Македонско културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-kulturno-leto/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 09:13:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонско културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-kulturno-leto/ 32 32 Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов https://republika.mk/vesti/kultura/vo-pustets-zavrshi-festivalot-makedonsko-kulturno-leto-najdobar-akter-stole-mitsov/ Sat, 06 Jul 2024 09:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=793978

Во Пустец, Мала Преспа, Албанија заврши 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024". За Актер на фестивалот беше избран Столе Мицов за улогата на Нухин од авторскиот проект „Штетноста на цигарите".

Многу успешно издание на фестивалот кој прерасна во една од поголемите вакви манифестации воопшто во Албанија и кој има потенцијал за уште поголем развој. Тоа го потврдува големата посетеност на секој настан и големиот интерес на медиумите од двете држави. За фестивалот известија над 30 медиуми од Македонија и 20 медиуми од Албанија, изјави за МИА, Едмонд Сотир, кој е организатор заедно со  Здруженито на македонците по потекло од Албанија "СОНЦЕ"- Скопје.

Фестивалот беше поддржан од македонското Министерство за култура и туризам и општина Пустец.

Со поддршка на Министерството за култура и туризам и на министерот Љутков, со поддршката на Општина Пустец и градоначалникот Колефски, а во иднина се надеваме и на поддршката на министерството за култура на Албанија оптимисти сме дека фестивалот ќе стане препознатлива дестинација за културен туризам и во поширокиот регион, додава тој.

Посочува дека министерот Зоран Љутков, е првиот македонски министер за култура кој го посетил и присутствувал на отворањето на овој фестивал.

Министерот го прогласи за отворен на први јули во Музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во Глобочени со изложба на скулптури на Синиша Новески.

Исто така вечерта беше промовирана книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо" на Андријана Јаневска по што следеше и мал концерт на Јаневска.

Во Пустец, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола.

Во селото Леска актерот од театар Комедија Столе Мицов се претстави со авторскиот проект „Штетноста на цигарите“, додека  во Пустец беше одиграна „Пасивно пушење“, театарска претстава на Театарот "Ацо Шопов" од Штип. Концерт на Симон Трпчески и Македонисимо што требаше да се одржи во театарот" Андон .З.Чајупи" во Корча, се откажа од објективни причини, посочува Сотир.

И од општина Пустец се задоволни од успешно одржаниот фестивал и најавуваат продолжување на поддршката за оваа но и за други вакви и слични настани.

The post Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов appeared first on Република.

]]>

Во Пустец, Мала Преспа, Албанија заврши 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето 2024". За Актер на фестивалот беше избран Столе Мицов за улогата на Нухин од авторскиот проект „Штетноста на цигарите".
Многу успешно издание на фестивалот кој прерасна во една од поголемите вакви манифестации воопшто во Албанија и кој има потенцијал за уште поголем развој. Тоа го потврдува големата посетеност на секој настан и големиот интерес на медиумите од двете држави. За фестивалот известија над 30 медиуми од Македонија и 20 медиуми од Албанија, изјави за МИА, Едмонд Сотир, кој е организатор заедно со  Здруженито на македонците по потекло од Албанија "СОНЦЕ"- Скопје.
Фестивалот беше поддржан од македонското Министерство за култура и туризам и општина Пустец.
Со поддршка на Министерството за култура и туризам и на министерот Љутков, со поддршката на Општина Пустец и градоначалникот Колефски, а во иднина се надеваме и на поддршката на министерството за култура на Албанија оптимисти сме дека фестивалот ќе стане препознатлива дестинација за културен туризам и во поширокиот регион, додава тој.
Посочува дека министерот Зоран Љутков, е првиот македонски министер за култура кој го посетил и присутствувал на отворањето на овој фестивал. Министерот го прогласи за отворен на први јули во Музејот на познатиот албански писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во Глобочени со изложба на скулптури на Синиша Новески. Исто така вечерта беше промовирана книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо" на Андријана Јаневска по што следеше и мал концерт на Јаневска. Во Пустец, седиштето на истоимената општина пред најмладите, нивни родители и други жители беше прикажана претставата „На гости кај Кате и Фреда“ на Бабец Театар, Битола.
Во селото Леска актерот од театар Комедија Столе Мицов се претстави со авторскиот проект „Штетноста на цигарите“, додека  во Пустец беше одиграна „Пасивно пушење“, театарска претстава на Театарот "Ацо Шопов" од Штип. Концерт на Симон Трпчески и Македонисимо што требаше да се одржи во театарот" Андон .З.Чајупи" во Корча, се откажа од објективни причини, посочува Сотир.
И од општина Пустец се задоволни од успешно одржаниот фестивал и најавуваат продолжување на поддршката за оваа но и за други вакви и слични настани.

The post Во Пустец заврши фестивалот „Македонско културно лето“, најдобар актер Столе Мицов appeared first on Република.

]]>
Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец https://republika.mk/vesti/kultura/ministerot-lutkov-go-otvori-19-izdanie-na-festivalot-makedonsko-kulturno-leto-vo-opshtina-pustets/ Tue, 02 Jul 2024 07:38:08 +0000 https://republika.mk/?p=792553

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“.

Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.

Денеска преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз, ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници, одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците – рече Љутков.

Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам.

Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување.

На отворањето на фестивалот, публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска.

Во рамките на фестивалот што ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца.

Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.

 

The post Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Во своето обраќање, министерот Љутков истакна дека фестивалот на дело потврдува дека културата и јазикот што го зборуваме се поголеми и позначајни од границите што нè одделуваат.
Денеска преку уметноста, литературата, музиката и сите други форми на културен израз, ги споделуваме креативноста и талентот на македонските уметници, одржувајќи го континуитетот во развојот и промоцијата на македонската култура меѓу сите жители во овој дел на Преспа. Токму преку културата, преку секоја слика и збор, ги уриваме границите и ги засилуваме врските со нашинците – рече Љутков.
Тој додаде дека е ова уште една потврда за грижата за македонското малцинство во Албанија и за посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, претворајќи го во значајна дестинација за културен туризам. Министерот Љутков изрази благодарност до организаторите – Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ и Едмонд Сотир, до градоначалникот Колефски, до уметниците и до сите оние, како што рече, што со своето присуство придонесуваат овој фестивал да биде вистинско културно доживување. На отворањето на фестивалот, публиката имаше можност да ги проследи изложбата на дела од академскиот скулптор Синиша Новески и промоцијата на книгата „Македонското традиционално пеење во: Мала Преспа, Гора и Голобрдо“ од авторката Андријана Јаневска. Во рамките на фестивалот што ќе трае до 6 јуни, публиката ќе може да проследи три театарски претстави и една претстава за деца. Фестивалот, кој е во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, има цел заштита, развој и промоција на македонската култура кај македонскиот народ во Албанија.  

The post Министерот Љутков го отвори 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец appeared first on Република.

]]>