Марко Милошевсиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-miloshevsik/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 10:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Милошевсиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-miloshevsik/ 32 32 Марко Милошевиќ по 20 години се појави во јавност: Снимен е во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко https://republika.mk/vesti/balkan/marko-miloshevik-po-20-godini-se-pojavi-vo-javnost-snimen-e-vo-moskva-na-otkrivaneto-na-spomenikot-na-negoviot-tatko/ Wed, 14 Jun 2023 10:25:32 +0000 https://republika.mk/?p=651235

Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ, за прв пат се појави во јавноста по повеќе од 20 години.

Милошевиќ е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов, познат како Хирург, близок соработник и пријател на Владимир Путин и водач на мото групата „Ноќни волци“, пишува Блиц.

Во видеото кое трае нешто помалку од 50 секунди, Залдастанов го најавува Милошевиќ, кој потоа и се обраќа на толпата повторувајќи ги зборовите на татко му напишани на споменикот.

„Како што пишува овде на плочата, ние, за жал, бевме тест за тоа што се случи со Русија и што се случува сега во Украина. Југословенските војни се исти, само сега во Украина – забрзана верзија. За жал, ја изгубивме битката, но војната, се надевам, не сме. Од нашите грешки и од нашата судбина, Русите извлекоа лекција и ќе победиме! За победата“, рече Марко Милошевиќ, стоејќи пред српското знаме, откако кој еден од насобраните извикува „Србија ја чува славата!“.

Инаку, посочува белградскиот весник, синот на Милошевиќ изгледа прилично непрепознатливо во однос на последните достапни фотографии од пред повеќе од 20 години, тој видно остарел и побелел.

Тој не се појави во јавноста откако, по падот на режимот на неговиот татко на 5 октомври, побегна во Русија откако беше обвинет под сомнение за вмешаност во организиран криминал.

Веќе на 7 октомври тој ја напушти Србија и преку Пекинг замина во Москва, каде што доби политички азил.По него има потерница од Интерпол во Србија, според кој треба да биде уапсен ако се појави во земјата.

The post Марко Милошевиќ по 20 години се појави во јавност: Снимен е во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко appeared first on Република.

]]>

Марко Милошевиќ, синот на поранешниот претседател на Србија и СРЈ, Слободан Милошевиќ, за прв пат се појави во јавноста по повеќе од 20 години.
Милошевиќ е снимен во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко, во друштво на Александар Залдастанов, познат како Хирург, близок соработник и пријател на Владимир Путин и водач на мото групата „Ноќни волци“, пишува Блиц. Во видеото кое трае нешто помалку од 50 секунди, Залдастанов го најавува Милошевиќ, кој потоа и се обраќа на толпата повторувајќи ги зборовите на татко му напишани на споменикот. „Како што пишува овде на плочата, ние, за жал, бевме тест за тоа што се случи со Русија и што се случува сега во Украина. Југословенските војни се исти, само сега во Украина – забрзана верзија. За жал, ја изгубивме битката, но војната, се надевам, не сме. Од нашите грешки и од нашата судбина, Русите извлекоа лекција и ќе победиме! За победата“, рече Марко Милошевиќ, стоејќи пред српското знаме, откако кој еден од насобраните извикува „Србија ја чува славата!“. Инаку, посочува белградскиот весник, синот на Милошевиќ изгледа прилично непрепознатливо во однос на последните достапни фотографии од пред повеќе од 20 години, тој видно остарел и побелел. Тој не се појави во јавноста откако, по падот на режимот на неговиот татко на 5 октомври, побегна во Русија откако беше обвинет под сомнение за вмешаност во организиран криминал. Веќе на 7 октомври тој ја напушти Србија и преку Пекинг замина во Москва, каде што доби политички азил.По него има потерница од Интерпол во Србија, според кој треба да биде уапсен ако се појави во земјата.

The post Марко Милошевиќ по 20 години се појави во јавност: Снимен е во Москва на откривањето на споменикот на неговиот татко appeared first on Република.

]]>