мандарини Archives - Република https://republika.mk/tema/mandarini/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 14:30:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мандарини Archives - Република https://republika.mk/tema/mandarini/ 32 32 Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/bosna-i-hertsegovina-go-zabrani-uvozot-na-dva-tona-mandarini-od-hrvatska/ Wed, 29 Nov 2023 14:30:59 +0000 https://republika.mk/?p=717623

Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тони мандарини од Република Хрватска, бидејќи проверките на овошните примероци на границата покажаа присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година.

Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина земала мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, чија лабораториска анализа открила нелегална количина на пестицидот хлорпирифос, соопшти инспекциската служба.

Присуството на тој пестицид е спротивно на локалната регулатива за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло.

Поради ова, инспекторите на Сојузната управа за инспекциски работи забраниле увоз на пратката со вкупна тежина од два тона, при што било наредено да се уништи. На почетокот на ноември, надлежните од оваа институција добија наредба за зголемен надзор на увезените агруми по препорака на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина.

Претходно овој месец, употребата на истиот пестицид беше откриена во друга пратка со овошје од Хрватска. Употребата на пестицидите хлорпирифос и хлорпирифос-метил во земјите-членки на ЕУ, како и во Босна и Херцеговина, е забранета од пролетта 2020 година.

 

The post Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска appeared first on Република.

]]>

Властите на Босна и Херцеговина го забранија увозот на два тони мандарини од Република Хрватска, бидејќи проверките на овошните примероци на границата покажаа присуство на пестициди, чија употреба е забранета во ЕУ од 2020 година. Санитарната инспекција на Федерацијата Босна и Херцеговина земала мостри од пратка мандарини на граничниот премин Бијача, чија лабораториска анализа открила нелегална количина на пестицидот хлорпирифос, соопшти инспекциската служба. Присуството на тој пестицид е спротивно на локалната регулатива за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храната и добиточната храна од растително и животинско потекло. Поради ова, инспекторите на Сојузната управа за инспекциски работи забраниле увоз на пратката со вкупна тежина од два тона, при што било наредено да се уништи. На почетокот на ноември, надлежните од оваа институција добија наредба за зголемен надзор на увезените агруми по препорака на Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина. Претходно овој месец, употребата на истиот пестицид беше откриена во друга пратка со овошје од Хрватска. Употребата на пестицидите хлорпирифос и хлорпирифос-метил во земјите-членки на ЕУ, како и во Босна и Херцеговина, е забранета од пролетта 2020 година.  

The post Босна и Херцеговина го забрани увозот на два тона мандарини од Хрватска appeared first on Република.

]]>
АХВ за Република: Немаме добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини https://republika.mk/vesti/makedonija/ahv-za-republika-nemame-dobieno-notifikatsija-deka-na-makedonskiot-pazar-se-plasirani-nebezbedni-mandarini/ Tue, 07 Nov 2023 11:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=699143

До овој момент, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини со зголемено присуство на пестициди, велат од АХВ за „Република“.

Оттаму информираат дека годинава, АХВ како контакт точка на RASSF системот досега доби вкупно 13 нотификации од кои, 3 за пестициди над максимално дозволените концентрации (1 за небезбедно брашно за пекарски производи со наод на chlorpyrifos, 1 нотификација за небезбедни пиперки со наод на резидуи од пестициди над максимално дозволените концентрации, 1 нотификација за небезбедна свежа зелка со наод на остатоци од пестициди над дозволеното (chlorpyrifos).

Од почетокот на годинава досега увезени се 7662 пратки со овошје и зеленчук, односно над 8 милиони килограми. Земени и лабораториски анализирани се 326 мостри. Позитивни мостри на пестициди во овошје и зеленчук се 7 од земените мостри (1 резултат од домати, 2 позитивни резултати од краставици, 2 позитивни резултати од портокали, 1 позитивен резултат од праска, 1 позитивен резултат од пиперки.) Една пратка со краставица е уништена, а другите со супер анализа покажаа задоволителен резултат. Минатата година (2022 година) од увезените 9 950 пратки со овошје и зеленчук, земени вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. Небезбедните пратки се нештетно уништени - информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
.

The post АХВ за Република: Немаме добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини appeared first on Република.

]]>

До овој момент, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини со зголемено присуство на пестициди, велат од АХВ за „Република“. Оттаму информираат дека годинава, АХВ како контакт точка на RASSF системот досега доби вкупно 13 нотификации од кои, 3 за пестициди над максимално дозволените концентрации (1 за небезбедно брашно за пекарски производи со наод на chlorpyrifos, 1 нотификација за небезбедни пиперки со наод на резидуи од пестициди над максимално дозволените концентрации, 1 нотификација за небезбедна свежа зелка со наод на остатоци од пестициди над дозволеното (chlorpyrifos).
Од почетокот на годинава досега увезени се 7662 пратки со овошје и зеленчук, односно над 8 милиони килограми. Земени и лабораториски анализирани се 326 мостри. Позитивни мостри на пестициди во овошје и зеленчук се 7 од земените мостри (1 резултат од домати, 2 позитивни резултати од краставици, 2 позитивни резултати од портокали, 1 позитивен резултат од праска, 1 позитивен резултат од пиперки.) Една пратка со краставица е уништена, а другите со супер анализа покажаа задоволителен резултат. Минатата година (2022 година) од увезените 9 950 пратки со овошје и зеленчук, земени вкупно 133 мостри од увозен зеленчук (краставици, пиперки, домати и други производи). Потврдени се лабораториски четири позитивни резултати на пестициди и тоа два резултати од домати увоз од Албанија, еден позитивен резултат од јаболка и еден резултат позитивен на пестициди во пратка со компир, увоз од Белгија. Небезбедните пратки се нештетно уништени - информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. .

The post АХВ за Република: Немаме добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни мандарини appeared first on Република.

]]>
Дали и ние се почестивме со отровни мандарини: Пестицидите во нив го уништуваат мозокот и хормоните на децата! https://republika.mk/zivot/zdravje/dali-i-nie-se-pochestivme-so-otrovni-mandarini-pestitsidite-vo-niv-go-unishtuvaat-mozokot-i-hormonite-na-detsata/ Tue, 07 Nov 2023 10:09:41 +0000 https://republika.mk/?p=699078

Зелените пазари се преполни со хрватски мандарини, кои се продаваат по околу 50 денари за килограм, што е цена пониска на пример од турските мандарини, кои чинат околу 70 денари килограм. Пониската цена на хрватските мандарини, се разбира го наметнува прашањето дали е тоа пратката хрватски мандарини преполна со забранет пестицид.

Имено деновиве хрватските медиуми на големо известуваа дека забранет пестицид, особено опасен по здравјето на децата, е откриен во овошје одгледувано во Хрватска. Европскиот систем за предупредување за храна соопшти дека „хлорпирифос е откриен во мандарини кои се продавале при контрола на продажните места во Хрватска.

Овој пестицид во август е пронајден и кај праските од Србија.

Хлорпирифос беше целосно забранет во Европската унија во април 2020 година. Познато е дека хлорпирифосот е исклучително опасен по здравјето, а особено е штетен за чувствителните категории – децата и трудниците. Бројни студии покажаа дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата и да го оштетува неродените деца.

Тестирањето на овошјето покажало дека во овошјето е пронајден забранетиот пестицид во количина од 0,033 mg/kg, додека максималната дозволена количина е 0,01 mg/kg, пишува порталот.

Овој пестицид, како што се вели, е поврзан со нарушувања во развојот на мозокот, вниманието и хормоналниот систем кај децата. Студиите и епидемиолошките наоди го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција, според одлуката на Европската комисија за забрана на неговата употреба.

Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали имаат регистрирано влез или вратена пратка мандарини од Хрватска и очекуваме одговор во текот на денот.

The post Дали и ние се почестивме со отровни мандарини: Пестицидите во нив го уништуваат мозокот и хормоните на децата! appeared first on Република.

]]>

Зелените пазари се преполни со хрватски мандарини, кои се продаваат по околу 50 денари за килограм, што е цена пониска на пример од турските мандарини, кои чинат околу 70 денари килограм. Пониската цена на хрватските мандарини, се разбира го наметнува прашањето дали е тоа пратката хрватски мандарини преполна со забранет пестицид. Имено деновиве хрватските медиуми на големо известуваа дека забранет пестицид, особено опасен по здравјето на децата, е откриен во овошје одгледувано во Хрватска. Европскиот систем за предупредување за храна соопшти дека „хлорпирифос е откриен во мандарини кои се продавале при контрола на продажните места во Хрватска. Овој пестицид во август е пронајден и кај праските од Србија. Хлорпирифос беше целосно забранет во Европската унија во април 2020 година. Познато е дека хлорпирифосот е исклучително опасен по здравјето, а особено е штетен за чувствителните категории – децата и трудниците. Бројни студии покажаа дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата и да го оштетува неродените деца. Тестирањето на овошјето покажало дека во овошјето е пронајден забранетиот пестицид во количина од 0,033 mg/kg, додека максималната дозволена количина е 0,01 mg/kg, пишува порталот. Овој пестицид, како што се вели, е поврзан со нарушувања во развојот на мозокот, вниманието и хормоналниот систем кај децата. Студиите и епидемиолошките наоди го поврзуваат со нарушувања во развојот на мозокот, хиперактивност, ретардација на растот, намален коефициент на интелигенција, според одлуката на Европската комисија за забрана на неговата употреба. Побаравме одговор од Агенцијата за храна и ветеринарство дали имаат регистрирано влез или вратена пратка мандарини од Хрватска и очекуваме одговор во текот на денот.

The post Дали и ние се почестивме со отровни мандарини: Пестицидите во нив го уништуваат мозокот и хормоните на децата! appeared first on Република.

]]>
Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка https://republika.mk/zivot/zdravje/ima-lek-i-bez-lekar-smirete-gi-glavata-i-kashlicata-so-kora-od-mandarini-i-votka/ Sun, 09 Jan 2022 21:16:10 +0000 https://republika.mk/?p=442289

Мандарините се вкусно овошје и оној вид  што може да се јаде насекаде, и тоа на улица, дома, а корите редовно се фрлаат иако тие може да се искористат и тоа многу корисно.

Постојат многу начини на кои можете да ја искористите, а тука ви претставуваме еден проверен начин.

Совет плус: мандарините одберете ги да бидат што посочни, посвежи и задолжително органски. Не го пробувајте овој рецепти со прскани мандарини, користете органски.

Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ги во стаклена тегла. Мелената кора прелијте ја со вотка или 40-процентен алкохол.

Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои седум ден на темно место. Потоа јадете по една лажица по јадењето, а потоа изедете една лажица мед. Овој природен рецепт е особено поволен при кашлица и честа главоболка.

Корите од мандарина може да се искористат и за вкусен десерт – зашеќерени корички.

Состојки:

500 – 600 грама мандарини

300 – 400 мл вода

1 лажичка сол

350 грама шеќер

350 мл вода

уште шеќер за корите

Постапка:

Излупете ги мандарините и сочувајте ги корите. Ставете ги во лонче, прелијте ги со 300 – 400 грама вода и додадете ја солта. Варете ги корите до вриење. Кога ќе зоврие сместата, фрлете ја водата, а корите оставете ги настрана. Оваа постапка ќе го острани горчливиот вкус од кората.

Провриените кори нарежете ги на тенки траки. Во друг сад измешајте 350 грама шеќер и 350 мл. вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додајте ја подготвената кора и се` заедно варете на оган околу половина час или додека кората не стане лесно проѕирна, а сирупот доволно густ.

Корките внимателно префрлете ги на цедалка за да се исушат, а потоа ставете ги во шеќер и расподелете ги на хартија за печење за да се исушат докрај. Ставете ги така во тегла и додавајте ги како украс на колачиња, на напитоци или грицкајте ги по желба.

The post Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка appeared first on Република.

]]>

Мандарините се вкусно овошје и оној вид  што може да се јаде насекаде, и тоа на улица, дома, а корите редовно се фрлаат иако тие може да се искористат и тоа многу корисно. Постојат многу начини на кои можете да ја искористите, а тука ви претставуваме еден проверен начин. Совет плус: мандарините одберете ги да бидат што посочни, посвежи и задолжително органски. Не го пробувајте овој рецепти со прскани мандарини, користете органски. Сомелете 50 грама кора од мандарини и ставете ги во стаклена тегла. Мелената кора прелијте ја со вотка или 40-процентен алкохол. Теглата добро затворете ја и оставете ја да отстои седум ден на темно место. Потоа јадете по една лажица по јадењето, а потоа изедете една лажица мед. Овој природен рецепт е особено поволен при кашлица и честа главоболка. Корите од мандарина може да се искористат и за вкусен десерт – зашеќерени корички. Состојки: 500 – 600 грама мандарини 300 – 400 мл вода 1 лажичка сол 350 грама шеќер 350 мл вода уште шеќер за корите Постапка: Излупете ги мандарините и сочувајте ги корите. Ставете ги во лонче, прелијте ги со 300 – 400 грама вода и додадете ја солта. Варете ги корите до вриење. Кога ќе зоврие сместата, фрлете ја водата, а корите оставете ги настрана. Оваа постапка ќе го острани горчливиот вкус од кората. Провриените кори нарежете ги на тенки траки. Во друг сад измешајте 350 грама шеќер и 350 мл. вода и оставете мешавината да зоврие, а шеќерот да се стопи. Додајте ја подготвената кора и се` заедно варете на оган околу половина час или додека кората не стане лесно проѕирна, а сирупот доволно густ. Корките внимателно префрлете ги на цедалка за да се исушат, а потоа ставете ги во шеќер и расподелете ги на хартија за печење за да се исушат докрај. Ставете ги така во тегла и додавајте ги како украс на колачиња, на напитоци или грицкајте ги по желба.

The post Има лек и без лекар – смирете ги главата и кашлицата со кора од мандарини и вотка appeared first on Република.

]]>