мартовска програма Archives - Република https://republika.mk/tema/martovska-programa/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Mar 2023 08:08:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартовска програма Archives - Република https://republika.mk/tema/martovska-programa/ 32 32 „Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/vozi-ja-mojata-kola-alkaraz-i-najsrekniot-chovek-na-svetot-deneska-vo-kinoteka/ Mon, 13 Mar 2023 08:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=618972

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч.

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

(Luckiest Man in the World)

Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора

2022, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic)

Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)

 

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви.

Сценариото за овој филм Татарагиќ го пишувала според интимен вистински настан и говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.

Зоран на почетокот од војната е мобилизиран од српската војска и му е тутната пушка в рака. Пукал во една девојка која била во нејзиниот стан и десетици години подоцна сака да дознае дали неговата грижа на совест е токму Асја…

Во останатите улоги настапуваат Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари, Зорица Нушев, Ксенија Маринковиќ,Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Кемал Ризвановиќ.

И овој пат на филмот на Митевска работеше претежно женска екипа. Покрај косценаристката Татарагиќ, директорка на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, костимите се на Моника Лорбер од Словенија, шминката на Мојца Горогранц Петрушевска, а директор на филм е Елена Станишева.

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ беше во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале 2022, учествуваше на фестивалот во Торонто (Канада) и беше македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч.

АЛКАРАЗ

(Alcarràs)

Игран филм, Шпанија / Италија

2022, 120 мин., колор, ДЦП

Режија: Карла Симон (Carla Simón)

Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró)

Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)

 

Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија.

Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот…

Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.

АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

 

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч.

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА

(Doraibu mai kâ / Drive My Car)

Игран филм, Јапонија

2021, 180 мин., колор, ДЦП

Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi)

Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe)

Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)

 

Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот.

Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред.

ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината.

Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

The post „Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч. НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ (Luckiest Man in the World) Игран филм, Македонија / Хрватска / Црна Гора 2022, 100 мин., колор, ДЦП Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska) Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic) Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)   НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Сценариото за овој филм Татарагиќ го пишувала според интимен вистински настан и говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Зоран на почетокот од војната е мобилизиран од српската војска и му е тутната пушка в рака. Пукал во една девојка која била во нејзиниот стан и десетици години подоцна сака да дознае дали неговата грижа на совест е токму Асја… Во останатите улоги настапуваат Ана Костовска, Николина Кујача, Фирдауз Неби, Џевдет Јашари, Зорица Нушев, Ксенија Маринковиќ,Изудин Бајровиќ, Ирма Алимановиќ, Ведрана Божиновиќ, Мона Муратовиќ, Синиша Видовиќ и Кемал Ризвановиќ. И овој пат на филмот на Митевска работеше претежно женска екипа. Покрај косценаристката Татарагиќ, директорка на фотографија е Белгијанката Вирџини Сент Мартен, костимите се на Моника Лорбер од Словенија, шминката на Мојца Горогранц Петрушевска, а директор на филм е Елена Станишева. НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ беше во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале 2022, учествуваше на фестивалот во Торонто (Канада) и беше македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари   13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч. АЛКАРАЗ (Alcarràs) Игран филм, Шпанија / Италија 2022, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Карла Симон (Carla Simón) Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró) Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)   Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија. Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот… Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар. АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари   13 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч. ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) Игран филм, Јапонија 2021, 180 мин., колор, ДЦП Режија: Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) Сценарио: Ријусуке Хамагучи, Такамаса Ое (Ryusuke Hamaguchi, Takamasa Oe) Улоги: Хидетоши Нишиџима, Токо Мијура, Реика Киришима, Парк Ју-рим, Џин Дае-јеон, Сониа Јуан (Hidetoshi Nishijima, Tōko Miura, Reika Kirishima, Park Yu-rim, Jin Dae-yeon, Sonia Yuan)   Сторијата на филмот ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е работена според кратката приказна на Харуки Мураками. Хамагучи снимил трогателен патувачки филм за љубовта, за загубата, за прифаќањето и за мирот. Две години по неочекуваната смрт на сопругата, познат театарски актер и режисер добива понуда да ја постави претставата „Вујко Вања“ од А.П. Чехов на театарски фестивал во Хирошима. По пристигнувањето, театарската компанија му доделува возач бидејќи му е забрането да вози додека му трае договорот. Возачот е жена и деновите со напнати проби се балансираат со долгите возења во автомобилит со Мисаки, со која бргу се зближува. Мистериозната и нерасположена Мисаки има свои мрачни тајни, и додека го вози низ градот заедно се соочуваат со болните вистини од минатото и наоѓаат нови начини да одат напред. ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА е трогателна медитација за убавината на човечката поврзаност и за трансформативната моќ на патувањето. Филмот е суптилен наратив со максимален ефект, а драмата на Чехов потсвесно одекнува како поттекст во заднината. Филомот е добитник е на наградата за најдобро сценарио и на наградата ФИПРЕСЦИ на Канскиот филмски фестивал во 2021 г. и на Оскар за најдобар странски филм во 2022 г.   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари

The post „Вози ја мојата кола“, „Алкараз“ и „Најсреќниот човек на светот“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Алкараз“ на Карла Симон награден на Берлиенале 2022 денеска во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/alkaraz-na-karla-simon-nagraden-na-berlienale-2022-deneska-vo-kinoteka/ Tue, 07 Mar 2023 13:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=616912

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.

СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.

7 МАРТ (ВТОРНИК), 17:00 ч.

БЕЛАСИЦА

(Belles)

Документарен филм, Македонија

2022, 40 мин., колор, ХД

Режија: Марија Апчевска (Marija Apcevska)

Сценарио: Марија Апчевска (Marija Apcevska)

 

Марица е родена во Специјалниот завод во Демир Капија, од родители кои се запознале и живееле таму. Во Демир Капија живеела 28 години, а мајка ѝ до ден денес живее во заводот.

Марица ја напушти оваа институција во 2008 година, како една од првите жителки што беа деинституционализирани. Сега живее во Волково, заедно со уште 43 лица со различни попречености, сместени во 5 куќи со 9 станбени единици, со кои управува организацијата Порака Неготино. Низ годините живеење во заедница, таа научи да чита и да пишува, и сега работи како негувателка на лица со интелектуална попреченост. Во 2018 година, во Македонија беше усвоена Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“. Во 2022 година нема повеќе деца во институциите, а процесот на преселување на преостанатите возрасни лица е во тек.

Филмот БЕЛАСИЦА го доловува богатството на секојдневието во заедница, за луѓето кои најголемиот дел од својот живот го поминале во институции. Ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат можност за среќа – куќа, дрво и планина.

Филмот е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

7 МАРТ (ВТОРНИК), 19:00 Ч.

АЛКАРАЗ

(Alcarràs)

Игран филм, Шпанија / Италија

2022, 120 мин., колор, ДЦП

Режија: Карла Симон (Carla Simón)

Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró)

Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)

 

Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија.

Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот…

Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.

АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

7 МАРТ (ВТОРНИК), 21:00 ч.

СЕЧИ!

(Coupez! / Final Cut)

Игран филм, Франција / Јапонија / САД / В. Британија

2023, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Мишел Азанависиус (Michel Hazanavicius)

Сценарио: Мишел Азанависиус, Шиничиро Уеда, Рајоичи Вада (Michel Hazanavicius,  Shin’ichirô Ueda, Ryoichi Wada)

Улоги: Ромен Дури, Беренис Бежо, Грегори Гадебоа, Финеган Олдфилд (Romain Duris, Bérénice Bejo, Grégory Gadebois, Finnegan Oldfield)

 

Работите во оваа хорор-комедија тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија. Филмот е адаптација на култната јапонска зомби комедијата „One Cut of The Dead“ од Шиничиро Уеда…

СЕЧИ! е новиот филм на Азанависиус, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите  БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Со него освои повеќе од 50 награди на светските филмски фестивали.

СЕЧИ! беше номиниран за две награди на француската кинематографија  „Цезар“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

The post „Алкараз“ на Карла Симон награден на Берлиенале 2022 денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија. СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија. 7 МАРТ (ВТОРНИК), 17:00 ч. БЕЛАСИЦА (Belles) Документарен филм, Македонија 2022, 40 мин., колор, ХД Режија: Марија Апчевска (Marija Apcevska) Сценарио: Марија Апчевска (Marija Apcevska)   Марица е родена во Специјалниот завод во Демир Капија, од родители кои се запознале и живееле таму. Во Демир Капија живеела 28 години, а мајка ѝ до ден денес живее во заводот. Марица ја напушти оваа институција во 2008 година, како една од првите жителки што беа деинституционализирани. Сега живее во Волково, заедно со уште 43 лица со различни попречености, сместени во 5 куќи со 9 станбени единици, со кои управува организацијата Порака Неготино. Низ годините живеење во заедница, таа научи да чита и да пишува, и сега работи како негувателка на лица со интелектуална попреченост. Во 2018 година, во Македонија беше усвоена Националната стратегија за деинституционализација „Тимјаник“. Во 2022 година нема повеќе деца во институциите, а процесот на преселување на преостанатите возрасни лица е во тек. Филмот БЕЛАСИЦА го доловува богатството на секојдневието во заедница, за луѓето кои најголемиот дел од својот живот го поминале во институции. Ја открива моќта на заедницата да обезбеди сите да имаат еднакво право на едноставните работи кои нудат можност за среќа – куќа, дрво и планина. Филмот е продукција на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ кој го реализира Ептиса во соработка со КАРЕ, со финансиска поддршка од ЕУ.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари 7 МАРТ (ВТОРНИК), 19:00 Ч. АЛКАРАЗ (Alcarràs) Игран филм, Шпанија / Италија 2022, 120 мин., колор, ДЦП Режија: Карла Симон (Carla Simón) Сценарио: Карла Симон, Арно Виларо (Carla Simón, Arnau Vilaró) Улоги: Жорди Пујол Долчет, Ана Отин, Берта Пипо, Хосеп Абад, Алберт Бош (Jordi Pujol Dolcet, Anna Otín, Berta Pipó, Josep Abad, Albert Bosch)   Приказната на АЛКАРАЗ говори за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото  Алкараз, во регионот Каталонија. Откога паметат за себе, семејството Соле секое лето го минувале во селото Алкараз, на нивниот овоштарник со праски. Но, претчуствуваат дека ова лето ќе им биде последно од старата традиција: ќе го загубат овоштарникот со праски, а овошките ќе бидат искорнати за да се градат соларни панели на тоа земјиште. Членовите на семејството Соле за првпат се соочуваат со неизвесната иднина, ризикувајќи да изгубат многу повеќе од овоштарникот – традиционалните односи во семејството. Младите уживаат во сегашноста која им изгледа вечна, таткото тврдоглаво ја игнорира иднината, а дедото се потпира на некое одамна заборавено ветување на некој авторитет дека ќе го докаже сопствеништвото на куќата во овоштарникот… Карла Симон со нејзиниот претходен филм ЛЕТО 1993, сторија за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар. АЛКАРАЗ  ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златна мечка“ и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои педесетина номинации за награди. Учествуваше и на филмските фестивали во Истанбул, Мелбурн, ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола…   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари 7 МАРТ (ВТОРНИК), 21:00 ч. СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) Игран филм, Франција / Јапонија / САД / В. Британија 2023, 112 мин., колор, ДЦП Режија: Мишел Азанависиус (Michel Hazanavicius) Сценарио: Мишел Азанависиус, Шиничиро Уеда, Рајоичи Вада (Michel Hazanavicius,  Shin’ichirô Ueda, Ryoichi Wada) Улоги: Ромен Дури, Беренис Бежо, Грегори Гадебоа, Финеган Олдфилд (Romain Duris, Bérénice Bejo, Grégory Gadebois, Finnegan Oldfield)   Работите во оваа хорор-комедија тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија. Филмот е адаптација на култната јапонска зомби комедијата „One Cut of The Dead“ од Шиничиро Уеда… СЕЧИ! е новиот филм на Азанависиус, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите  БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Со него освои повеќе од 50 награди на светските филмски фестивали. СЕЧИ! беше номиниран за две награди на француската кинематографија  „Цезар“.   Возрасна категорија: 12 години Влезница: 100 денари

The post „Алкараз“ на Карла Симон награден на Берлиенале 2022 денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>
„Вавилон“, „Римини“ и „Најдобриот роденден досега“ денеска во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/vavilon-rimini-i-najdobriot-rodenden-dosega-deneska-vo-kinoteka/ Fri, 03 Mar 2023 08:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=615394

3 МАРТ (ПЕТОК), 21:00 ч.

ВАВИЛОН

(Babylon)

Игран филм, САД

2022, 189 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Сценарио: Дамиен Шазел (Damien Chazelle)

Улоги: Бред Пит, Маргот Роби, Џин Смарт, Диего Калва, Ли Џун Ли (Brad Pitt, Margot Robbie, Jean Smart, Diego Calva, Li Jun Li)

 

Веќе дефиниран како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел – автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД – е приказна за преголемата амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 20-те години од минатиот век, во времето кога филмската индустрија е на пресвртната точка од нем кон звучен филм. Бред Пит го игра ликот на Џек Конрад, актер чија кариера е на замирање, и неговиот карактер е втемелен на холивудските легенди од првите децении на 20-тиот век, Џон Гилберт, Клерк Гебл и Даглас Фернбанкс.

Негов опозит е амбициозната актерка Нели ЛаРој (Маргот Роби), идна старлета која е на почетокот на кариерата која многу ветува. Ликот потребен да биде сочинет совршен триаголник е асистентот на режија Мени Торес (Диего Калва, новото актерско откритие на денешниот Холивуд), пред кого е иднината во оваа приказна за „блескавото лудило на златната ера на Холивуд.

ВАВИЛОН на Шазел до сега веќе освои над 140 номинации за награди, освои 31 признание, меѓу кои и три номинации за „Оскар“.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 200 денари

3 МАРТ (ПЕТОК), 19:00 ч.

РИМИНИ

(Rimini)

Игран филм, Германија / Франција / Австрија

2022, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Урлих Зајдл  (Ulrich Seidl)

Сценарио: Урлих Зајдл, Вероника Франц  (Ulrich Seidl, Veronika Franz)

Улоги: Михаел Томас, Теса Гетлихер, Ханс-Михаел Реберг (Michael Thomas, Tessa Göttlicher, Hans-Michael Rehberg)

 

Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на една заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас.

Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп-ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки.

Ричи не е баш рекламен лик на скап ескорт-маж за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот.

Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Сајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а триумфираше на фестивалите во Хихон (Шпанија) и Палиќ (Србија).

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

3 МАРТ (ПЕТОК), 17:00 ч.

НАЈДОБРИОТ РОДЕНДЕН ДОСЕГА

(Best Birthday Ever)

Анимиран филм, Германија / Холандија / Шведска

2021, 74 мин., колор, ДЦП

Режија: Микаел Екблад (Mikael Ekbladh)

Сценарио: Ротројт Сузане Бернер, Аје Брикен (Rotraut Susanne Berner, Aje Brücken)

Гласови: Џонатан Бејли, Џенифер Саундерс, Адриан Едмондсон (Jonathan Bailey, Jennifer Saunders, Adrian Edmondson)

 

Таканаречениот долгоочекуван роденден ќе биде сосема поинаков отколку што тој си го замислуваше. Помалата сестричка се разболува и никој нема време да го слави Кале, божиќна специфичност во Шведска.

Тој бега од дома во знак на револт кон неговата баба, која всушност живее мошне блиску. Едноставно, за да стигне таму, прво мора да помине низ шумата.

НАЈДОБРИОТ РОДЕНДЕН ДОСЕГА беше номиниран за награда на фестивалот Анима во Брисел и ја освои наградата на публиката на фестивалот за детски филмови во Провиденс.

Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: 150 денари

 

The post „Вавилон“, „Римини“ и „Најдобриот роденден досега“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>

3 МАРТ (ПЕТОК), 21:00 ч. ВАВИЛОН (Babylon) Игран филм, САД 2022, 189 мин., црно-бел/колор, ДЦП Режија: Дамиен Шазел (Damien Chazelle) Сценарио: Дамиен Шазел (Damien Chazelle) Улоги: Бред Пит, Маргот Роби, Џин Смарт, Диего Калва, Ли Џун Ли (Brad Pitt, Margot Robbie, Jean Smart, Diego Calva, Li Jun Li)   Веќе дефиниран како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел – автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД – е приказна за преголемата амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротлив раскош и изопаченост во раниот Холивуд. Дејствието на филмот е сместено во Лос Анџелес во 20-те години од минатиот век, во времето кога филмската индустрија е на пресвртната точка од нем кон звучен филм. Бред Пит го игра ликот на Џек Конрад, актер чија кариера е на замирање, и неговиот карактер е втемелен на холивудските легенди од првите децении на 20-тиот век, Џон Гилберт, Клерк Гебл и Даглас Фернбанкс. Негов опозит е амбициозната актерка Нели ЛаРој (Маргот Роби), идна старлета која е на почетокот на кариерата која многу ветува. Ликот потребен да биде сочинет совршен триаголник е асистентот на режија Мени Торес (Диего Калва, новото актерско откритие на денешниот Холивуд), пред кого е иднината во оваа приказна за „блескавото лудило на златната ера на Холивуд. ВАВИЛОН на Шазел до сега веќе освои над 140 номинации за награди, освои 31 признание, меѓу кои и три номинации за „Оскар“.   Возрасна категорија: 16 години Влезница: 200 денари 3 МАРТ (ПЕТОК), 19:00 ч. РИМИНИ (Rimini) Игран филм, Германија / Франција / Австрија 2022, 114 мин., колор, ДЦП Режија: Урлих Зајдл  (Ulrich Seidl) Сценарио: Урлих Зајдл, Вероника Франц  (Ulrich Seidl, Veronika Franz) Улоги: Михаел Томас, Теса Гетлихер, Ханс-Михаел Реберг (Michael Thomas, Tessa Göttlicher, Hans-Michael Rehberg)   Новата мрачна и комична драма, долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот режисер Улрих Сајдл, е портрет на маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на една заборавена ѕвезда на крајот од својата кариерата, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Ова е приказна за Ричи Браво, некогаш популарна австриска поп-ѕвезда, кој сега живее во италијанскиот град Римини и преживува од стара слава. Финансиите за својот промискуитетен живот и за зависноста од коцкање ги обезбедува така што одржува концерти во хотели, ја изнајмува сопствената куќа на туристи, а им нуди и сексуални услуги на остарените обожавателки. Ричи не е баш рекламен лик на скап ескорт-маж за високата класа, но сепак има нешто чудно симпатично кај човекот кој не престанува да настапува. Неговиот свет почнува да се урива кога ќерката што не ја видел со години ќе го контактира со барање да ѝ ги даде сите пари што не ги платил за неа во текот на животот. Родниот град на Федерико Фелини е совршено место за горко-слатката приказна на Сајдл за славата што бледнее и за семејните врски. Филмот имаше премиера во главната програма на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин, а триумфираше на фестивалите во Хихон (Шпанија) и Палиќ (Србија).   Возрасна категорија: 14 години Влезница: 150 денари 3 МАРТ (ПЕТОК), 17:00 ч. НАЈДОБРИОТ РОДЕНДЕН ДОСЕГА (Best Birthday Ever) Анимиран филм, Германија / Холандија / Шведска 2021, 74 мин., колор, ДЦП Режија: Микаел Екблад (Mikael Ekbladh) Сценарио: Ротројт Сузане Бернер, Аје Брикен (Rotraut Susanne Berner, Aje Brücken) Гласови: Џонатан Бејли, Џенифер Саундерс, Адриан Едмондсон (Jonathan Bailey, Jennifer Saunders, Adrian Edmondson)   Таканаречениот долгоочекуван роденден ќе биде сосема поинаков отколку што тој си го замислуваше. Помалата сестричка се разболува и никој нема време да го слави Кале, божиќна специфичност во Шведска. Тој бега од дома во знак на револт кон неговата баба, која всушност живее мошне блиску. Едноставно, за да стигне таму, прво мора да помине низ шумата. НАЈДОБРИОТ РОДЕНДЕН ДОСЕГА беше номиниран за награда на фестивалот Анима во Брисел и ја освои наградата на публиката на фестивалот за детски филмови во Провиденс. Филмот е нахсинхронизиран на македонски јазик.   Возрасна категорија: за сите возрасти Влезница: 150 денари  

The post „Вавилон“, „Римини“ и „Најдобриот роденден досега“ денеска во Кинотека appeared first on Република.

]]>