марјан петрески Archives - Република https://republika.mk/tema/marjan-petreski/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 20:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марјан петрески Archives - Република https://republika.mk/tema/marjan-petreski/ 32 32 Петрески: Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава https://republika.mk/vesti/makedonija/petreski-prosvetarite-zasluzuvaat-povisoka-plata-zoshto-nivniot-vlog-e-vo-idninata-na-ovaa-drzava/ Mon, 18 Apr 2022 20:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=490258

Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.

Пред да се случи ова, имавме зголемување на минималната плата, а тоа дојде од политичко ветување на локалните избори минатата година. Еден од аргументите кога се водеше дебатата околу зголемувањето на минималната плата беше дека ќе настане компресија кај платите и ќе има приближување на попродуктивните и помалку продуктивните, посочи Петрески.

Тој додаде дека вложувањата треба да се направат сега преку образовниот систем за да имаме ефект по одредено време.

Владата првенствено потребно е да биде заинтересирана и за буџетските ефекти од еветуално зголемување на платите кај наставнците. Ако ние не произведуваме повеќе БДП а бараме повеќе тоа е номинален пораст кој укажува дека ќе се доведе до поместување на цените, рече Петрески.

The post Петрески: Просветарите заслужуваат повисока плата зошто нивниот влог е во иднината на оваа држава appeared first on Република.

]]>

Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции https://republika.mk/vesti/ekonomija/petreski-rebalansot-na-budzetot-pak-kje-bide-ista-prikazna-kje-stradaat-kapitalnite-investicii/ Mon, 18 Apr 2022 20:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=490252

Од ребалансот на буџетот кој министерот го најави очекувам дека повторно ќе биде иста приказна ќе страдаат капиталните инвестиции. Имаме општествен консензус дека тоа не треба да биде така и не треба да ги заборавиме структурните реформи кои ќе ги финансираме во голема мера преку капиталните инвестиции на државата, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески за „Анализа 24“ на ТВ 24.

Тој истакна дека кај капиталните инвестиции има и проблем што на нереално проектирање и затоа при прв ребаланс на буџетот тие се прва категорија од која се крати.
Петрески изјави и дека со новиот ребаланс на буџетот ќе се зголеми притисокот за плати, но ќе видиме и зголемено проектирање на буџетскиот дефицит.

Очекувам и дека притисокот за платите ќе биде нагорен во целиот овој период. особено може да биде голем зависно како ќе се одговори на барања на на СОНК.

Очекувам и дека ќе видиме зголемено проектирање на буџетскиот дефицит кое нема да биде така мало и тоа не доведува до новото задолжување.

The post Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>

Од ребалансот на буџетот кој министерот го најави очекувам дека повторно ќе биде иста приказна ќе страдаат капиталните инвестиции. Имаме општествен консензус дека тоа не треба да биде така и не треба да ги заборавиме структурните реформи кои ќе ги финансираме во голема мера преку капиталните инвестиции на државата, изјави универзитетскиот професор Марјан Петрески за „Анализа 24“ на ТВ 24. Тој истакна дека кај капиталните инвестиции има и проблем што на нереално проектирање и затоа при прв ребаланс на буџетот тие се прва категорија од која се крати. Петрески изјави и дека со новиот ребаланс на буџетот ќе се зголеми притисокот за плати, но ќе видиме и зголемено проектирање на буџетскиот дефицит. Очекувам и дека притисокот за платите ќе биде нагорен во целиот овој период. особено може да биде голем зависно како ќе се одговори на барања на на СОНК. Очекувам и дека ќе видиме зголемено проектирање на буџетскиот дефицит кое нема да биде така мало и тоа не доведува до новото задолжување.  

The post Петрески: Ребалансот на буџетот пак ќе биде иста приказна, ќе страдаат капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>
Експертите сметаат дека нема потреба од намалување на каматите, граѓаните се помалку земале потрошувачки кредити https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekspertite-smetaat-deka-nema-potreba-od-namaluvanje-na-kamatite-gragjanite-se-pomalku-zemale-potroshuvachki-krediti/ Thu, 10 Mar 2022 09:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=470450

Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата.

– Оваа инфлација е во целост увезена однадвор, преку цените на примарните производи, односно на енергенсите и храната. Засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата, односно помалата понуда. Нема притисоци од страна на побарувачката, што се гледа преку податоците за потрошувачка на домаќинствата. Оттаму, во моментот нема потреба од корекција на основната камата, преку која се регулира побарувачката, т.е. преку зголемување на каматите да се дејствува врз намалување на побарувачката, истакна Петрески во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Посочи дека кога има притисок на страната на побарувачката тогаш треба да делува централната банка, но оти во моментот се уште не постои таков притисок за да треба да се менува каматната стапка.

– На пример, потрошувачката на домаќинствата во 2021 година е на исто ниво како во 2019 година, пред пандемијата. Втор податок, растот на потрошувачките кредити на населението забавува. Тоа значи дека во најмала рака имаме стагнација кај побарувачката, ако не и некакво забавување. Во таа смисла било каква корекција на каматната стапка од страна на централната банка би влијаело негативно на ситуацијата во којашто се наоѓаме, оцени Петрески.

Според Петрески, не очекува двоцифрена инфлација и ситуацијата е многу неизвесна бидејќи цените на светските берзи се менуваат од миг во миг.

The post Експертите сметаат дека нема потреба од намалување на каматите, граѓаните се помалку земале потрошувачки кредити appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Марјан Петрески смета дека во моментот нема потреба од корекција на каматите бидејќи засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата.
– Оваа инфлација е во целост увезена однадвор, преку цените на примарните производи, односно на енергенсите и храната. Засега инфлаторните притисоци доаѓаат само од страна на понудата, односно помалата понуда. Нема притисоци од страна на побарувачката, што се гледа преку податоците за потрошувачка на домаќинствата. Оттаму, во моментот нема потреба од корекција на основната камата, преку која се регулира побарувачката, т.е. преку зголемување на каматите да се дејствува врз намалување на побарувачката, истакна Петрески во синоќешното гостување на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Посочи дека кога има притисок на страната на побарувачката тогаш треба да делува централната банка, но оти во моментот се уште не постои таков притисок за да треба да се менува каматната стапка. – На пример, потрошувачката на домаќинствата во 2021 година е на исто ниво како во 2019 година, пред пандемијата. Втор податок, растот на потрошувачките кредити на населението забавува. Тоа значи дека во најмала рака имаме стагнација кај побарувачката, ако не и некакво забавување. Во таа смисла било каква корекција на каматната стапка од страна на централната банка би влијаело негативно на ситуацијата во којашто се наоѓаме, оцени Петрески. Според Петрески, не очекува двоцифрена инфлација и ситуацијата е многу неизвесна бидејќи цените на светските берзи се менуваат од миг во миг.

The post Експертите сметаат дека нема потреба од намалување на каматите, граѓаните се помалку земале потрошувачки кредити appeared first on Република.

]]>