мамурлук Archives - Република https://republika.mk/tema/mamurluk/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Mar 2023 08:04:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мамурлук Archives - Република https://republika.mk/tema/mamurluk/ 32 32 Американски научници работат на инјекција која лечи мамурлак https://republika.mk/zivot/zdravje/amerikanski-nauchnitsi-rabotat-na-injektsija-koja-lechi-mamurlak/ Fri, 10 Mar 2023 08:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=617977

Американски научници работат на „инјекција за трезвеност“ којашто би можела да помогне при закрепнување од негативните последици од мамурлакот.

Истражувачите од Универзитетот на Југозападен Тексас на лабораториски глувци им дале „прекумерна“ доза етанол, еквивалентна на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето. Потоа, на „алкохолизираните“ заморчиња им бил вбризгуван хормонот ФГФ21 (фактор на раст на фибробластите 21), којшто се наоѓа во црниот дроб.

Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот. Научниците откриле дека на глувците со природно пониски нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават, отколку другите.

Се покажа дека високите дози на ФГФ21 „значително го забрзуваат“ отрезнувањето преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето - дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето.

Познато е дека ФГФ21 штити од лошите последици на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки. Глувците беа тестирани и во однос на рефлексот и рамнотежата по изложувањето на етанол. Раководителот на истражувањата, д-р Стивен Кливе од Универзитетот во Тексас рече дека се надева дека овие наоди ќе бидат корисни во лекувањето на пациентите со акутно труење со алкохол.

Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во вакви ситуации, пред сѐ затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запомни и дека пациентите во несвест можат да се задушат во сопствената повраќаница, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои честопати се случуваат истовремено, рече тој.

Д-р Кливе додаде дека црниот дроб не само што е вклучен само во разградувањето на алкохолот, туку и испраќа хормонален сигнал до мозокот да се заштити од штетните последици на труењето, како губење свест и координација. Резултатите од научните истражувања се објавени во стручното списание „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism).

The post Американски научници работат на инјекција која лечи мамурлак appeared first on Република.

]]>

Американски научници работат на „инјекција за трезвеност“ којашто би можела да помогне при закрепнување од негативните последици од мамурлакот. Истражувачите од Универзитетот на Југозападен Тексас на лабораториски глувци им дале „прекумерна“ доза етанол, еквивалентна на прекумерното консумирање алкохол кај луѓето. Потоа, на „алкохолизираните“ заморчиња им бил вбризгуван хормонот ФГФ21 (фактор на раст на фибробластите 21), којшто се наоѓа во црниот дроб. Хемикалијата испратила сигнал до мозокот да се заштити од штетното дејство на алкохолот. Научниците откриле дека на глувците со природно пониски нивоа на хормонот им треба подолго време да се опорават, отколку другите. Се покажа дека високите дози на ФГФ21 „значително го забрзуваат“ отрезнувањето преку стимулирање на мозочните клетки поврзани со возбудувањето - дури и кога нивото на етанол во нивните тела не е променето. Познато е дека ФГФ21 штити од лошите последици на алкохолот со тоа што побрзо го разградува и ги стимулира мозочните клетки. Глувците беа тестирани и во однос на рефлексот и рамнотежата по изложувањето на етанол. Раководителот на истражувањата, д-р Стивен Кливе од Универзитетот во Тексас рече дека се надева дека овие наоди ќе бидат корисни во лекувањето на пациентите со акутно труење со алкохол.
Зголемената будност на пациентот би ни користела многу во вакви ситуации, пред сѐ затоа што би ја избегнале потребата од интубација, а треба да се запомни и дека пациентите во несвест можат да се задушат во сопствената повраќаница, но и да го забрзаат процесот на проценка и третман на други повреди кои честопати се случуваат истовремено, рече тој.
Д-р Кливе додаде дека црниот дроб не само што е вклучен само во разградувањето на алкохолот, туку и испраќа хормонален сигнал до мозокот да се заштити од штетните последици на труењето, како губење свест и координација. Резултатите од научните истражувања се објавени во стручното списание „Сел метаболизам“ (Cell Metabolism).

The post Американски научници работат на инјекција која лечи мамурлак appeared first on Република.

]]>
Пет начини како да го победите мамурлукот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/pet-nachini-kako-da-go-pobedite-mamurlukot/ Sun, 01 Jan 2023 19:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=592630

Ѓумбир
Одамна се користи во киенската медицина како лек против мачнини и во 2016 година неговата медицинска вредност ја потврди и научно истражување. Шоља чај од ѓумбир со појадок е евтин начин да се постигна двојна „победа“: Да се надомести изгубената течност и да се смири желудникот. Во врела вода ставете два лажички ѓумбиров прав, половина сок од лимон и два лажички мед. Тоа е тоа.

Лесен појадок
Иако можеби нема да саката појадок, откако алкохолот го пореметил нивото на шеќер во крвта, добро е „лесен“ појадок како овошје и житарки. Бананите и авокадото се одлични за обнова на телото по губењето електролити заради алкохолот.

Екстракт од артичока
Ублажува чувство на надуеност и други пречки во системот за варење.

Вода
Дури и умерено конзумирање алкохол води кон дехидрација, предизвикува главоболка, немоќ. По будењето треба веднаш да испиете чаша вода, а би требало да испиете и чаша вода спиење.

Сон
За сонот нема замена, па пробајте да дремнете, ама немојте да заборавите да вклучите аларм за будење.

 

The post Пет начини како да го победите мамурлукот appeared first on Република.

]]>

Ѓумбир Одамна се користи во киенската медицина како лек против мачнини и во 2016 година неговата медицинска вредност ја потврди и научно истражување. Шоља чај од ѓумбир со појадок е евтин начин да се постигна двојна „победа“: Да се надомести изгубената течност и да се смири желудникот. Во врела вода ставете два лажички ѓумбиров прав, половина сок од лимон и два лажички мед. Тоа е тоа. Лесен појадок Иако можеби нема да саката појадок, откако алкохолот го пореметил нивото на шеќер во крвта, добро е „лесен“ појадок како овошје и житарки. Бананите и авокадото се одлични за обнова на телото по губењето електролити заради алкохолот. Екстракт од артичока Ублажува чувство на надуеност и други пречки во системот за варење. Вода Дури и умерено конзумирање алкохол води кон дехидрација, предизвикува главоболка, немоќ. По будењето треба веднаш да испиете чаша вода, а би требало да испиете и чаша вода спиење. Сон За сонот нема замена, па пробајте да дремнете, ама немојте да заборавите да вклучите аларм за будење.  

The post Пет начини како да го победите мамурлукот appeared first on Република.

]]>