Марк Руте Archives - Република https://republika.mk/tema/mark-rute/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 17:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марк Руте Archives - Република https://republika.mk/tema/mark-rute/ 32 32 Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен https://republika.mk/vesti/svet/rute-rusija-e-najgolema-i-direktna-zakana-za-nashata-bezbednost-no-nato-e-silen/ Fri, 18 Oct 2024 17:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=828583

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски, изјави дека Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика.

Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.

Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.

Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте, таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток.

Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.

Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.

Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.

Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.

Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.

Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.

Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.

Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.

Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.

Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.

Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.

Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте.

The post Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата, на кој учествуваше и македонскиот министер Владо Мисајловски, изјави дека Русија останува најголема и директна закана за безбедноста на НАТО сојузниците, а рускиот претседател Владимир Путин прибегнува кон се понеодговорна реторика.
Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.
Тој посочи дека на денешното заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри на одбрана станало збор и за операциите на НАТО на Западниот Балкан и во Ирак.
Во Косово, сојузниците продолжуваат да работат заедно за да обезбедат дека нашата мисија КФОР ги има силите и ресурсите што и се потребни за одржување на безбедно и сигурно опкружување за сите, истакна Руте.
Кога станува збор пак за мисијата на НАТО во Ирак, според Руте, таа продолжува да биде важен придонесувач за стабилноста на земјата и за оспособување на ирачките безбедносни сили за борба против терористичките групи, како дел од напорите на Алијансата за стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток. Во однос на Украина, Руте потсети дека НАТО работи на доставување безбедносна помош и обука за земјата, за што формира посебна Команда во Визбаден која треба да стане целосно оперативна во наредните месеци.
Ние сме на добар пат да го исполниме нашето ветување да и обезбедиме на Украина 40 милијарди евра воена поддршка. Ќе продолжиме да стоиме на страна на Украина, како што стоиме зад правото на секоја нација да живее во слобода, суверенитет и безбедност, рече Руте.
Според него, поддршката за Украина е инвестиција во заедничката безбедност, бидејќи трошоците што би настанале ако му се дозволи на Путин да ги оствари своите цели, би биле многу повисоки од оние што се потребни за поддршка на Украина.
Борбата на Украина е и наша борба, нагласи Руте.
Тој додаде дека зајакнувањето на одвраќањето и одбраната останува главен приоритет на Алијанса, бидејќи нејзина најсвета должност е гарантирање на безбедноста на една милијарда луѓе.
Затоа го засилуваме нашиот одбранбен индустриски капацитет, ги зајакнуваме нашите синџири на снабдување, инвестираме во нови одбранбени капацитети и ги користиме новите технологии, рече Руте, додавајќи дека во услови кога синџирите за снабдување се се поранливи, НАТО мора да стане посамостоен и да биде подготвени и способни да одговори на заканите во сите домени и во секое време.
Тој информира и дека министрите договориле нова иницијатива за стандардизација, бидејќи, како што рече, стандардите се клучни за способноста на сојузниците да се борат заедно и за намалување на трошоците за одбрана.
Како дел од оваа иницијатива, ќе го забрзаме развојот на стандардите на НАТО, ќе ја подобриме стапката на нивната имплементација и ќе го прошириме нивниот опсег за да вклучиме нови иновативни воени капацитети. Мораме максимално да ја искористиме нашата единствена способност да дејствуваме заедно, сите 32 членки, затоа што тоа е она што и дава сила на нашата Алијанса, истакна Руте.
Според него, министрите се согласиле и дека противвоздушната и ракетната одбрана остануваат приоритет на Алијансата, во услови кога Русија повеќекратно го наруши на воздушниот простор на НАТО од почетокот на руската агресија врз Украина, при што последниот случај беше вчера во Романија.
Дозволете ми да ја изразам солидарноста на НАТО со Романија и да им заповедам на романските власти и Врховната сојузничка команда за Европа за брз и ефективен одговор на овој инцидент. Ќе продолжиме да го зголемуваме надзорот и размената на информации, преку координирање на индивидуалните и колективните одговори, изјави Руте.
Тој потсети и дека од неодамна НАТО значително го зголеми своето присуство на неговото источното крило и ја зајакна воздухопловната мисија за надзор.
Сојузниците планираат да набават илјадници системи за противвоздушна одбрана и артилерија и повеќе стотици модерни борбени авиони, главно Ф-35 од петтата генерација. Сојузниците купуваат 1.000 ракети „Патриот“ за да ги надополнат своите резерви, додаде Руте.

The post Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност, но НАТО е силен appeared first on Република.

]]>
Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/rute-nato-ke-prodolzhi-so-poddrshkata-za-zapadniot-balkan/ Thu, 17 Oct 2024 09:43:41 +0000 https://republika.mk/?p=827945

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.

– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.

Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО.

Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија

– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.

– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.

Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.

– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.

Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата.

Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.

– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.

Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите.

На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>

Мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на Пактот во Брисел.
– Без сомнеж тоа ќе биде на нашата агенда и бидете сигурни дека ќе сториме се и ја изразуваме нашата поддршка за Западниот Балкан, рече Руте.
Тој додаде дека го поздравува и одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес, како дел од напорите, пред се на Германија, за приближување на Западниот Балкан кон ЕУ, но и кон НАТО. Руте додаде и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно и тоа е пораката до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија
– Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.
Генералниот секретар на Алијансата додаде дека на денешната работна вечера, на која ќе се разговара за Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ги запознае министрите за најновите случувања во земјата, но и тој ќе биде информиран за „неверојатниот напредок на НАТО“ во обезбедувањето поддршка за Украина.
– Како што знаете во првата половина од годинава 20,9 милијарди евра веќе „се во џебот“ (на Укрина) и имаме доволно простор да ги испорачаме сите предвидени 40 милијарди до крајот на годината, додаде Руте, поздравувајќи ги при тоа последните најави на неколку земји, меѓу кои и на САД и Австралија, за испраќање конкретна помош за Украина.
Во врска со членството на Украина во НАТО, Руте нагласи дека на јулскиот Самит на Алијансата во Вашингтон беше потврдено дека тоа е неповратен процес.
– Тоа значи дека во иднината, НАТО ќе има најмалку 32, дури можеби и 34 земји и меѓу нив ќе биде и Украина, истакна Руте, додавајќи дека иако засега не може да каже конкретен термин за зачленувањето, тоа што во моментов се работи на поддршка за обнова на Украина и за обезбедување на нејзината интероперабилност со Алијансата, претставува мост кон членство на земјата во Пактот.
Запрашан што е Русија за НАТО, кога е очигледно дека земјата повеќе не е партнер на Алијансата, Руте одговори дека и на следната средба на министрите за надворешни работи на Пактот што ќе се одржи годинава и на Самитот следната година, ќе се разговара за идите односи на сојузниците со Москва на долг рок, па затоа не сака да ја прејудицира таа дебата. Во врска со Белорусија, Руте нагласи дека сите докази укажуваат оти Минск ги поддржува руските воени напори со инфраструктура и територија и тоа го прави на штета на сопственото население.
– Таа му помага и го поддржува Путин во војната во Украина и тоа мора да запре. Тоа секако зависи од белоруската политика и народ, но во овој момент земјата страда поради тоа што нејзиниот претседател и ја дава таа поддршка, додаде Руте.
Тој потсети и дека како дел од напорите на НАТО за интензивирање на глобалните партнерства, на состанокот ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите партнери од Азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, како и претставници на Европската Унија. Со нив ќе се разговара за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. На министерскиот состанок на НАТО учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

The post Руте: НАТО ќе продолжи со поддршката за Западниот Балкан appeared first on Република.

]]>
Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да ѝ помогне на Украина https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-treba-i-ke-napravi-poveke-za-da-pomogne-na-ukraina/ Tue, 08 Oct 2024 19:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=824332

Сојузниците на НАТО мора да направат повеќе за да и помогнат на Украина да се спротивстави на руската агресија. Претстојниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Рамштајн ќе биде добра можност за координирање на поддршката, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на заедничка прес-конференција со претседателот на Финска, Александар Стуб.

Разговаравме за агресивната војна на Русија против Украина, која ја посетив како генерален секретар минатата недела. НАТО мора и ќе направи повеќе за да и помогне на Украина. Русија продолжува да изведува масовни напади против критичната енергетска инфраструктура на Украина, која може да се соочи со најтешката зима од почетокот на инвазијата, рече Руте и додаде дека им оддава почит на украинскиот народ и нивните вооружени сили за издржливоста и храброста.

Според него, сојузниците на НАТО ја обезбедуваат „речиси целата воена помош“ на Украина, а тоа е важно „за стабилноста на земјата и нејзината способност да ја издржи битката“.

The post Руте: НАТО треба и ќе направи повеќе за да ѝ помогне на Украина appeared first on Република.

Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-se-posveti-na-izgradba-na-pobezbeden-svet-za-nashite-gragani-2/ Tue, 01 Oct 2024 14:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=821457

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

– Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте.

Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност.

– Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте.

Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување.

– За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте.

Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода.

– Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте.

Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот.

– Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте.

На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално.

Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија.

Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите.

– Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте.

Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата.

– Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава.

Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд.

– Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран.

Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи.

Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста. – Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте. Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност. – Основна цел на НАТО е да ја гарантира нашата безбедност. Во измината деценија постигнавме драматичен напредок во зајакнување на способноста на нашите сили за справување со која било закана, од кој било правец, рече Руте. Според него, за справување со новите предизвици, НАТО ќе мора да ја засили трансатлантската одбранбена индустрија и да ги зголеми нејзините производствените капацитети, да инвестира во иновации и да ги обезбеди синџирите за снабдување. – За да ја оствариме неопходната способност, потребни ни се поголеми трошоци за одбраната. Ќе работам со сојузниците да обезбедиме доволно инвестиции во потребните области и да ја зајакнеме нашата колективна безбедност, додаде Руте. Руте нагласи и дека поддршката за Украина претставува инвестирање во сопствената безбедност, бидејќи опстојувањето на независна и слободна Украина е гаранција за мирот и стабилноста на Европа. Тој посочи дека ја посетил Украина неколку пати од почетокот на војната и бил сведок на бруталноста на руска агресија, но и на храброста на украинскиот народ во неговата борба за слобода. – Цената на поддршката на Украина е многу, многу помала, од цената со која би се соочиле доколку му дозволиме на (рускиот претседател Владимир) Путин да го добие она што го сака, порача Руте. Тој потсети дека на последниот Самит на НАТО во јули годинава во Вашингтон, членките на Алијансата се обврзаа на долгорочна поддршка за Украина и за трасирање на нејзиниот пат кон членство во Пактот. – Ќе работам со сојузниците за целосно спроведување на нашите одлуки и за продолжување на напорите за приближување на Украина до НАТО, рече Руте. На новинарско прашање за неговиот став во однос на барањето на Киев за дозвола за користење на проектилите со голем дострел донирани од западните земји за напади на руска територија, Руте рече дека согласно меѓународното право Украина има право да се брани и таа одбрана не се ограничува само во рамки на нејзините граници, но нагласи дека одлуката за евентуално одобрување на користењето на тие ракети не е во надлежност на НАТО, туку за тоа решаваат земјите членки индивидуално. Во однос на заканите на Путин за можна употреба на нуклеарно оружје, Руте рече дека Западот редовно добива закани од Кремљ, но дека засега апсолутно нема показатели за опасноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Тој натаму посочи дека фокусот на НАТО мора да остане на евроатлантската безбедност и на сигурноста на неговите милијарда жители во услови на глобален раст на заканите. – Во таа насока ќе работам на зајакнување на нашето партнерство со голем број земји во поблиското и подалечното опкружување, кои ги споделуваат нашите вредности. Европската Унија е наш уникатен и суштински партнер. Постојат многу области за зајакнување на нашата соработка, од поддршката на Украина, до справување со хибридните закани, истакна Руте. Новиот генерален секретар на НАТО најави и засилување на соработката со земјите од Блискиот Исток, северна Африка и регионот на Сахел со цел зајакнување на стабилноста во јужното соседство на Алијансата. – Мора да направиме повеќе за справување со заканите од тероризмот по нашите држави и население, порача Руте и во тој контекст ја нагласи соработката со властите на Ирак и ирачкиот регион Курдистан во борбата против терористичките групи и пред се против организацијата Исламска држава. Руте нагласи дека посебно внимание ќе посвети на зајакнување на соработката со земјите од Индо-пацифичкиот регион во справувањето со заедничките предизвици, па затоа на претстојниот состанок на министрите за одбрана на НАТО кон средината на овој месец во Брисел, првпат ќе бидат поканети да учествуваат и нивните колеги од Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд. – Со својата поддршка на руската воена индустрија, Кина ја овозможува руската војна против Украина. Кина не може да продолжи да го овозможува најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна, без да се соочи со последици по нејзините интереси и репутација, истакна Руте, нагласувајќи дека за својата „илегална војна против Украина“, Русија добива поддршка и од Северна Кореја и Иран. Тој им се заблагодари и на сите, како што рече, мажи и жени во униформа кои и служат на Алијансата, затоа што секојдневно во пракса ја штитат слободата на земјите членки, често пати и во услови на големи ризици по нивните животи. Руте воедно му се заблагодари и на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.  

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>
Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-se-posveti-na-izgradba-na-pobezbeden-svet-za-nashite-gragani/ Tue, 01 Oct 2024 11:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=821394

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.

Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте.

Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност.

Руте воедно му се заблагодари на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>

Сојузниците во НАТО се соочуваат со сериозни предизвици и мора да работиме на справување со нив, согласно определбата за изградба на побезбеден свет за милијарда наши граѓани, порача новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, на прес-конференција во Брисел по неговото денешно стапување на должноста.
Моја обврска ќе биде да работам на спроведување на ова и на приспособување на нашата Алијанса на се покомплексниот свет. Не постои ништо што не можеме да го постигнеме заедно, рече Руте.
Тој посочи дека за време на неговиот мандат на чело НАТО ќе се посвети на три главни приоритети – обезбедување гаранции дека Алијансата ќе може да одговори на сите закани, поддршка на Украина во борбата против руската агресија и справување со растечките глобални предизвици поврзани со евроатлантската безбедност. Руте воедно му се заблагодари на досегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг за неговата работа, како и на сите земји членки на НАТО за нивната поддршка при неговиот избор на новата должност во раководењето со, како што рече, најуспешната воено-политичка алијанса во историјата.

The post Руте: НАТО ќе се посвети на изградба на побезбеден свет за нашите граѓани appeared first on Република.

]]>
Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина https://republika.mk/vesti/svet/rute-nato-ke-prodolzhi-da-gi-brani-nashite-luge-zemji-i-idnina/ Tue, 01 Oct 2024 09:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=821267

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

Но, една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина, потенцира Руте.

Тој нагласи дека благодарение на Столтенберг, НАТО денес е посилен и пообединет од кога било досега.

За мене претставува голема чест да го нагледам на местото генерален секретар, додаде Руте.

Столтенберг, од своја страна, посакувајќи му добредојде на Руте, истакна дека во текот на својот 14-годишен мандат како холандски премиер тој покажал дека знае како да прави компромиси и да постигнува договори, што му дава одлични препораки за местото генерален секретар на НАТО.

Со него на чело, НАТО е во добри раце, додаде Столтенберг.

Досегашниот генерален секретар се осврна и на неговите постигнувања на чело на НАТО во изминатите 10 години, потенцирајќи го зајакнувањето на одбраната на Алијансата, пред се на нејзиното Источно крило, зголемувањето на бројот на сојузници кои одвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за потребите на одбраната - од три во 2014 на 23 во 2024 година, приемот на четири нови членки - Македонија, Црна Гора, Финска и Шведска, како и засилената поддршката за Украина.

Значи НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, додаде Столтенберг.

Запрашан за случувањата во Либан, Столтенберг одговори дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите членки и партнери за деескалација на состојбата, прекин на непријателства и изнаоѓање политичко решение, како во Либан, така и во Газа.

Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во ноември, Руте одговори дека не е загрижен околу изборниот исход, нагласувајќи дека добро ги познава и двајцата кандидати и има искуство во соработка со нив.

-Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да трошиме повеќе (за одбраната) и успеа во тоа, бидејќи ние сега издвојуваме многу повеќе во споредба со 2017 година. Тој не притискаше (да внимаваме) на Кина и мислам дека беше во право, рече Руте,

Во однос на Камала Харис, Руте оцени дека таа вршела одлична работа како потпретседателка на САД и дека е многу почитувана.

Така што, можам да соработувам и со двајцата, заклучи Руте

The post Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина appeared first on Република.

]]>

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел. Но, една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина, потенцира Руте. Тој нагласи дека благодарение на Столтенберг, НАТО денес е посилен и пообединет од кога било досега. За мене претставува голема чест да го нагледам на местото генерален секретар, додаде Руте. Столтенберг, од своја страна, посакувајќи му добредојде на Руте, истакна дека во текот на својот 14-годишен мандат како холандски премиер тој покажал дека знае како да прави компромиси и да постигнува договори, што му дава одлични препораки за местото генерален секретар на НАТО. Со него на чело, НАТО е во добри раце, додаде Столтенберг. Досегашниот генерален секретар се осврна и на неговите постигнувања на чело на НАТО во изминатите 10 години, потенцирајќи го зајакнувањето на одбраната на Алијансата, пред се на нејзиното Источно крило, зголемувањето на бројот на сојузници кои одвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за потребите на одбраната - од три во 2014 на 23 во 2024 година, приемот на четири нови членки - Македонија, Црна Гора, Финска и Шведска, како и засилената поддршката за Украина. Значи НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, додаде Столтенберг. Запрашан за случувањата во Либан, Столтенберг одговори дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите членки и партнери за деескалација на состојбата, прекин на непријателства и изнаоѓање политичко решение, како во Либан, така и во Газа. Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во ноември, Руте одговори дека не е загрижен околу изборниот исход, нагласувајќи дека добро ги познава и двајцата кандидати и има искуство во соработка со нив. -Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да трошиме повеќе (за одбраната) и успеа во тоа, бидејќи ние сега издвојуваме многу повеќе во споредба со 2017 година. Тој не притискаше (да внимаваме) на Кина и мислам дека беше во право, рече Руте, Во однос на Камала Харис, Руте оцени дека таа вршела одлична работа како потпретседателка на САД и дека е многу почитувана. Така што, можам да соработувам и со двајцата, заклучи Руте

The post Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина appeared first on Република.

]]>
Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/rute-ja-prezede-funktsijata-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 01 Oct 2024 08:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=821254

Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО од поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, кој на оваа функција беше 10 години.

На свечената седница на Северноатлантскиот совет, кој го сочинуваат амбасадори на 32 земји-членки, Столтенберг му подари на Руте викиншки дрвен чекан, подарок на Исланд за НАТО, кој се користи во посебни прилики. Столтенберг рече дека последен пат бил употребен на почетокот на состанокот кој го означил преминот од старото во новото седиште на седиштето на НАТО во Брисел.

Со состанокот на Северноатлантскиот совет претседаваше доајенот на дипломатскиот кор, хрватскиот амбасадор Марио Нобило.

The post Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО од поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг, кој на оваа функција беше 10 години. На свечената седница на Северноатлантскиот совет, кој го сочинуваат амбасадори на 32 земји-членки, Столтенберг му подари на Руте викиншки дрвен чекан, подарок на Исланд за НАТО, кој се користи во посебни прилики. Столтенберг рече дека последен пат бил употребен на почетокот на состанокот кој го означил преминот од старото во новото седиште на седиштето на НАТО во Брисел. Со состанокот на Северноатлантскиот совет претседаваше доајенот на дипломатскиот кор, хрватскиот амбасадор Марио Нобило.

The post Руте ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/mark-rute-ofitsijalno-ja-prezema-dolzhnosta-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 01 Oct 2024 05:32:51 +0000 https://republika.mk/?p=821191

На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Март Руте.

Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години.

Церемонијата ќе започне со полагање венци Столтенберг и Руте на споменикот во кругот на седиштето на НАТО, по што ќе се одржи официјалното примопредавање на должноста и нивно обраќање до персоналот на Алијансата.

Руте официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија.

Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет.

Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина.

Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО.

Како најзначајни промени во тој правец Столтенберг ги посочи зајакнувањето на одбранбената способност на НАТО, зголемувањето на производството на воената индустрија, растот на средствата што членките ги одвојуваат за одбраната, проширувањето на Алијансата со четири нови земји – Црна Гора, Македонија, Финска и Шведска, продлабочување на партнерствата со ЕУ и државите од Индо-пацифичкиот регион и од јужно соседство и зацврстување на капацитетите за справување со новите предизвици.

Според Столтенберг, петте научени лекции за време на неговиот мандат, кои се клучни за континуиран успех на НАТО, се дека безбедноста не е бесплатна, дека слободата е повредна од слободната трговија, дека одржувањето на моќна воена сила е предуслов за дијалог, дека воената моќ има свои граници и дека сојузништвото меѓу Европа и Северна Америка е суштинско за мирот и безбедност и за сегашните и за идните генерации.

The post Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи примопредавање на должноста генерален секретар на Алијансата меѓу досегашниот вршител на ова функција Јенс Столтенберг и неговиот наследник Март Руте. Со одржувањето на церемонијата, поранешниот холандски премиер Руте и официјално ќе ја преземе должноста генерален секретар на НАТО со мандат од пет години. Церемонијата ќе започне со полагање венци Столтенберг и Руте на споменикот во кругот на седиштето на НАТО, по што ќе се одржи официјалното примопредавање на должноста и нивно обраќање до персоналот на Алијансата. Руте официјално беше избран за нов генерален секретар на НАТО од страна на Северноатлантскиот совет на 26 јуни годинава, откако претходно доби поддршка од повеќето членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, Германија, Франција и Велика Британија. Инаку покрај Руте, во трка за наследник на Столтенберг беше и романскиот претседател Клаус Јоханис, но тој ја повлече својата кандидатура уште пред заседанието на Северноатлантскиот совет. Како предизвици со кои ќе се соочи Руте во неговиот мандат се посочуваат можното враќање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, очекуваното постепено насочување на Вашингтон кон Азија независно кој ќе победи на претседателските избори во ноември, војната во Украина и евентуалното нејзино зачленување во НАТО, руската закана во следниот период, зајакнувањето на противвоздушната одбрана на Алијансата, зголемување на инвестициите во одбраната од страна на земјите членки и справувањето со растечкото глобално влијание на Кина. Во пресрет на напуштањето на функцијата, Столтенберг во колумна за „НАТО Ривју“ се осврна на резултатите од неговото 10-годишно раководење со Алијансата и на предизвиците со кои се соочи Пактот во период, како руската агресија врз Украина, зголемувањето на глобалната конкуренција, тероризмот, кибер нападите и климатските промени, кои, според него, го променија безбедносен пејзаж и начинот на функционирање на НАТО. Како најзначајни промени во тој правец Столтенберг ги посочи зајакнувањето на одбранбената способност на НАТО, зголемувањето на производството на воената индустрија, растот на средствата што членките ги одвојуваат за одбраната, проширувањето на Алијансата со четири нови земји – Црна Гора, Македонија, Финска и Шведска, продлабочување на партнерствата со ЕУ и државите од Индо-пацифичкиот регион и од јужно соседство и зацврстување на капацитетите за справување со новите предизвици. Според Столтенберг, петте научени лекции за време на неговиот мандат, кои се клучни за континуиран успех на НАТО, се дека безбедноста не е бесплатна, дека слободата е повредна од слободната трговија, дека одржувањето на моќна воена сила е предуслов за дијалог, дека воената моќ има свои граници и дека сојузништвото меѓу Европа и Северна Америка е суштинско за мирот и безбедност и за сегашните и за идните генерации.

The post Марк Руте официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Пријателот на Заев и познатата антимакедонистка на чело на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/prijatelot-na-zaev-i-poznatata-antimakedonistka-na-chelo-na-nato/ Wed, 07 Aug 2024 07:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=804136

Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел е кандидатка за заменикчка-генерален секретар на НАТО, дознава „Клуб Z.бг. Таа е без работа откако ја напушти ротирачката фунција во бугарското МНР како резултат на неможноста да состават влада речиси три години.

45-годишната Габриел е позната по своите антимакедонски ставови и негативниот став кон Македонците.

Најпозната е нејзината изјава дека уставните измени нема да бидат последно барање од Бугарија кон Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/gabriel-ne-se-samo-ustavnite-izmeni/

 Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја-членка и како такви со нашите барања до Република Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел. Доколку Република Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум-говореше Габриел додека беше министер.

На први октовмри пак на чело на НАТО ќе застане поранешниот холандски премиер Марк Руте.Тој му е пријател на поранешниот премиер на „Cеверна“ Зоран Заев.

Руте лично дојде во Скопје во ноември 2021 година да ја спаси владата на Заев, која веќе беше на издишување и имаше обезбедено мнозинство за нејзино паѓање.

The post Пријателот на Заев и познатата антимакедонистка на чело на НАТО appeared first on Република.

]]>

Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел е кандидатка за заменикчка-генерален секретар на НАТО, дознава „Клуб Z.бг. Таа е без работа откако ја напушти ротирачката фунција во бугарското МНР како резултат на неможноста да состават влада речиси три години. 45-годишната Габриел е позната по своите антимакедонски ставови и негативниот став кон Македонците. Најпозната е нејзината изјава дека уставните измени нема да бидат последно барање од Бугарија кон Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/gabriel-ne-se-samo-ustavnite-izmeni/
 Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја-членка и како такви со нашите барања до Република Македонија кажуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел. Доколку Република Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум-говореше Габриел додека беше министер.
На први октовмри пак на чело на НАТО ќе застане поранешниот холандски премиер Марк Руте.Тој му е пријател на поранешниот премиер на „Cеверна“ Зоран Заев. Руте лично дојде во Скопје во ноември 2021 година да ја спаси владата на Заев, која веќе беше на издишување и имаше обезбедено мнозинство за нејзино паѓање.  

The post Пријателот на Заев и познатата антимакедонистка на чело на НАТО appeared first on Република.

]]>
Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-upati-chestitka-do-idniot-generalen-sekretar-na-nato-mark-rute/ Wed, 26 Jun 2024 15:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=791052

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО.

Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата.

The post Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО. Во честитката, министерот Муцунски нагласи дека лидерството на идниот Генерален секретар ќе биде особено значајно, во контекст на безбедносните предизвици со кои се соочуваме. Воедно, изрази подготвеност за соработка во насока на зајакнување на НАТО Алијансата.

The post Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте appeared first on Република.

]]>
Мицкоски му честиташе на Марк Руте за изборот на нов генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mu-chestitashe-na-mark-rute-za-izborot-na-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Wed, 26 Jun 2024 11:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=790966

Премиерот Христијан Мицкоскиму упати честитка на Марк Руте за неговиот избор како нов генерален секретар на НАТО. Во својот статус на мрежата Икс (поранешен Твитер), Мицкоски го истакна значењето на лидерството на Руте во овие предизвикувачки времиња и изрази подготвеност за соработка во зајакнувањето и зголемувањето на капацитетите на Алијансата.

Честитки Марк Руте за назначувањето како следен генерален секретар на НАТО. Вашето лидерство во овие предизвикувачки времиња ќе биде од најголема важност. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за посилна и поподготвена Алијанса. #WeAreNATO #StrongerTogether, напиша Мицкоски.

Оваа изјава на Мицкоски доаѓа во момент кога НАТО се соочува со бројни глобални предизвици, нагласувајќи ја важноста на соработката и единството меѓу сојузниците.

The post Мицкоски му честиташе на Марк Руте за изборот на нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

И официјално: Марк Руте генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/i-ofitsijalno-mark-rute-generalen-sekretar-na-nato/ Wed, 26 Jun 2024 08:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=790896

НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување.

Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг, се вели во соопштението на Алијансата.

Руте беше силно поддржан од САД, и ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг кога неговиот мандат ќе заврши на 1 октомври.

Руте (57) минатата недела ја запечати трката да ја води западната воена алијанса, откако единствениот предизвикувач романскиот претседател Клаус Јоханис се откажа.

Искусниот политичар ја напушта функцијата во Холандија по речиси 14 години на чело.

Следниот шеф на НАТО ќе мора да се справи со тековните последици од руската војна против Украина и потенцијалното враќање на американското претседателство на Доналд Трамп по изборите во ноември.

The post И официјално: Марк Руте генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување.
Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг, се вели во соопштението на Алијансата.
Руте беше силно поддржан од САД, и ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг кога неговиот мандат ќе заврши на 1 октомври. Руте (57) минатата недела ја запечати трката да ја води западната воена алијанса, откако единствениот предизвикувач романскиот претседател Клаус Јоханис се откажа. Искусниот политичар ја напушта функцијата во Холандија по речиси 14 години на чело. Следниот шеф на НАТО ќе мора да се справи со тековните последици од руската војна против Украина и потенцијалното враќање на американското претседателство на Доналд Трамп по изборите во ноември.

The post И официјално: Марк Руте генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Холанѓанецот Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/holanganetsot-mark-rute-ke-bide-noviot-generalen-sekretar-na-nato/ Thu, 20 Jun 2024 12:50:58 +0000 https://republika.mk/?p=789366

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико.

По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО.

За време на состанокот на Врховниот совет за национална одбрана, Јоханис истакна дека ги информирал сојузниците во НАТО за повлекувањето на неговата кандидатура.

Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња.

Тој ќе ја преземе функцијата на 2 октомври, само еден месец пред американските избори, кои ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како најуспешна бариера на Источна Европа против руската агресија, оценува Политико.

The post Холанѓанецот Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече својата кандидатура за шеф на НАТО. За време на состанокот на Врховниот совет за национална одбрана, Јоханис истакна дека ги информирал сојузниците во НАТО за повлекувањето на неговата кандидатура. Според Политико, Руте доаѓа на чело на НАТО во критични времиња. Тој ќе ја преземе функцијата на 2 октомври, само еден месец пред американските избори, кои ќе ја обликуваат судбината на овој воен сојуз кој служи како најуспешна бариера на Источна Европа против руската агресија, оценува Политико.

The post Холанѓанецот Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Холандски јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/holandski-javen-servis-mark-rute-ke-bide-noviot-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 18 Jun 2024 18:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=788868

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, објави холандскиот јавен сервис НОС. Тој на таа функција ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува на 1 октомври. Во извештајот, НОС се повикува на извори запознаени со ова прашање.

Агенциите јавуваат дека се уште не може да се добие коментар од НАТО. Претходно денеска Унгарија и Словачка ја поддржаа кандидатурата на Руте за следен генерален секретар на НАТО.

Поддршката на Унгарија следи по средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со Столтенберг минатата недела, кога двете страни се договорија Унгарија да не ги блокира одлуките на Алијансата за поддршка на Украина, но дека Будимпешта нема да биде директно вклучена.

Турција и Словачка, исто така, ги сменија ставовите за кандидатурата на Руте, при што Турција ја објави својата поддршка за Руте кон крајот на април, а Словачка претходно денеска.

Словачка, која граничи со Украина, ја нагласи потребата следниот шеф на НАТО да помогне во решавањето на заштитата на словачкиот воздушен простор.

The post Холандски јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО, објави холандскиот јавен сервис НОС. Тој на таа функција ќе го замени Јенс Столтенберг, чиј мандат истекува на 1 октомври. Во извештајот, НОС се повикува на извори запознаени со ова прашање. Агенциите јавуваат дека се уште не може да се добие коментар од НАТО. Претходно денеска Унгарија и Словачка ја поддржаа кандидатурата на Руте за следен генерален секретар на НАТО. Поддршката на Унгарија следи по средбата на унгарскиот премиер Виктор Орбан со Столтенберг минатата недела, кога двете страни се договорија Унгарија да не ги блокира одлуките на Алијансата за поддршка на Украина, но дека Будимпешта нема да биде директно вклучена. Турција и Словачка, исто така, ги сменија ставовите за кандидатурата на Руте, при што Турција ја објави својата поддршка за Руте кон крајот на април, а Словачка претходно денеска. Словачка, која граничи со Украина, ја нагласи потребата следниот шеф на НАТО да помогне во решавањето на заштитата на словачкиот воздушен простор.

The post Холандски јавен сервис: Марк Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Орбан: Унгарија се уште размислува дали да ја поддржи кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/orban-ungarija-se-ushte-razmisluva-dali-da-ja-poddrzhi-kandidaturata-na-mark-rute-za-shef-na-nato/ Wed, 29 May 2024 20:36:09 +0000 https://republika.mk/?p=782951

Унгарските власти се уште дебатираат дали да ја поддржат кандидатурата на холандскиот премиер во заминување Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој истакна дека Руте претходно искажувал „проблематични“ ставови.

- Од една страна Руте рече дека Унгарија треба да ја напушти ЕУ, а од друга страна дека треба да клекнеме. Тоа не е начин да се добие поддршка, изјави Орбан за францускиот магазин Ле Поинт.

The post Орбан: Унгарија се уште размислува дали да ја поддржи кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>

Унгарските власти се уште дебатираат дали да ја поддржат кандидатурата на холандскиот премиер во заминување Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој истакна дека Руте претходно искажувал „проблематични“ ставови.
- Од една страна Руте рече дека Унгарија треба да ја напушти ЕУ, а од друга страна дека треба да клекнеме. Тоа не е начин да се добие поддршка, изјави Орбан за францускиот магазин Ле Поинт.

The post Орбан: Унгарија се уште размислува дали да ја поддржи кандидатурата на Марк Руте за шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија не може да му даде поддршка на Руте за нов генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-ne-mozhe-da-mu-dade-poddrshka-na-rute-za-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Tue, 05 Mar 2024 17:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=751627

Унгарија „сигурно не може да ја поддржи“ кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте да стане генерален секретар на НАТО, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Ние секако не можеме да поддржиме избор на личност за генерален секретар на НАТО, која претходно сакаше да ја фрли Унгарија на колена. Би било многу чудно кандидатурата на таква личност да биде поддржана од унгарската Влада, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.

Руте беше силен поборник за правилата што го условуваат пристапот до буџетот на Европската унија со исполнување на стандардите за владеење на правото на блокот, што доведе до задржување на милијарди евра од Унгарија.

Тој сега се обидува да го замени Јенс Столтенберг како генерален секретар на Западната воена алијанса.

Но, нему му е потребна поддршка од секоја земја-членка на НАТО за да ја добие работата, што значи дека Унгарија може да стави вето. Во моментов нема други пријавени кандидати.

Руте има силна поддршка од Велика Британија, Германија и САД.

Сијарто зборуваше на прес-конференција со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман.

The post Сијарто: Унгарија не може да му даде поддршка на Руте за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Унгарија „сигурно не може да ја поддржи“ кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте да стане генерален секретар на НАТО, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Ние секако не можеме да поддржиме избор на личност за генерален секретар на НАТО, која претходно сакаше да ја фрли Унгарија на колена. Би било многу чудно кандидатурата на таква личност да биде поддржана од унгарската Влада, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.
Руте беше силен поборник за правилата што го условуваат пристапот до буџетот на Европската унија со исполнување на стандардите за владеење на правото на блокот, што доведе до задржување на милијарди евра од Унгарија. Тој сега се обидува да го замени Јенс Столтенберг како генерален секретар на Западната воена алијанса. Но, нему му е потребна поддршка од секоја земја-членка на НАТО за да ја добие работата, што значи дека Унгарија може да стави вето. Во моментов нема други пријавени кандидати. Руте има силна поддршка од Велика Британија, Германија и САД. Сијарто зборуваше на прес-конференција со генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман.

The post Сијарто: Унгарија не може да му даде поддршка на Руте за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
И Германија и Франција го поддржаа холандскиот премиер за шеф на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/i-germanija-i-frantsija-go-poddrzhaa-holandskiot-premier-za-shef-na-nato/ Thu, 22 Feb 2024 21:53:38 +0000 https://republika.mk/?p=747187

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа Марк Руте како генерален секретар на НАТО. Холандскиот премиер во заминување е „извонреден кандидат“, според портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт.

„Канцеларот Шолц го поддржува назначувањето на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО“, објави Хебестрајт на платформата „Икс“, наведувајќи го „огромното искуство на Руте, неговата голема експертиза во безбедносната политика и неговите силни дипломатски вештини“.

Потврдата на Берлин следи по интензивната 24-часовна дипломатска кампања за зајакнување на поддршката за Холанѓанецот, во услови на неподготвеност од група од околу 10 земји, вклучувајќи ги и источноевропските земји како Унгарија и Турција. Политико првпат објави во средата дека две третини од сојузниците на НАТО сега го поддржуваат Руте.

САД го поддржаа холандскиот лидер, а еден официјален претставник рече дека претседателот Џо Бајден го поддржува Руте, како што објави Политико. Следеше Обединетото Кралство, а подоцна и Франција, каде што висок функционер рече дека претседателот Емануел Макрон бил прв поддржувач на назначувањето на Холанѓанецот на таа улога, откако го прашувал за таа функција минатата година.

На Руте ќе му треба поддршка од сите сојузници во НАТО пред да биде номиниран за наследник на Јенс Столтенберг, кој се очекува да се повлече во октомври.

The post И Германија и Франција го поддржаа холандскиот премиер за шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа Марк Руте како генерален секретар на НАТО. Холандскиот премиер во заминување е „извонреден кандидат“, според портпаролот на Шолц, Штефен Хебестрајт.
„Канцеларот Шолц го поддржува назначувањето на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО“, објави Хебестрајт на платформата „Икс“, наведувајќи го „огромното искуство на Руте, неговата голема експертиза во безбедносната политика и неговите силни дипломатски вештини“.
Потврдата на Берлин следи по интензивната 24-часовна дипломатска кампања за зајакнување на поддршката за Холанѓанецот, во услови на неподготвеност од група од околу 10 земји, вклучувајќи ги и источноевропските земји како Унгарија и Турција. Политико првпат објави во средата дека две третини од сојузниците на НАТО сега го поддржуваат Руте. САД го поддржаа холандскиот лидер, а еден официјален претставник рече дека претседателот Џо Бајден го поддржува Руте, како што објави Политико. Следеше Обединетото Кралство, а подоцна и Франција, каде што висок функционер рече дека претседателот Емануел Макрон бил прв поддржувач на назначувањето на Холанѓанецот на таа улога, откако го прашувал за таа функција минатата година. На Руте ќе му треба поддршка од сите сојузници во НАТО пред да биде номиниран за наследник на Јенс Столтенберг, кој се очекува да се повлече во октомври.

The post И Германија и Франција го поддржаа холандскиот премиер за шеф на НАТО appeared first on Република.

]]>
Шолц го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/sholts-go-poddrzhuva-rute-za-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Thu, 22 Feb 2024 19:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=747152

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане нов генерален секретар на НАТО, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Претходно и Франција го поддржа назначувањето на Руте за нов генерален секретар на НАТО.

Британскиот Форин Офис соопшти дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО алијансата.

Неименуван американски функционер потврди дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар.

The post Шолц го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане нов генерален секретар на НАТО, изјави денеска портпаролот на германската влада. Претходно и Франција го поддржа назначувањето на Руте за нов генерален секретар на НАТО. Британскиот Форин Офис соопшти дека го поддржува Руте да го наследи Јенс Столтенберг за генерален секретар на НАТО алијансата. Неименуван американски функционер потврди дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер да стане следниот генерален секретар.

The post Шолц го поддржува Руте за нов генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Холандскиот премиер кој дојде во Скопје вечерта кога требаше да падне владата на Заев, кандидат за нов Генерален секретар на НАТО https://republika.mk/vesti/svet/holandskiot-premier-koj-dojde-vo-skopje-vecherta-koga-trebashe-da-padne-vladata-na-zaev-kandidat-za-nov-generalen-sekretar-na-nato/ Thu, 22 Feb 2024 08:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=746803

Американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО, изјави неименуван американски претставник за „Политико“.

Медиумот објави дека две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да ја води Алијансата подоцна оваа година.

Неименуваниот американски функционер рече дека поддршката на Бајден за Руте веројатно ќе охрабри повеќе членки на НАТО да ја поддржат номинацијата на Руте по неколкумесечна конкуренција меѓу него и неколку други европски лидери за таа функција

The post Холандскиот премиер кој дојде во Скопје вечерта кога требаше да падне владата на Заев, кандидат за нов Генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО, изјави неименуван американски претставник за „Политико“. Медиумот објави дека две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да ја води Алијансата подоцна оваа година. Неименуваниот американски функционер рече дека поддршката на Бајден за Руте веројатно ќе охрабри повеќе членки на НАТО да ја поддржат номинацијата на Руте по неколкумесечна конкуренција меѓу него и неколку други европски лидери за таа функција

The post Холандскиот премиер кој дојде во Скопје вечерта кога требаше да падне владата на Заев, кандидат за нов Генерален секретар на НАТО appeared first on Република.

]]>
Руте: ЕК да си „го затегне ременот“, наместо да бара уште пари од земјите членки https://republika.mk/vesti/svet/rute-ek-da-si-go-zategne-remenot-namesto-da-bara-ushte-pari-od-zemjite-chlenki/ Fri, 27 Oct 2023 12:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=695581

Европската комисија треба да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства, изјави холандскиот премиер Марк Руте коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра.

Во предлогот на Еврокомисијата се наведува дека тие дополнителни средства се потребни за справување со финансиските тешкотии поврзани со поддршката на Украина, за менаџирање на миграцијата, како и за покривање на зголемените трошоци за задолжување при спроведувањето на мерките за закрепнување од ковид пандемијата.

Неоспорувајќи ги зголемените трошоци на буџетот на ЕУ, Руте оцени дека тие треба да се покријат со пренамена на буџетските пари.

Значи, нашите три приоритети се: пренамена, пренамена и пренамена. Исто како и во националниот буџет, одвреме-навреме треба да го затегнете ременот на другите ставки. Тоа мораме да го сториме и во Холандија - изјави Руте.

Холандскиот премиер, сепак, нагласи дека тој е за обезбедување дополнителни средства за Украина, додавајќи дека „всушност сите го поддржуваат тоа“, иако „никој не среќен кога треба да го отвори својот паричник“ за потребите на Брисел во време на зголемен притисок за намалување на трошоците.

Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството

Земјите членки на ЕУ се речиси едногласни во противењето на барањата на Европската комисија на ЕУ за дополнителни пари, при што Холандија е еден од најжестоките критичари на ваквиот предлог.

Холандија е во ек на предизборна кампања за парламентарните избори на 22 ноември. Според последните анкети на јавното мислење, новоформираната популистичка партија Нов социјален договор (НСЦ) која се противи на зајакната евроинтеграција би освоила 27 до 28 пратеници, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте 26, а коалицијата на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) предводена од поранешниот еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс 24 или 25 мандати. Натаму следат две десничарски партии - националистичката Партија на слободата (ПВВ) со 19 до 20 места и популистичкото Движење Земјоделци-граѓани (БББ) со 11 пратеници. Во идниот холандски Парламент би влегле уште 11 или 12 партии, предводени од либералната Демократи 66 (Д66) со шест или седум пратеници и конзервативниот Христијанско демократски повик (ЦДА) и десничарскиот националистички Форум за демократија (ФВД) со по четири или пет мандати.

Ноќеска по полноќ, по завршувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека во однос на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка, повеќето лидери на членките на Унијата ја потенцирале важноста за поддршката Украина, но се разговарало и за „други приоритети“ кои може да се земат предвид при носењето одлука за овој предлог.

Како ги финансираме нашите заеднички приоритети? Ова е традиционална дебата. Која е амбицијата во однос на она што ние го нарекуваме „свежи пари“ и која е амбицијата во однос на пренамената со цел да бидеме сигурни дека ќе можеме да го прилагодиме буџетот на потребите и приоритетите за следните години - нагласи Мишел.

Тој додаде дека за ревизијата на Буџетската рамка дискусиите ќе продолжат меѓу тимот на шпанскиот премиер Педро Санчез, во својство на претседавач со ЕУ, и Советот на постојаните претставници на земјите членки (Корепер), за да се дојде до прифатлива одлука.

Кога ќе видиме и ќе почувствуваме дека таа е соодветна, Европскиот совет ќе дискутира по неа и ќе го финализира процесот на носењето одлука. Имаме заедничка цел, заедничка амбиција. Ова треба да се договори до крајот на годината. Ова е амбициозно, бидејќи не го потценуваме нивото на тежина. Ова е тешка дебата, тешка одлука, но постои заедничка волја, заедничка политичка цел да се направи се, за да се постигне овој договор до крајот на годината - додаде Мишел.

The post Руте: ЕК да си „го затегне ременот“, наместо да бара уште пари од земјите членки appeared first on Република.

]]>

Европската комисија треба да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства, изјави холандскиот премиер Марк Руте коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра. Во предлогот на Еврокомисијата се наведува дека тие дополнителни средства се потребни за справување со финансиските тешкотии поврзани со поддршката на Украина, за менаџирање на миграцијата, како и за покривање на зголемените трошоци за задолжување при спроведувањето на мерките за закрепнување од ковид пандемијата. Неоспорувајќи ги зголемените трошоци на буџетот на ЕУ, Руте оцени дека тие треба да се покријат со пренамена на буџетските пари.
Значи, нашите три приоритети се: пренамена, пренамена и пренамена. Исто како и во националниот буџет, одвреме-навреме треба да го затегнете ременот на другите ставки. Тоа мораме да го сториме и во Холандија - изјави Руте.
Холандскиот премиер, сепак, нагласи дека тој е за обезбедување дополнителни средства за Украина, додавајќи дека „всушност сите го поддржуваат тоа“, иако „никој не среќен кога треба да го отвори својот паричник“ за потребите на Брисел во време на зголемен притисок за намалување на трошоците. Се оценува дека испреплетувањето на деловните и политичките интереси продолжило да ја попречува независноста на медиумите и квалитетот на новинарството Земјите членки на ЕУ се речиси едногласни во противењето на барањата на Европската комисија на ЕУ за дополнителни пари, при што Холандија е еден од најжестоките критичари на ваквиот предлог. Холандија е во ек на предизборна кампања за парламентарните избори на 22 ноември. Според последните анкети на јавното мислење, новоформираната популистичка партија Нов социјален договор (НСЦ) која се противи на зајакната евроинтеграција би освоила 27 до 28 пратеници, либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте 26, а коалицијата на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) предводена од поранешниот еврокомесар за климатска акција Франс Тимерманс 24 или 25 мандати. Натаму следат две десничарски партии - националистичката Партија на слободата (ПВВ) со 19 до 20 места и популистичкото Движење Земјоделци-граѓани (БББ) со 11 пратеници. Во идниот холандски Парламент би влегле уште 11 или 12 партии, предводени од либералната Демократи 66 (Д66) со шест или седум пратеници и конзервативниот Христијанско демократски повик (ЦДА) и десничарскиот националистички Форум за демократија (ФВД) со по четири или пет мандати. Ноќеска по полноќ, по завршувањето на првиот ден од Самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека во однос на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка, повеќето лидери на членките на Унијата ја потенцирале важноста за поддршката Украина, но се разговарало и за „други приоритети“ кои може да се земат предвид при носењето одлука за овој предлог.