масакр Србија Archives - Република https://republika.mk/tema/masakr-srbija/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 14:11:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масакр Србија Archives - Република https://republika.mk/tema/masakr-srbija/ 32 32 Родителите на Коста: На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага https://republika.mk/vesti/balkan/roditelite-na-kosta-na-toj-3-ti-maj-zavladea-vechna-tishina-vo-koja-sekojdnevno-placheme-nemi-od-neizlechiva-bolka-i-taga/ Thu, 25 May 2023 14:11:10 +0000 https://republika.mk/?p=644630

Мајката и таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое застрела девет ученици и чуварот на училиштето, првпат проговорија по монструозниот чин на нивното дете.

Владимир и Миљана Кецмановиќ во својата порака која ја пренесе српски Телегра посочуваат:

-На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ.

Тринаесетгодишниот Коста е осомничен дека убил 9 ученици и чуварот, а потоа повредил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“.

The post Родителите на Коста: На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага appeared first on Република.

]]>

Мајката и таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое застрела девет ученици и чуварот на училиштето, првпат проговорија по монструозниот чин на нивното дете. Владимир и Миљана Кецмановиќ во својата порака која ја пренесе српски Телегра посочуваат:
-На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ.
Тринаесетгодишниот Коста е осомничен дека убил 9 ученици и чуварот, а потоа повредил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“.

The post Родителите на Коста: На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага appeared first on Република.

]]>
Советот на родители има седум барања за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ https://republika.mk/vesti/balkan/sovetot-na-roditeli-ima-sedum-barana-za-masakrot-vo-uchilishteto-vladislav-ribnikar/ Wed, 10 May 2023 15:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=639408

Ние како Совет на родители ја поддржавме иницијативата на одделението VII2 кое беше најпогодено од оваа трагедија. Нивниот став стана став на родителите на училиштето, а добивме и поддршка од претставниците на училиштето“, изјави Ѓорѓевиќ за медиумите.

„1. Бараме реконструкција на настанот и објаснување како се случил и како тече истрагата и во која фаза е.

2. Бараме на родителите професионално да им се објасни што ќе биде со момчето бидејќи децата стравуваат дека ќе биде на слобода.

3. Тим од психолози и психијатри кои редовно ќе работат со децата од VII2 одделение без учество на училишниот психолог со цел да се обезбеди непристрасност.

4. Доколку се одлучи да се продолжи учебната година за децата од VII2 одделение, мора да се најде начин да не влегуваат во главниот влез и да имаат настава во една од училниците на малиот влез.

5. Предлагаме целосно реновирање на училиштето до септември.

6. Обезбедуваме целосна поддршка на наставниот кадар.

7. Бараме да се утврди одговорноста на лицата кои ја објавија листата со детски имиња што го обиколи светот како и слики од родители и деца и тие да бидат санкционирани“.

Рокот за одговор на државата и надлежните органи е една недела. Целиот Совет на родители на ова училиште застана зад нивните барања.

Овој допис е испратен до МВР, до обвинителството и до сите други надлежни органи. Бараме само да не молчат и да бидеме информирани што се случува по овие прашања, се наведува во барањето на родителите.

Инаку, за денеска најавената комеморација за трагично настраданите ученици од ОУ Владислав Рибникар која требаше да се одржи во Собранието на град Белград е одложена на барање на родителите на убиените деца.

The post Советот на родители има седум барања за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Ние како Совет на родители ја поддржавме иницијативата на одделението VII2 кое беше најпогодено од оваа трагедија. Нивниот став стана став на родителите на училиштето, а добивме и поддршка од претставниците на училиштето“, изјави Ѓорѓевиќ за медиумите.
„1. Бараме реконструкција на настанот и објаснување како се случил и како тече истрагата и во која фаза е. 2. Бараме на родителите професионално да им се објасни што ќе биде со момчето бидејќи децата стравуваат дека ќе биде на слобода. 3. Тим од психолози и психијатри кои редовно ќе работат со децата од VII2 одделение без учество на училишниот психолог со цел да се обезбеди непристрасност. 4. Доколку се одлучи да се продолжи учебната година за децата од VII2 одделение, мора да се најде начин да не влегуваат во главниот влез и да имаат настава во една од училниците на малиот влез. 5. Предлагаме целосно реновирање на училиштето до септември. 6. Обезбедуваме целосна поддршка на наставниот кадар. 7. Бараме да се утврди одговорноста на лицата кои ја објавија листата со детски имиња што го обиколи светот како и слики од родители и деца и тие да бидат санкционирани“. Рокот за одговор на државата и надлежните органи е една недела. Целиот Совет на родители на ова училиште застана зад нивните барања. Овој допис е испратен до МВР, до обвинителството и до сите други надлежни органи. Бараме само да не молчат и да бидеме информирани што се случува по овие прашања, се наведува во барањето на родителите. Инаку, за денеска најавената комеморација за трагично настраданите ученици од ОУ Владислав Рибникар која требаше да се одржи во Собранието на град Белград е одложена на барање на родителите на убиените деца.

The post Советот на родители има седум барања за масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Tри детали во однесувањето на момчето-убиец коишто ја откриваат врската со другите деца https://republika.mk/vesti/balkan/tri-detali-vo-odnesuvaneto-na-momcheto-ubiets-koishto-ja-otkrivaat-vrskata-so-drugite-detsa/ Sun, 07 May 2023 07:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=637870

Коста Кецмановиќ бил префрлен во друго одделение и не бил прифатен од децата, тврди д-р Зоран Димитријевиќ, пензиониран невропсихијатар и детски психијатар од Ужице.

„Во морето информации за момчето кое во средата уби осум ученици и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, недостигаше едно – што е направено кога бил преместен во друго одделение и дали со него се зборувало. Дали бил прифатен, а очигледно е дека не бил“ - вели д-р Зоран Димитријевиќ, кој во својата кариера превентивно работел со над 60.000 деца.

За српски Блиц тој посочува на детали кои би можеле да одговорат на прашањето каков однос навистина имал Коста Кецмановиќ со другите деца. Три детали зборуваат многу:

„Фактите дека не бил примен ниту во новото одделение, што имплицира дека проблемот бил сè уште во него, потоа дека во новото одделение бил во паралелка со деца слични на него, кои немале причина да го задеваат и на крај, фактот што многу брзо по трансферот, наместо да и даде шанса на новата средина, тој почна да прави листа за убиства“.

Наша практика е, вели докторот, кога детето има проблем на училиште што не може да се реши, особено ако не е прифатено и е во конфликт со околината, да го преместиме во друго одделение или друго училиште.

„Се верува дека промената на средината ќе придонесе за подобрување, но, за жал, тоа дете не е професионално надгледувано за да се утврди дали се работи за психичко нарушување или нарушување во однесувањето кај здраво дете. Само еден ден по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ добивме потврда за ова кога поранешна ученичка на гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ со нож повреди ученик и наставничка, па таа е однесена на психијатрија“, вели д-р Димитријевиќ.

Докторот предлага да се воведе како законско барање секое дете што прави нешто несакано да биде испратено на опсервација во здравствена установа, со што, смета, би се решиле многу работи.

Децата кои се забележително агресивни или повлечени и изолирани од околината во социјална смисла, според лекарот во пензија, потребна е тимска работа за проценка на нивната здравствена состојба и континуирано следење.

„Пред да убие осум соученици и чуварот, момчето не направило ништо, но индикативно е дека било повлечено и неприфатено. За психијатријата позабележителни се децата кои се повлечени, исфрлени од околината и немаат соодветна комуникација со своите врсници од децата кои се живи, послободни“, објаснува докторот.

Симптоматично е, посочува д-р Зоран Димитријевиќ, што одличен ученик кој постигнал успех на натпревари, бара да биде префрлен во друго одделение бидејќи неговите соученици, меѓу кои има и одлични ученици, не го прифаќаат.

„Доколку учениците не го примифатиле во тој друг клас, тоа укажува дека имало проблем со него. Дали некој се запрашал на училиште зошто децата не прифаќаат одличен ученик и добар дечко. Колку што разбрав, веднаш по преместувањето во друго одделение почнал да прави план да наштети, на кого ќе му наштети. Би сакал да слушнам некој од училиштето да каже дали со него и неговите родители се разговарало за причините поради кои побарал трансфер и подоцна кога бил префрлен во друго одделение“, вели невропсихијатарот и детски психијатар од Ужице.

The post Tри детали во однесувањето на момчето-убиец коишто ја откриваат врската со другите деца appeared first on Република.

]]>

Коста Кецмановиќ бил префрлен во друго одделение и не бил прифатен од децата, тврди д-р Зоран Димитријевиќ, пензиониран невропсихијатар и детски психијатар од Ужице.
„Во морето информации за момчето кое во средата уби осум ученици и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, недостигаше едно – што е направено кога бил преместен во друго одделение и дали со него се зборувало. Дали бил прифатен, а очигледно е дека не бил“ - вели д-р Зоран Димитријевиќ, кој во својата кариера превентивно работел со над 60.000 деца.
За српски Блиц тој посочува на детали кои би можеле да одговорат на прашањето каков однос навистина имал Коста Кецмановиќ со другите деца. Три детали зборуваат многу:
„Фактите дека не бил примен ниту во новото одделение, што имплицира дека проблемот бил сè уште во него, потоа дека во новото одделение бил во паралелка со деца слични на него, кои немале причина да го задеваат и на крај, фактот што многу брзо по трансферот, наместо да и даде шанса на новата средина, тој почна да прави листа за убиства“.
Наша практика е, вели докторот, кога детето има проблем на училиште што не може да се реши, особено ако не е прифатено и е во конфликт со околината, да го преместиме во друго одделение или друго училиште.
„Се верува дека промената на средината ќе придонесе за подобрување, но, за жал, тоа дете не е професионално надгледувано за да се утврди дали се работи за психичко нарушување или нарушување во однесувањето кај здраво дете. Само еден ден по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“ добивме потврда за ова кога поранешна ученичка на гимназијата „Руѓер Бошковиќ“ со нож повреди ученик и наставничка, па таа е однесена на психијатрија“, вели д-р Димитријевиќ.
Докторот предлага да се воведе како законско барање секое дете што прави нешто несакано да биде испратено на опсервација во здравствена установа, со што, смета, би се решиле многу работи. Децата кои се забележително агресивни или повлечени и изолирани од околината во социјална смисла, според лекарот во пензија, потребна е тимска работа за проценка на нивната здравствена состојба и континуирано следење.
„Пред да убие осум соученици и чуварот, момчето не направило ништо, но индикативно е дека било повлечено и неприфатено. За психијатријата позабележителни се децата кои се повлечени, исфрлени од околината и немаат соодветна комуникација со своите врсници од децата кои се живи, послободни“, објаснува докторот.
Симптоматично е, посочува д-р Зоран Димитријевиќ, што одличен ученик кој постигнал успех на натпревари, бара да биде префрлен во друго одделение бидејќи неговите соученици, меѓу кои има и одлични ученици, не го прифаќаат.
„Доколку учениците не го примифатиле во тој друг клас, тоа укажува дека имало проблем со него. Дали некој се запрашал на училиште зошто децата не прифаќаат одличен ученик и добар дечко. Колку што разбрав, веднаш по преместувањето во друго одделение почнал да прави план да наштети, на кого ќе му наштети. Би сакал да слушнам некој од училиштето да каже дали со него и неговите родители се разговарало за причините поради кои побарал трансфер и подоцна кога бил префрлен во друго одделение“, вели невропсихијатарот и детски психијатар од Ужице.

The post Tри детали во однесувањето на момчето-убиец коишто ја откриваат врската со другите деца appeared first on Република.

]]>
Кобиљски и сопругата по загубата на ќерката: Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде љубов и сила, за некако да ја преживееме оваа болка https://republika.mk/vesti/balkan/kobilski-i-soprugata-po-zagubata-na-kerkata-gospod-da-ne-chuva-od-gnev-i-gorchina-da-ni-dade-lubov-i-sila-za-nekako-da-ja-prezhiveeme-ovaa-bolka/ Sat, 06 May 2023 09:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=637594

Поранешниот одбојкар Драган Кобиљски ја загуби својата ќерка во масакрот што се случи во средата во елитното училиште во белградски Врачар. Поранешниот играч на Партизан, а подоцна беше и тренер на Црвена звезда, трагичната вест го најде во Романија каде е тренер на клубот Залау.

Драган и неговата сопруга Нина објавија трогателна порака на Фејсбук три дена по хоророт во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

– Ви благодариме многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како светлина која тлее во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар . Се молиме за повредените пријатели и учителката. Колку и да занемеме од болка за нашите изгубени деца, толку сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за некако да ја преживееме оваа болка – напиша Нина.

Скршениот Кобиљскиво четвртокот го зел ранецот и розовата тетратка на неговата 14-годишна ќерка Е.К., која била убиена во престрелката, а потоа го залепил некрологот на вратата од училиштето.

The post Кобиљски и сопругата по загубата на ќерката: Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде љубов и сила, за некако да ја преживееме оваа болка appeared first on Република.

]]>

Поранешниот одбојкар Драган Кобиљски ја загуби својата ќерка во масакрот што се случи во средата во елитното училиште во белградски Врачар. Поранешниот играч на Партизан, а подоцна беше и тренер на Црвена звезда, трагичната вест го најде во Романија каде е тренер на клубот Залау. Драган и неговата сопруга Нина објавија трогателна порака на Фејсбук три дена по хоророт во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.
– Ви благодариме многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како светлина која тлее во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар . Се молиме за повредените пријатели и учителката. Колку и да занемеме од болка за нашите изгубени деца, толку сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за некако да ја преживееме оваа болка – напиша Нина.
Скршениот Кобиљскиво четвртокот го зел ранецот и розовата тетратка на неговата 14-годишна ќерка Е.К., која била убиена во престрелката, а потоа го залепил некрологот на вратата од училиштето.

The post Кобиљски и сопругата по загубата на ќерката: Господ да не чува од гнев и горчина, да ни даде љубов и сила, за некако да ја преживееме оваа болка appeared first on Република.

]]>
Малолетник се заканил дека ќе го направи истото што и Коста, приведено уште едно дете во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/maloletnik-se-zakanil-deka-ke-go-napravi-istoto-shto-i-kosta-privedeno-ushte-edno-dete-vo-srbija/ Sat, 06 May 2023 09:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=637590

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лачарк. Момчето е приведено поради постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста.

Според српските медиуми, полицијата се сомнева дека на социјална мрежа објавил фотографија од Коста кој уби осум деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека и тој ќе го стори истото.

Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица.

Изминатава недела имаше два масакри во Србија. Едниот беше во училиште, а другиот во Младеновац.

The post Малолетник се заканил дека ќе го направи истото што и Коста, приведено уште едно дете во Србија appeared first on Република.

]]>

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Сремска Митровица лишиле од слобода четиринаесетгодишник од Лачарк. Момчето е приведено поради постоење основи на сомнение дека сторило кривично дело загрозување на сигурноста. Според српските медиуми, полицијата се сомнева дека на социјална мрежа објавил фотографија од Коста кој уби осум деца и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, со порака дека и тој ќе го стори истото. Осомничениот со кривична пријава е изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Сремска Митровица. Изминатава недела имаше два масакри во Србија. Едниот беше во училиште, а другиот во Младеновац.

The post Малолетник се заканил дека ќе го направи истото што и Коста, приведено уште едно дете во Србија appeared first on Република.

]]>
Чуварот покосен на влезот, две девојчиња мртви кај клупата за дежурни, потоа влегуваш во „мртвото одделение“ https://republika.mk/vesti/balkan/chuvarot-pokosen-na-vlezot-dve-devojchina-mrtvi-kaj-klupata-za-dezhurni-potoa-vleguvash-vo-mrtvoto-oddelenie/ Sat, 06 May 2023 09:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=637587

Лекарот од Итната помош, Александар Стијачиќ, бил еден од првите кои пристигнале на местото на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Тој за Блиц прозборе за она што го видел и преживеал тоа кобно утро кога згаснаа девет животи.

-Веднаш по влегувањето во училиштето прво лежи постар човек, чуварот што загина. Од десната страна беше масата каде што дежурале двете ученички. Едната е на масата, другата е долу на подот, а лево, до клавирот, друго девојче. Мртви, сигурно. Гледате и знаете, имате искуство и ви е јасно дека се мртви – вели доктор Стијачиќ за ТВ Блиц.

Следниот хорор кој, како што рече, не може да го режира, ниту да го создаде некој од најдобрите сценографи на некои американски филмови, за да создаде хорор е влегувањето во, вели, мртвото одделение.

– Ја отвораш вратата и внатре има планина од тела на девојчиња и момчиња кои лежат убиени. Ужас што не можете да го замислите. Не знаеш кој го направил тоа, или воопшто што се случува, не знаеш колку си безбеден, можеби некој ќе те убие, затоа што дојдовме таму речиси во моментот кога дојде полицијата. Сè беше и понатаму отворено, не беше затворено. И сега, она што е ужасно тешко: да се дефинира кој е жив, а кој не – рече д-р Стијачиќ.

Докторот вели се надева дека никој не ја снимил таа страотна глетка и дека никој никогаш нема да ја види.

– Она што јас и моите колеги го видовме… Некои побледеа, си ја завршија работата и после тоа седнаа и гледаа во нешто некаде. Да се ​​види дека после 30 години работа не е нормално – рече д-р Стијачиќ.

Тој објасни дека е многу тешко да се прифати дека дете може да направи такво нешто.

– Не ни значи ништо тоа што не пофалија, и Министерството за здравство, и министерот. Да ние ја завршивме работата, но девет луѓе беа мртви, на лице место, значи во глава, директно, совршени погодоци, без промашување. И воопшто, што ќе прават тие ученици, сега ги нема 7-8 во класот, како ќе постои одделението, како ќе живее тоа одделение?! Многу прашања кои немаат одговор – рече Стијачиќ.

А потоа д-р Стијачиќ добил телефонски повик, кој дополнително го вознемирил.

– И тогаш најголемата трагедија што ја доживеав… Една од моите другарки која многу добро ја познавам, ми се јавува и ми вели ајде, те молам помогни ми, не можам да ја најдам ќерка ми, таа беше дежурна ученичка. Сфаќам дека детето е мртво, дека лежи убиено… И што да одговориш тогаш на тоа прашање? Ништо, лажев, не смеев да и кажам! Што да и кажам?! Да, да, еве ја, мртва внатре, пет метри зад нас, зад аголот – рече д-р Стијачиќ.

Кога ја завршил својата работа, го зел мобилниот телефон.

– Да им се јавам на моите деца кои се постари, кои веќе не се во основно училиште и на факултет. Да им се јавам, да им го слушнам гласот, да видам дали се живи, тоа е неверојатна работа, нагон – рече д-р Стијачиќ.

The post Чуварот покосен на влезот, две девојчиња мртви кај клупата за дежурни, потоа влегуваш во „мртвото одделение“ appeared first on Република.

Српски професор: Масовниот убиец од Врачар да биде ослободен и да се префрли во друго училиште https://republika.mk/vesti/balkan/srpski-profesor-masovniot-ubiets-od-vrachar-da-bide-osloboden-i-da-se-prefrli-vo-drugo-uchilishte/ Sat, 06 May 2023 08:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=637565

Скандалозно барање за „Н1“. истакна проф. Александар Фатиќ од Институтот за применети хуманистички науки.

Имено, тој побара ослободување на Коста К.(13), кој уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“, а рани шест ученици и еден наставник.

Ова барање во полиција го изнела и мајката на момчето.

„Тоа момче треба некое време да се опорави, да се оцени, да се ослободи и да се врати кај родителите, за да не му се случи на некој социјален експерт да го одземе детето од родителите, што е многу често случај, сме имале такви скандали во изминатите неколку стотини години. Тоа дете треба да се врати кај родителите и да се подложи на сериозна психотерапија и советување за да се осигура дека родителите ќе видат некаква промена во училиштето. Да разговараме со овие деца во Рибникар и со другите деца на цивилизиран, квалитетен начин“, рече Фатиќ.

The post Српски професор: Масовниот убиец од Врачар да биде ослободен и да се префрли во друго училиште appeared first on Република.

]]>

Скандалозно барање за „Н1“. истакна проф. Александар Фатиќ од Институтот за применети хуманистички науки. Имено, тој побара ослободување на Коста К.(13), кој уби осум ученици и чувар во училиштето „Владислав Рибникар“, а рани шест ученици и еден наставник. Ова барање во полиција го изнела и мајката на момчето.
„Тоа момче треба некое време да се опорави, да се оцени, да се ослободи и да се врати кај родителите, за да не му се случи на некој социјален експерт да го одземе детето од родителите, што е многу често случај, сме имале такви скандали во изминатите неколку стотини години. Тоа дете треба да се врати кај родителите и да се подложи на сериозна психотерапија и советување за да се осигура дека родителите ќе видат некаква промена во училиштето. Да разговараме со овие деца во Рибникар и со другите деца на цивилизиран, квалитетен начин“, рече Фатиќ.

The post Српски професор: Масовниот убиец од Врачар да биде ослободен и да се префрли во друго училиште appeared first on Република.

]]>
Денеска погреб на десет жртви од двата масакри во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-pogreb-na-deset-zhrtvi-od-dvata-masakri-vo-srbija/ Sat, 06 May 2023 08:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=637559

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворицата ученици и еден обезбедувач кои беа убиени во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, додека петте жртви од пукотницата кај Младеновац ќе бидат погребани во Мали Орашје.

Во недела се закажани уште три погреби, а во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба.

Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.

Во два масакра во Србија се убиени 17 млади луѓе - во средата 13-годишно момче застрела и уби осум ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“, притоа рани шест ученици и наставник, а еден ден подоцна, 21 годишно момче уби осум лица, а рани 14 кога пукаше врз жителите на неколку села во околината на Младеновац и Смедерево.

Шест ученици и ученички од училиштето во Белград се хоспитализирани со прострелни рани, а две деца се уште се во критична состојба.

The post Денеска погреб на десет жртви од двата масакри во Србија appeared first on Република.

]]>

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворицата ученици и еден обезбедувач кои беа убиени во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, додека петте жртви од пукотницата кај Младеновац ќе бидат погребани во Мали Орашје. Во недела се закажани уште три погреби, а во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба. Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Во два масакра во Србија се убиени 17 млади луѓе - во средата 13-годишно момче застрела и уби осум ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“, притоа рани шест ученици и наставник, а еден ден подоцна, 21 годишно момче уби осум лица, а рани 14 кога пукаше врз жителите на неколку села во околината на Младеновац и Смедерево. Шест ученици и ученички од училиштето во Белград се хоспитализирани со прострелни рани, а две деца се уште се во критична состојба.

The post Денеска погреб на десет жртви од двата масакри во Србија appeared first on Република.

]]>