив произлегле многу идеи и предлози кои потоа резултираат со политики.
Импресивен е фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто што додава вредност во нашата економија. Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20 000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21 000 се вработените во ИКТ, се луѓе кои останале тука, дома и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција, туку и за својата татковина и тие лично од мене имаат огромна почит, имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда. Секогаш луѓето кои останаа тука и кои се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките на оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите кои, за жал, ја напуштија земјата, да се вратат дома и тоа Македонија го заслужува - потенцира Мицкоски.
На средбата, додаде, бил направен рекапитулар на се што било претходно зборувано.
Добивме идеи, предлози што до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме. Пред нешто повеќе од една недела почнавме со проектот на нудење услуги за граѓаните со кои нема да има понижувања, шалтерски чекања,… Се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги,… и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата - рече премиерот.
Во однос на дигитализацијата, потсети дека има посебно Министерство за дигитална трансформација.
Министерството работи посветено. За овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува, да биде што подостапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема - нагласи Мицкоски.

The post МАСИТ бара да се укине „недела неработен ден“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-po-sredba-so-masit-komorata-investirame-vo-it-sektorot-bidejki-e-vazhen-za-razvoj-na-ekonomijata-i-drzhavata/ Wed, 06 Nov 2024 13:04:30 +0000 https://republika.mk/?p=834770

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на МАСИТ Комората и изрази благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи, како што нагласи, соработката и комуникација трае од пред неколку години уште кога како политичка партија ВМРО ДПМНЕ била во опозиција.

Секогаш сме имале конструктивни средби коишто произлегле многу идеи, предлози и средби коишто резултираат и со политики, понатаму коишто ние како Влада почнуваме или во периодот којшто следи ќе почнеме и ќе ги водиме.

Навистина е импресивен фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто коешто додава вредност во нашата домашна економија, изјави Мицкоски.

Мицкоски кажа дека голем дел од оние коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20.000, а во 2023 година повеќе од 21.000 се вработените во ИКТ индустријата, се луѓе коишто останеле тука, дома, во Македонија и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција туку и за својата татковина.

Тие луѓе лично од мене имаат огромна почит нормално имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда и секогаш луѓето коишто останаа тука и коишто се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките коишто ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите коишто за жал ја напуштија да си се вратат дома и од тука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека тоа Македонија го заслужува.

Денеска направивме еден рекапитулар на сето она коишто во минатото го говоревме, нормално добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме ќе ве потсетам пред нешто повеќе од една недела започнавме со оној проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која што нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои се и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги итн. и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата, изјави Мицкоски по состанокот.

Дигитализацијата на општеството ја покажавме како наша амбиција со тоа што имаме посебно министерство за дигитална трансформација и навистина министерството работи посветено, за овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува да биде што повеќе достапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема.

Овие средби се за нас од исклучително големо значење. Во периодот кој што следи ќе продолжат. Уште еднаш да искажам моја голема благодарност и до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред и да ја развиваме татковината, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата appeared first on Република.

19. Конференција на МАСИТ https://republika.mk/zivot/kariera/19-konferentsija-na-masit/ Mon, 28 Oct 2024 11:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=831634

19. традиционлна годишната конфренција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на 29 и на 30 октовмри. На првиот ден ќе се говори на тема „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а на 30 октомври на тема „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ – во соработка со Адвокатска Канцеларија Најденовски, ко-организатор на настанот за вториот ден.

Организаторите најавуваат богата и високо квалитетна програма исполнета со бројни истакнати говорници кои преку клучни предавања, панел дискусии и презентации ќе ги пренесат своите експертски знаења и искуства од областа на вештачката интелигенција (AI).

На воведниот дел од 19-та годишна конференција на МАСИТ, ќе се обратат истакнати говорници: Анета Пешева, Претседател на Собранието на МАСИТ,  Тимоти Онг, Директор на канцеларијата за економски раст на УСАИД и  Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.

Ќе биде организира панел дискусија која ќе ја води Весна Иваноска, заменик претседателка на Управниот одбор на МАСИТ, на која ќе има дискусија посветена на националниот капацитет за брза адаптација на работната сила. Ќе говорот: министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Претседателот на УО на МАСИТ,  Илија Господинов и Директорот на Активноста на USAID за млади кои активно создаваат можности –  Небојша Мојсоски. Понатаму во текот на настанот ќе се обратат бројни истакнати професионалци од областа, како менаџери на врвни компании од индустријата, поврзани институции, професори и експерти учесници во панел сесиите предвидени во програмата.

Вториот ден на конференцијата, во коорганизација со Адвокатската Канцеларија Најденовски е посветен на иновациите во здравството.

The post 19. Конференција на МАСИТ appeared first on Република.

МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/masit-sotsijalnite-mrezhi-da-se-nasochat-vo-edukativni-tseli-a-ne-da-se-ukinuvaat/ Fri, 12 May 2023 13:20:46 +0000 https://republika.mk/?p=640193

Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во врска со иницијативите за забрана за користење на РикТок и други социјални мрежи во земјава, по масовните убиствата во Србија, за што изразуваат жалење и сочувство до семејствата и блиските на жртвите.

Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи.

Сметаме дека децата најнапред, треба да имаат изграден систем на вредности, за тоа што е добро, а што лошо.

Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата.

Со евентуална забрана на социјални медиуми нема да се реши проблемот, напротив, еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг, се наведува во соопштението од МАСИТ.

Оттаму посчуваат дека од друга страна, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе.

Треба да се фокусираме на вистинската причина за да може да започнеме со решавање на проблемот. Вистинскиот фокус треба да биде кон поголема семејна и институционална грижа за правилниот развој на децата.

Потребна е зголемена будност, реакција и одговорност за спречување на било какво насилство, агресија, или инциденти со или без човечки жртви. Првите чекори за ова се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство, велат од МАСИТ.

Од Комората упатуваат апел и до медиумите за нивната одговорност при известување на сензитивни теми и нивна професионалност за анализи и обработка на теми од област на социјалните медиуми, за што, како што нагласуваат, МАСИТ секогаш им стои на располагање доколку е потребно дополнително мислење, анализа и слично.

The post МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат appeared first on Република.

]]>

Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во врска со иницијативите за забрана за користење на РикТок и други социјални мрежи во земјава, по масовните убиствата во Србија, за што изразуваат жалење и сочувство до семејствата и блиските на жртвите.
Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи.   Сметаме дека децата најнапред, треба да имаат изграден систем на вредности, за тоа што е добро, а што лошо.   Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата.   Со евентуална забрана на социјални медиуми нема да се реши проблемот, напротив, еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг, се наведува во соопштението од МАСИТ.
Оттаму посчуваат дека од друга страна, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе.
Треба да се фокусираме на вистинската причина за да може да започнеме со решавање на проблемот. Вистинскиот фокус треба да биде кон поголема семејна и институционална грижа за правилниот развој на децата.   Потребна е зголемена будност, реакција и одговорност за спречување на било какво насилство, агресија, или инциденти со или без човечки жртви. Првите чекори за ова се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство, велат од МАСИТ.
Од Комората упатуваат апел и до медиумите за нивната одговорност при известување на сензитивни теми и нивна професионалност за анализи и обработка на теми од област на социјалните медиуми, за што, како што нагласуваат, МАСИТ секогаш им стои на располагање доколку е потребно дополнително мислење, анализа и слично.

The post МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат appeared first on Република.

]]>
АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија https://republika.mk/vesti/ekonomija/aetm-i-masit-so-inicijativa-za-preciziranje-na-povlastenata-stapka-za-ddv-za-softverski-reshenija/ Mon, 07 Feb 2022 10:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=455047

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања.

Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.

-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија

Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет.

Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.

-Владата треба да обезбеди поволна клима за понатамошен раст и развој на ИКТ идустријата која игра клучна улога во дигиталната економија, а најмалку што може е да го слушне гласот на заедницата кога се соочува со проблеми и да одговори со промени во насока на јасни правила за сите, објаснува претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Антова Пешева.

Заклучуваат дека прецизното дефинирање на ставките во законот ќе придонесе за јасна дистинкција на ставките што подлежат на повластена стапка од 5 отсто, сметаат дека со тоа ќе се намали и просторот за субјективни разбирања на предметната проблематика и ќе се намали просторот за различни толкувања од страна на засегнатите страни.

The post АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање на можностите за различни и субјективни толкувања. Од АЕТМ и МАСИТ потенцираат дека Законот за данокот на додадена вредност од самото воведување ги опфаќа дејностите од доменот на ИКТ индустријата на многу базично ниво, користејќи терминологија дефинирана во 2007 година кога се овозможува примена на повластена даночна стапка од 5 проценти за овој вид на услуги со цел стимулирање на развојот на информатичкото општество.
-Несомнено е дека брзите промени кои се случуваат како резултат на развојот на технологиите претставуваат предизвик за регулативата насекаде во светот, која едноставно не може да ги прати промените. Потребни се нови начини на дизајнирање на регулатива која ќе обезбеди безбедност и доверба, а истовремено ќе обезбеди поволна околина за раст и развој. Сепак овој случај кој е предмет на нашата иницијатива не е предизвик од таков тип, едноставно се работи за терминoлогија со недоречености која е неопходно да се обнови. Нема идеална регулатива и постојано ќе треба промени, затоа клучна е брзината и отворeноста за постојани промени. Само така ќе успеeме постојано да ја подобруваме бизнис климата,  вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.
АЕТМ и МАСИТ предлагаат прецизно дефинирање и измена на ставот во Развој на софтверски решенија,вклучително веб апликации, веб страни, решенија за е-трговија и мобилни апликации, софтверски лиценци и одржување на софтверски решенија Користењето на терминологија која не обезбедува прецизност при алоцирањето на одделниот промет на добра и услуги, како што велат, создава простор за различни толкувања за користење на правото на примена на повластена стапка од 5 отсто од страна на засегнатите страни во деловниот свет. Додаваат дека ИКТ индустријата во последните години бележи постојан раст не само во остварените приходи туку и во бројот на компании, бројот на вработени, извозот и вработува млади и перспективни кадри со плати повеќе од двојно повисоки од просекот на ниво на држава.