марула Archives - Република https://republika.mk/tema/marula/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 07:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марула Archives - Република https://republika.mk/tema/marula/ 32 32 Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари, а повратници од Сирија и Ирак слободно се шетаат https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spasovski-suzbiva-divi-prodavachi-na-maruli-na-pazari-a-povratnitsi-od-sirija-i-irak-slobodno-se-shetaat/ Wed, 22 Mar 2023 07:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=622264

Со Оливер Спасовски на чело на МВР, Македонија се претвори во башибозлук. Беззаконието владее, криминалците и мафијашите хараат, полицијата е нем сведок, а не ретко и им дава заштита на оние кои го кршат законот.

Затоа во Македонија се случуваат ликвидации среде Скопје, затоа дилери се фотографираат со функционери од власта, а мафијаши се сликаат во кабинети, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски бега од јавноста и не дава одговори, иако е најповикан за ваквата ситуација во државата. Тој треба да одговори дали е извршен претрес во домот на пријателот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кого целата јавност го виде како пука со калашников?

Спасовски треба да каже како лице кое има криминален беграунд и е дел од листата за проверки “Безбеден Град“ добило дозвола за пиштол?

Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата Безбеден град? Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така?

Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка?

The post Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари, а повратници од Сирија и Ирак слободно се шетаат appeared first on Република.

]]>

Со Оливер Спасовски на чело на МВР, Македонија се претвори во башибозлук. Беззаконието владее, криминалците и мафијашите хараат, полицијата е нем сведок, а не ретко и им дава заштита на оние кои го кршат законот. Затоа во Македонија се случуваат ликвидации среде Скопје, затоа дилери се фотографираат со функционери од власта, а мафијаши се сликаат во кабинети, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски бега од јавноста и не дава одговори, иако е најповикан за ваквата ситуација во државата. Тој треба да одговори дали е извршен претрес во домот на пријателот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кого целата јавност го виде како пука со калашников? Спасовски треба да каже како лице кое има криминален беграунд и е дел од листата за проверки “Безбеден Град“ добило дозвола за пиштол?