македонци од Албанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedontsi-od-albanija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 18:38:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонци од Албанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedontsi-od-albanija/ 32 32 Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-albanija-prechekani-vo-vila-biljana/ Sat, 20 Jul 2024 18:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=798813

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата.

Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.

Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија, се вели во соопштението и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.

Министерот Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

The post Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнале со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата. Од МНР соопштија дека на средбата станало збор за статусот на Македонците во албанското општество, можностите за подобрување на нивната положба, како и начините на кои земјава може да придонесе за справување со предизвиците со кои се соочуваат.
Беше отворено и прашањето за неодамнешниот попис во Албанија чии податоци не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. Притоа, беше истакнато дека земјава ќе ги преземе сите неопходни чекори за надминување на оваа состојба, како и соодветна заштита на правата на Македонците во Албанија, се вели во соопштението и се додава дека било разговарано за потребата од зајакнување на соработката и релациите со Македонците од Албанија, конкретно во економската, образовната и културната област.
Министерот Муцунски на средбата нагласил дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работат за унапредување и заштита на интересите на македонското национално малцинство што претставува мост на поврзување меѓу двете земји.

The post Македонците од Албанија пречекани во Вила Билјана appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот амбасадор во Албанија делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари, тврдат од „Мост“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarskiot-ambasador-vo-albanija-delel-telefoni-za-da-gi-ubedi-makedontsite-da-se-popishat-kako-bugari-tvrdat-od-most/ Wed, 20 Sep 2023 15:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=683527

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, вели за МИА, претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, изразувајќи „најостра осуда за притисокот што бугарската амбасада го врши врз Македонците“.

Тој додава дека во текот на изминатите неколку дена биле сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нивниот регион за време на тековниот попис на населението.

Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди - таблети и телефони, вели Хасани.

Тој додава дека со гордост кажува оти наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволиле на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што вели, и администраторот на административната единица Требиште одбил да се сретнат со бугарскиот амбасадор.

Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет, порачува тој во име на друштвото „Мост“.

Хасани апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и Бугарската амбасада нема да знае кој како се изјаснил“.

Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште. Тој за МИА вели дека е неприфатливо и бесрамно мешањето во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.

Ги повикуваме албанските власти нам Македонците во областа Голо Брдо и цела Албанија да ни го гарантира правото на слободно изјаснување на пописот без притисок и влијание од страна на Бугарија. Бараме од албанските институции да го спречат бугарскиот амбасадор и персоналот на Амбасадата да ги посетуваат регионите населени со Македонци за време на пописот и да вршат притисок врз Македонците да се попишат како Бугари, вели Османи.

Тој посочува дека сакаат Албанија да „обезбеди пописот да се спроведе на фер и транспарентен начин, со почитување на различните идентитети и јазици на албанското население, вклучително и мајчиниот македонски јазик“.

The post Бугарскиот амбасадор во Албанија делел телефони за да ги убеди Македонците да се попишат како Бугари, тврдат од „Мост“ appeared first on Република.

]]>

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, вели за МИА, претседателот на македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани, изразувајќи „најостра осуда за притисокот што бугарската амбасада го врши врз Македонците“. Тој додава дека во текот на изминатите неколку дена биле сведоци на вознемирувачки дејствија на бугарската амбасада во Албанија, поточно на посетата на бугарскиот амбасадор на нивниот регион за време на тековниот попис на населението. Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди - таблети и телефони, вели Хасани.
Тој додава дека со гордост кажува оти наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволиле на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. Исто така, како што вели, и администраторот на административната единица Требиште одбил да се сретнат со бугарскиот амбасадор.
Ние го негуваме нашето право на слободно изразување и веруваме дека секој поединец треба да има слобода да се самоидентификува и да учествува во пописот без надворешен притисок или манипулација. Ја повикуваме албанската Влада да се погрижи нашите права да бидат заштитени за време на овој клучен пописен процес. Сакаме да им се обратиме и на нашите сограѓани Македонци во Албанија. Соочени со надворешни притисоци и мешање на Бугарија, ве охрабруваме да застанете цврсто и да го зачувате вашиот идентитет, порачува тој во име на друштвото „Мост“.
Хасани апелира до Македонците да не потклекнуваат на каква било форма на принуда од страна на Бугарија „затоа што попишувањето е тајно и Бугарската амбасада нема да знае кој како се изјаснил“. Реагира и еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и жител на селото Требиште. Тој за МИА вели дека е неприфатливо и бесрамно мешањето во внатрешните работи на Албанија и јасно кршење на принципите наведени во Виенската конвенција.