македонско-унгарските културните врски Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-ungarskite-kulturnite-vrski/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 11:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско-унгарските културните врски Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-ungarskite-kulturnite-vrski/ 32 32 Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-ohrid-otvorame-novo-poglavje-vo-razvojot-na-makedonsko-ungarskite-kulturnite-vrski/ Fri, 27 Sep 2024 11:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=820221

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја.

Министрите Љутков и Ханко потврдија дека оваа посета и денешната средба се уште еден значаен момент во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено за македонско-унгарска соработка во областа на културата и туризмот преку конкретни активности.

[caption id="attachment_820223" align="alignnone" width="1280"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

Република Македонија и Унгарија во наредниот период ќе отворат ново поглавје во развојот на културните врски меѓу двете држави и ќе настојуваме тоа да резултира со низа проекти и иницијативи. Ќе работиме на обновување и унапредување на соработката во областа на културата, на програмата меѓу надлежните државни органи, но и на документ за регулирање на соработката во областа на туризмот меѓу институциите од оваа сфера од двете држави, рече Љутков по средбата.

Љутков информираше дека е заедничка заложбата културното наследство и актуелното творештво на двете држави да бидат повидливи пред јавноста, за што во наредниот период ќе се организираат денови на македонската и на унгарската култура. За таа цел ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка, со што ќе се овозможи континуирана промоција и преставување на културните институции во двете држави.

Тој ја поздрави и подготвеноста на министерот Ханко за споделување на унгарските искуства од реализацијата на манифестацијата „Веспрем - европска престолнина на културата за 2023 година“, како и за интензивирање на соработката меѓу двете канцеларии на програмата „Креативна Европа“.

Заклучоците од билатерална средба на министрите Љутков и Ханко беа презентирани и на заедничката седница на владите на Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Орбан и Мицковски ја поздравија соработката и дадоа силна поддршка за инвестирање во културата која, како што рекоа, е симбол на идентитетот и душата на секоја држава.

 

The post Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид оствари билатерална средба со својот унгарски колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан, која е во дводневна посета на нашата земја. Министрите Љутков и Ханко потврдија дека оваа посета и денешната средба се уште еден значаен момент во развојот на билатералните односи меѓу двете земји, особено за македонско-унгарска соработка во областа на културата и туризмот преку конкретни активности. [caption id="attachment_820223" align="alignnone" width="1280"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]
Република Македонија и Унгарија во наредниот период ќе отворат ново поглавје во развојот на културните врски меѓу двете држави и ќе настојуваме тоа да резултира со низа проекти и иницијативи. Ќе работиме на обновување и унапредување на соработката во областа на културата, на програмата меѓу надлежните државни органи, но и на документ за регулирање на соработката во областа на туризмот меѓу институциите од оваа сфера од двете држави, рече Љутков по средбата.
Љутков информираше дека е заедничка заложбата културното наследство и актуелното творештво на двете држави да бидат повидливи пред јавноста, за што во наредниот период ќе се организираат денови на македонската и на унгарската култура. За таа цел ќе бидат потпишани и меморандуми за соработка, со што ќе се овозможи континуирана промоција и преставување на културните институции во двете држави. Тој ја поздрави и подготвеноста на министерот Ханко за споделување на унгарските искуства од реализацијата на манифестацијата „Веспрем - европска престолнина на културата за 2023 година“, како и за интензивирање на соработката меѓу двете канцеларии на програмата „Креативна Европа“. Заклучоците од билатерална средба на министрите Љутков и Ханко беа презентирани и на заедничката седница на владите на Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан. Орбан и Мицковски ја поздравија соработката и дадоа силна поддршка за инвестирање во културата која, како што рекоа, е симбол на идентитетот и душата на секоја држава.  

The post Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културните врски appeared first on Република.

]]>