Малави Archives - Република https://republika.mk/tema/malavi/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 18:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Малави Archives - Република https://republika.mk/tema/malavi/ 32 32 Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници https://republika.mk/vesti/svet/ischezna-voen-helikopter-so-potpretsedatelot-na-malavi-i-ushte-devet-patnitsi/ Mon, 10 Jun 2024 18:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=786342

Јавноста во Малави стравува дека потпретседателот на земјата Саулос Чилима можеби загинал кога неговиот хеликоптер принудно слетал во шумата Чикангава и не слетал на аеродромот Мзузу поради неповолни временски услови.

Порталот „Малави24“ јави дека потпретседателот Чилима бил во хеликоптерот на вооружените сили на Малави со кој патувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Зимабабве мејл.

Откако не можел да слета на аеродромот Мзузу, хеликоптерот се обидел да се врати, но се стравува дека се урнал во областа на шумата Чикангава.

The post Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници appeared first on Република.

]]>

Јавноста во Малави стравува дека потпретседателот на земјата Саулос Чилима можеби загинал кога неговиот хеликоптер принудно слетал во шумата Чикангава и не слетал на аеродромот Мзузу поради неповолни временски услови. Порталот „Малави24“ јави дека потпретседателот Чилима бил во хеликоптерот на вооружените сили на Малави со кој патувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Зимабабве мејл. Откако не можел да слета на аеродромот Мзузу, хеликоптерот се обидел да се врати, но се стравува дека се урнал во областа на шумата Чикангава.

The post Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници appeared first on Република.

]]>
Најмалку 216 луѓе загинаа во разорниот циклон „Фреди“ во Малави и Мозамбик https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-216-luge-zaginaa-vo-razorniot-tsiklon-fredi-vo-malavi-i-mozambik/ Wed, 15 Mar 2023 08:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=619772

Најмалку 216 луѓе загинаа во новиот наплив на разорниот циклон „Фреди“ во африканските земји Малави и Мозамбик, а очекувањата се дека бројот на жртви ќе продолжи да расте.

Властите во Малави денеска соопштија дека 199 луѓе ги загубиле животите откако циклонот во саботата вечерта по вторпат го погоди африканското копно, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето.

Претседателот Лазарус Чаквера прогласи вонредна состојба во јужниот регион на земјата и сега уништениот град Блантајр. Околу 19.000 жители се раселени од југот на земјата.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, денеска изјави дека со пружањето помош на жителите е оневозможено од недостигот на струјата и мрежа во погодените подрачја.

Засега не е можно спасувачките екипи да стигнат до најтешко погодените региони, така што се уште не е познат степенот на штетата.

Властите на Мозамбик синоќа соопштија дека 17 лица загинаа ширум земјата, а 1.900 куќи се уништени во крајбрежната провинција Замбези. Десетици илјади луѓе се уште се кријат во засолништа.

„Фреди“ денеска се очекува да предизвика екстремни врнежи од дожд во централниот дел на Мозамбик и јужниот дел на Малави, предвидува Метеоролошкиот центар на ОН.

Циклонот за првпат беше забележан на почетокот на февруари во близина на Австралија, од каде го премина целиот јужен дел на Индискиот Океан и сега е на добар пат да стане најдолготрајниот тропски циклон.

 

The post Најмалку 216 луѓе загинаа во разорниот циклон „Фреди“ во Малави и Мозамбик appeared first on Република.

]]>

Најмалку 216 луѓе загинаа во новиот наплив на разорниот циклон „Фреди“ во африканските земји Малави и Мозамбик, а очекувањата се дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Властите во Малави денеска соопштија дека 199 луѓе ги загубиле животите откако циклонот во саботата вечерта по вторпат го погоди африканското копно, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето. Претседателот Лазарус Чаквера прогласи вонредна состојба во јужниот регион на земјата и сега уништениот град Блантајр. Околу 19.000 жители се раселени од југот на земјата. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик, денеска изјави дека со пружањето помош на жителите е оневозможено од недостигот на струјата и мрежа во погодените подрачја. Засега не е можно спасувачките екипи да стигнат до најтешко погодените региони, така што се уште не е познат степенот на штетата. Властите на Мозамбик синоќа соопштија дека 17 лица загинаа ширум земјата, а 1.900 куќи се уништени во крајбрежната провинција Замбези. Десетици илјади луѓе се уште се кријат во засолништа. „Фреди“ денеска се очекува да предизвика екстремни врнежи од дожд во централниот дел на Мозамбик и јужниот дел на Малави, предвидува Метеоролошкиот центар на ОН. Циклонот за првпат беше забележан на почетокот на февруари во близина на Австралија, од каде го премина целиот јужен дел на Индискиот Океан и сега е на добар пат да стане најдолготрајниот тропски циклон.  

The post Најмалку 216 луѓе загинаа во разорниот циклон „Фреди“ во Малави и Мозамбик appeared first on Република.

]]>
СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-predupreduva-na-epidemija-na-kolera-vo-malavi-1200-smrtni-sluchai/ Thu, 09 Feb 2023 18:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=607029

Малави е среде најлошата епидемија на колера во својата историја, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), информирајќи дека се потврдени повеќе од 1.200 смртни случаи.

Од избувнувањето на болеста во јужноафриканската земја пред речиси една година, имало 1.210 смртни случаи од колера и речиси 37.000 заразени, соопшти СЗО. Сите 29 административни области на Малави се погодени.

Колерата е ендемична во земјата со 20 милиони жители од 1998 година, но претходно секогаш беше ограничена на сезонски епидемии за време на сезоната на дождови од ноември до мај.

Сепак, сегашната епидемија, која започна на 3 март 2022 година, се прошири и на сушната сезона, вели СЗО.

Владата на Малави прогласи здравствена криза на почетокот на декември, поради тековната сезона на дождови, големото географско ширење на болеста и постојано високата стапка на смртност од повеќе од 3 проценти.

СЗО соопшти дека бројот на заразени нагло се зголемил во јануари, а здравствениот систем во земјата е веќе преоптоварен.

Според СЗО, епидемијата во Малави се јавува во позадина на светскиот пораст на епидемијата на колера, што ја ограничи достапноста на вакцини, тестови и третмани.

Колерата е акутна бактериска цревна инфекција која се пренесува преку нечиста вода за пиење или храна.

Болеста лесно се лекува со лекови, но ако не се лекува, може да предизвика откажување на бубрезите и смрт поради значително губење на течности.

The post СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи appeared first on Република.

]]>

Малави е среде најлошата епидемија на колера во својата историја, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), информирајќи дека се потврдени повеќе од 1.200 смртни случаи. Од избувнувањето на болеста во јужноафриканската земја пред речиси една година, имало 1.210 смртни случаи од колера и речиси 37.000 заразени, соопшти СЗО. Сите 29 административни области на Малави се погодени. Колерата е ендемична во земјата со 20 милиони жители од 1998 година, но претходно секогаш беше ограничена на сезонски епидемии за време на сезоната на дождови од ноември до мај. Сепак, сегашната епидемија, која започна на 3 март 2022 година, се прошири и на сушната сезона, вели СЗО. Владата на Малави прогласи здравствена криза на почетокот на декември, поради тековната сезона на дождови, големото географско ширење на болеста и постојано високата стапка на смртност од повеќе од 3 проценти. СЗО соопшти дека бројот на заразени нагло се зголемил во јануари, а здравствениот систем во земјата е веќе преоптоварен. Според СЗО, епидемијата во Малави се јавува во позадина на светскиот пораст на епидемијата на колера, што ја ограничи достапноста на вакцини, тестови и третмани. Колерата е акутна бактериска цревна инфекција која се пренесува преку нечиста вода за пиење или храна. Болеста лесно се лекува со лекови, но ако не се лекува, може да предизвика откажување на бубрезите и смрт поради значително губење на течности.

The post СЗО предупредува на епидемија на колера во Малави, 1200 смртни случаи appeared first on Република.

]]>
Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица https://republika.mk/vesti/svet/najgolema-epidemija-na-kolera-vo-poslednite-dve-detsenii-vo-malavi-pochinati-750-litsa/ Fri, 13 Jan 2023 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=596418

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“.

Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна.

„Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области“, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки.

Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа“.

Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.

The post Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица appeared first on Република.

]]>

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните“. Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна. „Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области“, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки. Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа“. Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.

The post Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица appeared first on Република.

]]>