мартин Протоѓер Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-protogjer/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 15:16:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартин Протоѓер Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-protogjer/ 32 32 Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески https://republika.mk/vesti/crna-hronika/lile-stefanova-pobara-uslovni-kazni-za-jankulovska-i-protogjer-ublazena-kazna-za-janakieski/ Fri, 11 Feb 2022 15:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=457273

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни.

Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности.

Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности.

Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски.

Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело.

Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна.

За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка.

За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.

 

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни. Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности. Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности. Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело. Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка. За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.  

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>