Марија Archives - Република https://republika.mk/tema/marija/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 07:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Archives - Република https://republika.mk/tema/marija/ 32 32 Анџелина Џоли доби овации од публиката по премиерата во Венеција за филмот „Марија“ https://republika.mk/scena/film/andhelina-dholi-dobi-ovatsii-od-publikata-po-premierata-vo-venetsija-za-filmot-marija/ Fri, 30 Aug 2024 07:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=811416

Американската актерка Анџелина Џоли доби овации на филмскиот фестивал во Венеција по премиерата на филмот „Марија“, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас.

По проекцијата Џоли беше пречекана со бурен и долг аплауз, што особено ја трогна.

На видеото кое го објави италијанскиот Vanity Fair се гледа како Анџелина ги брише солзите, а доби и прегратка од нејзиниот колега Пјерфранческо Фавино.

Актерката на црвениот тепих пристигна во шифон фустан во беж боја со крзнен детаљ, дизајниран од Австралијката Тамара Ралф.

The post Анџелина Џоли доби овации од публиката по премиерата во Венеција за филмот „Марија“ appeared first on Република.

]]>

Американската актерка Анџелина Џоли доби овации на филмскиот фестивал во Венеција по премиерата на филмот „Марија“, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас. По проекцијата Џоли беше пречекана со бурен и долг аплауз, што особено ја трогна. На видеото кое го објави италијанскиот Vanity Fair се гледа како Анџелина ги брише солзите, а доби и прегратка од нејзиниот колега Пјерфранческо Фавино. Актерката на црвениот тепих пристигна во шифон фустан во беж боја со крзнен детаљ, дизајниран од Австралијката Тамара Ралф.

The post Анџелина Џоли доби овации од публиката по премиерата во Венеција за филмот „Марија“ appeared first on Република.

]]>
Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња https://republika.mk/zivot/zdravje/bliznachinata-marija-i-vasilij-rodeni-so-900-i-940-grama-si-zaminaa-doma-kako-zdravi-bebina/ Sat, 24 Feb 2024 16:47:35 +0000 https://republika.mk/?p=747898

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК).

Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.

 

The post Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња appeared first on Република.

]]>

Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК). Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.
По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.
 

The post Близначињата Марија и Василиј родени со 900 и 940 грама си заминаа дома како здрави бебиња appeared first on Република.

]]>
Марија со срце за Луна: Девојче од Гевгелија меси и продава крофни за да собере пари за лекување на нејзината сограѓанка https://republika.mk/vesti/makedonija/marija-so-srtse-za-luna-devojche-od-gevgelija-mesi-i-prodava-krofni-za-da-sobere-pari-za-lekuvane-na-nejzinata-sograganka/ Sun, 09 Jul 2023 17:54:50 +0000 https://republika.mk/?p=659446

Девојче од Гевгелија инспирирано од гестот на малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад која со продажба на крофни сакаше да собере пари за лекување на својот болен татко, прави и продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија.

Двете девојчиња од истиот град не се познаваат, но кога Марија дознала за 14-годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување се собираат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија. Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција.

Таму вчера и денеска Марија вредно работи за помош на девојчето Луна на која и се потребни 65 илјади евра за операцијата во Турција. Засега продажбата на Марија оди успешно. Вчера на нејзиниот шанад имаше многу гевгеличани кои купуваа од крофните. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна.

Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.Ма

The post Марија со срце за Луна: Девојче од Гевгелија меси и продава крофни за да собере пари за лекување на нејзината сограѓанка appeared first on Република.

]]>

Девојче од Гевгелија инспирирано од гестот на малечката Нина Нинковиќ од Нови Сад која со продажба на крофни сакаше да собере пари за лекување на својот болен татко, прави и продава крофни и лимонада за да собере пари за лекување на болното девојче Луна Поп-Костова од Гевгелија. Двете девојчиња од истиот град не се познаваат, но кога Марија дознала за 14-годишната Луна која треба да оди на операција во Турција и за нејзиното лекување се собираат донација, решила да помогне со продажба на крофните на штанд во Гевгелија. Луна боледува од сколиоза во последна фаза и има потреба од итна операција. Таму вчера и денеска Марија вредно работи за помош на девојчето Луна на која и се потребни 65 илјади евра за операцијата во Турција. Засега продажбата на Марија оди успешно. Вчера на нејзиниот шанад имаше многу гевгеличани кои купуваа од крофните. Покрај Марија и уште две деца, Петар и Силвија, исто така со продажба се обидуваат да помогнат во собирањето пари за Луна. Истовремено се отворени и телефонските броеви за донации: Телеком 143 – 103 и на А1 143 – 478 на кои може сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција.Ма

The post Марија со срце за Луна: Девојче од Гевгелија меси и продава крофни за да собере пари за лекување на нејзината сограѓанка appeared first on Република.

]]>
Добро завршена работа и уживање во Андалузија: Новиот спот на Марија Мирковиќ снимен во Шпанија https://republika.mk/scena/muzika/dobro-zavrshena-rabota-i-uzivanje-vo-andaluzija-noviot-spot-na-marija-mirkovikj-snimen-vo-shpanija/ Sun, 20 Nov 2022 11:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=576056

Кантавторката Марија Мирковиќ, која на домашната јавност ѝ е позната како некогашна членка на составот Фрајле, веќе ја навикна пубиката видеата за своите песни да ги снима на светски дестинации. Така е и овој пат, спотот за новата песна со наслов „Не питам те ја за њу“ го сними во Шпанија. Под режисерската палка на Сандра Михаљевиќ екипата се упати на, како што вели Марија, мала екскурзија каде покрај добро завршената работа имаше можност и да ужива во Андалузија.

https://www.youtube.com/watch?v=YCWKsHBZBUk

Шпанските градови Ронда, Фригилијана и Јузкар се локации кои на самата песна ѝ даваат дополнителен шмек.

Сакам да снимам спотови во градови во кои не сум била, бидејќи искрено не ги сакам снимањата. Сепак, секое патување на снимање за мене е како мала екскурзија. Овој пат се одлучивме за Андалузија, Шпанија, бидејќи на самиот почеток песната ме асоцираше на Шпанија. Онаа стара Шпанија со мали села до кои се стигнува преку тесни патчиња и каде се прашуваш каде одиш“, вели Марија.

Екипата помина три интензивни работни дена во Шпанија, сосема доволно време да се склопи сè како што треба, односно песната и видеото да се спакуваат онака како и што е замислено. А притоа, како што вели Марија, сите уживале. Темата „Не питам те ја за њу“ е создадена во 2021 година. Музиката ја потпишува самата кантавторка, текстот е со потписот на Алка Вуица, додека аранжманот е дело на Бранимир Михалевиќ.

„Алка Вуица ми испрати текст, седнав крај клавирот, ги преточив зборовите во музика и тоа е тоа. После неколку дена сфатив дека песната е сепак за мене, а не за некој друг, како што мислевме на почетокот. Исто како и со „Пожури, пожури“, вели Марија и додава дека ѝ е особено драго што во сето лудило кое го имала во тој момент, ја држело чувството за песната која едноставно морала самата да ја отпее.

Марија открива и дека е среќна што идејата за аранжманот се родила токму во студиото кај Михаљевиќ, и тоа додека му ги свирела песните кои мислела дека ќе ги стави на албум.

„Веднаш сфати што ѝ треба на оваа песна, се фрли на работа и мислам дека ја збогати песната и му благодарам за тоа“, заклучи Марија, која успешно продолжува со градењето на својата кантавторска кариера.

 

The post Добро завршена работа и уживање во Андалузија: Новиот спот на Марија Мирковиќ снимен во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Кантавторката Марија Мирковиќ, која на домашната јавност ѝ е позната како некогашна членка на составот Фрајле, веќе ја навикна пубиката видеата за своите песни да ги снима на светски дестинации. Така е и овој пат, спотот за новата песна со наслов „Не питам те ја за њу“ го сними во Шпанија. Под режисерската палка на Сандра Михаљевиќ екипата се упати на, како што вели Марија, мала екскурзија каде покрај добро завршената работа имаше можност и да ужива во Андалузија. https://www.youtube.com/watch?v=YCWKsHBZBUk Шпанските градови Ронда, Фригилијана и Јузкар се локации кои на самата песна ѝ даваат дополнителен шмек.
Сакам да снимам спотови во градови во кои не сум била, бидејќи искрено не ги сакам снимањата. Сепак, секое патување на снимање за мене е како мала екскурзија. Овој пат се одлучивме за Андалузија, Шпанија, бидејќи на самиот почеток песната ме асоцираше на Шпанија. Онаа стара Шпанија со мали села до кои се стигнува преку тесни патчиња и каде се прашуваш каде одиш“, вели Марија.
Екипата помина три интензивни работни дена во Шпанија, сосема доволно време да се склопи сè како што треба, односно песната и видеото да се спакуваат онака како и што е замислено. А притоа, како што вели Марија, сите уживале. Темата „Не питам те ја за њу“ е создадена во 2021 година. Музиката ја потпишува самата кантавторка, текстот е со потписот на Алка Вуица, додека аранжманот е дело на Бранимир Михалевиќ. „Алка Вуица ми испрати текст, седнав крај клавирот, ги преточив зборовите во музика и тоа е тоа. После неколку дена сфатив дека песната е сепак за мене, а не за некој друг, како што мислевме на почетокот. Исто како и со „Пожури, пожури“, вели Марија и додава дека ѝ е особено драго што во сето лудило кое го имала во тој момент, ја држело чувството за песната која едноставно морала самата да ја отпее. Марија открива и дека е среќна што идејата за аранжманот се родила токму во студиото кај Михаљевиќ, и тоа додека му ги свирела песните кои мислела дека ќе ги стави на албум. „Веднаш сфати што ѝ треба на оваа песна, се фрли на работа и мислам дека ја збогати песната и му благодарам за тоа“, заклучи Марија, која успешно продолжува со градењето на својата кантавторска кариера.  

The post Добро завршена работа и уживање во Андалузија: Новиот спот на Марија Мирковиќ снимен во Шпанија appeared first on Република.

]]>