мартина спасовска Archives - Република https://republika.mk/tema/martina-spasovska/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 08:20:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартина спасовска Archives - Република https://republika.mk/tema/martina-spasovska/ 32 32 „Гласна тишина“ – прва самостојна изложба на Мартина Спасовска во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/glasna-tishina-prva-samostojna-izlozhba-na-martina-spasovska-vo-mkts/ Tue, 05 Dec 2023 08:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=719761

Вечерва, на петти декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметницата Мартина Спасовска со наслов ,,Гласна тишина”.

Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик, не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време. Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас. Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет. Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина.”

Избегнувајќи идеализирање на портретните претстави делата на Мартина Спасовска се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија и говорат пред сѐ за состојбата во која реалноста се преобликува во нова онтолошка метареалност. Деконструирајќи го портретот и повторно градејќи го низ одредени експресионистички потези постигнува ефект на преобразба на реалноста и се сосредоточува на неговото внатрешно доживување, трансформирање и трансцендентирање. Во таа експресивна хармонија платното престанува да биде дводимензионална површина врз која се редат деликатни нијанси и сложени акорди на тонови, туку станува метафизички меѓупростор на визуелно конципирање на мислата во просторот. “ - Горанчо Ѓорѓиевски - историчар на уметност.

Мартина Спасовска, родена 1997 во Куманово, е визуелена уметница со седиште во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа го истражува и користи човечкото месо како главен елемент во нејзините дела, преку кои поставува повеќе прашања за начинот на кој е претставен човечкиот идентитет.

Изложбата трае до 14. декември

The post „Гласна тишина“ – прва самостојна изложба на Мартина Спасовска во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на петти декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје во 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на уметницата Мартина Спасовска со наслов ,,Гласна тишина”. Спасовска во нејзините дела почетно го претставува сопствениот лик, не како модел(и) туку како катализатор(и) на проследување на енергијата што ја чувствува и нејзино преобликување во ликовен продукт. Таа во делата што ги создава ги надминува границите на едноставен портрет, сликата оди подлабоко од претставената индивидуа, служејќи како потресна претстава на човековото искуство и соочување со актуелните прашања на нашето време. Преку портретните наративи навлегува длабоко во темите на ранливоста, силата и потенцијалите за трансформација кои битисуваат во сите нас. Поканува на отворен дијалог и интроспекција и ги соочува гледачите со колективните рани и болки што постојат во нас и во нашиот заеднички свет. Притоа, поттикнува подлабоко разбирање на сложеноста на нашето постоење и потенцијалот за посочувствителна и похармонична иднина.” Избегнувајќи идеализирање на портретните претстави делата на Мартина Спасовска се ослободени од своите физички граници и изведени со силна експресија и говорат пред сѐ за состојбата во која реалноста се преобликува во нова онтолошка метареалност. Деконструирајќи го портретот и повторно градејќи го низ одредени експресионистички потези постигнува ефект на преобразба на реалноста и се сосредоточува на неговото внатрешно доживување, трансформирање и трансцендентирање. Во таа експресивна хармонија платното престанува да биде дводимензионална површина врз која се редат деликатни нијанси и сложени акорди на тонови, туку станува метафизички меѓупростор на визуелно конципирање на мислата во просторот. “ - Горанчо Ѓорѓиевски - историчар на уметност. Мартина Спасовска, родена 1997 во Куманово, е визуелена уметница со седиште во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Таа го истражува и користи човечкото месо како главен елемент во нејзините дела, преку кои поставува повеќе прашања за начинот на кој е претставен човечкиот идентитет. Изложбата трае до 14. декември

The post „Гласна тишина“ – прва самостојна изложба на Мартина Спасовска во МКЦ appeared first on Република.

]]>