мандат за формирање влада Archives - Република https://republika.mk/tema/mandat-za-formirane-vlada/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Jul 2024 07:16:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мандат за формирање влада Archives - Република https://republika.mk/tema/mandat-za-formirane-vlada/ 32 32 Ќе има ли конечно влада во Бугарија? Радев му врачи мандат на Росен Желјазков https://republika.mk/vesti/balkan/ke-ima-li-konechno-vlada-vo-bugarija-radev-mu-vrachi-mandat-na-rosen-zheljazkov/ Mon, 01 Jul 2024 07:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=792276

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група - ГЕРБ-СДС.

Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.

Ова е голема одговорност и тест, изјавил Радев.

Тој укажал на високо фрагментираниот парламент, како и на неподготвеноста на мнозинството бугарски граѓани да учествуваат на изборите, што неминовно влијае на легитимитетот на институциите.

Росен Желјазков го прочита составот на предлог-кабинетот. Тој потоа побара од шефот на државата да донесе указ и да го претстави кабинетот на Националното собрание.

The post Ќе има ли конечно влада во Бугарија? Радев му врачи мандат на Росен Желјазков appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Росен Желјазков за да состави влада. Според Уставот на Република Бугарија, Радев додели мандат за формирање влада на најголемата пратеничка група - ГЕРБ-СДС. Кандидат за премиер е Желјазков и самиот го претстави предлог-кабинетот во кој ќе има 19 министри.
Ова е голема одговорност и тест, изјавил Радев.
Тој укажал на високо фрагментираниот парламент, како и на неподготвеноста на мнозинството бугарски граѓани да учествуваат на изборите, што неминовно влијае на легитимитетот на институциите. Росен Желјазков го прочита составот на предлог-кабинетот. Тој потоа побара од шефот на државата да донесе указ и да го претстави кабинетот на Националното собрание.

The post Ќе има ли конечно влада во Бугарија? Радев му врачи мандат на Росен Желјазков appeared first on Република.

]]>
Мицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-dobi-mandatot-za-formirane-vlada-teche-rokot-od-20-dena/ Fri, 07 Jun 2024 07:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=785402

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го доби мандатот за состав на влада од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што и официјално почна да тече рокот за нејзино формирање.

– При конституирањето на Собранието претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право, основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас за својата програма и составот на владата. Затоа чест и задоволство ми е со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави претседателката Сиљановска Давкова.

Во обраќањето по примањето на мандатот Мицкоски најави дека набргу ќе биде составена новата реформска влада со основна цел да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, за, како што вели, да не тонеме како општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава.

Тој не сакаше да открива имиња на идните министри и потенцираше дека со добивање на мандатот, почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските консултации околу предлозите за членови на Владата. Негови очекувања се дека новата влада ќе биде формирана пред рокот.

-Реализирањето и гласањето во рамките на Парламентот може да биде уште утре, бидејќи ако гладаме како што е вака структуирана владата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратенник. Формално ние можеме да ја избереме новата влада уште утре. Имајќи ги во предвид разговорите коишто привршија, коалицијата која што е направена тогаш можам да кажам дека наш предизвик е да имаме мнозинство коешто ќе има поддршка од две третини во Парламентот, рече Мицкоски.

Формално гледано, додаде, владината коалиција имае 78 пратеници од кои ВМРО – ДПМНЕ има 55, двајца се од СПМ и еден од Демократската партија на Србите.

– Но, ако гледаме како поширока коалиција и во тој контекст тогаш имаме 78. А јас ви велам дека имаме повеќе од 80, одговори Мицкоски.

Мандатарот рече дека тоа мнозинство е потребно поради тоа што планираат реструктуирање на владата поврзана со програмата на ВМРО – ДПМНЕ „Платформа 1198“, силен реформски циклус, посебно во борбата против криминалот и корупцијата, придвижување на работите во економијата со реформи и силен инвестициски циклус, при тоа нагласи дека владеењето на правото ќе биде нивна основна водилка, нешто кое што, рече, изостануваше овие седум години.

-Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, порача Мицкоски.

Мандатарот за состав на нова влада, на новинарско прашање истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти тоа е неговиот принцип и во однос на Преспанскиот договор, кој, како што рече е дел од правниот систем, но и напомена дека очекува градење добрососедски односи, кои доликуваат на 21. век. Повика „наместо да се става акцент на неговото човеково загарантирано право за употреба на името Македонија, да се стави фокус на подлабока анализа за тоа што Грција исполнила од Договорот“.

Откако и формално ќе стане дел од институциите, најави преземање дипломатска активност за, како што вели, да ги аргументираат и одбранат позициите во однос на Преспанскиот договор, но нагласи, дека нема да водат провокативна офанзивна политика, да преименуваат автопати, аеородроми, да градат споменици, туку ќе градат мостови, поцврста економија и меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата.

Прашан во врска со вчерашниот повик од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, оти во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, Мицкоски повтори дека нема намера да се однесува талибански, но оти и не очекува некој друг да се однесува на тој начин, и дека е добро да се аргументираат позициите пред Самитот.

-Како човек, којшто ќе ја предводи владата, обврзан сум да ги почитувам Уставот и законите. И тука ниту некогаш сум имал дилема, ниту пак пак ќе имам се додека овие закони и овој Устав вакви какви што се, се на сила. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав. И тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, но не можете вие да барате да се почитуваат законите и Уставот, а од друга страна вие да ги кршите. Но исто така очекувам да градиме добрососедски односи, на принципиелна, конструктивна основа, добрососедски односи коишто доликуваат на 21 век. Немам намера условно кажано талибански да се однесувам ниту пак очекувам некој талибански да се однесува. Моето човекoво загарантирано право е право коешто е над сите права. И тука немам никаква дилема. Како претседател на владата се што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирака и нормално како лојален граѓанин на оваа држава, што всушност сум го правел и во минатото без исклучок, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека тие се придржуваат кон ерга омнес во однос на името, но и упати дека е потребно да се направи подлабинска анализа за тоа што од страна на Грција е исполнето од Преспанскиот договор.

-Па ерга омнес ние го користиме. Членот седум од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни. Што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија и македонски, членот 1 од истиот Договор. Јас повторно би сакал да ги замолам медиумите овде во Македонија малку повеќе да посветат внимание на анализа на тоа што нашиот јужен сосед има исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирано право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, името на мојата татковина во која што јас сум се родил и придавката македонски. Ајде да видиме што тие направија овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото. Што требаше ние да добиеме кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети. Што се случуваше кога се менуваше Уставот, еднаш по Охридскиот рамковен договор, вторпат поради тој договор, третпат кога се ставаа пратеници во притвор, кога се вадеа ден спроти гласањето за уставните измени кога се менуваше уставното име. Ајде да зборуваме во поширок контекст, изјави мандатарот.

За тоа дали можеби ќе испрати протестна нота до Атина поради непочитување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека во моментов не се внатре во институциите, но откако ќе влезат ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат нивните позиции.

Во врска со написите за ДУИ и дека имало понуда да влезат во Владата, Мицкоски рече дека ги гледа етноцентристичките изјави на некој од официјалните лица на ДУИ и дека можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во земјава. Ако продолжат така, додаде тој, многу скоро вистината ќе излезе на виделина.

– Ги гледам етноцентристичките изјави коишто доаѓаат од некој од официјалние лица на ДУИ. Можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во Македонија со тоа што овие преговори за формирање на идната влада и институциите ќе бидат сведени на прашање колку добиле Албанците, Македонците, Србите, Власите и останатите. Ја следам внимателно оваа игра, многу опасна игра на поединци коишто опасно играа изминативе седум години. И ако така ќе продолжат, многу скоро од денеска вистината ќе излезе на виделина, рече Мицкоски.

Во однос на преговорите со Вреди и ЗНАМ, кажа дека тој не би сакал овие преговори да бидат бројки, и да се гледа нумерички на нив, туку, вели, сака тоа да биде процес којшто ќе додаде вредност, процес на квалитетни решенија и одлуки и смета дека е таков.

Градоначалникот на Општина Чаир и член во работната група за преговорите за новата влада од коалицијата „Влен“, Висар Ганиу вчера нагласи дека преговорите поминале во одлична работна атмосфера и потврди дека Секретаријатот за европски прашања прераснува во Министерство за европски прашања.

-Можам да констатирам и да потврдам дека преговорите поминаа во одлична работна атмосфера. Имавме напорни денови, бидејќи за се што требаше да дискутираме дискутиравме и на маса беа сите аргументи. Завршивме еден циклус што е битен за нас. Во овој момент можам да потврдам дека СЕП прераснува и поминува во Министерство, рече градоначалникот на почнувањето на изградбата на затворен школски базен во Чаир.

Ганиу нагласи дека остануваат на тоа што уште на почеток на преговорите кажале дека тие како преговарачки тим ќе одржат прес-конференција и ќе биде известена јавоста како се распределени директорските места во идната влада.

На прашањето дали ќе припаѓаат на „Вреди“ директорските места во Македонски пошти, МЕПСО, Дирекцијата за странски инвестиции, Фонд за здравствено осигурување и Управата за финансиско разузнавање, Ганиу повтори дека во овој момент не може да сподели оти како што рече, тоа би било некоректно кон неговите колеги.

-Не сакам да излезам од тој рамковен договор што го направивме ние меѓу нас „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум еден од преговарачкиот тим, но би сакал сите информации да ги споделиме сите заедно кога ќе бидеме готови, рече Ганиу.

Согласно уставните одредби, мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со поддршка од најмалку 61 глас во 120-члениот Парламент. (МИА)

The post Мицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го доби мандатот за состав на влада од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со што и официјално почна да тече рокот за нејзино формирање.
– При конституирањето на Собранието претседателот на Собранието беше избран со 76 гласа „за“. Овој резултат и преговорите што се во тек ми даваат за право, основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира влада, односно да освои 61 глас за својата програма и составот на владата. Затоа чест и задоволство ми е со сигурност да верувам дека чекорот што го преземам, доверувањето на мандат за состав на влада на Мицкоски е вистински правен и политички чекор, изјави претседателката Сиљановска Давкова.
Во обраќањето по примањето на мандатот Мицкоски најави дека набргу ќе биде составена новата реформска влада со основна цел да се занимава со реформите, да ги движи процесите напред, за, како што вели, да не тонеме како општество во политичкото мочуриште на меѓуполитички препирки, туку да ја развиваме нашата држава. Тој не сакаше да открива имиња на идните министри и потенцираше дека со добивање на мандатот, почнуваат внатрепартиските и внатрекоалициските консултации околу предлозите за членови на Владата. Негови очекувања се дека новата влада ќе биде формирана пред рокот.
-Реализирањето и гласањето во рамките на Парламентот може да биде уште утре, бидејќи ако гладаме како што е вака структуирана владата, тогаш ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратенник. Формално ние можеме да ја избереме новата влада уште утре. Имајќи ги во предвид разговорите коишто привршија, коалицијата која што е направена тогаш можам да кажам дека наш предизвик е да имаме мнозинство коешто ќе има поддршка од две третини во Парламентот, рече Мицкоски.
Формално гледано, додаде, владината коалиција имае 78 пратеници од кои ВМРО – ДПМНЕ има 55, двајца се од СПМ и еден од Демократската партија на Србите.
– Но, ако гледаме како поширока коалиција и во тој контекст тогаш имаме 78. А јас ви велам дека имаме повеќе од 80, одговори Мицкоски.
Мандатарот рече дека тоа мнозинство е потребно поради тоа што планираат реструктуирање на владата поврзана со програмата на ВМРО – ДПМНЕ „Платформа 1198“, силен реформски циклус, посебно во борбата против криминалот и корупцијата, придвижување на работите во економијата со реформи и силен инвестициски циклус, при тоа нагласи дека владеењето на правото ќе биде нивна основна водилка, нешто кое што, рече, изостануваше овие седум години.
-Убеден сум дека во иднина ќе ја смениме реалноста, ќе ја трансформираме Македонија во успешна европска приказна, држава која што ќе биде татковина на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, политичка припадност или не припадност, место кое што ќе биде мотив и инспирација за оние кои што го напуштиле да се вратат назад, порача Мицкоски.
Мандатарот за состав на нова влада, на новинарско прашање истакна дека како човек, кој ќе ја предводи владата е обврзан да ги почитува Уставот и законите, оти тоа е неговиот принцип и во однос на Преспанскиот договор, кој, како што рече е дел од правниот систем, но и напомена дека очекува градење добрососедски односи, кои доликуваат на 21. век. Повика „наместо да се става акцент на неговото човеково загарантирано право за употреба на името Македонија, да се стави фокус на подлабока анализа за тоа што Грција исполнила од Договорот“. Откако и формално ќе стане дел од институциите, најави преземање дипломатска активност за, како што вели, да ги аргументираат и одбранат позициите во однос на Преспанскиот договор, но нагласи, дека нема да водат провокативна офанзивна политика, да преименуваат автопати, аеородроми, да градат споменици, туку ќе градат мостови, поцврста економија и меѓусебна економска соработка, соработка на полето на туризмот, образованието, културата. Прашан во врска со вчерашниот повик од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да даде категорична изјава, кога официјално ќе стане премиер дека го почитува Договорот од Преспа, оти во спротивно, единствено што може да постигне е „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот на почетокот на јули, Мицкоски повтори дека нема намера да се однесува талибански, но оти и не очекува некој друг да се однесува на тој начин, и дека е добро да се аргументираат позициите пред Самитот.
-Како човек, којшто ќе ја предводи владата, обврзан сум да ги почитувам Уставот и законите. И тука ниту некогаш сум имал дилема, ниту пак пак ќе имам се додека овие закони и овој Устав вакви какви што се, се на сила. Преспанскиот договор е дел од македонските закони и македонскиот Устав. И тука нема никаква дилема. Секој оној којшто е дел од институциите треба да ги почитува, но не можете вие да барате да се почитуваат законите и Уставот, а од друга страна вие да ги кршите. Но исто така очекувам да градиме добрососедски односи, на принципиелна, конструктивна основа, добрососедски односи коишто доликуваат на 21 век. Немам намера условно кажано талибански да се однесувам ниту пак очекувам некој талибански да се однесува. Моето човекoво загарантирано право е право коешто е над сите права. И тука немам никаква дилема. Како претседател на владата се што е поврзано со нашиот правен систем, уставниот поредок ќе го почитувам до последната точка и запирака и нормално како лојален граѓанин на оваа држава, што всушност сум го правел и во минатото без исклучок, рече Мицкоски.
Тој нагласи дека тие се придржуваат кон ерга омнес во однос на името, но и упати дека е потребно да се направи подлабинска анализа за тоа што од страна на Грција е исполнето од Преспанскиот договор.
-Па ерга омнес ние го користиме. Членот седум од Договорот, став 2 и 3 се многу јасни. Што значи кога едната и другата страна го употребуваат терминот Македонија и македонски, членот 1 од истиот Договор. Јас повторно би сакал да ги замолам медиумите овде во Македонија малку повеќе да посветат внимание на анализа на тоа што нашиот јужен сосед има исполнето од Договорот, а помалку да биде провокација моето човеково загарантирано право со многу конвенции на употреба на терминот Македонија, името на мојата татковина во која што јас сум се родил и придавката македонски. Ајде да видиме што тие направија овие шест години. Ајде да видиме што правеа во минатото. Што требаше ние да добиеме кога во минатото се менуваше знамето, кога се менуваа банкнотите, кога се користеше понижувачкото име, кога се случуваше интервенцијата на НАТО против режимот на Милошевиќ, кој беше лојален сојузник, а кој забрануваше прелети. Што се случуваше кога се менуваше Уставот, еднаш по Охридскиот рамковен договор, вторпат поради тој договор, третпат кога се ставаа пратеници во притвор, кога се вадеа ден спроти гласањето за уставните измени кога се менуваше уставното име. Ајде да зборуваме во поширок контекст, изјави мандатарот.
За тоа дали можеби ќе испрати протестна нота до Атина поради непочитување на Преспанскиот договор, Мицкоски одговори дека во моментов не се внатре во институциите, но откако ќе влезат ќе преземат дипломатска активност за да ги аргументираат нивните позиции. Во врска со написите за ДУИ и дека имало понуда да влезат во Владата, Мицкоски рече дека ги гледа етноцентристичките изјави на некој од официјалните лица на ДУИ и дека можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во земјава. Ако продолжат така, додаде тој, многу скоро вистината ќе излезе на виделина.
– Ги гледам етноцентристичките изјави коишто доаѓаат од некој од официјалние лица на ДУИ. Можеби на тој начин сакаат повторно да внесат етнички провокации во соживотот во Македонија со тоа што овие преговори за формирање на идната влада и институциите ќе бидат сведени на прашање колку добиле Албанците, Македонците, Србите, Власите и останатите. Ја следам внимателно оваа игра, многу опасна игра на поединци коишто опасно играа изминативе седум години. И ако така ќе продолжат, многу скоро од денеска вистината ќе излезе на виделина, рече Мицкоски.
Во однос на преговорите со Вреди и ЗНАМ, кажа дека тој не би сакал овие преговори да бидат бројки, и да се гледа нумерички на нив, туку, вели, сака тоа да биде процес којшто ќе додаде вредност, процес на квалитетни решенија и одлуки и смета дека е таков. Градоначалникот на Општина Чаир и член во работната група за преговорите за новата влада од коалицијата „Влен“, Висар Ганиу вчера нагласи дека преговорите поминале во одлична работна атмосфера и потврди дека Секретаријатот за европски прашања прераснува во Министерство за европски прашања.
-Можам да констатирам и да потврдам дека преговорите поминаа во одлична работна атмосфера. Имавме напорни денови, бидејќи за се што требаше да дискутираме дискутиравме и на маса беа сите аргументи. Завршивме еден циклус што е битен за нас. Во овој момент можам да потврдам дека СЕП прераснува и поминува во Министерство, рече градоначалникот на почнувањето на изградбата на затворен школски базен во Чаир.
Ганиу нагласи дека остануваат на тоа што уште на почеток на преговорите кажале дека тие како преговарачки тим ќе одржат прес-конференција и ќе биде известена јавоста како се распределени директорските места во идната влада. На прашањето дали ќе припаѓаат на „Вреди“ директорските места во Македонски пошти, МЕПСО, Дирекцијата за странски инвестиции, Фонд за здравствено осигурување и Управата за финансиско разузнавање, Ганиу повтори дека во овој момент не може да сподели оти како што рече, тоа би било некоректно кон неговите колеги.
-Не сакам да излезам од тој рамковен договор што го направивме ние меѓу нас „Влен“ и ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум еден од преговарачкиот тим, но би сакал сите информации да ги споделиме сите заедно кога ќе бидеме готови, рече Ганиу.
Согласно уставните одредби, мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, односно со поддршка од најмалку 61 глас во 120-члениот Парламент. (МИА)

The post Мицкоски го доби мандатот за формирање влада, тече рокот од 20 дена appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе го добие мандатот од Сиљановска Давкова најверојатно в четврток https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-go-dobie-mandatot-od-silanovska-davkova-najverojatno-v-chetvrtok/ Tue, 04 Jun 2024 13:55:53 +0000 https://republika.mk/?p=784731

Најверојатно во четврток претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираат за МИА партиски извори. Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнува да течат дваесетте дена за формирање влада.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска за медиумите изјави дека можно е и порано да го додели мандатот за формирање нова влада.

-Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, рече Сиљановска Давкова во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.

ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се уште разговараат за формирањето нова влада, иако поделбата на ресори веќе се е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри. Сепак, се уште нема официјална инфоамција кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада. Она што е јасно е дека доколку Сиљановска Давкова на 6 јуни го додели мандатот, 20 дена за формирање Влада ќе бидат на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада.

Во Собранието се прават подготвки за измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Имајќи предвид дека измените треба да го минат собранискиот филтер, денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата го изгласа составот на Комисијата за политилки систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија. Но, за да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство, кое според сегашната математика мнозинството го нема.

Исто така, можни се и измени на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

По вчерашната прва координација на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи, неговиот Кабинет соопшти дека до крајот на работната недела би можело да се очекува да биде свикана седница за верификација на уште преостанатите два пратенички мандати.

The post Мицкоски ќе го добие мандатот од Сиљановска Давкова најверојатно в четврток appeared first on Република.

]]>

Најверојатно во четврток претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова ќе му го додели мандатот за формирање нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, информираат за МИА партиски извори. Рокот за доставување на мандатот завршува на 7 јуни, откога почнува да течат дваесетте дена за формирање влада. Претседателката Сиљановска Давкова денеска за медиумите изјави дека можно е и порано да го додели мандатот за формирање нова влада.
-Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, рече Сиљановска Давкова во одговор на прашање пред почетокот на панел дискусијата „Европската Унија како предизвик и предизвиците на Европската Унија: Европа 74 години после Шумановата декларација” во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Европското движење.
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се уште разговараат за формирањето нова влада, иако поделбата на ресори веќе се е објавена, а неофицијално се споменуваат и имиња на новите министри. Сепак, се уште нема официјална инфоамција кога ќе биде финализиран конечниот договор за формирање влада. Она што е јасно е дека доколку Сиљановска Давкова на 6 јуни го додели мандатот, 20 дена за формирање Влада ќе бидат на 25 јуни. Партиски извори за МИА, велат дека Собранието би можело и порано да ја изгласа новата влада. Во Собранието се прават подготвки за измени на новиот Закон за организација на работата на органите на државната управа и според него да се изгласа новата реорганизирана влада и да бидат избрани нејзините членови. Имајќи предвид дека измените треба да го минат собранискиот филтер, денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата го изгласа составот на Комисијата за политилки систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија. Но, за да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство, кое според сегашната математика мнозинството го нема. Исто така, можни се и измени на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство. По вчерашната прва координација на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи, неговиот Кабинет соопшти дека до крајот на работната недела би можело да се очекува да биде свикана седница за верификација на уште преостанатите два пратенички мандати.

The post Мицкоски ќе го добие мандатот од Сиљановска Давкова најверојатно в четврток appeared first on Република.

]]>