Максим Димитриески Archives - Република https://republika.mk/tema/maksim-dimitrieski/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Apr 2024 14:48:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Максим Димитриески Archives - Република https://republika.mk/tema/maksim-dimitrieski/ 32 32 Кампањата на Максим Димитриевски ќе стартува во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/kampanata-na-maksim-dimitrievski-ke-startuva-vo-krushevo/ Wed, 03 Apr 2024 14:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=761758

Претседателскиот кандидат на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, утре официјално ќе ја почне кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“, а насловот на програмата е „Манифест за Македонија“.

Кампањата ќе се одвива со караван со брендиран автобус кој започнува од Крушево, ќе се фокусира на голем број непосредни средби со граѓаните, а ќе организираат и најмалку два митинга. Ќе се обидат да посетат што поголем број места во земјава, а имаат, како што наведе Димитриевски и скромен рекламен материјал, бидејќи немаат можности да финансираат скапа кампања. Тој нагласи дека ќе прифати гостувања на сите тв – емисии и предизборни соочувања со најфаворизираните кандидати во моментов, а тоа се вели, кандидатите на СДСМ Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

„Ќе тргнеме од Крушево, симболично, каде што се поставени темелите на нашата државност утре во 12 часот ќе ја презентираме програмата, а ќе завршиме последниот ден пред изборниот молк на 22 април во Струмица. Во континуитет ќе се обидеме да допреме до што поголем број на граѓани на непосреден начин да им објасниме за нашата програма која ќе содржи пет конкретни начела со конкретни решенија за нашите можности како држава што понатаму и како состојбата во државата да се стабилизира“, рече Димитриевски.

Тој посака успешна кампања и изрази уверување дека сите кандидати ќе се придржуваат до Кодексот за фер и демократски избори кој што го потпишаа во ДИК, иако вели не очекува да биде така, ако се имаат предвид проблемите околу собирањето на потписи за кандидатурата, рече Димитриевски.

ЗНАМ ќе одржи два големи митинга од кои едниот ќе биде во Куманово, а за другиот дополнително ќе известат.

Во однос на сондажите на јавното мислење, портпаролот на партијата Никола Мемов на брифингот со медиумите информира дека според анкетата што ЗНАМ ја нарачале од „Маркет вижн“, која е спроведена од 11 до 17 март, со телефонско анкетирање со помош на компјутер на репрезентативен примерок од 1.500 испитаници, на прашањето за претседателските кандидати нивниот претседател Димитриевски е на второто место.

„На прашањето за кои од кандидатите за претседател би можеле да дадете оценка дека е цврст и силен лидер, Максим Димитриевски е на високото второ место со 24,3 проценти, нешто повеќе од 9 осто има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ која е прва, а трет е Пендаровски (19.1 отсто)“, рече Мемов.

Од партијата најавија дека нивен фокус ќе бидат неопределените гласачи и дека според трендот на анкетите кои се објавуваат во јавноста, голема е веројатност дека би можеле да влезат во вториот круг од претседателските избори.

The post Кампањата на Максим Димитриевски ќе стартува во Крушево appeared first on Република.

]]>

Претседателскиот кандидат на партијата ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, утре официјално ќе ја почне кампањата од Крушево под слоганот „Максимум за Македонија“, а насловот на програмата е „Манифест за Македонија“. Кампањата ќе се одвива со караван со брендиран автобус кој започнува од Крушево, ќе се фокусира на голем број непосредни средби со граѓаните, а ќе организираат и најмалку два митинга. Ќе се обидат да посетат што поголем број места во земјава, а имаат, како што наведе Димитриевски и скромен рекламен материјал, бидејќи немаат можности да финансираат скапа кампања. Тој нагласи дека ќе прифати гостувања на сите тв – емисии и предизборни соочувања со најфаворизираните кандидати во моментов, а тоа се вели, кандидатите на СДСМ Стево Пендаровски и на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.
„Ќе тргнеме од Крушево, симболично, каде што се поставени темелите на нашата државност утре во 12 часот ќе ја презентираме програмата, а ќе завршиме последниот ден пред изборниот молк на 22 април во Струмица. Во континуитет ќе се обидеме да допреме до што поголем број на граѓани на непосреден начин да им објасниме за нашата програма која ќе содржи пет конкретни начела со конкретни решенија за нашите можности како држава што понатаму и како состојбата во државата да се стабилизира“, рече Димитриевски.
Тој посака успешна кампања и изрази уверување дека сите кандидати ќе се придржуваат до Кодексот за фер и демократски избори кој што го потпишаа во ДИК, иако вели не очекува да биде така, ако се имаат предвид проблемите околу собирањето на потписи за кандидатурата, рече Димитриевски. ЗНАМ ќе одржи два големи митинга од кои едниот ќе биде во Куманово, а за другиот дополнително ќе известат. Во однос на сондажите на јавното мислење, портпаролот на партијата Никола Мемов на брифингот со медиумите информира дека според анкетата што ЗНАМ ја нарачале од „Маркет вижн“, која е спроведена од 11 до 17 март, со телефонско анкетирање со помош на компјутер на репрезентативен примерок од 1.500 испитаници, на прашањето за претседателските кандидати нивниот претседател Димитриевски е на второто место.
„На прашањето за кои од кандидатите за претседател би можеле да дадете оценка дека е цврст и силен лидер, Максим Димитриевски е на високото второ место со 24,3 проценти, нешто повеќе од 9 осто има кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ која е прва, а трет е Пендаровски (19.1 отсто)“, рече Мемов.
Од партијата најавија дека нивен фокус ќе бидат неопределените гласачи и дека според трендот на анкетите кои се објавуваат во јавноста, голема е веројатност дека би можеле да влезат во вториот круг од претседателските избори.

The post Кампањата на Максим Димитриевски ќе стартува во Крушево appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, oсвен да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-rabotite-odamna-izbegaa-od-kontrola-ne-ni-ochekuvam-bilo-shto-da-koregiraat-osven-da-ne-zamajuvaat-deka-zhiveeme-vo-najbezbedna-drzhava/ Wed, 10 May 2023 09:10:33 +0000 https://republika.mk/?p=639167

Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања, особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица, во овој случај полициски службеници, вели во свој статус на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 Класичен пример како не треба, за жал со ова се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот, прв и во континуитет го крши.
– Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.

Возилово на МВР е паркирано преку тревникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен тек на бул. Трета МУБ, а на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните”, а подоцна ќе барате од Општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија…
Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник, а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте.
Благодарам на граѓанинот, кој совесно го пријави ова до мене, а јас во интерес на јавноста го споделувам со Вас, стои во постот.

The post Димитриевски: Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, oсвен да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава appeared first on Република.

]]>

Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања, особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица, во овој случај полициски службеници, вели во свој статус на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
 Класичен пример како не треба, за жал со ова се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот, прв и во континуитет го крши. – Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.
Возилово на МВР е паркирано преку тревникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен тек на бул. Трета МУБ, а на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните”, а подоцна ќе барате од Општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија… Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник, а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте. Благодарам на граѓанинот, кој совесно го пријави ова до мене, а јас во интерес на јавноста го споделувам со Вас, стои во постот.

The post Димитриевски: Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, oсвен да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава appeared first on Република.

]]>
Движењето на Максим Димитриевски промовирано во Гостивар https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizheneto-na-maksim-dimitrievski-promovirano-vo-gostivar/ Tue, 25 Apr 2023 19:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=634094

Поддржувачите и симпатизери на „Движење за прогресивни промени“ вечерва присуствуваа на официјалната промоција на огранокот во Гостивар. Промоцијата на новото здружение на граѓани во Гостивар се одржа во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“.

На вечерашниот настан покрај гости од веќе формираните граѓански здруженија низ државата, обраќање имаше и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески. Тој напомена дека ова движење може да прерасне во нов политички субјект и самостојно да настапи на следните парламентарни избори со концепт според кој беше создадено и движењето „За наше Куманово“, формирано за локалните избори. Димитриевски напомена дека тој концепт треба да понуди прифатливи политики за воведување на економски развој и владеење на правото во земјава.

Првиот човек на гостиварското здружение Љубомир Величковски во обраќањето се осврна на состојбите во земјава кои, како што напомена, се провлекуваат триесет години наназад и довеле до голем бран на иселување.

- Вечерва тука сме собрани, во ова политичко сивило, затоа што сме ја забележале храброста и идејноста на еден човек кој се двои од клишеата на останатите политичари со нејасни планови за иднината на нашата држава. Сакаме да живееме во Македонија без корупција и криминал, со еднаков пристап до правда за сите и граѓанска еднаквост која се темели на АСНОМска Македонија, рече Величкоски.

Тој напомена дека е формиран иницијативен одбор, составен од седум члена кој ќе соработува со здружението низ повеќе градови во државата.

Во план е формирање на дваесетина здруженија/ограноци, а веќе функционираат во Куманово, Прилеп, Крушево, Кочани и Тетово, а во септември и здружение во Скопје

The post Движењето на Максим Димитриевски промовирано во Гостивар appeared first on Република.

Димитриевски: За една година 5 нови спортски игралишта со тартан подлога и 130 проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-za-edna-godina-5-novi-sportski-igralishta-so-tartan-podloga-i-130-proekti/ Mon, 21 Nov 2022 17:40:17 +0000 https://republika.mk/?p=576638

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека за една година направени се пет нови спортски игралишта со тартан подлога.

„Направивме 5 спортски игралишта со тартан подлога за една година во училишниот двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, во Агино село, с. Романовце, с. Пчиња и во с. Клечовце“, потенцира Димитриевски.

Во претходниот мандат, реализирани се над 400 проекти и вратени се сите долгови на општината.

„Во првата година од овој мандат заедно со мојот тим продолжуваме да работиме посветено, отчетно и транспарентно, исклучиво за граѓаните, да испорачуваме дела, со реализирани над 130 проекти и активности за Куманово како 2 нови кружни текови, 50.000м2 асфалтирани улици, патишта и јавен простор, 20.000м2 поставен бекатон, 8.000м атмосферска и фекална канализација, 80.000м2 тампонирани патишта, реконструкција на 3 средни училишта и во 5 основни училишта. Го реконструиравме Градски парк, имаме 12 нови возила и механизација за јавните претпријатија во вредност од 1.000.000 евра, а во тек е реконструкција на Спортската сала. Активно се чисти речното корито и поставивме 6 станици за мерење на аерозагадување. Засадени над 1300 садници и украсни грмушки, поставени 40 полуподземни контејнери и поставени се 1000 нови контејнери во централно подрачје, приградските населби, селата, а исто така расчистени се 20 диви депонии“, вели Димитриевски.

The post Димитриевски: За една година 5 нови спортски игралишта со тартан подлога и 130 проекти appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека за една година направени се пет нови спортски игралишта со тартан подлога. „Направивме 5 спортски игралишта со тартан подлога за една година во училишниот двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“, во Агино село, с. Романовце, с. Пчиња и во с. Клечовце“, потенцира Димитриевски. Во претходниот мандат, реализирани се над 400 проекти и вратени се сите долгови на општината. „Во првата година од овој мандат заедно со мојот тим продолжуваме да работиме посветено, отчетно и транспарентно, исклучиво за граѓаните, да испорачуваме дела, со реализирани над 130 проекти и активности за Куманово како 2 нови кружни текови, 50.000м2 асфалтирани улици, патишта и јавен простор, 20.000м2 поставен бекатон, 8.000м атмосферска и фекална канализација, 80.000м2 тампонирани патишта, реконструкција на 3 средни училишта и во 5 основни училишта. Го реконструиравме Градски парк, имаме 12 нови возила и механизација за јавните претпријатија во вредност од 1.000.000 евра, а во тек е реконструкција на Спортската сала. Активно се чисти речното корито и поставивме 6 станици за мерење на аерозагадување. Засадени над 1300 садници и украсни грмушки, поставени 40 полуподземни контејнери и поставени се 1000 нови контејнери во централно подрачје, приградските населби, селата, а исто така расчистени се 20 диви депонии“, вели Димитриевски.

The post Димитриевски: За една година 5 нови спортски игралишта со тартан подлога и 130 проекти appeared first on Република.

]]>
Димитриевски за навредите од Пендаровски: Македонија преживеала и полошо и полицемерно, но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-za-navredite-od-pendarovski-makedonija-prezivejala-i-polosho-i-policemerno-no-nikogash-ne-doziveala-vakva-rashomonijada-i-improvizacii/ Thu, 27 Oct 2022 17:01:03 +0000 https://republika.mk/?p=566517

Градоначалникот на Куманово излезе со рекација на навредите изречени од шефот на државата Стево Пендаровски кој вчера рече дека би се срамел Димитриевски да му дава поддршка и оти никогаш не биле сопартијци.

Промискуитетни изјави кои имаат за цел да дискредитираат и да ги делат граѓаните по политичка припадност не коментирам.Јас имам за цел да ги обединам граѓаните кои се длабоко поделени по сите основи особено македонците кои се згазени и се чувствуваат предадени од страна на сопствените политички репрезенти, луѓето не ги делам по политичка, верска или било каква друга основа а најмалку пак ги доживувам како глас, за мене секоја индивидуа е личност со интегритет и единствената разлика може да се направи во однос на добри и лоши, работливи и неработливи, луѓе со став и луѓе кои менуваат ставот по потреба или пак по налог како што за жал до сега многупати се потврди во случајот на нашиот Претседател на државата.
Како и да е Македонија преживејала и полошо и полицемерно но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации кои се секојдневни, сите заедно ќе го надминеме и овој феномен и повторно ќе продолжиме напред-напиша Димитриевски.

The post Димитриевски за навредите од Пендаровски: Македонија преживеала и полошо и полицемерно, но никогаш не доживеала ваква рашомонијада и импровизации appeared first on Република.

Максим Димитриевски: Францускиот предлог ни ги згази достоинството и дигнитетот https://republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-francuskiot-predlog-ni-gi-zgazi-dostoinstvoto-i-dignitetot/ Fri, 05 Aug 2022 12:20:54 +0000 https://republika.mk/?p=537130

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во емисијата „Клик21“ на телевизија 21 истакна дека на овогодинешниот празник Илинден 2 Август Македонците не биле среќни, затоа што францускиот предлог им ги згази достоинството и дигнитетот.

Политиката го растура општеството од внатре. Го споменавте 2 август, ние Македонците овој 2 август не бевме среќни, со сето тоа што се случуваше во континуитет. Сите оние отстапки што се направија, непристојниот француски предлог за којшто видовме дека и нашиот претседател на државата и премиерот директно учествувале во негово изготвување, не згази како народ, ни го згази достоинството и дигнитетот. Јас ги молам и барам од сограѓаните Албанци да не разберат во каква состојба сме. Доколку некој дојдеше и побараше од албанските граѓани во државата да им прави ревизија на историјата, да им каже дека тие не зборуваат албански, да им каже дека во Македонија немало на времето албанско малцинство како тие тоа што го кажуваат за Бугарија, дека не постои македонско малцинство, дали ќе беа горди? Не, секако - изјави Димитриевски.

Во емисијата, Димитриевски потенцираше дека кај граѓаните, особено кај Македонците, постои голема разочараност од она што значи национален аспект и дигнитет на секоја единка којашто припаѓа во тој сегмент.

И затоа, ние бараме поддршка од нашите сограѓани Албанци да не разберат, а знаат Албанците да го разберат тоа и во минатото се соочувале со вакви проблеми. А од друга страна се создаде една слика дека целата политичка елита којашто доаѓа од Албанската провиненција апсолутно даде поддршка на еден ваков предлог кој не е прифатлив за мнозинството граѓани од  македонскиот електорат. Ова е заедничка држава, живееме во наша држава која треба заедно да ја градиме - посочи Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Францускиот предлог ни ги згази достоинството и дигнитетот appeared first on Република.

Димитриевски: Поделбите во општеството ги прави политиката, невистина е дека соработувам со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ денеска е под контрола на неколку луѓе https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-podelbite-vo-opshtestvoto-gi-pravi-politikata-nevistina-e-deka-sorabotuvam-so-vmro-dpmne-sdsm-deneska-e-pod-kontrola-na-nekolku-lugje/ Fri, 05 Aug 2022 10:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=537043

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата Клик21 на ТВ 21 истакна дека поделбите во општеството ги прави политиката и дека политичарите се избрани претставници од граѓани и истите треба да ја следат желбата на граѓаните, а не да се одалечуваат од нив.

Поделбите во општеството ги прави политиката. Имате случај во Македонија, владеат три политички партии во континуитет. СДСМ, на којашто до вчера и припаѓав и јас и се уште се чувствувам социјалдемократ, но за жал не сум во таа партија бидејќи ме исклучија поради моите ставови. Не заврши постапката, но тие си донесоа одлука, тоа не е партија, тоа е приватна фирма, функционира како акционерско друштво, ги држат позициите, функциите во системот - рече Димитриевски.

Димитриевски посочи дека интригите ги уништуваат политичките партии. Тој напомена дека СДСМ како партија во која израснал од 17 години, па се до пред неколку месеци била државотворна партија, но сега е целосно под
контрола на мала група на луѓе кои ги држат своите позиции.

СДСМ беше партија со над 200 илјади членови, денеска се сведе да не може да организира 20 автобуси, Зошто е така тоа? - праша Димитриевски.

Во емисијата, тој изјави дека не е точно дека ќе го рушел СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ, тој напомена дека ќе ја сруши власта, а СДСМ еден ден ќе се дигне и ќе биде државотворна партија.

Онаа соработка што се импутира од страна на некои провладини медиуми дека всушност Максим Димитриевски соработува со ВМРО-ДПМНЕ е апсолутна невистина. ВМРО и јас официјална коалиција немаме потпишано. Ние имаме официјална коалиција во албанскиот електорат. Таа импутација не поминува - истакна Димитриевски.

The post Димитриевски: Поделбите во општеството ги прави политиката, невистина е дека соработувам со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ денеска е под контрола на неколку луѓе appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата Клик21 на ТВ 21 истакна дека поделбите во општеството ги прави политиката и дека политичарите се избрани претставници од граѓани и истите треба да ја следат желбата на граѓаните, а не да се одалечуваат од нив.
Поделбите во општеството ги прави политиката. Имате случај во Македонија, владеат три политички партии во континуитет. СДСМ, на којашто до вчера и припаѓав и јас и се уште се чувствувам социјалдемократ, но за жал не сум во таа партија бидејќи ме исклучија поради моите ставови. Не заврши постапката, но тие си донесоа одлука, тоа не е партија, тоа е приватна фирма, функционира како акционерско друштво, ги држат позициите, функциите во системот - рече Димитриевски.
Димитриевски посочи дека интригите ги уништуваат политичките партии. Тој напомена дека СДСМ како партија во која израснал од 17 години, па се до пред неколку месеци била државотворна партија, но сега е целосно под контрола на мала група на луѓе кои ги држат своите позиции.