марк закерберг Archives - Република https://republika.mk/tema/mark-zakerberg/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 15:45:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марк закерберг Archives - Република https://republika.mk/tema/mark-zakerberg/ 32 32 УФЦ легендата Жорж Сен Пјер ќе го тренера Илон Маск за борбата против Марк Закерберг https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ufts-legendata-zhorzhsen-pjer-ke-go-trenera-ilon-mask-za-borbata-protiv-mark-zakerberg/ Fri, 30 Jun 2023 15:45:29 +0000 https://republika.mk/?p=656931

„Битката на милијардерите“, најавената пресметка во октагон кафезот помеѓу Илон Маск и Марк Закерберг доби поинаква димензија, откако Маск, газдата на „Тесла“ и „Твитер“, ја прифати понудата од канадската УФЦ легенда, Жорж Сен Пјер да го тренира за борбата.

„Јас сум твој голем фан и би ми претставувало вистинска чест да бидам твој тренинг партнер во предизвикот проти Закерберг“, напиша Сен Пјер на Твитер минатата недеа, за денеска Маск да му одговори: „ОК, да го направиме тоа“.

Претходно и газдата на „Фејсбук“ и „Мета“, Закерберг доби понуда од УФЦ легенда, Џон Џонс, актуелниот шампион во тешка категорија, кој му ги понуди своите услуги.

Веќе знаете дека сум во тимот Зак. Кажи ако ти треба тренинг-партнер“, напиша Џонс, но Закерберг засега јавно не одговори.

Сепак, Закерберг има поголемо искуство од Маск. 39-годишниот Американец подолго време тренира бразилси џиу џицу, а неодамна победи на аматерски турнир. Тука е и разликата во големината - Маск има речиси 90 килограми, додека Закерберг нема повеќе од 75, но обложувалниците веруваат во Закерберг.

The post УФЦ легендата Жорж Сен Пјер ќе го тренера Илон Маск за борбата против Марк Закерберг appeared first on Република.

]]>

„Битката на милијардерите“, најавената пресметка во октагон кафезот помеѓу Илон Маск и Марк Закерберг доби поинаква димензија, откако Маск, газдата на „Тесла“ и „Твитер“, ја прифати понудата од канадската УФЦ легенда, Жорж Сен Пјер да го тренира за борбата. „Јас сум твој голем фан и би ми претставувало вистинска чест да бидам твој тренинг партнер во предизвикот проти Закерберг“, напиша Сен Пјер на Твитер минатата недеа, за денеска Маск да му одговори: „ОК, да го направиме тоа“. Претходно и газдата на „Фејсбук“ и „Мета“, Закерберг доби понуда од УФЦ легенда, Џон Џонс, актуелниот шампион во тешка категорија, кој му ги понуди своите услуги.
Веќе знаете дека сум во тимот Зак. Кажи ако ти треба тренинг-партнер“, напиша Џонс, но Закерберг засега јавно не одговори.
Сепак, Закерберг има поголемо искуство од Маск. 39-годишниот Американец подолго време тренира бразилси џиу џицу, а неодамна победи на аматерски турнир. Тука е и разликата во големината - Маск има речиси 90 килограми, додека Закерберг нема повеќе од 75, но обложувалниците веруваат во Закерберг.

The post УФЦ легендата Жорж Сен Пјер ќе го тренера Илон Маск за борбата против Марк Закерберг appeared first on Република.

]]>
Марк Закерберг отпушти 11. 000 вработени во „Мета“ https://republika.mk/vesti/svet/mark-zakerberg-otpushti-11-000-vraboteni-vo-meta/ Wed, 09 Nov 2022 12:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=571869

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, денеска се обрати со писмо до вработените во „Мета“ и најави 11.000 отпуштања.

Денес со вас споделувам некои од најтешките промени што ги направивме во историјата на Мета. Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13 отсто и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени, соопшти Закерберг во писмо испратено до вработените во „Мета“.

Исто така, преземаме голем број дополнителни чекори за да станеме поефикасна компанија со намалување на трошоците и продолжување на одлуката за замрзнување на нови вработувања и во првиот квартал, додал Закерберг во писмото.

Закерберг на тој начин ги потврди шпекулациите за драстични намалувања на компанијата која претрпе огромна загуба на пазарната вредност и пад на приходите со 70 отсто пад на вредноста на акциите.

„На почетокот на пандемијата, светот брзо се движеше онлајн, а бранот на е-трговија доведе до огромно зголемување на приходите. Многу луѓе предвидуваа дека ова ќе биде трајно забрзување што ќе продолжи дури и по завршувањето на пандемијата. И јас самиот, па донесов одлука за значително зголемување на инвестициите. За жал, ова не се одигра како што очекував. Не само што онлајн трговијата се врати на претходните трендови, туку и макроекономскиот пад, зголемената конкуренција и губењето на реклами предизвикаа нашите приходи да бидат многу помали отколку што очекував. Направив грешка и ја преземам одговорноста за тоа, напиша Закерберг во писмото до вработените во Мета.

Тој најави дека отпуштените работници ќе добијат отпремнина (16 недели основна плата плус две дополнителни недели за секоја година стаж и покриено здравствено осигурување за нив и нивните семејства во период од половина година).

The post Марк Закерберг отпушти 11. 000 вработени во „Мета“ appeared first on Република.

]]>

Марк Закерберг, основачот на Фејсбук, денеска се обрати со писмо до вработените во „Мета“ и најави 11.000 отпуштања.
Денес со вас споделувам некои од најтешките промени што ги направивме во историјата на Мета. Решив да ја намалам големината на нашиот тим за околу 13 отсто и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени, соопшти Закерберг во писмо испратено до вработените во „Мета“.
Исто така, преземаме голем број дополнителни чекори за да станеме поефикасна компанија со намалување на трошоците и продолжување на одлуката за замрзнување на нови вработувања и во првиот квартал, додал Закерберг во писмото. Закерберг на тој начин ги потврди шпекулациите за драстични намалувања на компанијата која претрпе огромна загуба на пазарната вредност и пад на приходите со 70 отсто пад на вредноста на акциите.