Мартин Памер Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-pamer/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 07:43:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мартин Памер Archives - Република https://republika.mk/tema/martin-pamer/ 32 32 Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerkata-janevska-so-avstriskiot-ambasador-pamer/ Thu, 04 Jul 2024 07:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=793274

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер на која беа потенцирани добрите пријателски и партнерски односи помеѓу двете земји, кои се рефлектираат и во областа на образованието и науката.

Соговорниците изразија задоволство што години наназад Македонија и Австрија спроведуваат билатерални научно истражувачки проекти, а се разменуваат и позитивни образовни искуства. Изразија очекувања дека соработката насочена кон унапредување на образовните практики ќе продолжи и во иднина и дека уште повеќе ќе се интензивира.

The post Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер на која беа потенцирани добрите пријателски и партнерски односи помеѓу двете земји, кои се рефлектираат и во областа на образованието и науката. Соговорниците изразија задоволство што години наназад Македонија и Австрија спроведуваат билатерални научно истражувачки проекти, а се разменуваат и позитивни образовни искуства. Изразија очекувања дека соработката насочена кон унапредување на образовните практики ќе продолжи и во иднина и дека уште повеќе ќе се интензивира.

The post Средба на министерката Јаневска со австрискиот амбасадор Памер appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова – амбасадор Памер: Австриската поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ од голема важност https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-ambasador-pamer-avstriskata-poddrshka-za-makedonskite-aspiratsii-za-chlenstvo-vo-eu-od-golema-vazhnost/ Mon, 20 May 2024 16:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=780230

Претседателката на државата Гордана Сиљановска на денешната средба во вилата на Водно со австрискиот амбасадор Мартин Памер, ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката посочила на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми, информираат од нејзиниот кабинет.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската Комисија, соопштуваат од кабинетот на шефицата на државата.

Двајцата соговорници се согласиле Република Австрија и нашата држава негуваат пријателски и партнерски односи, преку нивен развој во повеќе сфери од заемен интерес и во таа насока претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата подготвеност за време на нејзиниот мандат да придонесе за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план.

Aмбасадорот Памер упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

The post Силјановска Давкова – амбасадор Памер: Австриската поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ од голема важност appeared first on Република.

]]>

Претседателката на државата Гордана Сиљановска на денешната средба во вилата на Водно со австрискиот амбасадор Мартин Памер, ја нагласи важноста на австриската поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија. Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката посочила на очекувањето за непречено продолжување на евроинтегративниот пат, преку праведно евалуирање на пристапувањето, врз основа на Копенхашките критериуми, информираат од нејзиниот кабинет.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна подготвеноста да придонесе во обезбедувањето на национален консензус за забрзување на реформската агенда во сите критични области посочени во извештаите на Европската Комисија, соопштуваат од кабинетот на шефицата на државата.
Двајцата соговорници се согласиле Република Австрија и нашата држава негуваат пријателски и партнерски односи, преку нивен развој во повеќе сфери од заемен интерес и во таа насока претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата подготвеност за време на нејзиниот мандат да придонесе за нивно натамошно унапредување, како на политички, така и на економски план. Aмбасадорот Памер упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата.

The post Силјановска Давкова – амбасадор Памер: Австриската поддршка за македонските аспирации за членство во ЕУ од голема важност appeared first on Република.

]]>
Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/besimi-go-primi-novonaimenuvaniot-avstriski-ambasador-vo-zemjava/ Thu, 05 Oct 2023 14:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=688277

 Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.

На средбата била потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива.

Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст.

Министерот Бесими му посакал добредојде на амбасадорот Памер во земјава и му посакал успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.

The post Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава appeared first on Република.

]]>

 Австрија е значаен поддржувач на евроинтегративните процеси и инвеститор во земјава, а во иднина очекуваме дека тие процеси да се надоградуваат и надополнуваат, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новонаименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава, Мартин Памер.
На средбата била потврдена досегашната успешна соработка помеѓу двете земји и поддршката што земјава ја добива за европската перспектива. Како што информираат од Министерството за финансии, со поддршка од Австрија се спроведуваат повеќе проекти во насока на зајакнување на капацитетите на институциите со цел нивна подготвеност за европските процеси. Потпишани се договори меѓу двете земји за заштита на инвеститорите, што е значајно за остварување повеќе странски инвестиции во земјава, кои од оваа земја во последните 10 години се на ниво над 500 милиони евра. Дополнително активностите што се преземаат ќе влијаат и на зголемување на трговската размена која оваа година бележи двоцифрен раст. Министерот Бесими му посакал добредојде на амбасадорот Памер во земјава и му посакал успешен мандат и продолжување и унапредување на соработката.

The post Бесими го прими новонаименуваниот австриски амбасадор во земјава appeared first on Република.

]]>
Средба Мицкоски – Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер, потребни се брзи избори https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-mitskoski-pamer-na-vlasta-sekojdnevno-i-se-sluchuva-nov-koruptiven-skandal-vo-koj-e-vmeshan-nekoj-vladin-funktsioner-potrebni-se-brzi-izbori/ Thu, 31 Aug 2023 14:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=677657

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер.

Најпрво претседателот Мицкоски му посака добредојде на Памер и му успех во вршењето на функциката амбасадор во Република Македонија, а посебен акцент стави на негување на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со некој нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа. И токму поради тоа се потреби брзи предвремени избори на кои народот ќе одлучи во каква држава сака да живее - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение испратено до медиумите стои:

Воедно, Мицкоски додаде дека во моментот најактуелна е темата за уставните измени под бугарски диктат кои власта ги тера на сила и покрај тоа што 80 проценти од граѓаните не се согласуваат со ваквата одлука. Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот парламент.

Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговори за членство на земјата во ЕУ.

Мицоски се заблагодари за досегашната поддршка од Република Австрија кон Македонија, а соговорниците се согласија дека средбите треба да продолжат и во иднина, се со цел продлабочување на успешната соработка меѓу двете земји.

The post Средба Мицкоски – Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер, потребни се брзи избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер.
Најпрво претседателот Мицкоски му посака добредојде на Памер и му успех во вршењето на функциката амбасадор во Република Македонија, а посебен акцент стави на негување на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со некој нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа. И токму поради тоа се потреби брзи предвремени избори на кои народот ќе одлучи во каква држава сака да живее - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение испратено до медиумите стои:
Воедно, Мицкоски додаде дека во моментот најактуелна е темата за уставните измени под бугарски диктат кои власта ги тера на сила и покрај тоа што 80 проценти од граѓаните не се согласуваат со ваквата одлука. Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот парламент. Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговори за членство на земјата во ЕУ. Мицоски се заблагодари за досегашната поддршка од Република Австрија кон Македонија, а соговорниците се согласија дека средбите треба да продолжат и во иднина, се со цел продлабочување на успешната соработка меѓу двете земји.

The post Средба Мицкоски – Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер, потребни се брзи избори appeared first on Република.

]]>
Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-gi-primi-kreditivnite-pisma-od-noviot-avstriski-ambasador/ Wed, 02 Aug 2023 13:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=667944

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Македонија, Мартин Памер.

Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот Амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.

Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.

The post Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Македонија, Мартин Памер. Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот Амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера. Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.

The post Осмaни ги прими кредитивните писма од новиот австриски aмбасадор appeared first on Република.

]]>