март Archives - Република https://republika.mk/tema/mart/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Aug 2024 14:09:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png март Archives - Република https://republika.mk/tema/mart/ 32 32 Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-ke-ima-vo-mart-ako-ima-mozhnost-i-ushte-edno-idnata-godina/ Sat, 24 Aug 2024 14:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=809748

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март.

Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година - за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни. Во првата година тие, секако, ќе добијат покачување. Во март ќе добијат покачување на платата, што е можно повеќе, колку што ќе дозволи Буџетот, толку ќе добијат. Во текот на годината, ако има можности, уште едно покачување, за да бидат задоволни и мотивирани, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, Јаневска истакна дека како наставник точно ги знае, рече, „проблемите и предизвиците и со каква тежина и притисоци се соочуваат наставниците“, но верува дека тие ќе имаат разбирање за реалните можности.

Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем. Се соочуваме со огромни средства за учебници, огромни средства за ученички стандард кои не ги исплаќале, огромни средства за студентски стандард кои не ги исплаќале, проблеми со превозот. Гледате дека се доградуваат училници, се реновираат санитарии. Сѐ е тоа нешто што е неопходно. Не дека платите на наставниците не се неопходни, тие се и тоа како значајни, но јас сум убедена дека ќе имаат разбирање, рече Јаневска.

The post Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година appeared first on Република.

]]>

Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани https://republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-vo-mart-povisoki-za-4-protsenti-vo-odnos-na-istiot-mesets-lani/ Mon, 08 Apr 2024 13:24:18 +0000 https://republika.mk/?p=763851

Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за стстистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %.

Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %.

Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто.

The post Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во март годинава, во однос на март лани, бележат раст од 4.0 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за стстистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на претходниот месец, изнесува 0.9 %. Зголемувањето на инфлацијата во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 3.1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 1.3 %, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.5 %, облека и обувки за 0.2 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0.1 %. Во март 2024 година, во однос на февруари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.1 %. Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Цените на мало во март во однос на февруари 2024 година се зголемиле за еден отсто.  

The post Трошоците на живот во март повисоки за 4 проценти во однос на истиот месец лани appeared first on Република.

]]>
Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/italijanska-izvonrednost-vo-dizajn-i-odrzhliva-moda-so-moden-vikend-skopje/ Tue, 05 Mar 2024 12:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=751483

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA - Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја заземаат културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн.

Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред.

Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14-ти март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот.

Следниот ден, на 15-ти март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.

Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ - стои во изјавата на организаторот.

Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот.

Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции.

Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата.

Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.

The post Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје appeared first on Република.

]]>

Овој март, Амбасадата на Република Италија во Скопје, заедно со ITA - Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и Моден Викенд Скопје, ја заземаат културната сцена со долгоочекуваните денови на италијанскиот дизајн. Настанот, кој годинава е под мотото „Создавање вредности: инклузивност, иновации и одржливост“, ветува дека ќе ја спои безвременската елеганција на италијанскиот дизајн со практиките за одржливост што го тераат светот да размислува напред. Чифте амам ќе биде локацијата на која на 14-ти март ќе биде свеченото отворање на денови на италијанскиот дизајн со мастерклас на познатиот италијански дизајнер на играчки Лука Боскардин. Неговата евокативна гостувачка изложба од Музејот за дизајн ADI е посветена на 140-та годишнината од првото издание на Пинкио, прикажувајќи ги проектите што го толкуваат наследството на „Авантурите на Пинокио“ преку модерната визура на дизајнот. Следниот ден, на 15-ти март, како и минатата година, така и оваа, East Gate Mall ќе биде домаќин на модно шоу, во кое сите присутнои гости и посетителите на трговскиот центар ќе ги дознаат најновите модни трендови од 20 врвни италијански брендови и со тоа ќе се означи почетокот на 28-та сезона на Моден викенд Скопје. Модната ревија ќе има за цел да ја спои традиционалната италијанска мода со современите трендови и одржливите практики, поставувајќи нови стандарди во оваа индустрија.
Неизмерно сме горди што и годинава како Моден Викенд Скопје сме тука со Деновите на италијанскиот дизајн. Овогодинешната тема длабоко резонира со нашата посветеност за промовирање дизајн кој ја вреднува инклузивноста, иновативноста и особено одржливоста. Чест е да се соработува со вакви ценети партнери за да се оживее оваа визија. Упатуваме топла покана до сите ентузијасти на модата, дизајнот и одржливоста да ни се придружат во ова уникатно културно искуство кое ја слави италијанската извонредност и го отвора патот за позелена иднина во модата“ - стои во изјавата на организаторот.
Покрај Деновите на италијанскиот дизајн, Моден Викенд Скопје планира и низа активности до крај на март насочени кон застапување на одржливи модни иницијативи. Програмата вклучува интерактивни работилници, поп-ап локација Ready, Steady, Shop! посветена на “бавната мода” и простор за излагање на македонските модни брендови, како и можности за вмрежување. Сите настани се дизајнирани да поттикнат подлабока врска помеѓу заедницата и принципите на одржливо живеење преку модата и дизјанот. Настанот ќе кулминира на 28 и 29 март со ревии на домашни дизајнери кои ќе ги покажат своите креации, истакнувајќи ја моќта и креативноста на локалните модни сили. Големото финале е закажано за 30-ти март, со Bridal Fashion Night, ветувајќи ексклузивен избор на невестински колекции. Серијата настани ја потврдува доминантната позиција на Скопје како растечки центар за одржлива мода и дизајн во овој дел од светот, благодарејќи на Моден Викенд Скопје истовремено истакнувајќи ја заедничката глобална одговорност кон одржливоста. Соработката меѓу италијанските и македонските културни сили означува значаен чекор кон интегрирање на еколошките практики во рамките на меѓународниот дизајн и модата. Моден Викенд Скопје FWSK продолжува да биде во првите редови на прoмовирање на иновативна и етичка мода. Со историја која опфаќа безмалку 15 год, FWSK е посветен на поттикнување на модната индустрија која ги почитува и луѓето и планетата. 28 изадние на овој култен настан кој ја слави модата и дизајнот е подготвено да започне.          

The post Италијанска извонредност во дизајн и одржлива мода на пролетното издание на Моден Викенд Скопје appeared first on Република.

]]>
Хороскопски знаци кои ги чека среќа во март https://republika.mk/zivot/astro/horoskopski-znatsi-koi-gi-cheka-sreka-vo-mart/ Mon, 04 Mar 2024 19:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=751245

За некои хороскопски знаци, март ќе биде можеби еден од најубавите периоди во годината, бидејќи ги чека среќа на сите полиња. Ако припаѓате на некој од нив, ќе поминете прекрасен месец.

Риби
Вие сте еден од среќниците овој месец, бидејќи во вашиот знак се собираат лични планети една по една. Почнувате со Сонцето и Меркур во вашиот знак, потоа доаѓа Венера на 12-ти и Марс на 22-ри, па како што можете да видите, вие сте главни. Сите кои се сомневаа во вас ќе бидат шокирани од вашиот успех, харизма и способност да блеснете на сите полиња овој месец.

Ќе имате многу можности да го подобрите личниот, а особено љубовниот живот. Она на што само треба да обрнете внимание е вашата интуиција и конечно да направите ред во вашата непосредна околина. Ќе видите појасно од кога било досега кои се ваши сојузници, а кои лажни пријатели.

Бик
Доколку сте родени во знакот Бик, особено во втората и третата деценија, март може да биде најсреќниот месец во годината за вас. Уран и Јупитер се во вашиот знак, па нема од што да се плашите. Напротив! Нивните поволни аспекти со Сонцето, а подоцна и со Венера во Риби, во вашата 11-та куќа, ќе донесат пријатен, понекогаш неочекуван развој на вашите меѓучовечки односи.

Новите пријателства, групи, познанства, па дури и романси можат да ве издигнат на седмо небо. И можно е целосно да го промените вашиот имиџ. Овој месец ќе се дружите многу повеќе од претходно, а можно е да се запишете и на курс кој многу ќе ви значи. Идеално време е да започнете со реализација на нови деловни проекти и да ги рекламирате вашите услуги. Нема да има недостаток на пари.

Овен
Овој месец среќата ќе биде на ваша страна, особено кога се работи за здравјето и работата. И сосема е можно да добиете или покачување или прилив на пари од неочекувани извори. Доколку сте имале некакви несогласувања со пријателите, колегите или членовите на семејството, се ќе се реши на најдобар начин.

За тоа ќе се погрижи Меркур, а подоцна и Сонцето кое ќе се пресели во вашиот знак и ќе формира поволен аспект со Плутон во Водолија. Што се однесува до љубовта, и таму ќе цветаат рози, особено од 10 март. Површното познанство може да се претвори во многу убава врска.

The post Хороскопски знаци кои ги чека среќа во март appeared first on Република.

]]>

За некои хороскопски знаци, март ќе биде можеби еден од најубавите периоди во годината, бидејќи ги чека среќа на сите полиња. Ако припаѓате на некој од нив, ќе поминете прекрасен месец. Риби Вие сте еден од среќниците овој месец, бидејќи во вашиот знак се собираат лични планети една по една. Почнувате со Сонцето и Меркур во вашиот знак, потоа доаѓа Венера на 12-ти и Марс на 22-ри, па како што можете да видите, вие сте главни. Сите кои се сомневаа во вас ќе бидат шокирани од вашиот успех, харизма и способност да блеснете на сите полиња овој месец. Ќе имате многу можности да го подобрите личниот, а особено љубовниот живот. Она на што само треба да обрнете внимание е вашата интуиција и конечно да направите ред во вашата непосредна околина. Ќе видите појасно од кога било досега кои се ваши сојузници, а кои лажни пријатели. Бик Доколку сте родени во знакот Бик, особено во втората и третата деценија, март може да биде најсреќниот месец во годината за вас. Уран и Јупитер се во вашиот знак, па нема од што да се плашите. Напротив! Нивните поволни аспекти со Сонцето, а подоцна и со Венера во Риби, во вашата 11-та куќа, ќе донесат пријатен, понекогаш неочекуван развој на вашите меѓучовечки односи. Новите пријателства, групи, познанства, па дури и романси можат да ве издигнат на седмо небо. И можно е целосно да го промените вашиот имиџ. Овој месец ќе се дружите многу повеќе од претходно, а можно е да се запишете и на курс кој многу ќе ви значи. Идеално време е да започнете со реализација на нови деловни проекти и да ги рекламирате вашите услуги. Нема да има недостаток на пари. Овен Овој месец среќата ќе биде на ваша страна, особено кога се работи за здравјето и работата. И сосема е можно да добиете или покачување или прилив на пари од неочекувани извори. Доколку сте имале некакви несогласувања со пријателите, колегите или членовите на семејството, се ќе се реши на најдобар начин. За тоа ќе се погрижи Меркур, а подоцна и Сонцето кое ќе се пресели во вашиот знак и ќе формира поволен аспект со Плутон во Водолија. Што се однесува до љубовта, и таму ќе цветаат рози, особено од 10 март. Површното познанство може да се претвори во многу убава врска.

The post Хороскопски знаци кои ги чека среќа во март appeared first on Република.

]]>
„Евтини приказни“ на Тарантино за старт на мартовската програма во Кинотека https://republika.mk/scena/film/evtini-prikazni-na-tarantino-za-start-na-martovskata-programa-vo-kinoteka/ Fri, 01 Mar 2024 08:37:44 +0000 https://republika.mk/?p=749279

Март – месец кога започнува пролетта. Повеќе светлина, подолг ден, разновидни бои. Во секој случај, месец што се очекува со нетрпение. Со понудата во својата програма Кинотека се определи да соодветствува на месецот на пролетта.

На почетокот и при крајот на понудата Кинотека ќе ги прикаже филмовите кои одбележуваат три децении од премиерата. Првиот јубилеец е ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ креиран од Квентин Тарантино. Оваа филмска класика изврши немерливо влијание врз понатамошниот тек на филмската уметност, и го воскресна тогаш заборавениот Џон Траволта. Лук Бесон, пак, со своето авторско дело ЛЕОН ПРОФЕСИОНАЛЕЦОТ ги промовираше актерските таленти на Натали Портман и Гери Олдман.

Големиот јубилеј, 60-годишнина од смртта на пионерот на подвижните слики на Балканот, Милтон Манаки, ќе биде во фокусот во почетниот дел на мартовското издание на филмскиот караван на Кинотека. Ќе биде презентирано ДВД изданието со реставрираните снимки на браќата Манаки од почетокот на 20 век. Во ДВД-то се содржани првите снимки на Манаки – од баба им, 114-годишната  Деспина, која преде во родното село Авдела, и снимки на кои нивната камера  регистрирала важни историски настани. Делото на браќата Манаки е обработено документаристички во проектот ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ, како заедничка творба на режисерот Роберт Јанкуловски и сценаристката Илинденка Петрушева. Пред проекцијата режисерот  Јанкуловски ќе има презентацијата за делото на Милтон Манаки.

Сосема следствено на ова, следуваат филмови во циклусот ЛАУРЕАТИТЕ НА МАНАКИ. Ќе се започне со популарниот филм НЕВЕРОЈАТНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИ ПУЛЕН. Ова е можеби најпознатиот филм на големиот француски режисер Жан Пјер Жене. Веднаш по премиерата филмот ги освои симпатиите на публиката, како и на критиката, а две децении подоцна има стекнато култен статус. Ниту еден француски филмски протагонист на овој век не е толку сакан како Амели, за неа е создаден мјузикл и е именуван нов вид жаба. Омилениот филмски класик на Тарантино ДОБРИОТ ЛОШИОТ И ГРДИОТ и познатата биографска драма ЕРИН БРОКОВИЧ, со Џулија Робертс во насловната улога наградена со Оскар, го заокружуваат овој циклус. Филмовите ќе бидат проектирани на оригинална 35 мм лента.

И во месец март нема да изостанат творештвата, овој пат краткометражни, на неколку македонски режисери. Тоа се постарите филмови  ЕМБРИО НО М, ЗИМСКИ ИМПРЕСИИ, СПОМЕНИК, како и новите КУТИИ и ДАЛИ СИ МАЖ?

Кинотеката сметаше дека е потребно да бидат видени и двата филма БЕЗ СОНЦЕ и НИВО 5 на култниот експериментален француски автор Крис Маркер. Ова е одличен вовед во централната содржина за месецов. Во цилкусот наречен ДЕНОВИ НА ФРАНКОФОНИЈАТА ќе бидат прикажани остварувања од една од најквалитетните и највлијателни европски кинематографии.

Денови ќе има и за словачката кинематографија, интересна дотолку повеќе што овде, кај нас, за неа  не се знае многу. РЕТРОСПЕКТИВАТА НА СЛОВАЧКИОТ КЛАСИЧЕН ФИЛМ е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка.

Кинотеката во месец март, кој календарски трае 31 ден, очигледно нема да ги изневери филмофилите, туку ќе ги направи побогати со нови сознанија и нови филмски искуства. Ова е доволно седиштата во кинотечната кино сала да бидат исполнети.

 Целосна ПРОГРАМА

The post „Евтини приказни“ на Тарантино за старт на мартовската програма во Кинотека appeared first on Република.

Успешни оптимисти: Еве што вели науката за луѓето родени во март https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/uspeshni-optimisti-eve-shto-veli-naukata-za-lugeto-rodeni-vo-mart/ Thu, 29 Feb 2024 21:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=749817

Се ближи крајот на тмурните зимски студени денови, а наскоро и официјално ќе почне пролетта.

Месец март е прекрасно време за да станете мајка. Среќа имаат луѓето кои се родени во март.

Тие се посебни, успешни и оптимисти.

Еве што вели науката за луѓето родени во март:

1. Голема е веројатноста дека ќе напредуваат во кариерата

Луѓето родени во овој месец најверојатно ќе седат на директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец.

Истражување докажа дека од 375 извршни директори 12,5% од нив биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште бидејќи мартовските деца се најчесто постари од останатите во одделение.

2. Помалку имаат проблеми со видот за разлика од нивните врсници родени во лето

Додека оние родени во јуни и во јули треба да проверат диоптрија, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Истражување спроведено на 300.000 војници откри дека родените во текот на летото имаат поголема веројатност да бидат кратковиди, додека децата родени на пролет ретко имаат проблеми со диоптрија.

3. Природно се оптимисти

Истражување откри дека луѓето родени во март, како и оние во април и во мај, имаат вроден оптимизам. Резултати од истражување покажаа дека токму тие имаат најпозитивен поглед на светот.

4. Помал ризик од астма

Во ова време од годината има многу полен и прашина и тоа е лошо за оние кои страдаат од алергија, но е одлично за бебињата родени во март. Според истражувањето, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сето тоа во раното детство го подобрува нивниот имун систем.

5. Веројатно се ноќни птици

Едно истражување за спиењето откри дека децата родени во пролет и лето генерално легнуваат подоцна од оние родени во есен и зима.

6. Во хороскоп ќе бидат Риби или Овен

Овие два знаци се познати по нивната решителност и страст, родените меѓу први и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние родените по 20 март се пролетни Овни. Инаку, Овните се познати како огнени и страсни луѓе.

The post Успешни оптимисти: Еве што вели науката за луѓето родени во март appeared first on Република.

]]>

Се ближи крајот на тмурните зимски студени денови, а наскоро и официјално ќе почне пролетта. Месец март е прекрасно време за да станете мајка. Среќа имаат луѓето кои се родени во март. Тие се посебни, успешни и оптимисти. Еве што вели науката за луѓето родени во март:

1. Голема е веројатноста дека ќе напредуваат во кариерата

Луѓето родени во овој месец најверојатно ќе седат на директорска фотелја кога ќе пораснат. Истражувањата покажуваат дека процентот на директори родени во март е поголем од кој било друг месец. Истражување докажа дека од 375 извршни директори 12,5% од нив биле родени во март. Се смета дека ова е поврзано со поаѓањето на училиште бидејќи мартовските деца се најчесто постари од останатите во одделение.

2. Помалку имаат проблеми со видот за разлика од нивните врсници родени во лето

Додека оние родени во јуни и во јули треба да проверат диоптрија, бебињата родени во март најверојатно нема да ги имаат овие проблеми. Истражување спроведено на 300.000 војници откри дека родените во текот на летото имаат поголема веројатност да бидат кратковиди, додека децата родени на пролет ретко имаат проблеми со диоптрија.

3. Природно се оптимисти

Истражување откри дека луѓето родени во март, како и оние во април и во мај, имаат вроден оптимизам. Резултати од истражување покажаа дека токму тие имаат најпозитивен поглед на светот.

4. Помал ризик од астма

Во ова време од годината има многу полен и прашина и тоа е лошо за оние кои страдаат од алергија, но е одлично за бебињата родени во март. Според истражувањето, децата родени во овој месец поретко заболуваат од астма бидејќи изложеноста на сето тоа во раното детство го подобрува нивниот имун систем.

5. Веројатно се ноќни птици

Едно истражување за спиењето откри дека децата родени во пролет и лето генерално легнуваат подоцна од оние родени во есен и зима.

6. Во хороскоп ќе бидат Риби или Овен

Овие два знаци се познати по нивната решителност и страст, родените меѓу први и 20 март се познати како оптимистични Риби, додека оние родените по 20 март се пролетни Овни. Инаку, Овните се познати како огнени и страсни луѓе.

The post Успешни оптимисти: Еве што вели науката за луѓето родени во март appeared first on Република.

]]>
За четири хороскопски знаци март ќе биде месец за паметење https://republika.mk/zivot/astro/za-chetiri-horoskopski-znatsi-mart-ke-bide-mesets-za-pametene/ Wed, 28 Feb 2024 18:02:19 +0000 https://republika.mk/?p=749384

Астролошките прогнози најавуваат месец полн со незаборавни моменти за четирите среќни хороскопски знаци: Овен, Близнаци, Вага и Водолија во март ќе се најдат на пат кон неверојатни животни пресвртници.

Еве што им подготвуваат ѕвездите во овој пролетен месец:

Овен

За авантуристичките Овни, март носи експлозија на енергија што ќе ги поттикне да ги постигнат своите долго сонувани цели. Без разлика дали станува збор за започнување нов деловен проект, патување на далечна дестинација или започнување на ново хоби, Овенот ќе биде исполнет со нова возбуда и успех. Очекувајте изненадувачки можности за раст и напредок кои доаѓаат кога најмалку очекувате.

Близнаци

Близнаците ќе доживеат значителни промени во нивниот социјален живот во март 2024 година. Очекувајте нови средби кои би можеле да резултираат со долготрајни пријателства или дури и романтични врски. Вашите комуникациски вештини ќе бидат на својот врв, отворајќи ја вратата за интересни разговори и нови знаења. Исто така, можно е некој настан да ве направи во центарот на вниманието и дополнително да го зголеми вашиот социјален статус.

Вага

За Вагите, март 2024 година ќе ги одбележи клучните одлуки на професионалниот фронт. Можеби ќе се соочите со избор кој би можел значително да ја промени вашата кариера. Вашата природна склоност кон правичност и хармонија ќе ви помогне да донесете одлука која не само што ќе ви користи, туку ќе биде во најдобар интерес на сите вклучени. Покрај тоа, можна е неочекувана финансиска добивка, која ќе го направи овој месец уште поубав.

Водолија

Водолиите ќе доживеат лична ренесанса во март. Чувството на слобода и независност ќе се засили, охрабрувајќи ве да истражувате нови аспекти од вашиот живот. Може да откриете нова страст или да ја обновите старата, што ќе доведе до длабоко чувство на задоволство и исполнетост.

The post За четири хороскопски знаци март ќе биде месец за паметење appeared first on Република.

]]>

Астролошките прогнози најавуваат месец полн со незаборавни моменти за четирите среќни хороскопски знаци: Овен, Близнаци, Вага и Водолија во март ќе се најдат на пат кон неверојатни животни пресвртници. Еве што им подготвуваат ѕвездите во овој пролетен месец:

Овен

За авантуристичките Овни, март носи експлозија на енергија што ќе ги поттикне да ги постигнат своите долго сонувани цели. Без разлика дали станува збор за започнување нов деловен проект, патување на далечна дестинација или започнување на ново хоби, Овенот ќе биде исполнет со нова возбуда и успех. Очекувајте изненадувачки можности за раст и напредок кои доаѓаат кога најмалку очекувате.

Близнаци

Близнаците ќе доживеат значителни промени во нивниот социјален живот во март 2024 година. Очекувајте нови средби кои би можеле да резултираат со долготрајни пријателства или дури и романтични врски. Вашите комуникациски вештини ќе бидат на својот врв, отворајќи ја вратата за интересни разговори и нови знаења. Исто така, можно е некој настан да ве направи во центарот на вниманието и дополнително да го зголеми вашиот социјален статус.

Вага

За Вагите, март 2024 година ќе ги одбележи клучните одлуки на професионалниот фронт. Можеби ќе се соочите со избор кој би можел значително да ја промени вашата кариера. Вашата природна склоност кон правичност и хармонија ќе ви помогне да донесете одлука која не само што ќе ви користи, туку ќе биде во најдобар интерес на сите вклучени. Покрај тоа, можна е неочекувана финансиска добивка, која ќе го направи овој месец уште поубав.

Водолија

Водолиите ќе доживеат лична ренесанса во март. Чувството на слобода и независност ќе се засили, охрабрувајќи ве да истражувате нови аспекти од вашиот живот. Може да откриете нова страст или да ја обновите старата, што ќе доведе до длабоко чувство на задоволство и исполнетост.

The post За четири хороскопски знаци март ќе биде месец за паметење appeared first on Република.

]]>
Просечната нето плата во март 34.925 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-neto-plata-vo-mart-34-925-denari/ Mon, 22 May 2023 10:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=643564

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,6 проценти), Преработувачка индустрија (6,4 проценти) и Уметност, забава и рекреација (5,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март годинава изнесува 52 318 денари.

The post Просечната нето плата во март 34.925 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (14,9 проценти). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14,6 проценти), Преработувачка индустрија (6,4 проценти) и Уметност, забава и рекреација (5,4 проценти). Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март годинава изнесува 52 318 денари.  

The post Просечната нето плата во март 34.925 денари appeared first on Република.

]]>
Внимавајте на овие датуми во март и бидете претпазливи https://republika.mk/zivot/psihologija/vnimavajte-na-ovie-datumi-vo-mart-i-bidete-pretpazlivi/ Sun, 05 Mar 2023 21:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=616207

Во март претстојат четири предизвикувачки денови, некои ќе бидат непредвидливи и особено емотивни, додека други ќе се вратат на старите лоши навики.

15 март – спој на Сонцето и Нептун

Ќе биде многу непредвидлив и емотивен ден во кој некои ќе бидат опкружени со илузии. Можно е да изгубите сочувство, да престанете да го следи сопственото мислење. Бидете внимателни бидејќи старите лоши навики може да се вратат. Обидете се да се спротивставите на желбата за работи кои ве прават послаби и го уништуваат вашето здравје.

17 март – спој на Сонцето и Меркур

Пазете се од скандали и озборувања на овој ден. На овој ден не верувајте никому освен себеси и не се обесхрабрувајте ако нешто тргне наопаку. Веќе на 18 март ситуацијата ќе се подобри и се ќе се врати во нормала.

25 март – Марс влегува во Рак

Ова е предизвикувачки ден, бидејќи Марс е речиси целосно лишен од сила под влијание на елементот Вода, претставен од Рак. Планетата ќе остане во овој знак до 19 мај, но најопасно време е првиот ден и првата недела од нејзиниот престој во Рак. Повеќето луѓе ќе почувствуваат како нивната сила ги остава на овој ден. Од една страна, ќе биде добро бидејќи конфликтите привремено ќе престанат, но во исто време и продуктивноста драстично ќе опадне.

30 март – спој на Венера и Уран

Ова ќе биде ден на сериозни животни промени и трансформации кои практично не зависат од нас. Венера ќе ја одземе желбата и силата да се спротивставите на овие спонтани промени кои можат да предизвикаат уште поголеми проблеми. Овие планети ќе ја смират будноста и ќе ве направат несериозни. Бидете исклучително внимателни доколку наидете на дилеми на патот.

The post Внимавајте на овие датуми во март и бидете претпазливи appeared first on Република.

]]>

Во март претстојат четири предизвикувачки денови, некои ќе бидат непредвидливи и особено емотивни, додека други ќе се вратат на старите лоши навики. 15 март – спој на Сонцето и Нептун Ќе биде многу непредвидлив и емотивен ден во кој некои ќе бидат опкружени со илузии. Можно е да изгубите сочувство, да престанете да го следи сопственото мислење. Бидете внимателни бидејќи старите лоши навики може да се вратат. Обидете се да се спротивставите на желбата за работи кои ве прават послаби и го уништуваат вашето здравје. 17 март – спој на Сонцето и Меркур Пазете се од скандали и озборувања на овој ден. На овој ден не верувајте никому освен себеси и не се обесхрабрувајте ако нешто тргне наопаку. Веќе на 18 март ситуацијата ќе се подобри и се ќе се врати во нормала. 25 март – Марс влегува во Рак Ова е предизвикувачки ден, бидејќи Марс е речиси целосно лишен од сила под влијание на елементот Вода, претставен од Рак. Планетата ќе остане во овој знак до 19 мај, но најопасно време е првиот ден и првата недела од нејзиниот престој во Рак. Повеќето луѓе ќе почувствуваат како нивната сила ги остава на овој ден. Од една страна, ќе биде добро бидејќи конфликтите привремено ќе престанат, но во исто време и продуктивноста драстично ќе опадне. 30 март – спој на Венера и Уран Ова ќе биде ден на сериозни животни промени и трансформации кои практично не зависат од нас. Венера ќе ја одземе желбата и силата да се спротивставите на овие спонтани промени кои можат да предизвикаат уште поголеми проблеми. Овие планети ќе ја смират будноста и ќе ве направат несериозни. Бидете исклучително внимателни доколку наидете на дилеми на патот.

The post Внимавајте на овие датуми во март и бидете претпазливи appeared first on Република.

]]>
Заборавете на сонце месецов: Марта ни носи дожд без престан https://republika.mk/zivot/servisi/zaboravete-na-sontse-mesetsov-marta-ni-nosi-dozhd-bez-prestan/ Wed, 01 Mar 2023 12:47:11 +0000 https://republika.mk/?p=614696

Денеска започна третиот месец од новата година, а со него овој месец ни доаѓа и пролетта.

Според долготрајната временска прогноза на „Accuweather“ во нашата земја речиси сонце ќе има само неколку дена, додека облаците и дождот ќе бидат најредовни.

Највисоката температура овој месец се очекува да биде 17 степени, додека минус ќе имаме само еден ден и тоа се очекува на 13 март.

Исто така овој месец не се најавува ниту снег, но до крајот на месецот има уште многу време, а месец март важи за „луд“ и променлив.

The post Заборавете на сонце месецов: Марта ни носи дожд без престан appeared first on Република.

]]>

Денеска започна третиот месец од новата година, а со него овој месец ни доаѓа и пролетта. Според долготрајната временска прогноза на „Accuweather“ во нашата земја речиси сонце ќе има само неколку дена, додека облаците и дождот ќе бидат најредовни. Највисоката температура овој месец се очекува да биде 17 степени, додека минус ќе имаме само еден ден и тоа се очекува на 13 март. Исто така овој месец не се најавува ниту снег, но до крајот на месецот има уште многу време, а месец март важи за „луд“ и променлив.

The post Заборавете на сонце месецов: Марта ни носи дожд без престан appeared first on Република.

]]>
Македонскиот народен театар ја објави програмата за март https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-naroden-teatar-ja-objavi-programata-za-mart/ Tue, 28 Feb 2023 08:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=614049

Македонскиот народен театар (МНТ) ја објави програмата со претстави за март.

Во продолжение може да го погледнете репертоарот на претстави во следниот период.

The post Македонскиот народен театар ја објави програмата за март appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) ја објави програмата со претстави за март. Во продолжение може да го погледнете репертоарот на претстави во следниот период.

The post Македонскиот народен театар ја објави програмата за март appeared first on Република.

]]>
„Најдобриот роденден досега“, „Римини“ и „Корсет“ за почеток на мартовската програма во Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/najdobriot-rodenden-dosega-rimini-i-korset-za-pochetok-na-martovskata-programa-vo-kinoteka/ Tue, 28 Feb 2023 08:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=614036

Еден од филмовите со кои ја започнуваме мартовската кинотечна програма е РИМИНИ (Rimini) на Урлих Зајдл (Ulrich Seidl), долгоочекуваното враќање кон играниот филм на познатиот австриски режисер. Неговата нова мрачна и комична драма е портрет на еден „жиголо“ – маж што спие со жени за пари. РИМИНИ на суров начин го прикажува декадентниот и осамен живот на заборавена ѕвезда на крајот од својата кариера, во спектакуларна изведба на харизматичниот австриски актер Михаел Томас. Најпознат по трилогијата РАЈ: ЉУБОВ, ВЕРА, НАДЕЖ (Paradise: Love / Paradies: Liebe; Paradise: Faith / Paradies: Glaube; Paradise: Hope / Paradies: Hoffnung; 2012/2013), Зајдл е предводник на новиот австриски филм од почетокот на овој милениум, кој ги освои европските филмски фестивали. Зајдл е и расен документаристички автор, потписник на некои од „најсировите“ документарни филмови како ВО ПОДРУМОТ (Im Keller / In the Basement, 2014) или САФАРИ (Safari, 2016). Во нив, без пардон, прави вивисекција на австриското и европското општество, преплетувајќи ги фикцијата и документарното, и на тој начин создава посебен авторски ракопис по кој е познат.

Заедно со него е и КОРСЕТ (Corsage) на уште едно авторско име со домицилно австриско потекло Мари Кројцер (Marie Kreutzer). КОРСЕТ е храбра и субверзивна костимирана драма за Сиси, царицата Елизабета од Австрија, која се бунтува за ограничувањата во кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

На програмата е и ВАВИЛОН (Babylon) на Дамиен Шазел (Damien Chazelle), веројатно еден од најзборуваните филмови на сезоната. Опишуван како „Љубовно писмо до Холивуд“, новиот филм на Шазел (автор на постмодерната мелодрама ЛА-ЛА-ЛЕНД) е приказна за преголема амбиција и големиот успех, која ги следи подемот и падот на неколку ликови низ ерата на нескротливиот раскош и изопаченост во раниот Холивуд.

ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ (Leto kada sam naučila da letim / How I Learned to Fly) на Радивое Раша Андриќ (Radivoje Raša Andrić), пак, е нежна приказна за созревањето и помирувањето на дванаесетгодишната девојка Софија, која мора да го мине летото со нејзините здодевни баби.

АЛКАРАЗ (Alcarràs) на шпанската авторка Карла Симон (Carla Simón), која ја освои главната награда на Берлинале 2022, „Златната мечка“, како и уште 15 други награди на светските фестивали, а освои 50-тина номинации за награди, е приказна за последиците од економската криза кое ќе го почуствува едно семејство во селото Алкарас од регионот на Каталонија, во Шпанија.

Од домашните кинотечни бисери го прикажуваме КАДЕ ПО ДОЖДОТ (Where After the Rain) во режија на Владан Слијепчевиќ (Vladan Slijepcevic). Со Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ и Станислава Пешиќ во главните улоги, овој македонски филм од 1967 година ја раскажува сторијата за Лела, ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот.

СЕЧИ! (Coupez! / Final Cut) на Мишел Хaзанавициус (Michel Hazanavicius) е одлична вест за фановите на овој необичен автор, кој со АРТИСТОТ не само што победи на доделувањето на „Оскарите“ и наградите БАФТА во 2012 година, туку постави и нови стандарди со неговото видување на стариот црно-бел формат како посвета на ерата на немиот филм во Холивуд. Овој пат ни подготви хорор-комедија во која работите тргнуваат наопаку кога мала филмска екипа снима нискобуџетен зомби филм и истите се нападнати од вистински зомбија.

Можете ли да го замислите А.П. Чехов во една необична и суптилно креирана адаптација, но на јапонски јазик? ВОЗИ ЈА МОЈАТА КОЛА (Doraibu mai kâ / Drive My Car) на Ријусуке Хамагучи (Ryusuke Hamaguchi) е исклучителна филмска драма снимена според кратката приказна на Харуки Мураками – трогателен патувачки филм за љубовта, загубата, прифаќањето и мирот.

На мартовската програма во Кинотеката е и филмот МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА (R.M.N.), новиот филм на Кристијан Мунџиу (Cristian Mungiu), миленикот на фестивалската публика ширум Европа. Овој пат неговата сторија говори за лик кој ја напушта работата во Германија и се враќа во родното (мултиетничкотрансилванско село. Сака да биде повеќе вклучен во растењето на својот син и да му помогне на детето да се ослободи од своите нејасни стравови.

Мартовската програма, понатаму, содржи и неколку анимирани филмови наменети за најмладата публика, потоа едно пригодно навраќање кон успешните домашни остварувања од минатата година: СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ и МИМИ, како и неколку нови остварувања од европските копродукции...

ПРОГРАМА МАРТ

The post „Најдобриот роденден досега“, „Римини“ и „Корсет“ за почеток на мартовската програма во Кинотека appeared first on Република.

Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-mart-minimalnata-plata-vo-zemjava-ke-porasne-na-20-175-denari/ Sat, 25 Feb 2023 11:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=613062

Граѓаните кои земаат минималец, почнувајќи од мартовската плата, ќе имаат повисоки примања за над 2.000 денари месечно, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика. Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари.

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата. Секоја година во месец март минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година, стои во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Од 2017 година во Македонија има континуирано зголемување на минималната плата. Па така, во периодот во 2017/2018 година минималецот изнесуваше 12.000 денари, во 2019 година се искачи на 12.507 денари, во 2020 достигна 14.500 денари, за во 2021 да изнесува 15.194 денари. Во март 2022 година минималната плата достигна 18.000 денари, за разлика од 2016 година кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари. Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе.

The post Од март минималната плата во земјава ќе порасне на 20.175 денари appeared first on Република.

Битиќи вели дека минималецот од март ќе достигне до 20 175 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-veli-deka-minimaletsot-od-mart-ke-dostigne-do-20-175-denari/ Fri, 24 Feb 2023 16:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=612854

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори, рече денеска Битиќи.

На почетокот на месецот и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на минималната плата во приватниот и јавниот сектор.

Бектеши рече дека минималецот најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година.

Дополнително на тоа, како што најави Бектеши, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.

Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

The post Битиќи вели дека минималецот од март ќе достигне до 20 175 денари appeared first on Република.

]]>

Минималната плата од идниот месец ќе биде 20 175 денари, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Се прават последните пресметки и мислам дека Сојузот на синдикати, но и Министерството за труд и социјална политика се пред крај со пресметките. Според законот, секоја година во март има ново усогласување со двата критериума. Оваа година мислам дека според последните информации што ги издаде Државниот завод за статистика, 12,55 отсто ќе биде зголемувањето на минималната плата и таа ќе биде 20 175 денари нето. Соодветно и бруто-минималната плата ќе биде зголемена. Со тоа ќе продолжи тенденцијата на линеарно зголемување на сите други плати во сите сектори, рече денеска Битиќи.
На почетокот на месецот и министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од март ќе има зголемување на минималната плата во приватниот и јавниот сектор. Бектеши рече дека минималецот најверојатно ќе биде 20 500 денари и тие средства се предвидени во сите институции со Буџетот за 2023 година. Дополнително на тоа, како што најави Бектеши, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација. Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.  

The post Битиќи вели дека минималецот од март ќе достигне до 20 175 денари appeared first on Република.

]]>
3 март и уште пет среќни датуми за сите знаци овој месец https://republika.mk/zivot/astro/3-mart-i-ushte-pet-srekni-datumi-za-site-znatsi-ovoj-mesets/ Fri, 24 Feb 2023 14:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=612808

Март е првиот месец од пролетта, месецот кога почнуваме да планираме, кога сме полни со енергија и сме подготвени да ги прифатиме големите можности кои ни се нудат. Според астролозите, овие 6 датуми ќе бидат најповолни и најсреќни во март:

3 март – денот на огледалото

Серијата од 3-3 годинава ќе биде поволен ден за личен развој. Овој ден можете да го посветите на стекнување нови знаења, опуштање и пронаоѓање креативни активности. Овој поволен ден ќе биде и исклучително важен затоа што ќе бидете мотивирани да ги надминете предизвиците, да направите нови планови и да се насочите кон подобар животен пат.

7 март – денот на промената на позицијата на Сатурн

Од март 2020 година, Сатурн е во знакот Водолија. На 7 март оваа година планетата ќе се пресели во знакот Риби. Ова ќе биде особено важен настан според астролозите. Во принцип, таквата транзиција ќе ни донесе многу важни промени во сите области од животот.

16 март – Венера влегува во Бик

Планетата ќе остане во овој знак до 10 април. На овој ден многу е важно да се занимавате со домашни работи, да го исчистите домот од непотребните работи и негативната енергија. Обидете се на овој ден да го промените вашиот живот на подобро, менувајќи ги лошите навики во позитивни. Ова е совршен ден да направите нешто за себе и да го промените вашиот имиџ.

19 март – Меркур влегува во Овен

Преминот на Меркур кон Овен ќе ни даде нова инспирација и самодоверба, ќе ни го врати вниманието и ќе ја зголеми желбата за знаење. Планетата ќе остане во овој знак само до 2 април. На овој ден обидете се целосно да им се посветите на финансиските и правните работи.

20 март – пролетна рамноденица

Ова е многу поволен и, можеби, најсветлиот ден од март бидејќи ќе биде полн со позитивна енергија. Ова ќе биде добар ден и за одмор и за работа. Сепак, не занемарувајте ја интуицијата на овој ден.

23 март – премин на Плутон во Водолија

Најоддалечената планета, Плутон, ќе премине во знакот Водолија. На овој ден ќе се означи крајот на петнаесетгодишниот период на престој на Плутон во знакот Јарец. Оваа транзиција може да го направи 23 март мистериозен, необичен и исполнет со важни настани.

The post 3 март и уште пет среќни датуми за сите знаци овој месец appeared first on Република.

Март ќе биде тежок на емотивен план: Овие три знаци ги очекува лош месец https://republika.mk/zivot/astro/mart-ke-bide-tezhok-na-emotiven-plan-ovie-tri-znatsi-gi-ochekuva-losh-mesets/ Fri, 24 Feb 2023 14:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=612806

Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот, кои во март ќе се соочат со бројни неволји кои негативно ќе влијаат не само на нивните работи, туку и на нивната внатрешна состојба.

Рак

Веќе првиот месец од пролетта ќе биде проблематичен за вас, а сето тоа затоа што може да ги изгубите нервите. Како во вас да се населил ѕвезр – така ќе се чувствувате – поради ова, можете сериозно да влезете во скандали, па дури и со блиски луѓе и да ги прекинете односите со нив долго време. Освен тоа, поради агресивното однесување ризикувате да влезете во тепачка и да добиете физички повреди. Агресијата на работното место може уште повеќе да ве кошта, затоа внимавајте.

Стрелец

Цел месец ќе влегувате во неволји од кои нема да можете да излезете победници. Астролозите велат дека судбината ќе ви ги тестира силите, фрлајќи ве во нови и нови проблеми. Ќе ви биде тешко да се справите со се, па идеална опција е да го напуштите градот, да заминете во природа и тишина, по можност сами. Само така можете да се заштитите од конфликти и судири.

Водолија

Водолиите нема да имаат среќа во романтичните врски. Постои ризик да раскинете со вашиот партнер, што ќе ви предизвика многу болка и страдање. Исто така, не се очекува во март ново познанство кое би можело да ве утеши. Затоа, ќе мора сами да се носите со сите искуства. Во принцип, март ќе ви биде тежок на емотивен план.

The post Март ќе биде тежок на емотивен план: Овие три знаци ги очекува лош месец appeared first on Република.

]]>

Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот, кои во март ќе се соочат со бројни неволји кои негативно ќе влијаат не само на нивните работи, туку и на нивната внатрешна состојба. Рак Веќе првиот месец од пролетта ќе биде проблематичен за вас, а сето тоа затоа што може да ги изгубите нервите. Како во вас да се населил ѕвезр – така ќе се чувствувате – поради ова, можете сериозно да влезете во скандали, па дури и со блиски луѓе и да ги прекинете односите со нив долго време. Освен тоа, поради агресивното однесување ризикувате да влезете во тепачка и да добиете физички повреди. Агресијата на работното место може уште повеќе да ве кошта, затоа внимавајте. Стрелец Цел месец ќе влегувате во неволји од кои нема да можете да излезете победници. Астролозите велат дека судбината ќе ви ги тестира силите, фрлајќи ве во нови и нови проблеми. Ќе ви биде тешко да се справите со се, па идеална опција е да го напуштите градот, да заминете во природа и тишина, по можност сами. Само така можете да се заштитите од конфликти и судири. Водолија Водолиите нема да имаат среќа во романтичните врски. Постои ризик да раскинете со вашиот партнер, што ќе ви предизвика многу болка и страдање. Исто така, не се очекува во март ново познанство кое би можело да ве утеши. Затоа, ќе мора сами да се носите со сите искуства. Во принцип, март ќе ви биде тежок на емотивен план.

The post Март ќе биде тежок на емотивен план: Овие три знаци ги очекува лош месец appeared first on Република.

]]>
Сè е поскапено: Раст на инфлацијата и цените на мало во март https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-e-poskapeno-rast-na-inflacijata-i-cenite-na-malo-vo-mart/ Thu, 07 Apr 2022 11:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=484714

Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос на февруари има кај млекото за 7,3 проценти, јајцата за 6 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,9 проценти, лебот и житата за 5 проценти, пивото за 2,9 проценти, маслото за 1,7 проценти, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,2 проценти…

Пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,1 проценти, горивата за превозните средства за 6,1 проценти.

The post Сè е поскапено: Раст на инфлацијата и цените на мало во март appeared first on Република.

]]>

Трошоците на живот во март се зголемени за 8,8 проценти во споредба со март лани, а цените на мало за 9,6 проценти. Во однос на февруари има зголемување за 1,6 проценти, а кај цените на мало за 1,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Податоците покажуваат дека пораст на трошоците на живот во однос на февруари има кај млекото за 7,3 проценти, јајцата за 6 проценти, свежото и разладеното овошје за 5,9 проценти, лебот и житата за 5 проценти, пивото за 2,9 проценти, маслото за 1,7 проценти, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,3 проценти, кафето, чајот, какаото за 1,2 проценти… Пораст е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8,2 проценти, течните горива за домаќинствата за 8,1 проценти, горивата за превозните средства за 6,1 проценти.  

The post Сè е поскапено: Раст на инфлацијата и цените на мало во март appeared first on Република.

]]>
Од вторник ќе почне исплатата на мартовските пензии, во нив се вклучени првите 1.000 денари помош https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-vtornik-kje-pochne-isplatata-na-martovskite-penzii-vo-niv-se-vklucheni-prvite-1-000-denari-pomosh/ Tue, 22 Mar 2022 17:07:37 +0000 https://republika.mk/?p=476803

Владата на Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

The post Од вторник ќе почне исплатата на мартовските пензии, во нив се вклучени првите 1.000 денари помош appeared first on Република.

]]>

Владата на Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година. Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа: – За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник); – За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда); – За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и – За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок). Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.  

The post Од вторник ќе почне исплатата на мартовските пензии, во нив се вклучени првите 1.000 денари помош appeared first on Република.

]]>
Март е најмоќниот месец во годината: Ова се најповолните датуми за секој хороскопски знак https://republika.mk/zivot/astro/mart-e-najmokjniot-mesec-vo-godinata-ova-se-najpovolnite-datumi-za-sekoj-horoskopski-znak/ Thu, 10 Mar 2022 11:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=470569

Март е еден од оние месеци што, според астролозите, има најмногу среќни денови во годината. Позицијата на ѕвездите е најповолна, па ќе влијае позитивно врз сите нас. Ќе имаме можност да заблескаме со полн сјај, па затоа паметно искористете ги поволностите…

Овен

Најсреќниот ден ќе ви биде 11 март. Повеќе ќе размислувате за себе и за својот живот. Ќе бидете посвесни за тоа кои сте и што сакате во животот. Ќе сакате малку да се оддалечите од сите случувања околу вас, да се осамите и во тишина да слушнете што ви кажува срцето.

Бик
Најсреќниот ден во март ви е 23. Ќе сакате повеќе да им се посветите на вашите желби и планови за иднината. Конечно нема повеќе да се убедувате себеси дека не можете да направите некои работи. Овој ден ќе ви помогне да се ослободите од стегите што ве спречуваат да ги остварите вашите соништа.

Близнаци
Најсреќниот ден за Близнаците е 18 март, кога особено ќе ја почувствувате семејната топлина и љубов. Ќе мора да размислите за баланс во приватниот живот, за тоа како сакате да се организирате за сè да ви биде како што треба.

Рак
На 5 март Раковите ќе бидат полни со енергија и конечно ќе завршат нешто што одамна „им виси над глава“. Имате многу идеи, можна е промена на работата или некоја друга голема животна промена. Секако, овој ден ќе ви помогне да направите некој важен чекор напред.

Лав
На Лавовите, 20 март ќе им биде најсреќниот ден овој месец, кога конечно повторно ќе се почувствуваат како оние старите. Подготвени сте да започнете нешто ново, планирате некое патување или нов проект со кој ќе се занимавате. Возможно е да морате да донесете некоја ризична одлука што се однесува до приватниот живот, само гледајте да ја донесете со срцето.

Девица
Вашата романтична страна се активира на 18 март, што ќе биде вашиот најсреќен ден овој месец. Поголемиот дел од оваа година ќе ви биде во знакот на љубовта, но овој ден ќе ви биде посебно романтичен. Активното поле на љубовта не е поврзано само со врските, туку ќе уживате и во пријателствата.

Терезија
Од 22 март, вашиот најсреќен ден овој месец, фокусот ќе го префрлите на врските со другите. Тоа не се однесува само на љубовните врски, туку повеќе ќе ги негувате и вашите пријателства, повеќе ќе ги цените. Добриот однос со партнерот и пријателите е она што ви ја дава неопходната стабилност во животот, која беше разнишана последниот период.

Скорпија
Најсреќниот ден за Скорпиите е 10 март. Нагласено ви е полето на домот, па ќе бидете максимално посветени на тоа да го уредите својот дом по ваш вкус. Веќе некое време сакате да направите некаква промена, без разлика дали станува збор за селидба или некоја нова врска, па денес ќе ги разгледувате плановите и опциите во врска со тоа.

Стрелец
Бевте многу строги кон себе кога станува збор за љубовта, ви се чинеше дека не сте сосема свои, но на 16 март сè ќе тргне на подобро. Ќе бидете многу поискрени кон себе, подобро ќе знаете што сакате и ќе ја зграбите секоја можност што ќе ви се понуди.

Јарец
Трети март е вашиот најсреќен ден, кога вашата креативност ќе биде особено изразена. Креативноста ќе ве извлече од некоја ситуација во која сте западнале и тоа ќе биде можност за новиот почеток за којшто сонувавте. Бидете храбри.

Водолија
За Водолиите, најсреќниот ден ќе биде 12 март, кога конечно ќе престанат да мислат дека мораат да му се допаднат некому и ќе се однесуваат само во согласност со сопствениот став. Колку и да го знаете тоа, понекогаш ви е тешко да не се споредувате со другите, но сега ќе престанете да се „ставате себеси во калап“.

Риби
Десетти март е најсреќниот ден за Рибите, кога конечно ќе можат да го изразат сето тоа што го сакаат и чувствуваат во врската. Комуникацијата со партнерот не им беше најдобра во последно време, па оваа промена ќе ви помогне да решите некои проблеми.

The post Март е најмоќниот месец во годината: Ова се најповолните датуми за секој хороскопски знак appeared first on Република.

]]>

Март е еден од оние месеци што, според астролозите, има најмногу среќни денови во годината. Позицијата на ѕвездите е најповолна, па ќе влијае позитивно врз сите нас. Ќе имаме можност да заблескаме со полн сјај, па затоа паметно искористете ги поволностите… Овен Најсреќниот ден ќе ви биде 11 март. Повеќе ќе размислувате за себе и за својот живот. Ќе бидете посвесни за тоа кои сте и што сакате во животот. Ќе сакате малку да се оддалечите од сите случувања околу вас, да се осамите и во тишина да слушнете што ви кажува срцето. Бик Најсреќниот ден во март ви е 23. Ќе сакате повеќе да им се посветите на вашите желби и планови за иднината. Конечно нема повеќе да се убедувате себеси дека не можете да направите некои работи. Овој ден ќе ви помогне да се ослободите од стегите што ве спречуваат да ги остварите вашите соништа. Близнаци Најсреќниот ден за Близнаците е 18 март, кога особено ќе ја почувствувате семејната топлина и љубов. Ќе мора да размислите за баланс во приватниот живот, за тоа како сакате да се организирате за сè да ви биде како што треба. Рак На 5 март Раковите ќе бидат полни со енергија и конечно ќе завршат нешто што одамна „им виси над глава“. Имате многу идеи, можна е промена на работата или некоја друга голема животна промена. Секако, овој ден ќе ви помогне да направите некој важен чекор напред. Лав На Лавовите, 20 март ќе им биде најсреќниот ден овој месец, кога конечно повторно ќе се почувствуваат како оние старите. Подготвени сте да започнете нешто ново, планирате некое патување или нов проект со кој ќе се занимавате. Возможно е да морате да донесете некоја ризична одлука што се однесува до приватниот живот, само гледајте да ја донесете со срцето. Девица Вашата романтична страна се активира на 18 март, што ќе биде вашиот најсреќен ден овој месец. Поголемиот дел од оваа година ќе ви биде во знакот на љубовта, но овој ден ќе ви биде посебно романтичен. Активното поле на љубовта не е поврзано само со врските, туку ќе уживате и во пријателствата. Терезија Од 22 март, вашиот најсреќен ден овој месец, фокусот ќе го префрлите на врските со другите. Тоа не се однесува само на љубовните врски, туку повеќе ќе ги негувате и вашите пријателства, повеќе ќе ги цените. Добриот однос со партнерот и пријателите е она што ви ја дава неопходната стабилност во животот, која беше разнишана последниот период. Скорпија Најсреќниот ден за Скорпиите е 10 март. Нагласено ви е полето на домот, па ќе бидете максимално посветени на тоа да го уредите својот дом по ваш вкус. Веќе некое време сакате да направите некаква промена, без разлика дали станува збор за селидба или некоја нова врска, па денес ќе ги разгледувате плановите и опциите во врска со тоа. Стрелец Бевте многу строги кон себе кога станува збор за љубовта, ви се чинеше дека не сте сосема свои, но на 16 март сè ќе тргне на подобро. Ќе бидете многу поискрени кон себе, подобро ќе знаете што сакате и ќе ја зграбите секоја можност што ќе ви се понуди. Јарец Трети март е вашиот најсреќен ден, кога вашата креативност ќе биде особено изразена. Креативноста ќе ве извлече од некоја ситуација во која сте западнале и тоа ќе биде можност за новиот почеток за којшто сонувавте. Бидете храбри. Водолија За Водолиите, најсреќниот ден ќе биде 12 март, кога конечно ќе престанат да мислат дека мораат да му се допаднат некому и ќе се однесуваат само во согласност со сопствениот став. Колку и да го знаете тоа, понекогаш ви е тешко да не се споредувате со другите, но сега ќе престанете да се „ставате себеси во калап“. Риби Десетти март е најсреќниот ден за Рибите, кога конечно ќе можат да го изразат сето тоа што го сакаат и чувствуваат во врската. Комуникацијата со партнерот не им беше најдобра во последно време, па оваа промена ќе ви помогне да решите некои проблеми.  

The post Март е најмоќниот месец во годината: Ова се најповолните датуми за секој хороскопски знак appeared first on Република.

]]>
Пендаровски по повод Меѓународниот ден на жените: Борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-po-povod-megjunarodniot-den-na-zenite-borbata-za-zenskite-prava-e-sekojdnevna-i-s-ushte-e-borba-za-ednakvost-i-dostoinstven-zivot/ Tue, 08 Mar 2022 09:24:25 +0000 https://republika.mk/?p=469398

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака:

Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот.  

Покрај зголемената свест за правата на жените, донесените законски решенија и програми, на патот кон еднаквоста ни остануваат многу предизвици во однос на доследната имплементација на политиките, како и во поглед на образованието и промената на родовите стереотипи и норми. Жените сѐ уште не се доволно застапени на политичките и економските позиции каде се носат клучните одлуки, а економската нееднаквост е јасно видлива и во бројни сектори каде жените се соочуваат со дискриминација и во поглед на платата и во поглед на пристапот и работните услови. Потребата од системско и доследно законско постапување на релевантните институции е клучно кон спречување и заштита од насилство врз жените.

Конфликтите и мировните операции ни покажуваат дека жените можат еднакво да бидат во првите редови, одлучно да се борат за правда, да придонесуваат во разрешувањето на конфликти, а честопати токму жените се жртви на воени злосторства. Не само денеска, секој ден е потребно да оддадеме почит за храброста на жените во воените конфликти и нивната улога во помирувањето.

Пандемијата нè соочи со растечка нееднаквост во многу сфери. Соочени со предизвиците, жените повторно го понесоа поголемиот товар, преземајќи на себе многукратни улоги и неплатен труд во одржувањето на домовите, образованието на децата, грижата за повозрасните.

Имаме заедничка одговорност да правиме проценка како одлуките што ги носиме и јавните политики што ги креираме влијаат на жените. Сите имаме одговорност, но пред сè релевантните институции и политичките чинители, за промените кои ќе овозможат поголемо учество на жените во политиката, донесувањето на одлуките, креирање на политиките, управување со процесите, економскиот развој, науката и иновациите.  

Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. Ги поздравувам заложбите на сите чинители кои работат на унапредување на родовата еднаквост и создавање на општество во кое жените сами ќе ги носат своите животни одлуки, ослободени од родово базирано насилство и сексизам, општество во кое на девојчињата нема да им биде спречен развојот поради предрасуди и стереотипи.

Честит 8 Март.

The post Пендаровски по повод Меѓународниот ден на жените: Борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот appeared first on Република.