малтретирал Archives - Република https://republika.mk/tema/maltretiral/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Mar 2023 10:43:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png малтретирал Archives - Република https://republika.mk/tema/maltretiral/ 32 32 Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/antivakser-maltretiral-zhena-vo-avion-i-ponudiv-100-000-dolari-da-ja-izvadi-maskata/ Thu, 16 Mar 2023 10:43:23 +0000 https://republika.mk/?p=620252

Стив Кирш, американски милионер кој е заслужен за создавањето на оптичките глувчиња, се фали дека и понудил на жена во авион 100.000 долари да ја извади маската.

„Во моментов сум во авион. И понудив на жената која седи покрај мене да ја извади маската. Почнав со 100 долари, завршив со 100.000 долари. Ме одби. Тоа го направив откако и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, напишал на Твитер Стив Кирш, кој е еден од двајцата луѓе заслужни за создавањето на оптичкото глувче.

Кирш е сопственик на неколку компании, а како што пишува „New York Post“, неколку пати ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата.

На Твитер се опишал како „оној што ја кажува вистината“.

Подоцна опишал дека и објаснувал на жената дека маските не делуваат.

И кажав дека ќе ја извади маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Кога дојде појадокот, ја извади маската. Бидејќи сите знаат дека не можете да се заразите кога јадете, саркастично додал тој.

Неговиот твит се проширил на социјалните мрежи. Многумина го критикувале бидејќи ја малтретирал патничката.

Се обложувам дека жената посакала да има друго место во авионот, гласи еден од коментарите.

„Да малтретираш жена која со ништо не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Прекрасно“, гласи друг коментар.

Некои го нарекле арогантна будала и чудак, а други рекле дека ќе би ги земале парите.

Како не седев јас покрај него. Сега ќе бев побогат за 100.000 долари и ќе им купев на ќерките дом од соништата.

„Би ја извадил маската и би земал 100.000 дури и кога тоа би значело дека ќе се заразам“, напишал друг.

Минатата година сите американски компании го исфрлија правилото дека на летовите мора да се носи маска, иако некои патници и натаму ги носат.

The post Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската appeared first on Република.

]]>

Стив Кирш, американски милионер кој е заслужен за создавањето на оптичките глувчиња, се фали дека и понудил на жена во авион 100.000 долари да ја извади маската. „Во моментов сум во авион. И понудив на жената која седи покрај мене да ја извади маската. Почнав со 100 долари, завршив со 100.000 долари. Ме одби. Тоа го направив откако и објаснив дека маските не делуваат. Таа работи за фармацевтска компанија“, напишал на Твитер Стив Кирш, кој е еден од двајцата луѓе заслужни за создавањето на оптичкото глувче. Кирш е сопственик на неколку компании, а како што пишува „New York Post“, неколку пати ширел дезинформации за коронавирусот и пандемијата. На Твитер се опишал како „оној што ја кажува вистината“. Подоцна опишал дека и објаснувал на жената дека маските не делуваат.
И кажав дека ќе ја извади маската кога ќе дојде појадокот. Тоа значи дека може да се зарази со еден здив. Кога дојде појадокот, ја извади маската. Бидејќи сите знаат дека не можете да се заразите кога јадете, саркастично додал тој.
Неговиот твит се проширил на социјалните мрежи. Многумина го критикувале бидејќи ја малтретирал патничката.
Се обложувам дека жената посакала да има друго место во авионот, гласи еден од коментарите.
„Да малтретираш жена која со ништо не те предизвикала во затворен простор од кој не може да излезе. Прекрасно“, гласи друг коментар. Некои го нарекле арогантна будала и чудак, а други рекле дека ќе би ги земале парите.
Како не седев јас покрај него. Сега ќе бев побогат за 100.000 долари и ќе им купев на ќерките дом од соништата.
„Би ја извадил маската и би земал 100.000 дури и кога тоа би значело дека ќе се заразам“, напишал друг. Минатата година сите американски компании го исфрлија правилото дека на летовите мора да се носи маска, иако некои патници и натаму ги носат.

The post Антиваксер малтретирал жена во авион: И понудив 100.000 долари да ја извади маската appeared first on Република.

]]>