масакр Буча Archives - Република https://republika.mk/tema/masakr-bucha/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 10:00:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масакр Буча Archives - Република https://republika.mk/tema/masakr-bucha/ 32 32 Путин ја одликуваше воената единица од Буча https://republika.mk/vesti/svet/putin-ja-odlikuvashe-voenata-edinica-od-bucha/ Tue, 19 Apr 2022 06:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=490296

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе.

Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина.

Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина.

Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил.

Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.

The post Путин ја одликуваше воената единица од Буча appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги одликуваше припадниците на руската воена единица стационирана во Буча, која меѓународни организации ја обвинуваат за воени злосторства, со оглед на тоа дека по нивното повлекување беа пронајдени телата на најмалку 400 луѓе. Припадниците на 64-та бригада се одликувани за посебни заслуги, херојски акции и храброст, соопшти Кремљ. За време на одликувањето, Путин зборуваше за нивното „искусно и посветено однесување“ за време на руската „специјална воена операција“ во Украина. Русија негира каква било вмешаност во убиствата на цивили во Буча, кои беа откриени дури откако руските сили се повлекоа од тој дел на Украина. Градоначалникот на украинскиот град Буча во близина на Киев минатата недела изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа, но тој број во меѓувреме се зголемил. Москва, која негира дека цели на цивили од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, ги нарече обвинувањата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча за време на окупацијата на градот како „монструозен фалсификат“ со цел да се оцрни руската војска.

The post Путин ја одликуваше воената единица од Буча appeared first on Република.

]]>
Во Буча биле убиени 403 цивили, тврди градоначалникот на градот https://republika.mk/vesti/svet/vo-bucha-bile-ubieni-403-civili-tvrdi-gradonachalnikot-na-gradot/ Tue, 12 Apr 2022 15:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=487462

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува.

Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели.

Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата  Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

The post Во Буча биле убиени 403 цивили, тврди градоначалникот на градот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела се уште се зголемува. Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели. Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата  Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

The post Во Буча биле убиени 403 цивили, тврди градоначалникот на градот appeared first on Република.

]]>
Британија свика состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со Буча https://republika.mk/vesti/svet/britanija-svika-sostanok-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-vo-vrska-so-bucha/ Mon, 04 Apr 2022 20:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=483317

Велика Британија, која овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, за утре свика состанок на Советот за безбедност. Главна тема на разговорите ќе бидат податоците за случувањата во Буча.

Тоа го објави постојаната британска претставничка во ОН, Барбара Вудворд.

Изминатиот викенд, во застрашувачки снимки и извештаи од Буча, видовме застрелани невооружени украински цивили. Повеќе од 800 тела се оставени на улиците или фрлени во масовни гробници. Го користиме нашето претседавање со Советот за да гарантираме транспарентност, одговорност и правичност - додаде Вудворд.

The post Британија свика состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со Буча appeared first on Република.

]]>

Велика Британија, која овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, за утре свика состанок на Советот за безбедност. Главна тема на разговорите ќе бидат податоците за случувањата во Буча. Тоа го објави постојаната британска претставничка во ОН, Барбара Вудворд.
Изминатиот викенд, во застрашувачки снимки и извештаи од Буча, видовме застрелани невооружени украински цивили. Повеќе од 800 тела се оставени на улиците или фрлени во масовни гробници. Го користиме нашето претседавање со Советот за да гарантираме транспарентност, одговорност и правичност - додаде Вудворд.

The post Британија свика состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со Буча appeared first on Република.

]]>
Захарова тврди дека во Буча немало масакр од Русија, а снимките се „нарачка“ од САД и НАТО https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-tvrdi-deka-vo-bucha-nemalo-masakr-od-rusija-a-snimkite-se-narachka-od-sad-i-nato/ Mon, 04 Apr 2022 07:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=482898

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз.

Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.

Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.

Во овој случај, ми се чини дека фактот што овие изјави (за Русија) беа дадени во првите минути по појавувањето на овие материјали не остава сомнеж за тоа кој ја „нарачал“ оваа приказна“, оцени Захарова.

Руското МНР вчера, исто така соопшти дека снимките и видеата кои укажуваат на воени злосторства се „провокација“ и оти ниту еден жител на БУча не настрадал од насилство извршено од руски војник.

The post Захарова тврди дека во Буча немало масакр од Русија, а снимките се „нарачка“ од САД и НАТО appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз. Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа. Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.
Во овој случај, ми се чини дека фактот што овие изјави (за Русија) беа дадени во првите минути по појавувањето на овие материјали не остава сомнеж за тоа кој ја „нарачал“ оваа приказна“, оцени Захарова.
Руското МНР вчера, исто така соопшти дека снимките и видеата кои укажуваат на воени злосторства се „провокација“ и оти ниту еден жител на БУча не настрадал од насилство извршено од руски војник.

The post Захарова тврди дека во Буча немало масакр од Русија, а снимките се „нарачка“ од САД и НАТО appeared first on Република.

]]>