Марко Бошњак Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-boshnak/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 20:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Бошњак Archives - Република https://republika.mk/tema/marko-boshnak/ 32 32 Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права https://republika.mk/vesti/marko-boshnak-nov-pretsedatel-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Mon, 13 May 2024 20:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=777753

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој таа функција ќе ја наследи од Сиофра О’Лири, соопшти денеска судот со седиште во Стразбур, Бошњак (50) беше потпретседател на ЕСЧП од ноември 2022 година.

Бошњак ќе ја преземе новата функција на 2 јули. Времетраењето на неговиот мандат не е прецизирано.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права вообичаено се избира за период од најмногу три години, но судиите не можат да останат на функцијата повеќе од девет години.

Бошњак е во Европскиот суд за човекови права од 2016 година, а неговиот мандат треба да истече во 2025 година.

Судиите немаат право на повторен избор.

Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на судот, во принцип по еден судија по земја членка на Советот на Европа.

Сиофра О’Лири беше првата жена избрана на чело на ЕСЧП.

Норвешкиот судија Арнфин Бардсен денеска е избран за потпретседател на ЕСЧП. И тој ќе ја преземе функцијата на 2 јули.

Европскиот суд за човекови права е судска гранка на Советот на Европа.

Тој е одговорен за постапување по жалби поврзани со прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права во 46 земји кои ја ратификувале.

 

The post Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој таа функција ќе ја наследи од Сиофра О’Лири, соопшти денеска судот со седиште во Стразбур, Бошњак (50) беше потпретседател на ЕСЧП од ноември 2022 година. Бошњак ќе ја преземе новата функција на 2 јули. Времетраењето на неговиот мандат не е прецизирано. Претседателот на Европскиот суд за човекови права вообичаено се избира за период од најмногу три години, но судиите не можат да останат на функцијата повеќе од девет години. Бошњак е во Европскиот суд за човекови права од 2016 година, а неговиот мандат треба да истече во 2025 година. Судиите немаат право на повторен избор. Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на судот, во принцип по еден судија по земја членка на Советот на Европа. Сиофра О’Лири беше првата жена избрана на чело на ЕСЧП. Норвешкиот судија Арнфин Бардсен денеска е избран за потпретседател на ЕСЧП. И тој ќе ја преземе функцијата на 2 јули. Европскиот суд за човекови права е судска гранка на Советот на Европа. Тој е одговорен за постапување по жалби поврзани со прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права во 46 земји кои ја ратификувале.  

The post Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>