македонско еколошко друштво Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-ekoloshko-drushtvo/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 11:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско еколошко друштво Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-ekoloshko-drushtvo/ 32 32 Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonsko-ekoloshko-drushtvo-nedostasuva-tsentar-za-rehabilitatsija-na-divi-zhivotni/ Tue, 13 Aug 2024 11:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=806140

Брзото угинување на царскиот орел, што пред една недела го спасија кочанските пожарникари, потврдува дека на државно ниво недостасува центар за рехабилитација на дивите животни каде тие ќе бидат згрижени и ќе добијат соодветна ветеринарна нега, истакнуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници.

Во отсуство на центар за рехабилитација на диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за нивно закрепнување, затоа ги поздравуваме нејзините напори да помогне. Македонскиот систем не е подготвен соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни. Стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата. Кај конкретниот вид, само 10-20 отсто од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција, односно старост од 3-4 години. И покрај тоа, заради долговечноста на возрасните единки, доколку заканите се мали, популацијата се одржува стабилна или расте, а тоа беше случај во Македонија до пред неколку години, истакнуваат од МЕД.

Односот меѓу Зоолошката градина во Скопје и Македонското еколошко друштво низ годините претставува пример за соработка меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Досега тие заеднички помогнале да закрепнат единки на белоглави мршојадци, штркови и други видови кои потоа успешно биле вратени во природата.

-Во последниве неколку години има благо намалување на бројноста на грабливите птици, што најверојатно се должи на промените во живеалиштата, намалувањето на изворите на храна, колизиите и струјните удари со енергетската инфраструктура, но првенствено на опасноста од отровни мамки поставени за труење на волци и кучиња. Исто така, непознати се и ризиците од пестицидите што се користат во земјоделството и од конзумирањето на оловни сачми останати во телата на животни кои биле цел на лов, а со кои се хранеле птиците, додаваат од МЕД.

Царскиот орел, што се смета за загрозен вид птица со само десетина двојки, има природни живеалишта на падините на Осоговските Планини, а младата единка која угина била повредена и дезориентирана како последица од неодамнешните пожари на овие простори.

Од МЕД нагласуваат дека телото на орелот е предадено на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во скопје,  каде што ќе биде извршена обдукција, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста и со релевантите институции.

The post Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни appeared first on Република.

]]>

Брзото угинување на царскиот орел, што пред една недела го спасија кочанските пожарникари, потврдува дека на државно ниво недостасува центар за рехабилитација на дивите животни каде тие ќе бидат згрижени и ќе добијат соодветна ветеринарна нега, истакнуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД). По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници.
Во отсуство на центар за рехабилитација на диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за нивно закрепнување, затоа ги поздравуваме нејзините напори да помогне. Македонскиот систем не е подготвен соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни. Стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата. Кај конкретниот вид, само 10-20 отсто од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција, односно старост од 3-4 години. И покрај тоа, заради долговечноста на возрасните единки, доколку заканите се мали, популацијата се одржува стабилна или расте, а тоа беше случај во Македонија до пред неколку години, истакнуваат од МЕД.
Односот меѓу Зоолошката градина во Скопје и Македонското еколошко друштво низ годините претставува пример за соработка меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Досега тие заеднички помогнале да закрепнат единки на белоглави мршојадци, штркови и други видови кои потоа успешно биле вратени во природата. -Во последниве неколку години има благо намалување на бројноста на грабливите птици, што најверојатно се должи на промените во живеалиштата, намалувањето на изворите на храна, колизиите и струјните удари со енергетската инфраструктура, но првенствено на опасноста од отровни мамки поставени за труење на волци и кучиња. Исто така, непознати се и ризиците од пестицидите што се користат во земјоделството и од конзумирањето на оловни сачми останати во телата на животни кои биле цел на лов, а со кои се хранеле птиците, додаваат од МЕД. Царскиот орел, што се смета за загрозен вид птица со само десетина двојки, има природни живеалишта на падините на Осоговските Планини, а младата единка која угина била повредена и дезориентирана како последица од неодамнешните пожари на овие простори. Од МЕД нагласуваат дека телото на орелот е предадено на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во скопје,  каде што ќе биде извршена обдукција, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста и со релевантите институции.

The post Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни appeared first on Република.

]]>