маркетинг Archives - Република https://republika.mk/tema/marketing/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 07:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маркетинг Archives - Република https://republika.mk/tema/marketing/ 32 32 Бугарски маркетинг https://republika.mk/tvitovi/bugarski-marketing/ Sat, 08 Jun 2024 07:48:45 +0000 https://republika.mk/?p=785658

И со маркетингот се претера:

The post Бугарски маркетинг appeared first on Република.

]]>

И со маркетингот се претера:

The post Бугарски маркетинг appeared first on Република.

]]>
Хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјален бизнис https://republika.mk/zivot/kariera/hakaton-za-razvoj-na-strategija-za-marketing-i-unapreduvanje-na-socijalen-biznis/ Fri, 16 Dec 2022 13:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=586540

На 14 и 15 декември 2022 година се одржа хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјалниот бизнис Рето, организиран од Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет - Скопје и Центарот за социјални претпријатија.

Пет тимa на студенти го посетија социјалното претпријатие и за време на двата дена изготвија идејни решенија за визуелниот идентитет на претпријатието, прототипи и демо-верзии на профили на социјални мрежи, онлајн продавница и стратегии за користење различни маркетинг-канали. Социјалното претпријатие Рето се занимава со продажба на репариран мебел, мебел од втора рака, како и уникатни, нови парчиња мебел во чие функционирање се вклучени работници од Рето - центарот за рехабилитација на зависници.

Тимот со идејното решение кое експертското жири го оцени како најсоодветно и применливо за социјалниот бизнис доби финансиска поддршка од 30.000 денари за негова реализација.

The post Хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјален бизнис appeared first on Република.

]]>

На 14 и 15 декември 2022 година се одржа хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјалниот бизнис Рето, организиран од Јунус центарот за социјални бизниси при Економски факултет - Скопје и Центарот за социјални претпријатија. Пет тимa на студенти го посетија социјалното претпријатие и за време на двата дена изготвија идејни решенија за визуелниот идентитет на претпријатието, прототипи и демо-верзии на профили на социјални мрежи, онлајн продавница и стратегии за користење различни маркетинг-канали. Социјалното претпријатие Рето се занимава со продажба на репариран мебел, мебел од втора рака, како и уникатни, нови парчиња мебел во чие функционирање се вклучени работници од Рето - центарот за рехабилитација на зависници. Тимот со идејното решение кое експертското жири го оцени како најсоодветно и применливо за социјалниот бизнис доби финансиска поддршка од 30.000 денари за негова реализација.

The post Хакатон за развој на стратегија за маркетинг и унапредување на социјален бизнис appeared first on Република.

]]>
Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/seksizam-vo-reklamite-seksot-prodava-e-deviza-koja-se-ushte-prechesto-se-upotrebuva/ Mon, 18 Jul 2022 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=530639

Разголена жена во предизвикувачка поза, некој интересен слоган и ете ти реклама. Независно од бурните расправи за сексизмот, во Германија се случува и во оваа, 2018 година. „Дојче веле“ прави аализа како ни влијаат таквите реклами?

Ги гледаме дури и на возилата на производителите на храна за животни или на плакатите во автомобилските салони: голи или разголени тела, кои главно немаат никаква врска со рекламираниот производ. Впрочем, „sex sells“ (сексот продава) се чини дека е сè уште важечки принцип во делови од денешното огласување. Германското регулаторно тело за маркетиншката индустрија секоја година прегледува стотици пријави, а во посериозните случаи поднесува тужби против дискриминирачки, расистички или насилни содржини во рекламите. Ако Советот за огласување одлучи дека одредена реклама не ги задоволува етичките стандарди, првенствено тивко ги информира авторите. Ако тие доброволно не направат корекции или не ја повлечат рекламата, ќе бидат укорени и поставени на „ѕидот на срамот“.

Најчеста причина за жалба со години е полово дискриминирачкото огласување, а голем дел од досега упатените тужби всушност се однесуваат на тој сегмент. Наспроти тоа, како што се тврди во извештајот на оваа установа, на милиони плакати, видеа и други маркетиншки форми, „занемарлив дел“ отпаѓа на сексизмот, поради што сметаат дека не е потребна построга регулација на полово дискриминирачкото огласување. Оттаму велат дека огромно мнозинство од фирмите што се известени дека нивните реклами не ги задоволуваат етичките стандарди на ова регулаторно тело ги прифаќаат укорите.

Но, една иницијатива и понатаму се бори против сексизмот во рекламите, а станува збор за „Pinkstinks“. Ова здружение формирано во 2013 година покренало кампања за построг закон против нелојалната конкуренција и барало во тој закон да се вклучи одредба што ќе се однесува на сексистичките реклами. Ова барање во голема мера имало одек во политиката, но досега не е прифатено. Наместо тоа, Министерството за семејство го поддржало проектот „Werbemelder *In“ на ова здружение, чија цел е мониторинг на огласувањето во Германија во текот на две години. Корисниците имаат можност да ги пријават рекламите за кои сметаат дека содржат полова дискриминација, по што здружението ќе ги разгледува пријавите.

Стручните лица во Германија сметаат дека би било добро, покрај Советот за огласување, да се етаблираат и иницијативите како таа на „Pinkstinks“, кои се залагаат за построги правила, зашто веруваат дека институциите се „беззабен тигар“ и дека се состојат од претставници на рекламната индустрија.

Но, не се проблем само сексистичките реклами. Дискутабилен е и т.н. родов маркетинг, кој, на пример, момчињата ги портретира преку синиот производ „за јунаци“, а девојчињата преку розовиот „за принцези“. Експертите велат дека и овие реклами треба да се прифаќаат внимателно.

Без разлика на иронијата, традиционалната слика повторно се користи и се враќа во главите на луѓето - смета Мартина Тиле, политолог од Универзитетот во Салцбург.

Во денешното живеење повеќе од кога било сме опкружени со реклами, па големо е и нивното влијание врз нашиот светоглед и врз она што го сметаме за нормално однесување.

Сексистичкото огласување промовира паушално размислување во стилот „такви се мажите“, а „жените се вакви“. Многу огласувачи тврдат дека нивните реклами само ја одразуваат состојбата во општеството, но дека на тој начин само си ја олеснуваат работата - објаснува Тиле.

Рекламата има голема моќ, па оттука и одговорност да се придвижуваат позитивни нешта наместо да се шират стереотипи и сексистички поглед на светот.

The post Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува appeared first on Република.

]]>

Разголена жена во предизвикувачка поза, некој интересен слоган и ете ти реклама. Независно од бурните расправи за сексизмот, во Германија се случува и во оваа, 2018 година. „Дојче веле“ прави аализа како ни влијаат таквите реклами? Ги гледаме дури и на возилата на производителите на храна за животни или на плакатите во автомобилските салони: голи или разголени тела, кои главно немаат никаква врска со рекламираниот производ. Впрочем, „sex sells“ (сексот продава) се чини дека е сè уште важечки принцип во делови од денешното огласување. Германското регулаторно тело за маркетиншката индустрија секоја година прегледува стотици пријави, а во посериозните случаи поднесува тужби против дискриминирачки, расистички или насилни содржини во рекламите. Ако Советот за огласување одлучи дека одредена реклама не ги задоволува етичките стандарди, првенствено тивко ги информира авторите. Ако тие доброволно не направат корекции или не ја повлечат рекламата, ќе бидат укорени и поставени на „ѕидот на срамот“. Најчеста причина за жалба со години е полово дискриминирачкото огласување, а голем дел од досега упатените тужби всушност се однесуваат на тој сегмент. Наспроти тоа, како што се тврди во извештајот на оваа установа, на милиони плакати, видеа и други маркетиншки форми, „занемарлив дел“ отпаѓа на сексизмот, поради што сметаат дека не е потребна построга регулација на полово дискриминирачкото огласување. Оттаму велат дека огромно мнозинство од фирмите што се известени дека нивните реклами не ги задоволуваат етичките стандарди на ова регулаторно тело ги прифаќаат укорите. Но, една иницијатива и понатаму се бори против сексизмот во рекламите, а станува збор за „Pinkstinks“. Ова здружение формирано во 2013 година покренало кампања за построг закон против нелојалната конкуренција и барало во тој закон да се вклучи одредба што ќе се однесува на сексистичките реклами. Ова барање во голема мера имало одек во политиката, но досега не е прифатено. Наместо тоа, Министерството за семејство го поддржало проектот „Werbemelder *In“ на ова здружение, чија цел е мониторинг на огласувањето во Германија во текот на две години. Корисниците имаат можност да ги пријават рекламите за кои сметаат дека содржат полова дискриминација, по што здружението ќе ги разгледува пријавите. Стручните лица во Германија сметаат дека би било добро, покрај Советот за огласување, да се етаблираат и иницијативите како таа на „Pinkstinks“, кои се залагаат за построги правила, зашто веруваат дека институциите се „беззабен тигар“ и дека се состојат од претставници на рекламната индустрија. Но, не се проблем само сексистичките реклами. Дискутабилен е и т.н. родов маркетинг, кој, на пример, момчињата ги портретира преку синиот производ „за јунаци“, а девојчињата преку розовиот „за принцези“. Експертите велат дека и овие реклами треба да се прифаќаат внимателно.
Без разлика на иронијата, традиционалната слика повторно се користи и се враќа во главите на луѓето - смета Мартина Тиле, политолог од Универзитетот во Салцбург.
Во денешното живеење повеќе од кога било сме опкружени со реклами, па големо е и нивното влијание врз нашиот светоглед и врз она што го сметаме за нормално однесување.
Сексистичкото огласување промовира паушално размислување во стилот „такви се мажите“, а „жените се вакви“. Многу огласувачи тврдат дека нивните реклами само ја одразуваат состојбата во општеството, но дека на тој начин само си ја олеснуваат работата - објаснува Тиле.
Рекламата има голема моќ, па оттука и одговорност да се придвижуваат позитивни нешта наместо да се шират стереотипи и сексистички поглед на светот.

The post Сексизам во рекламите: „Сексот продава“ е девиза која сè уште пречесто се употребува appeared first on Република.

]]>