македонско малцинство во Албанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo-vo-albanija/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Aug 2024 09:52:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско малцинство во Албанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-malcinstvo-vo-albanija/ 32 32 Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-gi-slushna-problemite-na-makedontsite-vo-albanija-so-popisot/ Thu, 01 Aug 2024 09:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=802232

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.

Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија.

На средбата, како што се наведува во соопштението, беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.

Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество

The post Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија. Како што информира денеска претседателскиот Кабинет, на средбата Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија. На средбата, како што се наведува во соопштението, беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, кои не ги признаваат објавените резултати. Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка на напорите на претставниците на македонското национално малцинство за унапредување на нивните права и повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба. Сиљановска Давкова, како што се посочува, ја нагласи важноста пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество

The post Претседателката Силјановска ги слушна проблемите на Македонците во Албанија со пописот appeared first on Република.

]]>
Едмонд Темелко: Од суштинско значење е семакедонското обединување во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/edmond-temelko-od-sushtinsko-znachene-e-semakedonskoto-obedinuvane-vo-albanija/ Fri, 05 Jul 2024 16:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=793898

Македонското друштво „Преспа“ упати проглас за семакедонско помирување и обединување во Албанија, како што се наведува, „соочени со агресијата на бугарскaтa асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“. Претседателот на друштвото, Едмонд Темелко за МИА изјави дека се повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на идентитетот на македонскиот народ - името, јазикот, културата, историјата и територијата, затоа што, како што посочува, обединети и единствени сме посилни од сечија агресија и обиди за денационализација и асимилација.

- Од суштинско значење е семакедонското обединување во Албанија. Не час туку минута побрзо неопходно е наше единство, за да може да опстанеме како Македонци, она што со векови сме биле, сме и ќе бидеме ако не дозволиме друг да одлчувува за нашиот идентитет. Порачувам до нашата единствена партија, МАЕИ, да биде цврт столб и заедно со друштвата да се бориме за интересите и заштита на македонскиот идентитет, култура и традиција, рече Темелко.

Посочи дека во прогласот стои дека се отфрлаат резултатите од минатогодишниот попис во Албанија одржан од 18 септември до 30 октомври па продолжен до 15 ноември 2023 година и, вели Темелко, ги сметаат за груб фалсификат, бидејќи не ја отсликуваат реалната бројка на етничките Македонци во Албанија.

- Изразуваме загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат  2.281 “Северномакедонци”, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. За груб пописен фалсификат ја сметаме објавената бројка од 7.957  “Бугари” во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. И натаму тврдиме дека, во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1923, кога е спроведен првиот попис,  до 2023 година не постои макар и еден “Бугарин” на целата територија на Албанија, стои во прогласот, вели претседателот на „Преспа“.

Најостро се осудува употребата на терминот „Северномакедонци“ од ИНСТАТ и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница во Албанија, која веќе е призната во Законот за заштита на националните малцинства во Албанија од 2019 година.

-Бараме градоначалникот на општина Пустец и Македонците во Албанија да ги отфрлаат сите посети и секоја материјална помош од бугарскиот амбасадор во Тирана, Владата во Софија и разни бугарски фондации, затоа што Бугарија тоа го прави да прикаже пред светот дека Македонците се Бугари во Албанија, се нагласува понатаму.

Се додава дека етничките Македонци се лојални албански државјани и претставуваат „неотуѓив, нераскинлив и неостапен дел од македонскиот народ како носител на државноста во Македонија“.

-Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен содржател. Со Македонија не има, без Македонија сите заедно ќе не снема! Македонија е нашата матична држава, порачуваат од друштвото.

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, поднесе пријава за учество на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај.

Бараат вонреден изборен конгрес на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција за сите органи на сите нивоа, заради кадровска консолидација и единство, а се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија“.

-Апелираме до Албанската Влада да ги заштити македонските права и слободи во Албанија од бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Бугари. Бараме одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија. Ја повикуваме Владата на Македонија на грижа за правата и слободите и положбата на македонската заедница во Албанија, се додава во прогласот.

Од Европската Унија се бара да преземе мерки против Република Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, давајќи им бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради лошата економска ситуациа во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари”.

-Ги повикуваме на единство сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во светот заради одбрана на македонскиот идентитет во Албанија пред институциите на власта во Албанија и Македонија и пред меѓународните организации за човекови и граѓанските права и слободи. Овој Проглас ќе го потпишат сите заинтересирани страни, стои на крајот од прогласот на друштвото „Преспа“ за семакедонско обединување.

The post Едмонд Темелко: Од суштинско значење е семакедонското обединување во Албанија appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Преспа“ упати проглас за семакедонско помирување и обединување во Албанија, како што се наведува, „соочени со агресијата на бугарскaтa асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“. Претседателот на друштвото, Едмонд Темелко за МИА изјави дека се повикува на семакедонско помирување и обединување за одбрана на идентитетот на македонскиот народ - името, јазикот, културата, историјата и територијата, затоа што, како што посочува, обединети и единствени сме посилни од сечија агресија и обиди за денационализација и асимилација. - Од суштинско значење е семакедонското обединување во Албанија. Не час туку минута побрзо неопходно е наше единство, за да може да опстанеме како Македонци, она што со векови сме биле, сме и ќе бидеме ако не дозволиме друг да одлчувува за нашиот идентитет. Порачувам до нашата единствена партија, МАЕИ, да биде цврт столб и заедно со друштвата да се бориме за интересите и заштита на македонскиот идентитет, култура и традиција, рече Темелко. Посочи дека во прогласот стои дека се отфрлаат резултатите од минатогодишниот попис во Албанија одржан од 18 септември до 30 октомври па продолжен до 15 ноември 2023 година и, вели Темелко, ги сметаат за груб фалсификат, бидејќи не ја отсликуваат реалната бројка на етничките Македонци во Албанија. - Изразуваме загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат  2.281 “Северномакедонци”, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. За груб пописен фалсификат ја сметаме објавената бројка од 7.957  “Бугари” во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. И натаму тврдиме дека, во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1923, кога е спроведен првиот попис,  до 2023 година не постои макар и еден “Бугарин” на целата територија на Албанија, стои во прогласот, вели претседателот на „Преспа“. Најостро се осудува употребата на терминот „Северномакедонци“ од ИНСТАТ и употребата на име на земја како супститут за македонската етничка заедница во Албанија, која веќе е призната во Законот за заштита на националните малцинства во Албанија од 2019 година.
-Бараме градоначалникот на општина Пустец и Македонците во Албанија да ги отфрлаат сите посети и секоја материјална помош од бугарскиот амбасадор во Тирана, Владата во Софија и разни бугарски фондации, затоа што Бугарија тоа го прави да прикаже пред светот дека Македонците се Бугари во Албанија, се нагласува понатаму.
Се додава дека етничките Македонци се лојални албански државјани и претставуваат „неотуѓив, нераскинлив и неостапен дел од македонскиот народ како носител на државноста во Македонија“.
-Со сите разлики помеѓу нас Македонците, по род и државјанство, само Македонија е нашиот еден и единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот еден и единствен содржател. Со Македонија не има, без Македонија сите заедно ќе не снема! Македонија е нашата матична држава, порачуваат од друштвото.
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, поднесе пријава за учество на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај. Бараат вонреден изборен конгрес на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција за сите органи на сите нивоа, заради кадровска консолидација и единство, а се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија“. -Апелираме до Албанската Влада да ги заштити македонските права и слободи во Албанија од бугарската агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Бугари. Бараме одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија. Ја повикуваме Владата на Македонија на грижа за правата и слободите и положбата на македонската заедница во Албанија, се додава во прогласот. Од Европската Унија се бара да преземе мерки против Република Бугарија која врши манипулација со Македонците во балканските држави, давајќи им бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради лошата економска ситуациа во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари”. -Ги повикуваме на единство сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во светот заради одбрана на македонскиот идентитет во Албанија пред институциите на власта во Албанија и Македонија и пред меѓународните организации за човекови и граѓанските права и слободи. Овој Проглас ќе го потпишат сите заинтересирани страни, стои на крајот од прогласот на друштвото „Преспа“ за семакедонско обединување.

The post Едмонд Темелко: Од суштинско значење е семакедонското обединување во Албанија appeared first on Република.

]]>
Бугарско радио со емисија за т.н бугарско малцинство во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarsko-radio-so-emisija-za-t-n-bugarsko-maltsinstvo-vo-albanija/ Wed, 25 Oct 2023 10:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=694851

Бугарското национално радио подготвува емисија за Бугарите надвор од земјата а првата емисија ќе биде за т.н бугарско малцинство во Албанија.

Албанија под притисок на Бугаријамораше да признае постоење на бугарско малцинство иако таму нема Бугари туку Македонци.

Откако на хартија признаа постоење на бугарско малцинство бугарската држава им нуди на Македонците на пописот да се пишат Бугари а за возврат да добијат бугарски пасоши.

Нашата идеја е преку моќта и авторитетот на јавното радио на публиката дома и во странство да ѝ раскажеме за Бугарите кои поради историски, социо-економски или други фактори живеат надвор од границите на својата татковина“ – објаснува главниот уредник на „Радио Бугарија“ Красимир Мартинов.

The post Бугарско радио со емисија за т.н бугарско малцинство во Албанија appeared first on Република.

]]>

Бугарското национално радио подготвува емисија за Бугарите надвор од земјата а првата емисија ќе биде за т.н бугарско малцинство во Албанија. Албанија под притисок на Бугаријамораше да признае постоење на бугарско малцинство иако таму нема Бугари туку Македонци. Откако на хартија признаа постоење на бугарско малцинство бугарската држава им нуди на Македонците на пописот да се пишат Бугари а за возврат да добијат бугарски пасоши.
Нашата идеја е преку моќта и авторитетот на јавното радио на публиката дома и во странство да ѝ раскажеме за Бугарите кои поради историски, социо-економски или други фактори живеат надвор од границите на својата татковина“ – објаснува главниот уредник на „Радио Бугарија“ Красимир Мартинов.

The post Бугарско радио со емисија за т.н бугарско малцинство во Албанија appeared first on Република.

]]>
Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата https://republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-makedonets-od-albanija-sekoja-generatsija-ima-svoja-bitka-ovaa-e-nashata/ Sun, 15 Oct 2023 14:58:00 +0000 https://republika.mk/?p=691428

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ во објава под наслов „Секоја генерација има своја битка" порачува дека Македонците во Албанија уште еднаш ќе му покажат на светот дека не се дефинирани со нивните предизвици, туку со нивната сила и нераскинливата врска што ги поврзува со нивното наследство.

- Секоја генерација има своја битка. Тоа е фраза која одекнува низ вековите, потсетувајќи нè дека предизвиците со кои се соочуваме се единствени за нашето време, а сепак, сведоштво за трајниот човечки дух. Дури и во 21 век, време обележано со невиден напредок и поврзаност, се наоѓаме во позната борба, борба која бара повторно да го потврдиме нашиот македонски идентитет и да ја потврдиме нашата слобода во обликувањето на нашата судбина, наведува Стерјовски.

Оценува дека „историјата на Македонците во Албанија е историја на адаптација, опстанок и решителност".

-Денес, додека се соочуваат со уште едно поглавје во своето патување, тие се повикани уште еднаш да се докажат себе си.  Предизвиците можеби се различни, но духот што ги води останува ист. Тоа е дух роден од генерации кои директно се соочиле со неволји, зачувувајќи го својот уникатен македонски идентитет додека се усогласуваат со светот околу нив, пишува тој.

Нагласува дека додека се соочуваат со сегашните околности „Македонците во Албанија црпат сила од своето минато".

Посочува дека  нивната историја е доказ за нескротливата човечка волја да се надмине, да се приспособи и да напредува.

- Оваа најнова битка нема да ги дефинира, тоа ќе биде уште едно поглавје во нивната трајна историја. Зашто, како што секоја генерација има своја битка, така и секоја генерација остава зад себе наследство на издржливост, единство и непопустлива решеност да се застане гордо и храбро, без оглед на предизвиците што може да се појават, констатира Стерјовски.

Тој објавува и видеозапис од емисии емитувани на албанските телевизии, еuronews.al ( првиот дел) , А2 од гостувањето на Ефтим Митревски и  неговиот настап на NTV, во кои се обработува темата за Македонците и прашањето постојат ли Бугари во Албанија

The post Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата appeared first on Република.

]]>

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ во објава под наслов „Секоја генерација има своја битка" порачува дека Македонците во Албанија уште еднаш ќе му покажат на светот дека не се дефинирани со нивните предизвици, туку со нивната сила и нераскинливата врска што ги поврзува со нивното наследство.
- Секоја генерација има своја битка. Тоа е фраза која одекнува низ вековите, потсетувајќи нè дека предизвиците со кои се соочуваме се единствени за нашето време, а сепак, сведоштво за трајниот човечки дух. Дури и во 21 век, време обележано со невиден напредок и поврзаност, се наоѓаме во позната борба, борба која бара повторно да го потврдиме нашиот македонски идентитет и да ја потврдиме нашата слобода во обликувањето на нашата судбина, наведува Стерјовски.
Оценува дека „историјата на Македонците во Албанија е историја на адаптација, опстанок и решителност". -Денес, додека се соочуваат со уште едно поглавје во своето патување, тие се повикани уште еднаш да се докажат себе си.  Предизвиците можеби се различни, но духот што ги води останува ист. Тоа е дух роден од генерации кои директно се соочиле со неволји, зачувувајќи го својот уникатен македонски идентитет додека се усогласуваат со светот околу нив, пишува тој. Нагласува дека додека се соочуваат со сегашните околности „Македонците во Албанија црпат сила од своето минато". Посочува дека  нивната историја е доказ за нескротливата човечка волја да се надмине, да се приспособи и да напредува.
- Оваа најнова битка нема да ги дефинира, тоа ќе биде уште едно поглавје во нивната трајна историја. Зашто, како што секоја генерација има своја битка, така и секоја генерација остава зад себе наследство на издржливост, единство и непопустлива решеност да се застане гордо и храбро, без оглед на предизвиците што може да се појават, констатира Стерјовски.
Тој објавува и видеозапис од емисии емитувани на албанските телевизии, еuronews.al ( првиот дел) , А2 од гостувањето на Ефтим Митревски и  неговиот настап на NTV, во кои се обработува темата за Македонците и прашањето постојат ли Бугари во Албанија

The post Стерјовски, Македонец од Албанија: Секоја генерација има своја битка, oваа е нашата appeared first on Република.

]]>
Друштвото „Илинден“ бара албанските власти да го прогласат Виктор Стојанов за непожелна личност oткако се закани дека ќе ги протера Македонците https://republika.mk/vesti/balkan/drushtvoto-ilinden-bara-albanskite-vlasti-da-go-proglasat-viktor-stojanov-za-nepozhelna-lichnost-otkako-se-zakani-deka-ke-gi-protera-makedontsite/ Sun, 01 Oct 2023 11:23:14 +0000 https://republika.mk/?p=686789

Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата.

- Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои подоцна се користат како уцена за родителите за изјаснување како Бугари, стои во соопштението на друштвото.

https://republika.mk/vesti/balkan/vie-nekolku-makedontsi-ke-si-odite-za-skopje-im-se-zakani-bugarskiot-aktivist-viktor-stojanov-na-nashintsite-vo-albanija/

Реагирајќи на „невидената агресивност на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија, цениме дека властите во Република Албанија треба да изнајде начини да ги заштитат македонските жители, кои со децении се лојални граѓани на албанската држава“.

- Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малцинство во Република Албанија, се наведува понатаму.

Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху и координаторот за Округот Елбасан, Елса Џелили, уште се додава дека „ширејќи невистини и провоцирајќи со говор на омраза, Стојанов предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ во Република Албанија во време на попис, а со тоа го загрозува и националниот суверенитет на Република Албанија“.

Како што самиот Стојанов објавува на социјалните мрежи, деновиве тој престојувал во областа Голо Брдо, како и во Либражд каде делел таблети и тетратки со ликови, како што наведува големите бугарски владетели.

Тој претходно упати закана до Македонците, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши а оние кои аплицирале никогаш нема да добијат бугарско државјанство

The post Друштвото „Илинден“ бара албанските власти да го прогласат Виктор Стојанов за непожелна личност oткако се закани дека ќе ги протера Македонците appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден“-Тирана побара од властите на Република Албанија бугарскиот државјанин Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија, да го прогласат за персона нон грата.
- Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со Македонци низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои подоцна се користат како уцена за родителите за изјаснување како Бугари, стои во соопштението на друштвото.
https://republika.mk/vesti/balkan/vie-nekolku-makedontsi-ke-si-odite-za-skopje-im-se-zakani-bugarskiot-aktivist-viktor-stojanov-na-nashintsite-vo-albanija/ Реагирајќи на „невидената агресивност на бугарските емисари врз Македонците во Република Албанија, цениме дека властите во Република Албанија треба да изнајде начини да ги заштитат македонските жители, кои со децении се лојални граѓани на албанската држава“.
- Поради екстремна агресивност, ширење на говор на омраза и заканувачки пораки кон македонското население, Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара Виктор Стојанов да се прогласи за персона нон грата и да му биде забранет влез во Република Албанија. Имено, тој како претседател на бугарска фондација користи агресивна анти-македонска пропаганда и насилно се обидува да направи асимилација на македонско национално малцинство во Република Албанија, се наведува понатаму.
Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху и координаторот за Округот Елбасан, Елса Џелили, уште се додава дека „ширејќи невистини и провоцирајќи со говор на омраза, Стојанов предизвикува вознемиреност кај македонскиот народ во Република Албанија во време на попис, а со тоа го загрозува и националниот суверенитет на Република Албанија“. Како што самиот Стојанов објавува на социјалните мрежи, деновиве тој престојувал во областа Голо Брдо, како и во Либражд каде делел таблети и тетратки со ликови, како што наведува големите бугарски владетели. Тој претходно упати закана до Македонците, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши а оние кои аплицирале никогаш нема да добијат бугарско државјанство

The post Друштвото „Илинден“ бара албанските власти да го прогласат Виктор Стојанов за непожелна личност oткако се закани дека ќе ги протера Македонците appeared first on Република.

]]>
Вие неколку Македонци ќе си одите за Скопје: Закани на бугарскиот активист Виктор Стојанов на нашинците во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/vie-nekolku-makedontsi-ke-si-odite-za-skopje-zakani-na-bugarskiot-aktivist-viktor-stojanov-na-nashintsite-vo-albanija/ Sun, 01 Oct 2023 10:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=686782

Бугарскиот активист Виктор Стојанов кој е во посета на Македонците во Албанија во обид да ги присили на пописот да се изјасни за Бугари почна да се заканува. Тој на Фејсбук се закани дека оние што сепак нема да одолеат на уцените и притисоците ќе ги исели во Скопје.

Вашиот заменик градоначалник со плата од Скопје наскоро нема да биде заменик градоначалник и вие - неколкуте Македонци од Требишта - ќе одите во Скопје-се закани бугарскиот активист.

Бугарија спроведува државна политика да ги убеди Македонците во Албанија да се изјазнат дека се Бугари нудејќи им бугарски пасоши.На децата пак им се даваат таблети и учебници по бугарски јазик.

The post Вие неколку Македонци ќе си одите за Скопје: Закани на бугарскиот активист Виктор Стојанов на нашинците во Албанија appeared first on Република.

Maкедонците во Албанија едногласни: Бугари во Албанија нема https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-albanija-ednoglasni-bugari-vo-albanija-nema/ Sat, 30 Sep 2023 18:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=686691

Денеска во Пустец се оствари средба меѓу поранешниот градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на таа општина на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Албанија Спиро Малевски, Светко Китани, свештеникот Алексо Темелко, Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија, информираа од македонската заедница во Пустец, Мала Преспа.

Додаваат дека гостите Ордановски и Калпачки Германиа подариле книги за првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто од авторот и актерот Доне Донев, кој изведе монодрама „За македонските работи“.

– Заедничката порака од семакедонската средба во Пустец е апел до Македонците за пописот на населението: Попишете се сите, тоа што сме биле отсекогаш, сме и ќе бидеме-МАКЕДОНЦИ! Да ставиме крај на бугарските пропаганди и без страв да останеме достојни на нашите македонски корени, посочуваат од заедницата.

Уште еднаш порачуваат дека „Во Албанија Бугари нема“.

-Масовно и единствени, на пописот на населението во Албанија: Да ставиме печат на историјата и вистината: Ние сме Македонци и нашиот јазик е македонскиот, стои во пораката.

Едмонд Темелко, кој во три мандати беше градоначалник на Пустец и е прв претседател на единствената македонска партија, МАЕИ, за МИА изјави дека иако се повлекол од политиката сега сака јавно да ја изнесе осудата на бугарските агитатори.

-Најостро ја осудувам асимилаторската политика на бугарските високи државни претставници и здруженија, која никако да престане. Апелирам до моите Македонци каде и да живеат во Албанија, да не потклекнуваат на никакви закани, слободно да се изјаснат тоа што сме-Македонци зашто тоа го овозможува пописот, порачува меѓу другото Темелко.

Според него Македонците ги има над 120 илјади во Албанија, живеат не само во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, туку со десетици илјади и во Елбасан, Тирана, Драч, Фиер и други.

The post Maкедонците во Албанија едногласни: Бугари во Албанија нема appeared first on Република.

]]>

Денеска во Пустец се оствари средба меѓу поранешниот градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на таа општина на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Албанија Спиро Малевски, Светко Китани, свештеникот Алексо Темелко, Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија, информираа од македонската заедница во Пустец, Мала Преспа. Додаваат дека гостите Ордановски и Калпачки Германиа подариле книги за првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто од авторот и актерот Доне Донев, кој изведе монодрама „За македонските работи“.
– Заедничката порака од семакедонската средба во Пустец е апел до Македонците за пописот на населението: Попишете се сите, тоа што сме биле отсекогаш, сме и ќе бидеме-МАКЕДОНЦИ! Да ставиме крај на бугарските пропаганди и без страв да останеме достојни на нашите македонски корени, посочуваат од заедницата.
Уште еднаш порачуваат дека „Во Албанија Бугари нема“.  
-Масовно и единствени, на пописот на населението во Албанија: Да ставиме печат на историјата и вистината: Ние сме Македонци и нашиот јазик е македонскиот, стои во пораката.
Едмонд Темелко, кој во три мандати беше градоначалник на Пустец и е прв претседател на единствената македонска партија, МАЕИ, за МИА изјави дека иако се повлекол од политиката сега сака јавно да ја изнесе осудата на бугарските агитатори.
-Најостро ја осудувам асимилаторската политика на бугарските високи државни претставници и здруженија, која никако да престане. Апелирам до моите Македонци каде и да живеат во Албанија, да не потклекнуваат на никакви закани, слободно да се изјаснат тоа што сме-Македонци зашто тоа го овозможува пописот, порачува меѓу другото Темелко.
Според него Македонците ги има над 120 илјади во Албанија, живеат не само во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, туку со десетици илјади и во Елбасан, Тирана, Драч, Фиер и други.

The post Maкедонците во Албанија едногласни: Бугари во Албанија нема appeared first on Република.

]]>
Нашинците во Албанија ѝ порачаа на Јотова: На пописот ќе се изјасниме тоа што сме-Македонци https://republika.mk/vesti/balkan/nashintsite-vo-albanija-i-porachaa-na-jotova-na-popisot-ke-se-izjasnime-toa-shto-sme-makedontsi/ Sat, 16 Sep 2023 19:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=682497

Една од најгледаните албански телевизии euronews.al, емитуваше екслузивно интервју со Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во врска со пописот на населението и домаќинствата што во понеделник почнува во земјата, со посебен акцент на издавањето бугарски пасоши.

- Бугарската агресивна кампања, посебно пред пописот, нема да не поколеба и повеќе од убеден сум дека каде и да живееме во Албанија ќе се изјасниме она што сме - Македонци. Ние живеме на границата со Македонија, каде живеат нашите браќа. Еве гледајте на оваа страна се Македонци во Македонија, на другата е исто така Преспа - Грција и таму живеат Македонци. Ние тука сме староседелци, не сме дошле од друго место и затоа не можеме да бидеме Бугари. Во меморијата на Македонците кои живеат во Албанија неизбришливо стојат масакрите кои ги направиле бугарските окупатори за време на окупацијата на Албанија во Првата и Втората светска војни, кога репресиите биле најсилни токму врз Македонците, вели Стерјовски.

Потсетува дека во 2017 година албанската влада и Парламентот го усвоиле Законот за заштита на националните малцинства, кога под силен притисок и условување со членството во ЕУ, владата призна непостоечко бугарско малцинство во земјата.

- Сега проблемот на Бугарија е, што од една страна, ја принуди Албанија да признае бугарско малцинство, но од друга страна, вакво малцинство не фигурира во граѓанската евиденција во Албанија зашто во ниту еден до сега спроведени 11 пописи како Бугарин не се изјаснило ниту едно лице, посочува тој.

На костатацијата на новинарот дека прашањето со бугарските пасоши кои „сега станаа бизнис во Албанија“, тој одговара дека за Македонците чини пет, а за етничките Албанци 25 илјади евра.

- Јавно сум кажал. Бугарскиот пасош е многу профитабилен бизнис во Албанија, тој е поисплатлив од одгледувањето марихуана во Албанија. За бугарски пасош македонската заедница може да плати пет илјади евра, додека Албанците 25 илјади евра. Во Албанија има илјадници албански државјани кои аплицирале за бугарски пасош, повеќето од нив се со албанско потекло кои овој бугарски пасош го извадиле со наплата на голема сума пари, за да ги користат привилегиите на Европската Унија, рече Стерјовски.

На прашањето дали Македонците со добивањето на пасош ја негирааат македонската етничка припадност, Стерјовски отсечно одговара „не“.

-Не, никогаш. Македонците, што добиле бугарски пасош, а се малку по број, никогаш не се откажале од македонската националност, вели меѓу другото тој.

Посочува дека последните години, посебно во областите каде што живее македонската заедница, во Пустец, Врбник, Голо Брдо, Гора има агресивна кампања за асимилација на Македонците.

The post Нашинците во Албанија ѝ порачаа на Јотова: На пописот ќе се изјасниме тоа што сме-Македонци appeared first on Република.

Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи им ги душите со нудење пасоши https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-bugari-vo-albanija-nema-ima-samo-makedontsi-od-koi-nenarodnata-vlast-se-otkazhuva-2/ Thu, 14 Sep 2023 09:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=681798

Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!. вели Александар Николоски.

https://republika.mk/vesti/balkan/jotova-vo-golo-brdo-kaj-makedontsite-ke-otvori-bugarsko-uchilishte/

Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!

The post Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи им ги душите со нудење пасоши appeared first on Република.

]]>

Кога Македонија не работи, ќе работи асимилаторската политика на Бугарија! Наместо да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур со кои се бара признавање на Македонците во Бугарија и нивното право на здружување и мајчин македонски јазик, Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!. вели Александар Николоски. https://republika.mk/vesti/balkan/jotova-vo-golo-brdo-kaj-makedontsite-ke-otvori-bugarsko-uchilishte/
Бугари во Албанија нема, има Македонци кои матичната држава Македонија не ги штити и ги остава сами на себе. За брзо време ненародната власт на СДСМ и ДУИ во Македонија ќе падне и Македонците и во Албанија и во цел свет ќе бидат со гордо крената глава!

The post Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи им ги душите со нудење пасоши appeared first on Република.

]]>
Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо https://republika.mk/vesti/balkan/albanski-politichari-pomagaat-vo-delene-na-bugarski-pasoshi-megu-makedontsite-vo-golobrdo/ Tue, 06 Jun 2023 08:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=648270

Покрај во Македонија, Бугарија не бира начин и пари да „создадат“ нови Бугари во соседните земји. Давањето бугарски пасоши зема завав во Албанија во деловите населени со македонско малцинство. Во тоа помош имаат од официјалните албански власти кои се фалат за логистичката поддршка што им им ја даваат на пријателите од Бугарија.

Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.

На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.

Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи.

Во целава ситација проблматично е однесувањето на овие службеници кои ги плаќа албанската држава а која отворено работи за бугарските интереси.

Се очекува со свој став да излезат со реакција официјалните албански власти, нашинците во Албанија, но и канцеларијата на ЕУ во Бугарија која треба да се изјасни дали ја поддржува Бугарија во асимилацијата на Македонците.

The post Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо appeared first on Република.

]]>

Покрај во Македонија, Бугарија не бира начин и пари да „создадат“ нови Бугари во соседните земји. Давањето бугарски пасоши зема завав во Албанија во деловите населени со македонско малцинство. Во тоа помош имаат од официјалните албански власти кои се фалат за логистичката поддршка што им им ја даваат на пријателите од Бугарија. Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши. На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала. Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи. Во целава ситација проблматично е однесувањето на овие службеници кои ги плаќа албанската држава а која отворено работи за бугарските интереси. Се очекува со свој став да излезат со реакција официјалните албански власти, нашинците во Албанија, но и канцеларијата на ЕУ во Бугарија која треба да се изјасни дали ја поддржува Бугарија во асимилацијата на Македонците.  

The post Албански политичари помагаат во делење на бугарски пасоши меѓу Македонците во Голобрдо appeared first on Република.

]]>
Албанските власти потврдија: Во Преспа живеат Македонци https://republika.mk/vesti/balkan/albanskite-vlasti-potvrdija-vo-prespa-zhiveat-makedontsi/ Thu, 11 May 2023 14:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=639790

Во Преспа  живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши од изборниот собир одржан во селото Туминец.

Пелеши, кој е координатор за локалните избори за округот Корча, вети дека коалицијата на владејачката Социјалистичка партија и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи се со цел развој на општина Пустец.

-Посебно сакам да го нагласам и да кажам дека високо го цениме залагањето на МАЕИ во заштитата на македонскиот идентитет во Албанија. Нашата соработка е долгорочна а со поддршка на владата покрај до сега реализираните проекти и оние во тек на реализација, веќе се усвоени и други проекти со кои Пустец ќе го добие потребниот лик на развиена туристичка дестинација, додаде Пелеши.

Искажа убеденост дека Пали Колефски, како кандидат на СП а чија кандидатура е поддржана од сите претставници на ограноци на МАЕИ во Албанија, по вторпат ќе ја добие довербата бидејќи ја заслужува.

-Ние ќе работиме повеќе за ова благословено подрачје со Пали Колефски. Денеска, општината е на услуга на нејзините граѓани. Пали е одличен менаџер кој знае да го сослуша секого и да размислува за секое барање и забелешка и тој во изминатите четири години направи многу за оваа општина. Многу работи ќе бидат подобрени за да гарантираме еднаков третман и можност за секој жител. Со СП во долгорочна алијанса со МАЕИ и со Пали Колефскин на чело на  општината, ќе продолжиме со брзо темпо. Само напред за да го надокнадиме изгубеното време, порача Пелеши.

За успешноста на Колефски зборуваше и лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски, повикувајќи ги жителите на 14 мај да го заокружат бр2 (Пали Колефски) за градоначалник и  број 29 за советничката листа на МАЕИ.

-Не треба многу да зборувам за менаџерската способност на Колефски зашто вие сами сте сведоци на неговите успеси. Само да го нагласам најгорливиот проблем, што со негово и наше залагање а со поддршка на владата беше надминат а тоа е изградбата на водоводот во општината. Ние како партија, ветивме и заедно со општината тоа ќе го реализираме, ќе подигнеме спомен обележје  во Туминец посветен на сите борци за слобода од ова село, од Илинденскиот период и Втората светска војна,  што е повеќегодишно барање на Македонците од Туминец,  рече Стерјовски.

Пред присутните се обрати и Колефски, кој спомна повеќе реализирани проекти, а најави и нови.

-Заедно можеме многу, наша Преспа да ја направиме вистински туристички рај. Во овој сектор веќе е одобрен проект поддржан од германската КФ банка а во соработка со владата на премиерот Еди Рама. Ве повикувам заедно да продолжиме во спроведување на нови проекти за доброто на сите нас. Само напред, никако назад, порача меѓу другото Колефски.

Кампањата за неделните избори во Албанија, на кои се избира новата локална власт во 61 општина завршува утре на полноќ

The post Албанските власти потврдија: Во Преспа живеат Македонци appeared first on Република.

]]>

Во Преспа  живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една заедница што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши од изборниот собир одржан во селото Туминец. Пелеши, кој е координатор за локалните избори за округот Корча, вети дека коалицијата на владејачката Социјалистичка партија и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи се со цел развој на општина Пустец. -Посебно сакам да го нагласам и да кажам дека високо го цениме залагањето на МАЕИ во заштитата на македонскиот идентитет во Албанија. Нашата соработка е долгорочна а со поддршка на владата покрај до сега реализираните проекти и оние во тек на реализација, веќе се усвоени и други проекти со кои Пустец ќе го добие потребниот лик на развиена туристичка дестинација, додаде Пелеши. Искажа убеденост дека Пали Колефски, како кандидат на СП а чија кандидатура е поддржана од сите претставници на ограноци на МАЕИ во Албанија, по вторпат ќе ја добие довербата бидејќи ја заслужува. -Ние ќе работиме повеќе за ова благословено подрачје со Пали Колефски. Денеска, општината е на услуга на нејзините граѓани. Пали е одличен менаџер кој знае да го сослуша секого и да размислува за секое барање и забелешка и тој во изминатите четири години направи многу за оваа општина. Многу работи ќе бидат подобрени за да гарантираме еднаков третман и можност за секој жител. Со СП во долгорочна алијанса со МАЕИ и со Пали Колефскин на чело на  општината, ќе продолжиме со брзо темпо. Само напред за да го надокнадиме изгубеното време, порача Пелеши. За успешноста на Колефски зборуваше и лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски, повикувајќи ги жителите на 14 мај да го заокружат бр2 (Пали Колефски) за градоначалник и  број 29 за советничката листа на МАЕИ. -Не треба многу да зборувам за менаџерската способност на Колефски зашто вие сами сте сведоци на неговите успеси. Само да го нагласам најгорливиот проблем, што со негово и наше залагање а со поддршка на владата беше надминат а тоа е изградбата на водоводот во општината. Ние како партија, ветивме и заедно со општината тоа ќе го реализираме, ќе подигнеме спомен обележје  во Туминец посветен на сите борци за слобода од ова село, од Илинденскиот период и Втората светска војна,  што е повеќегодишно барање на Македонците од Туминец,  рече Стерјовски. Пред присутните се обрати и Колефски, кој спомна повеќе реализирани проекти, а најави и нови.
-Заедно можеме многу, наша Преспа да ја направиме вистински туристички рај. Во овој сектор веќе е одобрен проект поддржан од германската КФ банка а во соработка со владата на премиерот Еди Рама. Ве повикувам заедно да продолжиме во спроведување на нови проекти за доброто на сите нас. Само напред, никако назад, порача меѓу другото Колефски.
Кампањата за неделните избори во Албанија, на кои се избира новата локална власт во 61 општина завршува утре на полноќ

The post Албанските власти потврдија: Во Преспа живеат Македонци appeared first on Република.

]]>
Македонците во Албанија велат дека Бугарија се обидува да ги асимилира: И за време на Југославија учевме на мајчиниот јазик! https://republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-vo-albanija-velat-deka-bugarija-se-obiduva-da-gi-asimilira-i-za-vreme-na-jugoslavija-uchevme-na-majchiniot-jazik/ Sat, 26 Nov 2022 19:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=578595

Македонското друштво „Илинден”-Тирана остро реагира по „последователната активност на бугарската амбасада во Пустец, во напорите за асимилација на Македонците”.

Во реакцијата друштвото најпрво прави приказ на реалната состојба со постоењето единствено на припадници на македонското малцинство, по чии барања наставата се одвивала на нивниот мајчин македонски јазик.

„По завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик, не само во Мала Преспа, туку и во Голо Брдо и повеќе села од околијата Пешкопеја. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање на решенија за именуваните учители задолжен биле Околиските началници за просвета“, наведува друштвото.

„Поконкретно за именуваните учители од битолскиот округ задолжен бил Илија Јанкуловски. Решенија за распределба на учители во Албанија со негов потпис добиле Кире Стерјески, назначен за учител во училиштето во село Пустец од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1946 година“.

„Потоа Никола Марковски, назначен за учител во училиштето во село Шулин од 20 ноември 1944 година, кој останал во училиштето до крајот на јуни 1945 година“.

„Ристо Стерјовски, назначен за учител во училиштето во село Горица од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1947 година. Томе Тодоровски, назначен за учител во училиштето во село Туминец од 1 септември 1945 година, кој останал во училиштето до крајот на 1947 година“.

„Никола Беровски Николовски, назначен за учител во училиштето во село Горица од 1 септември 1945 година. Тој се оженил во Албанија и останал таму до крајот на животот“.

Како што се наведува, учениците ги изучувале наставните предмети: мајчин македонски јазик, сметање, историја, земјопис, природознание, пеење, цртање, фискултура.

Во периодот после информбирото, македонските учители биле протерани, но изучувањето на мајчиниот македонски јазик продолжило во училиштата во преспанскиот регион, стои во реакцијата и се додава дека „не е тајна дека македонските деца и денес за првпат се среќаваат со албанскиот јазик во училиште, бидејќи дома зборуваат на македонски јазик”.

„Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари во Албанија“, стои во реакцијата.

Се додава дека тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец.

„Токму таму и токму во селата кои погоре ги спомнавме, деновиве била во „добродетелска посета” бугарска делегација. Така „за доброто на Бугарчињата” делегацијата во придружба на изродите и плукачите по сопствената македонска крв, подарила неколку столчиња и бугарски книги. Секако, сето тоа придружено со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалната интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи“, се наведува понатаму.

Во оваа прилика, македонското друштво „Илинден”-Тирана „се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи”.

„Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат” Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Албанија“, порачува друштвото на крајот од реакцијата.

The post Македонците во Албанија велат дека Бугарија се обидува да ги асимилира: И за време на Југославија учевме на мајчиниот јазик! appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Илинден”-Тирана остро реагира по „последователната активност на бугарската амбасада во Пустец, во напорите за асимилација на Македонците”. Во реакцијата друштвото најпрво прави приказ на реалната состојба со постоењето единствено на припадници на македонското малцинство, по чии барања наставата се одвивала на нивниот мајчин македонски јазик. „По завршувањето на Втората светска војна биле воспоставени добри односи меѓу југословенската и албанската држава. Врз основа на повеќе билатерални договори, во Албанија му било дозволено на македонското население да учи на мајчиниот јазик, не само во Мала Преспа, туку и во Голо Брдо и повеќе села од околијата Пешкопеја. За да се воспостави настава на македонски јазик од страна на југословенската држава биле испратени учители Македонци. Согласно билатералниот договор во однос на наставата, за издавање на решенија за именуваните учители задолжен биле Околиските началници за просвета“, наведува друштвото. „Поконкретно за именуваните учители од битолскиот округ задолжен бил Илија Јанкуловски. Решенија за распределба на учители во Албанија со негов потпис добиле Кире Стерјески, назначен за учител во училиштето во село Пустец од 20 ноември 1944 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1946 година“. „Потоа Никола Марковски, назначен за учител во училиштето во село Шулин од 20 ноември 1944 година, кој останал во училиштето до крајот на јуни 1945 година“. „Ристо Стерјовски, назначен за учител во училиштето во село Горица од 1 септември 1945 година. Тој останал во училиштето до крајот на јуни 1947 година. Томе Тодоровски, назначен за учител во училиштето во село Туминец од 1 септември 1945 година, кој останал во училиштето до крајот на 1947 година“. „Никола Беровски Николовски, назначен за учител во училиштето во село Горица од 1 септември 1945 година. Тој се оженил во Албанија и останал таму до крајот на животот“. Како што се наведува, учениците ги изучувале наставните предмети: мајчин македонски јазик, сметање, историја, земјопис, природознание, пеење, цртање, фискултура. Во периодот после информбирото, македонските учители биле протерани, но изучувањето на мајчиниот македонски јазик продолжило во училиштата во преспанскиот регион, стои во реакцијата и се додава дека „не е тајна дека македонските деца и денес за првпат се среќаваат со албанскиот јазик во училиште, бидејќи дома зборуваат на македонски јазик”. „Ваквата вековна состојба никако не им одговара на сонувачите на санстефанскиот сон за Голема Бугарија. Затоа тие почнаа интензивен атак врз Македонците во Албанија за тие да се одродуваат и да се пишуваат Бугари. Во тоа донекаде им успева бидејќи со текот на годините гледаме дека има лица кои плукаат на мајчиното млеко и се задојуваат со бугарски отрови. Тие се и оние изроди од македонските предци кои најмногу помагаат во „наоѓањето на нови Бугари во Албанија“, стои во реакцијата. Се додава дека тие исти изроди, кои за жал, со лаги, прикривање и измама на македонското население, успеаја да ја добијат нивната доверба и да влезат во раководните структури на единствената македонска општина во Албанија, Општина Пустец. „Токму таму и токму во селата кои погоре ги спомнавме, деновиве била во „добродетелска посета” бугарска делегација. Така „за доброто на Бугарчињата” делегацијата во придружба на изродите и плукачите по сопствената македонска крв, подарила неколку столчиња и бугарски книги. Секако, сето тоа придружено со помпезни изјави за јавноста и објави на официјалната интернет страна на бугарското Министерство за надворешни работи“, се наведува понатаму. Во оваа прилика, македонското друштво „Илинден”-Тирана „се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи”. „Исто така, ја користиме приликава да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги „посетуваат” Македонците во Албанија да не парадираат пред нив туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Албанија“, порачува друштвото на крајот од реакцијата.

The post Македонците во Албанија велат дека Бугарија се обидува да ги асимилира: И за време на Југославија учевме на мајчиниот јазик! appeared first on Република.

]]>