мартинка Archives - Република https://republika.mk/tema/martinka/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 08:26:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартинка Archives - Република https://republika.mk/tema/martinka/ 32 32 Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ https://republika.mk/zivot/servisi/se-otkazhuvate-od-boga-vo-momentot-koga-na-raka-ke-stavite-martinka-velat-od-mpts/ Wed, 01 Mar 2023 08:26:20 +0000 https://republika.mk/?p=614466

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата.

Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога.

Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва.

Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас.

Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ appeared first on Република.

]]>

Секој оној што на својата рака ќе стави или на својата облека ќе закачи таканаречена ‘мартинка’ (нешто како нараквица направена од црвен и од бел конец) за здравје и за среќа, да знае дека од тој момент (свесно или несвесно) се откажал од Бог, односно од Православната Вера и Црква, и не може да учествува во нејзините Свети Тајни. Не може истовремено да веруваме и во Бог и во мартинка, смета Црквата. Верата и суеверието немаат ништо заедничко, исто како што и Бог нема ништо заедничко со ѓаволот. А на два господара не можеме да им служиме, или ќе Му служиме на Бог или на ѓаволот – па секој слободно нека избере кому ќе му служи. И секое друго суеверие, спротивно на православната вера, не е од Бога. Носењето мартинка е суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие. Ние христијаните си носиме на рака или во рака бројаничка, украсена со крвче, која ни служи за молитва. Христијанската среќа и здравје не доаѓаат на некој автоматски, безличен и лесен магиски начин со некакво просто чинење или нечинење на нешто – без личен подвиг и саможртва (како што ѓаволот ги подучил Ева и Адам во рајот: само ако вкусите од плодот на познанието на доброто и злото ќе бидете како богови – види 1. Мој. 3, 4-5), туку единствено со слободен подвиг во градење на личен однос со Бог, преку очистување на срцето од страстите, преку љубовно исполнување на Божјите заповеди и преку смирено учество во Светите Тајни на Црквата; на кој, подвиг, Бог лично, слободно и љубовно одговара во одредено спасително време за секој од нас. Христијанската среќа и здравје извираат од личната заедница со Бог, а не од безлично, фобично и душегубно суеверие.

The post Се откажувате од Бога во моментот кога на рака ќе ставите мартинка, велат од МПЦ appeared first on Република.

]]>
Дали денеска ставивте мартинка? https://republika.mk/zivot/semejstvo/dali-deneska-stavivte-martinka/ Tue, 01 Mar 2022 16:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=466016

Мартинката се става на денешен ден, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Инаку таа е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка.

Според стара традиција најстарата жена во семејството треба врзува мартинки на рацете на децата за здравје и против уроци.

The post Дали денеска ставивте мартинка? appeared first on Република.

]]>

Мартинката се става на денешен ден, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Инаку таа е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка. Според стара традиција најстарата жена во семејството треба врзува мартинки на рацете на децата за здравје и против уроци.

The post Дали денеска ставивте мартинка? appeared first on Република.

]]>